гордана силјановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Dec 2021 18:28:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гордана силјановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Силјановска: Владата е должна во секој момент да докаже дека има мнозинство од 61 пратеник, во спротивно не е легитимна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-vladata-e-dolzna-vo-sekoj-moment-da-dokaze-deka-ima-mnozinstvo-od-61-pratenik-vo-sprotivno-ne-e-legitimna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-vladata-e-dolzna-vo-sekoj-moment-da-dokaze-deka-ima-mnozinstvo-od-61-pratenik-vo-sprotivno-ne-e-legitimna/#respond Thu, 02 Dec 2021 18:28:14 +0000 https://kurir.mk/?p=603202

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, истакна дека правно Владата е должна во секој момент да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник, во спротивно не е легитимна. -Владата мора во секој момент да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник, зошто инаку не е легитимна, ова во науката се нарекува „Интерегнум“, ние така ги учиме студентите, вели Силјановска. Таа посочи во однос на најавената оставка на Заев дека нема таков институт во уставното и парламентарното право „ќе си даде оставка“, оставката се дава и си заминувате, бидејќи е тоа лично и морално право, не постои отповиклива оставка, тоа непознато, ова што се случува сега не е демократски процес затоа што нема власта легитимитет затоа што не покажала, објасни професорката Силјановска. Силјановска посочи дека Владата е на тапет, а останатите партии како БЕСА покажаа дека имаат интегритет, а можеа да калкулираат политички, но си останаа на зборот и не покажаа тргување со интересите. -Сега читам деновиве дека се разговара за промена на владината програма, а теорија на мандат вели дека Владата може да го спроведува само она за кое добила согласност од граѓаните на изборите, како тоа сега ќе ја дополнуваат програмата, а сега се разговара за вработувања и за функционерски места што е типично пазарење,а ние ако не посегнеме по стручноста и компетентноста и не престанеме со ваквиот начин да ја регрутираме бирократијата ние кога ќе почнеме преговори ќе почнеме со скршен костур на државата, нашата администрација која е наша најголема слабост, вели Силјановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-vladata-e-dolzna-vo-sekoj-moment-da-dokaze-deka-ima-mnozinstvo-od-61-pratenik-vo-sprotivno-ne-e-legitimna/feed/ 0
Силјановска потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-potpisha-memorandum-za-razbiranje-i-sorabotka-so-anima-mundi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-potpisha-memorandum-za-razbiranje-i-sorabotka-so-anima-mundi/#respond Sun, 12 Jul 2020 13:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=374551

Денеска потпишав Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди-Здружение за заштита на животни, во кој како голем љубител на животните и вдомувач на куче и маче се согласив во иднина да соработувам во спроведувањето на следните барања на Здружението: 1. Унапредување на правната заштита на животните преку измена и суштинско дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните во првата година од мандатот на новата Влада на РМ. 2. Усвојување на јасна и децидна законска забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација животни (освен на неизлечливо болни единки), затоа што непостоењето на децидна забрана дава можност за произволност, нехуманост и масовно усмртување што во Р.М. се испостави како практика. За решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња ќе се применува исклучиво стратегијата на масовна стерилизација (во светот позната како залови – стерилизирај – врати) заедно со низа други мерки кои подразбираат одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите. 3. Позитивна национална кампања во соработка со граѓанскиот сектор за заштита на животни и инволвирање на здруженијата во управувањето и работењето на стационарите. На здруженијата да се гледа како на активни партнери на институциите надлежни за проблемот со бездомни кучиња 4. Континуирани Програми за промоција на концептот на одговорно сопствеништво, важноста од стерилизација, вакцинација, идентификација и регистрација на домашните миленици. Оданочување на оние кои продаваат миленици и кои неконтролирано ги размножуваат, оданочување на сопствениците кои купиле миленик и го чуваат некастриран/нестерилизиран, а ослободување од данок за оние кои ќе вдомат миленик затоа што помагаат во заедницата да се намали бројноста на бездомни животни и привилегии за сите кои ги стерилизираат сопствените миленици. Собраните средства од оданочувањето да бидат наменети за заштита, лекување, стерилизација/кастрација на бездомни животни и субвенционирање на кастрации/стерилизации за сопствениците кои ќе вдомат бездомно животно. 5. Најстрого ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена силно се загрозува и безбедноста на граѓаните. 6. Зголемување на казната за мачење на животно во рамки на Кривичниот закон како и унапредување на СПРОВЕДУВАЊЕТО на член 233 (Мачење животни) од Кривичниот законик на РМ. Задолжително е да стане практика сторителите на кривични дела кои резултирале со мачење и/или убиство и/или каква било друга форма на злоупотреба на животно да бидат соодветно казнети. 7. Промоција на растителната исхрана во контекст на заштита на човековото здравје и превенција на најсмртоносните болести на денешницата, намалување на гладот и нееднаквоста како во светот, така и во РМ. Задолжително воведување на растително мени како опција во сите јавни институции – здравствени и образовни установи (болници, градинки, училишта, студентски домови и сл) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-potpisha-memorandum-za-razbiranje-i-sorabotka-so-anima-mundi/feed/ 0
Силјановска-Давкова на дискусија со младите пред споменикот на Гемиџиите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-na-diskusija-so-mladite-pred-spomenikot-na-gemidziite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-na-diskusija-so-mladite-pred-spomenikot-na-gemidziite-vo-skopje/#respond Tue, 07 Jul 2020 18:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=371240

