Гордана Филиповиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 13:56:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гордана Филиповиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Казната е под минимумот: Три години затвор за кумановката која усмрти пешак кај МНТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznata-e-pod-minimumot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-kaj-mnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznata-e-pod-minimumot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-kaj-mnt/#respond Mon, 09 Oct 2023 13:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=887038

Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ ѝ изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило. Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат најзадоволни од пресудата кога ќе допридонесе да не се случуваат во иднина вакви несреќи. - Немаме право да ја обжалиме пресудата на Апелација. За тоа колку сме задоволни – највеќе ќе бидеме задоволни кога нема да се случуваат вакви сообраќајки. Во поглед на постапката беше коректно водена, имавме активна улога да предлагаме докази. Сметаме дека во разумен рок и брзо заврши постапка, вели адвокатката Јована Малезанска. Казната од три години која ја изрече судијката Илиевска-Јосифовиќ е под законскиот минимум, бидејќи Кривичниот законик предвидува најмалку четири години затвор за ова кривично дело. Ваквата судска одлука, судијката ја правдаше со олеснителни околности, дека станува збор за млада личност, покажала покајание, коректност, не била осудувана, а и сама изгубила ќерка на сличен начин во сообраќајка. Во јануари минатата година кумановката Филиповска, управувајќи „бмв х5“, го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, а на почетокот на судењето минатиот месец рече дека не чувствува вина. Нејзиниот адвокат најави дека ќе докаже оти најголем придонес за несреќата има покојниот, а Обвинителството, пак, е децидно дека ќе докаже оти вината е кај обвинетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznata-e-pod-minimumot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-kaj-mnt/feed/ 0
Судот го одби барањето на Филиповиќ за супер вештачење: Следниот месец пресуда за сообраќајката во која загина Слободан Ангеловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-odbi-baraneto-na-filipovik-za-super-veshtachene-sledniot-mesets-presuda-za-soobrakajkata-vo-koja-zagina-slobodan-angelovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-odbi-baraneto-na-filipovik-za-super-veshtachene-sledniot-mesets-presuda-za-soobrakajkata-vo-koja-zagina-slobodan-angelovski/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=879049

Одбраната на кумановката Гордана Филиповиќ која во јануари минатата година го усмрти пешакот Слободан Ангеловски, денес побара супер вештачење за сообраќајната несреќа. Судот истото го одби како неосновано, со оглед на фактот дека веќе имаше три вештачења за трагедијата. На минатото рочиште кое се одржа на 1-ви септември сведочеше вештакот Перо Стефановски кој истакна дека Филиповиќ со возилото управувала невнимателно, не застанала на пешачки премин и не ја намалила брзината на возење. Тоа довело до сообраќајна несреќа со катастрофален исход - загинување на пешакот. -Во овој случај невнимателно управување на патничкото моторно возило „БМВ“од возачот претставува основна причина за случување на незгодата. Врз основа на извршената анализа не најдов прекршок на пешакот, кој би бил причина за незгодата. Тој се движел правилно. Како што налага законот, на место на кое е дозволено да се движи и во ниту еден момент не прекршил ниту една законска одредба што се однесува на неговото учество во сообраќајот. Во конкретните околности, при наближување кон обележан пешачки премин, возачот требало да се движи внимателно, да ги приспособи брзината и начинот на движење на околностите, да запре пред пешачкиот премин и да го пропушти пешакот, а дури потоа внимателно го продолжи движењето. Во овој случај возилото не запрело на обележаното место, рече вештакот Стефановски. Ваквото сведоштво кое јасно става до знаење што се случило тој кобен ден, не е во полза на одбраната, па таа со цели сили се обидува да претстави друга слика за настанот. Така беше и денес кога и покрај трите постоечки, побараа ново вештачење. КУРИР стапи во контакт со адвокатката на семејството Ангеловски, Јована Малезанска. -Денес се одржа рочиште за доказна постапка во кое обвинетата даде исказ, го опиша настанот по свое видување. Одбраната имаше предлог за супер вештачење за брзината со која се движела и за околностите во кои се случила несреќата. Судот одлучи да го одбие предлогот од причина што веќе има 3 вештачења, а две од нив се идентични со информациите за брзина со која се движела и за начинот на случување на несреќата. На 2.10 има закажано завршни зборови, по што во рок од околу 15 дена ќе има објава на пресуда, истакна адвокатката во изјава за КУРИР. Во јануари минатата година кумановката Филиповиќ, управувајќи „бмв х5“, го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. На почетокот на судењето рече дека не чувствува вина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-odbi-baraneto-na-filipovik-za-super-veshtachene-sledniot-mesets-presuda-za-soobrakajkata-vo-koja-zagina-slobodan-angelovski/feed/ 0
Не застанала на пешачки премин: Вештак потврди – кумановката која усмрти пешак во Скопје возела невнимателно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zastanala-na-peshachki-premin-veshtak-potvrdi-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-vo-skopje-vozela-nevnimatelno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zastanala-na-peshachki-premin-veshtak-potvrdi-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-vo-skopje-vozela-nevnimatelno/#respond Fri, 01 Sep 2023 15:35:10 +0000 https://kurir.mk/?p=873456

