гордана јанкулоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 12:25:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гордана јанкулоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопругот на Јанкулоска: Гордана е дома со семејството, борбата за нејзина рехабилитација продолжува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugot-na-jankuloska-gordana-e-doma-so-semejstvoto-borbata-za-nejzina-rehabilitatsija-prodolzhuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugot-na-jankuloska-gordana-e-doma-so-semejstvoto-borbata-za-nejzina-rehabilitatsija-prodolzhuva/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=895372

Гордана од денеска со семејството, е првата реакција на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка  Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово. -Чувството е прекрасно, да  биде дома со семејството. Борбата за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има  и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“, објаснува Илиевски за „Република“. Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugot-na-jankuloska-gordana-e-doma-so-semejstvoto-borbata-za-nejzina-rehabilitatsija-prodolzhuva/feed/ 0
Јанкулоска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-od-1-noemvri-na-usloven-otpust-apelatsija-i-ja-uvazhi-zhalbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-od-1-noemvri-na-usloven-otpust-apelatsija-i-ja-uvazhi-zhalbata/#respond Thu, 12 Oct 2023 13:39:23 +0000 https://kurir.mk/?p=888120

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1 ноември 2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, информираат од Апелациониот суд Скопје. По предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, од Апелациониот суд Скопје информира дека било одлучувано на нејавна седница одржана на 4 октомври годинава. - Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, се вели во соопштението од Апелација. Заради транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје информира дека при одлучувањето ги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор. - Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми. Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ, информираат од Апелационен суд Скопје. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беше упатена во КПУ - Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк", во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк". Освен Јанкулоска, за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600" во износ од 600 илјади евра, Судот како виновни ги прогласи и поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-od-1-noemvri-na-usloven-otpust-apelatsija-i-ja-uvazhi-zhalbata/feed/ 0
Јанкулоска: Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како легитимно избрано ја има мојата поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-aktuelnoto-rakovodstvo-na-vmro-dpmne-kako-legitimno-izbrano-ja-ima-mojata-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-aktuelnoto-rakovodstvo-na-vmro-dpmne-kako-legitimno-izbrano-ja-ima-mojata-poddrshka/#respond Mon, 02 Oct 2023 19:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=884391

Јас не можам да одберам со кого кога ќе се сретнам затоа што можам да се сретнам со било кого само тогаш кога сум на домашно отсуство. Моето домашно отсуство започна точно тој ден кога излезе фотографијата и таа средба тогаш се случи, истакна Гордана Jанкулоска во гостување во емисијата „360 степени“ која се емитува на МРT говорејќи за средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Јанкулоска додаде дека немала долg период средба со Мицкоски. -Да бидам искрена јас без оглед што сум оддалечена од дневно политичките настани и се она што се случува, мојот интерес не е намален. Така што таа средба освен како средба на стари пријатели и на луѓе што се познаваат беше и добра можност да се информирам за некои работи кои што до крај не ми беа јасни, рече таа. Посочи дека со задоволство ја имала таа средба. -И средбите и разговорите па и ставовите немам никаков проблем да ги кажам јавно, јас стојам зад тоа што го кажувам. Немам проблем ниту да се видам со некого што го почитувам, ниту да се видам со некого кој што сака да се види со мене, појасни Јанкулоска. -Партијата односно ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја. И сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството во партијата е многу значајно, и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство. И токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес преку делегатите и мнозинството членови ја има мојата поддршка, укажа Јанкулоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-aktuelnoto-rakovodstvo-na-vmro-dpmne-kako-legitimno-izbrano-ja-ima-mojata-poddrshka/feed/ 0
Мицкоски на средба со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-jankuloska-nepravdata-nikogash-ne-ne-skrshila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-jankuloska-nepravdata-nikogash-ne-ne-skrshila/#respond Fri, 22 Sep 2023 11:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=880715

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. „Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила“ - посочува Мицкоски! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-jankuloska-nepravdata-nikogash-ne-ne-skrshila/feed/ 0
Првпат по три години: Гордана Јанкуловска излезе на викенд од „Идризово“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-po-tri-godini-gordana-jankulovska-izleze-na-vikend-od-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-po-tri-godini-gordana-jankulovska-izleze-na-vikend-od-idrizovo/#respond Sat, 01 Jul 2023 13:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=851543

