горан стојанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 12:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горан стојанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојанов: Во Неготино се уредува паркова површина во вредност од 11 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-vo-negotino-se-ureduva-parkova-povrshina-vo-vrednost-od-11-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-vo-negotino-se-ureduva-parkova-povrshina-vo-vrednost-od-11-milioni-denari/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=783515

Паркова површина се уредува во населбата Саат кула. Самиот парк е обезбеден преку гранична соработка со Република Грција и проектот WINE UP за обезбедување на винскиот и локалниот туризам во општина Неготино, истакна денеска градоначалникот Горан Стојанов. Посочи дека целиот проект е некаде околу 11 милиони денари од кои уредувањето е 6 милиони денари, а останатите ќе бидат употребени преку разни проекти за издржливи вработувања за промоција на локалниот вински туризам во општина Неготино. -Исто така преку овој проект ќе обезбедиме и дополнителни три вработувања кои ќе бидат и во јавниот и во приватниот сектор, така да се надеваме дека ќе биде една добра работа за самите граѓани за општина Неготино, истакна градоначалникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-vo-negotino-se-ureduva-parkova-povrshina-vo-vrednost-od-11-milioni-denari/feed/ 0
Стојанов: Успешно се справуваме со последиците од енергетската криза, наредната година ќе го реконструираме плоштадот во Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanov-uspeshno-se-spravuvame-so-posledicite-od-energetskata-kriza-narednata-godina-kje-go-rekonstruirame-ploshtadot-vo-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanov-uspeshno-se-spravuvame-so-posledicite-od-energetskata-kriza-narednata-godina-kje-go-rekonstruirame-ploshtadot-vo-negotino/#respond Wed, 07 Dec 2022 09:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=772133

Општина Неготино подолг период спроведува активности за изработка на буџет за идната 2023 година кој ќе биде развоен и ќе одговори на потребите на оваа општина. Ова беше една од главните поентите изнесени од страна на градоначалникот на Општина Неготино, Горан Стојанов на регионалната средба и трибина на општините од Вардарскиот плански регион. - Досега ги завршивме посетите на сите населени места и веќе имаме одреден концепт за тоа како ќе изгледа буџетот на Општина Неготино за идната година. Како најголем проект кој го планираме за наредната 2023 година е реконструкција на плоштадот во Неготино. Се разбира нема да изостанат и другите проекти кои што се од комуналната сфера, каде за наредната година планираме да реконструираме повеќе улици, водоводни, атмосферски и канализациони мрежи – кажа градоначалникот Стојанов. Во однос на проблемите предизвикани од енергетска криза, Стојанов изјави дека Општина Неготино била силно погодена како и сите останати општини, но со домаќинско работење досега успеваат успешно да се справат со последиците од кризата. - Во последниот ребаланс на буџетот на Општина Неготино одвоивме многу средства за да се покријат зголемените трошоци предизвикани од енергетската криза, бидејќи сметките коишто пристигнаа до општината за електрична енергија ги надминаа сите очекувања. Со цел поуспешно справување со последиците од енергетската криза Општина Неготино работи на што е можно поголема заштеда на електрична енергија, а изврши и префрлање на сметките за плаќање на уличното осветлување на јавното претпријатие „Паркинзи“ со што дополнително се заштедија огромни средства – додаде Стојанов. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanov-uspeshno-se-spravuvame-so-posledicite-od-energetskata-kriza-narednata-godina-kje-go-rekonstruirame-ploshtadot-vo-negotino/feed/ 0
Стојанов: Започна изградбата на дел од улица во Пепелиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-zapochna-izgradbata-na-del-od-ulica-vo-pepelishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-zapochna-izgradbata-na-del-od-ulica-vo-pepelishte/#respond Tue, 01 Nov 2022 14:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=753978

Започна изградбата на дел од улица во Пепелиште, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакна градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. „Работници на изведувачот на работите ГП Градба промет од Неготино започнаа со изведувањето на градежните активности за изградба на дел од улица во село Пепелиште во должина од 270 метри. За вршење на надзорот на градежните активности одговорен е Студио Архивисион ДООЕЛ-Скопје, а во зависност од временските услови крајниот рок за извршување на градежните работи е 30 денови од издавањето на налогот и воведот во работа“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-zapochna-izgradbata-na-del-od-ulica-vo-pepelishte/feed/ 0
Стојанов: Се поставува фекална и атмосферска мрежа од Тимјанички пат до улица „Марксова“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-se-postavuva-fekalna-i-atmosferska-mreza-od-timjanichki-pat-do-ulica-marksova/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-se-postavuva-fekalna-i-atmosferska-mreza-od-timjanichki-pat-do-ulica-marksova/#respond Fri, 21 Oct 2022 10:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=748950

