Ѓорче Петров – ЖРК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 May 2023 08:28:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ѓорче Петров – ЖРК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општината ќе одвои по 400.000 денари премија за ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и Ѓорче Петров – ЖРК https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtinata-ke-odvoi-po-400-000-denari-premija-za-fk-makedonija-gorche-petrov-1932-i-gorche-petrov-zhrk/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtinata-ke-odvoi-po-400-000-denari-premija-za-fk-makedonija-gorche-petrov-1932-i-gorche-petrov-zhrk/#respond Tue, 30 May 2023 08:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=840299

Општина Ѓорче Петров во знак на благодарност и стимулација за клубовите ќе додели по 400.000 денари на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и на ЖРК Ѓорче Петров. ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров се овогодинешните најтрофејни спортски колективи во нашата општина, но и во Република Македонија. ЖРК Ѓорче Петров по втор пат е освојувач на сениорската женска ракометна лига и со тоа ја одбрани минатогодишната титула првак на Македонија. Ѓорче Петров и во минатото беше синоним за ракомет и ракометни успеси, а овие девојки тоа го потврдуваат. ФК Македонија Ѓорче Петров втора година по ред е освојувач на Купот на Република Македонија, со што покажува дека клубот сериозно работи и вложува во младинските категории, но и во првиот состав кој оваа година на пенали во финалето на Купот на Македонија ја совлада екипата на Струга Трим Лум. Новитет во Општина Ѓорче Петров е јавниот повик за спортските клубови и поединци кој веќе е изработен и во најскоро време ќе биде објавен на веб страната на општината, каде што ќе можат да аплицираат сите спортски колективи, но и спортисти поединци, кои имаат потреба од финансиски средства, со цел постигнување високи спортски резултати. Правилникот ќе има точно утврдени норми и успеси кои што ќе треба да бидат исполнети, за да може да се доделат финансиски средства за клубот или поединецот којшто ќе аплицира на овој повик. -Општина Ѓорче Петров интензивно работи на издигнување и развој на спортот во општината, како и на стимулација на младите генерации да спортуваат и да прераснат во врвни спортисти. Во таа насока, овозможивме ФК Вардар и ФК Волково бесплатно да го користат фудбалскиот терен во Волково, додека пак младите категории на ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Њу Старс бесплатно ќе го користат фудбалскиот терен “Mлади лавови” во централното подрачје, велат од општината.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtinata-ke-odvoi-po-400-000-denari-premija-za-fk-makedonija-gorche-petrov-1932-i-gorche-petrov-zhrk/feed/ 0