Со измена на правилникот, жените затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ посочи дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која речиси три години е зад решетки, без да може да излезе за да го види својот син и да помине кратко време со семејството. Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-po-tri-godini-gordana-jankulovska-izleze-na-vikend-od-idrizovo/feed/ 0
Јанкулоска и Јанакиески добија казни затвор, Протуѓер условна казна – ова се пресудите за „Титаник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-i-janakieski-dobija-kazni-zatvor-protugjer-uslovna-kazna-ova-se-presudite-za-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-i-janakieski-dobija-kazni-zatvor-protugjer-uslovna-kazna-ova-se-presudite-za-titanik/#respond Mon, 28 Feb 2022 12:45:49 +0000 https://kurir.mk/?p=638017

Денеска беа објавени првостепените пресуди за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на парламентарните избори во 2014-та година. Миле Јанакиески е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци, Гордана Јанкулоска денеска беше осудена на 2 години и шест месеци затвор, а Мунир Пепиќ и Коста Митровски добија по 3 години затвор. Мартин Протуѓер доби условна казна од две години, а истата казна ја добија и Билјана Бришкоска Бошковски , Киро Тодоровски и Катерина Веловска. Освен тие што признаа вина, обвинети во „Титаник“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-i-janakieski-dobija-kazni-zatvor-protugjer-uslovna-kazna-ova-se-presudite-za-titanik/feed/ 0
Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за оние кои признаа вина за „Титаник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-stefanova-pobara-poblagi-kazni-za-onie-koi-priznaa-vina-za-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-stefanova-pobara-poblagi-kazni-za-onie-koi-priznaa-vina-za-titanik/#respond Fri, 11 Feb 2022 14:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=630257

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за предметот „Титаник” по признанието на вина на дел од обвинетите, пред судот ги претстави олеснителните и отежителните околности и посочи на ублажување и условување на казните. Посочувајќи дека го почитува признанието на вина на обвинетиот Мартин Протуѓер, Стефанова побара да му биде изречена намалена и условна казна поради повеќе олеснителни околности меѓу кои тоа дека се работи за татко на три деца, невработен, со влошена здравствена состојба. За обвинетиот Миле Јанакиески, кој, исто така, ја призна вината, таа побара од судот да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. Ублажување на казните Стефанова побара и за Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска-Бошкоски кои, исто така, денеска ја признаа вината. Преземањето на дејствија на Јанкулоска како министерка за внатрешни работи, Стефанова ги посочи како отежителна околност. Обвинетите Мунир Пепиќ, Кире Тодоровски и уште двајца други се, исто така, помеѓу оние кои признаа вина. Судењето за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март. Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-stefanova-pobara-poblagi-kazni-za-onie-koi-priznaa-vina-za-titanik/feed/ 0
Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-janakieski-i-protugjer-priznaa-vina-za-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-janakieski-i-protugjer-priznaa-vina-za-titanik/#respond Fri, 11 Feb 2022 12:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=630184

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, екс министерот Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Владата, Мартин Протуѓер, на денешното рочиште за случајот „Титаник“, признале вина, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“. Признание на вина имаше и уште од петмина од обвинетите. Дел посочиле дека превземаат одговорност од морален аспект, а инаку не се чувствувале за виновни. -Јанкулоска признала вина за три дела. Протуѓер и Јанакиески признаа за речиси сите освен за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, пишува порталот. Според нив воопшто и не требало да дојде до судење, бидејќи се аболицирани од екс претседателот Ѓорги Иванов. Судењето за овој случај неодамна се врати од почеток, и затоа и по четири години судење, обвинетите повторно добија шанса да се изјаснат за вина. За нив постапката се раздвојува, по што ќе следува пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-janakieski-i-protugjer-priznaa-vina-za-titanik/feed/ 0
Ни за Јанкулоска немаше судска наредба, па полицијата беше на готовс и правеше претреси – за Мијалков други правила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-za-jankuloska-nemashe-sudska-naredba-pa-policijata-beshe-na-gotovs-i-praveshe-pretresi-za-mijalkov-drugi-pravila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-za-jankuloska-nemashe-sudska-naredba-pa-policijata-beshe-na-gotovs-i-praveshe-pretresi-za-mijalkov-drugi-pravila/#respond Mon, 22 Feb 2021 17:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=472404