Врз основа на склучениот договор помеѓу општина Неготино и ГП „Градба промет“ интензивно сеодвиваат градежни активности за поставување на фекална и атмосферска канализација на потегот од Тимјанички пат до улицата „Марксова“. Фекалната мрежа се изведува во должина од 491 метри, а атмосферската мрежа во должина од 485 метри, вели Горан Стојанов, градоначалник на општина Неготино. -Вредноста на договорот за изведувањена работите изнесува 3.014.498 денари со вклучен ДДВ, од кои 2.500.000 се доделени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а остатокот на средствата сеобезбедени од Буџетот на општина Неготино. Во зависност од временските услови, градежните работи се очекува да завршат во рок од 10 до 15 денови, пишува Стојанов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-se-postavuva-fekalna-i-atmosferska-mreza-od-timjanichki-pat-do-ulica-marksova/feed/ 0
Стојанов: Започна асфалтирањето на улицата во село Курија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-vo-selo-kurija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-vo-selo-kurija/#respond Fri, 13 May 2022 13:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=676311

По завршувањето на неопходните градежни активности, денеска се започна со асфалтирање на улицата во село Курија во должина од 531 метри. Имено, општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија, посочи  градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов. „Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Изведувач на работите е Градба промет Кавадарци, а за надзорот е задолжена фирмата Павел трејд ДООЕЛ Кавадарци“ - посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-vo-selo-kurija/feed/ 0
Стојанов: Ги реализираме проектите кои ги ветивме пред граѓаните на Неготино, во наредниот период следува реализирање на многу проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-gi-realizirame-proektite-koi-gi-vetivme-pred-gragjanite-na-negotino-vo-naredniot-period-sleduva-realiziranje-na-mnogu-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-gi-realizirame-proektite-koi-gi-vetivme-pred-gragjanite-na-negotino-vo-naredniot-period-sleduva-realiziranje-na-mnogu-proekti/#respond Sat, 30 Apr 2022 12:07:09 +0000 https://kurir.mk/?p=670127

Уште од самото стапување на функцијата Градоначалник, ветивме дека ќе работиме чесно и одговорно се во интерес на граѓаните на Општина Неготино. Општина Неготино како и секоја друга Општина не беше финансиски во добра кондиција. Ја затекнавме во околу 60 милиони денари во минус, изјави денеска за медиумите градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов. Тој истакна дека уште од самиот почеток почнале да ги реализираат проектите коишто ги ветија пред граѓаните на Општина Неготино. - Во првите 100 дена донесовме ваучер стимулација за секое новородено дете во Општина Неготино, ја донесовме „Моја Патрола“ која што имаше за цел да биде одговорна за сите неправилности како на територијата на Општина Неготино така и на руралните средини, донесовме и стимулација за секој потенцијален инвеститор во Општина Неготино. Проектите коишто ќе бидат во текот на наредниот период за изработка се партерно уредување на саат кулата во Општина Неготино, асфалтирање на дел од улица во Село Криволак, парк во Село Требник и резервоар во истото село, појасни Стојанов. Тој додаде дека во наредниот период ќе има и други проекти коишто заедно со граѓаните на Општина Неготино ќе придонесат за подобри услови за живеење во неа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-gi-realizirame-proektite-koi-gi-vetivme-pred-gragjanite-na-negotino-vo-naredniot-period-sleduva-realiziranje-na-mnogu-proekti/feed/ 0
Стојанов: Иако Неготино го затекнавме со долг од над 60 милиони денари, досега успеавме да реализираме повеќе значајни проекти а се стимулираат и инвеститори за нови работни места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-iako-negotino-go-zateknavme-so-dolg-od-nad-60-milioni-denari-dosega-uspeavme-da-realizirame-povekje-znachajni-proekti-a-se-stimuliraat-i-investitori-za-novi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-iako-negotino-go-zateknavme-so-dolg-od-nad-60-milioni-denari-dosega-uspeavme-da-realizirame-povekje-znachajni-proekti-a-se-stimuliraat-i-investitori-za-novi-rabotni-mesta/#respond Sat, 26 Feb 2022 13:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=637178

Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов на денешниот настан „100 дена локална власт – отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ во Велес истакна дека иако општината ја затекнал со долг од над 60 милиони денари по повеќе основи, во првите 100 дена новата локална власт успеа да отпочна и реализира 17 проекти кои се подобрува животот и функционирање на граѓаните на Неготино. - Реализирани се топ 3 проектите од мојата програма за работа: донесена е одлука и веќе се спроведува доделувањето на ваучери во вредност од 7.000 денари за секое новороденче во општина Неготино. Економски развиена општина со нови стопански и индустриски капацитети со цел за отворање на нови работни места е основната цел на проектот „стимулација за инвеститори“ за што е изготвен и посебен правилник со критериуми. Проект „моја патрола“ со секојдневно присуство на вработени на терен и остварување непосреден контакт со граѓаните за побрзо и поефикасно решавање на нивните проблеми, изјави Стојанов. Тој посочи дека еден од првите проекти е општина Неготино без депонии при што комплетно се исчистени депониите кај Криволак, Тимјаник и Курија, а паралелно се преземаат мерки за спречување на појави на нови депонии, а покрај тоа се реализираат инфраструктурните проекти. - Асфалтирани се 2 улици во Тимјаник во должина од 450 метри, поставена е хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек, обезбедивме средства за изградба на улица во Курија во должина од 530 метри, во тек е партерно уредување на улица во Тимјаник со бекатон коцки, во тек е набавка и монтажа на хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците „Антигона“, „Едвард Кардељ“ и „ЈНА“, проектна документација за уредување на паркот околу спортската сала „Младост“, рече тој. Тој посочи и дека во тек е проект за реконструкција на „саат-кулата“ како и отпочнати се активности за уредување на парк во Тремник. - Ја користам можноста да ја информирам јавноста за дел од планираните проекти за реализација до крајот на тековнава 2022 година. За спроведување на програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште во општината планирани се средства во износ од 52 милиони денари. Меѓу другото, изработен е и одобрен проектот за покривање на градскиот пазар со кровна конструкција, осветлување и набавка на нови тезги, квалитетно и континуирано снабдување со вода, одведување и прочистување на отпадни води, јавно осветлување и јавна чистота, одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на сообраќајот, изградба и реконструкција на локални патишта, одржување и користење на паркови и зеленило и подигнување на нови зелени површини на територијата на цела општина, изградба на простор за паркирање на возила изградба на системи за водоснабдување и системи за одведување и пречистување на отпадни води, изјави Стојанов. Тој додаде дека општината ќе добие парк кај спортската сала Младост, кружни текови на улица Маршал Тито и индустриска на излезот од Неготино, хортикултурно уредување на спомен-костурницата Манчо Малиминов, и уште над 25 проекти од областа на комуналните дејности. - Заедно со моите сограѓани продолжуваме да градиме проекти и да создаваме нова иднина за сегашните и идните жители на Општина Неготино, нагласи Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-iako-negotino-go-zateknavme-so-dolg-od-nad-60-milioni-denari-dosega-uspeavme-da-realizirame-povekje-znachajni-proekti-a-se-stimuliraat-i-investitori-za-novi-rabotni-mesta/feed/ 0
Стојанов: Лицата со попреченост се, и ќе бидат еден од главните приоритети во спроведување на програмата во наредните 4 години https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-licata-so-poprechenost-se-i-kje-bidat-eden-od-glavnite-prioriteti-vo-sproveduvanje-na-programata-vo-narednite-4-godini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-licata-so-poprechenost-se-i-kje-bidat-eden-od-glavnite-prioriteti-vo-sproveduvanje-na-programata-vo-narednite-4-godini/#respond Fri, 03 Dec 2021 14:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=603727