Кумановката Гордана Филиповиќ со возилото управувала невнимателно, не застанала на пешачки премин и не ја намалила брзината на возење. Ова го истакна стручниот вештак во случајот за сообраќајната несреќа во која смртно настрада пешакот Слободан Ангеловски. Беше прегазен во јануари минатата година во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. „Во овој случај невнимателно управување на патничкото моторно возило „БМВ“од возачот претставува основна причина за случување на незгодата. Врз основа на извршената анализа не најдов прекршок на пешакот, кој би бил причина за незгодата. Тој се движел правилно. Како што налага законот, на место на кое е дозволено да се движи и во ниту еден момент не прекршил ниту една законска одредба што се однесува на неговото учество во сообраќајот. Во конкретните околности, при наближување кон обележан пешачки премин, возачот требало да се движи внимателно, да ги приспособи брзината и начинот на движење на околностите, да запре пред пешачкиот премин и да го пропушти пешакот, а дури потоа внимателно го продолжи движењето. Во овој случај возилото не запрело на обележаното место, рече вештакот Перо Стефановски. Филиповиќ не призна вина, а нејзината одбрана случајот се обиде да го претстави како “вина“ на сега покојниот пешак. Така денес нејзиниот адвокат прашуваше со колкава брзина се движел пешакот, дали е дозволено да се движи од лево кон десно...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zastanala-na-peshachki-premin-veshtak-potvrdi-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-vo-skopje-vozela-nevnimatelno/feed/ 0
Возела брзо и не застанала на пешачки премин: Вештачењето покажа детали за несреќата во која загина Слободан Ангеловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozela-brzo-i-ne-zastanala-na-peshachki-premin-veshtacheneto-pokazha-detali-za-nesrekata-vo-koja-zagina-slobodan-angelovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozela-brzo-i-ne-zastanala-na-peshachki-premin-veshtacheneto-pokazha-detali-za-nesrekata-vo-koja-zagina-slobodan-angelovski/#respond Mon, 10 Apr 2023 15:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=822508

Возела брзо и не застанала на пешачки премин. Така го прегазила Слободан Ангеловски, пешакот кој загина во сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Денес во судот беше истакнат заклучокот од вештачењето кој посочува  дека обвинетата Гордана Филиповиќ возилото го управувала со брзина над дозволената, а иако две возила застанале пред пешачкиот премин за пешакот да помине, таа продолжила да вози и така дојде до трагедијата. Денешното рочиште беше второ по ред на кое сведоците не се појавија. Како што дознаваме, еден од сведоците следниот пат ќе биде спроведен во судот од страна на полицијата. Скопјанецот беше прегазен на пешачки премин во јануари минатата година. Обвинетата Филиповиќ, која е мајка на младата Јелена која почина во сообраќајна несреќа, истакна дека не чувствува вина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozela-brzo-i-ne-zastanala-na-peshachki-premin-veshtacheneto-pokazha-detali-za-nesrekata-vo-koja-zagina-slobodan-angelovski/feed/ 0
Повторно одложено судењето за усмртениот пешак: Сведоците на настанот не се појавија на суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheno-sudeneto-za-usmrteniot-peshak-svedotsite-na-nastanot-ne-se-pojavija-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheno-sudeneto-za-usmrteniot-peshak-svedotsite-na-nastanot-ne-se-pojavija-na-sud/#respond Mon, 06 Mar 2023 10:41:19 +0000 https://kurir.mk/?p=808560

Сведоците не дојдоа на суд, па тоа беше причина повторно да одложи судењето за несреќата која се случи на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, пред повеќе од 10 месеци. На 8-ми февруари започна судењето против Гордана Филиповиќ. Таа го управуваше возилото кое го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски. Денешното рочиште требаше да започне со исказ на сведоците на трагедијата, но тие не беа присутни. Беше посочено дека судот нема добиено повратна информација дали сведоците уредно биле повикани денес да дојдат на суд. Следното рочиште е закажано за на 10-ти април. Тогаш, освен сослушување на сведоците ако се појават, ќе се приложуваат снимките од местото на трагедијата и ќе се сослушаат вештаците.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheno-sudeneto-za-usmrteniot-peshak-svedotsite-na-nastanot-ne-se-pojavija-na-sud/feed/ 0