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од вчера не е достапен за органите на прогонот. По него веќе е распишана потерница. Куќниот притвор изминатиот викенд го изрекоа од Основниот кривичен суд во Скопје по предлог на обвинителството кое побарало построга мерка на претпазливост во пресрет на изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари. Обвинителството за организиран криминал во петокот по завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ го информирало МВР со цел, како што велат, да се преземат превентивни мерки, но шефицата на обвинителството Вилма Русковска за Канал 5 вели дека немале законски основ да побараат притвор. Таков основ, тврди, добиле дури во саботата во 23 часот, откако МВР со нив ги споделило првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12,00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го известило кривичниот суд како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов во 14,30 часот се упатиле кон Кривичниот суд, каде во 15,00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот. Решението мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор на Мијалков од страна на обвинителството е примено во 18,45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министерството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган. Сега неодговорноста на надлежните се правда со немањето на судска наредба. Но, да потсетиме, немаше судска наредба ниту за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, па зградата во која живее беше опколена од полиција. Беа претресувани соседите, беа проверувани автомобилите кои излегуваат од паркинг и гаража. „Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството,“ објави тогаш таа на Фејсбук. На фотографијата која ја објави може да се забележи полициско возило пред нејзината зграда. За Мијалков очигледно важеле други правила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-za-jankuloska-nemashe-sudska-naredba-pa-policijata-beshe-na-gotovs-i-praveshe-pretresi-za-mijalkov-drugi-pravila/feed/ 0
АНАЛИЗА: Гордана Јанкулоска без вина одговара за уништување на застарената, нефункционална и безвредна опрема за прислушување! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-gordana-jankuloska-bez-vina-odgovara-za-unishtuvanje-na-zastarenata-nefunkcionalna-i-bezvredna-oprema-za-prislushuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-gordana-jankuloska-bez-vina-odgovara-za-unishtuvanje-na-zastarenata-nefunkcionalna-i-bezvredna-oprema-za-prislushuvanje/#respond Wed, 17 Feb 2021 17:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=470172

Сите докази укажуваат на тоа дека Гордана Јанкулоска ниту имала умисла, ниту имала мотив за да се изврши кривичното дело, со оглед на фактот што таа е еден од најприслушкуваните функционери, со над 23.000 прислушкувани разговори. Обвинителството на успева да докаже умисла и вина, за дело за кое обвинетата треба да лежи во затвор најмалку пет години!, се вели во анализата на Плус инфо. Во Кривичниот суд во Скопје привршува судењето за случајот со кодно име „Таргет-Тврдина“. По завршните зборови на обвинителката Ленче Ристоска, в петок на ред се и бранителите на обвинетите Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во МВР, Никола Бошкоски, вработен во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, Тони Јакимовски, поранешен шефот на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов и на уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата, според Oбвинителството, била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби и на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Со прислушувањето, директно и индиректно, биле опфатени околу 20.000 граѓани. Обвинителството тврди дека Мијалков е главен организатор на прислушувањето. Но, првостепената пресуда со внимание ја очекува и Гордана Јанкуловска, која во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“. Обвинителниот акт за „Таргет -Тврдина“ ја товари дека „со умисла помогнала да се уништат системите за следење на комуникации, на начин што во својство на министер за внатрешни работи на Секторот за правни работи налог за изготвување на Решение за формирање на Комисијата за попис, расходување, уништување и бришење од евиденција на системи и техничка опрема во УБК, со што ги отстранила пречките за извршување на кривичното дело и спротивно на Упатството за вршење на попис, ја формирала Комисијата, со што го сторила кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 24 од КЗ“. Медумите досега ги игнорираа наводите на одбраната на Јанкуловска. Впрочем, во известувањето за судењата за предметите на СЈО веќе традиционално се фаворизираат аргументите на обвинителите, а од очите и ушите јавноста се кријат аргументите на бранителите. Во случајот на Јанкуловска, тоа е крајно нефер, бидејќи одбраната уверливо докажува дека кај неа не постоела умисла, а постоењето умисла е конститутивен елемент на кривичното дело што ѝ се става на товар. Така, во кривичното право, делото Помагање се дефинира како умислен придонес во извршувањето на дело на друг, откако извршителот донел одлука за негово извршување. Истовремено, постоењето умисла значи дека сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување, или бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување. Тезата на СЈО дека Јанкулоска знаела дека Горан Груевски донел одлука да се уништат системите за следење на комуникациите и дека таа била свесна и сакала да помогне, но и дека била свесна за штетата што ќе се предизвика на буџетот на МВР и се согласила со тоа, се апсурдни и бесмислени, тврди одбраната. СЈО не приложило ниту еден доказ, материјален или вербален, во поткрепа на обвинението. Од приложените документи не произлегува дека некоја конкретна опрема ќе биде уништена, а со Решението за формирање на комисијата, што го потпишала министерката, не се наложува да се уништи конкретна опрема. Повеќе прочитајте на Плус инфо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-gordana-jankuloska-bez-vina-odgovara-za-unishtuvanje-na-zastarenata-nefunkcionalna-i-bezvredna-oprema-za-prislushuvanje/feed/ 0