Советот на општина Неготино и јас како градоначалник, меѓу другото се обврзуваме дека лицата со попреченост се, и ќе бидат еден од главните приоритети во спроведување на програмата “Гарантирам” во наредните 4 години. Лицата со попреченост ќе го добијат својот пристап кон човекови права, истите нема да се дискриминирани во Неготино, ќе бидат создадени услови за нивно непречено функционирање и различностите конечно ќе бидат еднакви!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на неготино д-р Горан Стојанов. -Почитувани сограѓани, почитувани жители на општина Неготино, Дозволете ми ова мое обраќање до Вас да го посветам на денешниот ден - “меѓународен ден на лицата со попреченост”. Го одбележувам овој ден, со апел најпрво до сите нас, жителите на општина Неготино, дека попреченоста не е невообичаена и е дел од човековата разновидност, дека овој ден се одбележува денес, а низ целата година го живееме она за што на денешниот ден се потсетуваме. Советот на општина Неготино и јас како градоначалник, меѓу другото се обврзуваме дека лицата со попреченост се, и ќе бидат еден од главните приоритети во спроведување на програмата “Гарантирам” во наредните 4 години. Лицата со попреченост ќе го добијат својот пристап кон човекови права, истите нема да се дискриминирани во Неготино, ќе бидат создадени услови за нивно непречено функционирање и различностите конечно ќе бидат еднакви! Соработката на лицата со попреченост со општината, советот и мене, ќе бидат долготрајни, со цел континуиран мониторинг на состојбата и рамноправни можности! Да ги почитуваме и прифаќаме разликите, како дел од човековата различност во општеството!, пишува Стојанов во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-licata-so-poprechenost-se-i-kje-bidat-eden-od-glavnite-prioriteti-vo-sproveduvanje-na-programata-vo-narednite-4-godini/feed/ 0
Стојанов: Поставена хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек во Неготино https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-postavena-horizontalna-i-vertikalna-signalizacija-na-kruzniot-tek-vo-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-postavena-horizontalna-i-vertikalna-signalizacija-na-kruzniot-tek-vo-negotino/#respond Thu, 02 Dec 2021 11:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=603008

Поставена хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек, информирмираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Неготино д-р Горан Стојанов. -Со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек на влезот и излезот во и од Неготино, комплетно се финализираа работите на овој проект. Стручните служби при локалната самоуправа истакнуваат дека со поставувањето на сигнализацијата протокот на возила ќе се одвива побрзо и побезбедно, а тоа пак значи зголемена безбедност во сообраќајот за сите моторизирани граѓани, како и за пешаците, уште повеќе ако се има предвид фактот дека во близина е и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ каде што настава посетуваат ученици кои се движат токму на оваа локација, пишува Стојанов во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-postavena-horizontalna-i-vertikalna-signalizacija-na-kruzniot-tek-vo-negotino/feed/ 0
Стојанов: Да си помогнеме заедно, заедно да ја создадеме нашата иднина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-da-si-pomogneme-zaedno-zaedno-da-ja-sozdademe-nashata-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-da-si-pomogneme-zaedno-zaedno-da-ja-sozdademe-nashata-idnina/#respond Fri, 15 Oct 2021 11:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=579553

Кандидатот за градоначалник на Општина Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Стојанов во своето обраќање до граѓаните пред да ја донесат одлуката за локалните избори истакна дека секоја стисната рака, секој искрен поглед, секоја нивна критика и совет се негова дополнителна мотивација за подобро Неготино. -Нашите деца се секое отчукување на нашите срца, за нив мораме да се бориме до последен здив. Мораме да изградиме подобар живот и подобра иднина за нив. Нашите родители, нашата потпора во животот се оние на кои мораме да им гарантираме спокојна старост. Ова е битката која мораме да ја извојуваме, ова е решавачката битка за нашето родно место. Пред Вас заедно со мојот тим гарантирам дека во Неготино ќе се живее подобро. Веќе ги знаете моите проекти за кои се обврзувам како искрен човек каков што ме знаете. Сега, Ве повикувам и Ве охрабрувам да ја донесете правилната одлука, да излезете достоинствено и самостојно да гласате по свој избор и да ја донесете вистинската одлука. Не подлегнувајте на уцени, лаги, закани, притисоци и манипулации, кога веќе го знаете нивното владеење, истакна Стојанов. Посочува дека неговото родно Неготино го сака колку и својот  дом, затоа вели ќе се грижи домаќински за  општината, за секое населено место. -Ве гледам во очи и ја барам вашата поддршка, да си помогнеме заедно и да ја создадеме нашата иднина. Се обврзувам и гарантирам дека ќе бидам градоначалник на сите Вас, без разлика на вашето политичко убедување, возраст, финансиска состојба, националност или занимање. На 17-ти октомври да заокружиме број 7 за Градоначалник, број 7 за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, нагласува Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojanov-da-si-pomogneme-zaedno-zaedno-da-ja-sozdademe-nashata-idnina/feed/ 0