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска одржа дискусија со младите пред споменикот на Гемиџиите во Скопје. -Дискусија со млади пред споменикот на Гемиџиите. Не постои подобра инвестиција од онаа во знаењето. Тоа ќе ве направи посигурни, повлијателни и покомпетитивни не само на личен план, туку и ќе придонесете за општото добро во вашето опкружување. Сум имала прилика да видам како во САД ги спроведуваат предавањата, тоа е сосема еден друг амбиент, студентите се послободни и со поголема интерактивност. Програмата во делот на образованието предвидува особено внимание кон афинитетите, бидејќи не сите сме исти. Оттаму, предвидените стипендии ќе обезбедат можност за оние кои имаат афинитети, а финансиски не се во можност да си дозволат наобразба. Тука особен акцент ќе се стави на магистерските и докторските студии. #ОдбериОбнова #Заокружи14 #ЗаПодоброОбразование, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Дискусија со млади пред споменикот на Гемиџиите. Не постои подобра инвестиција од онаа во знаењето. Тоа ќе ве направи... Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Tuesday, July 7, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-na-diskusija-so-mladite-pred-spomenikot-na-gemidziite-vo-skopje/feed/ 0
Силјановска: Мора да почнеме од право и правда, а тоа од нас го бара и ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-mora-da-pochneme-od-pravo-i-pravda-a-toa-od-nas-go-bara-i-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-mora-da-pochneme-od-pravo-i-pravda-a-toa-od-nas-go-bara-i-eu/#respond Mon, 06 Jul 2020 14:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=370096

Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска посочи дека правото и правдата се клучни елементи и затоа мора да се почне со нив и да се стави акцентот во оваа област. Говорејќи за актуелната политичка ситуација, Силјановска рече дека е крајно време со политика да се занимаваат луѓе кои се реализирани, кои не се корумпирани, кои не се криминализирани. „Првото нешто што ни го бара Европската унија е владеење на правото, затоа мора се да почне оттука. Тоа е клучно. Се ќе биде поинаку ако во Собранието седнат луѓе со знаење, ќе можеме со аргументи да правиме консензус за политики“, кажа Силјановска. Професорката се осврна и за тоа кога еден јазик станува официјален во ЕУ. „Тоа е редовна процедура. Во ЕУ постои рамка за употреба на јазиците, што значи тоа - кога ќе завршат преговорите се пристапува кон склучување на договор,  тоа е прво ниво, второ ниво е регулатива број 1 од 1958 година и на таа регулатива се поднесува амандман за јазикот на државата која влегува во ЕУ. И со овој последен чекор или со амандман јазикот на државата која станува полноправна членка во ЕУ станува и официјален јазик во ЕУ“, рече Силјановска која укажа дека мултилингвализмот е главно во Европскиот парламент, а оти другите институции на ЕУ  секоја има различно утврдени официјални јазици. Силјановска говорејќи за Договорите со Грција и Бугарија рече дека добрососедство може да има кога има взаемна почит. „Добрососедство може да има по прошка, а прошка може да има по извинување. Почит и разбирање не може да има без извинување. И самата ЕУ треба да тргне од суштината на добрососедството. Мислам дека ЕУ мора да се усредсреди на суштината на филозофијата на своето постоење бидејќи за да биде Унијата заедница мора да е втемелена на вредности. Во барање на решенијата треба да тргнеме од суштината, значи не може да зборуваме за добрососедство ако нема взаемно почитување“, рече професорката Силјановска во изјавата која ја даде денеска пред споменикот на децата бегалци во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-mora-da-pochneme-od-pravo-i-pravda-a-toa-od-nas-go-bara-i-eu/feed/ 0
Отворен Регионалниот граѓански штаб на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ 1 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-regionalniot-gragjanski-shtab-na-kandidatite-na-vmro-dpmne-od-ie-1/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-regionalniot-gragjanski-shtab-na-kandidatite-na-vmro-dpmne-od-ie-1/#respond Sun, 05 Jul 2020 13:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=369298

Со Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова и кандидатката за пратеник Велика Стојкова Серафимовска, денеска го отворивме Регионалниот граѓански штаб спроти Соборниот храм во Центар. Сите граѓани се добредојдени, на заинтересираните ќе им биде врачена програмата која што е најсеопфатната политичка понуда што некогаш некоја партија ја понудила. Ова е уникатна програма каде во илјадниците мерки се прецизно и точно објаснети нашите цели, заложби, инструментите, институциите, временските рокови за реализација и чинењето на истите. Ова е огромен проект за #OбноваНаМакедонија. Им препорачувам на граѓаните да ја погледнат, затоа што има многу повеќе за секого. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-regionalniot-gragjanski-shtab-na-kandidatite-na-vmro-dpmne-od-ie-1/feed/ 0
Силјановска: Обнова ќе се фокусира на економијата, социјалната заштита, образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-obnova-kje-se-fokusira-na-ekonomijata-socijalnata-zashtita-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-obnova-kje-se-fokusira-na-ekonomijata-socijalnata-zashtita-obrazovanieto/#respond Thu, 25 Jun 2020 13:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=362838

Проектот „Обнова“ е четиригодишен проект, но остава и простор за доградба. Најважното за економијата, за социјалната заштита, за образованието, е владеењето на правото. Тоа е врвниот кластер. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се наведени не само целите и заложбите, туку и инструментите и времетраењето на реализацијата на проектот наречен „Обнова“. Ова денеска го изјави носителката на Изборна единица 1, Гордана Силјановска Давкова, на отворањето на изборен штаб на улица „Македонија“ во Скопје. – Ќе речете што ќе се обновува, има ли што да се обновува? Да. Никогаш не била поактуелна обновата, зашто треба да се обнови респектот кон себе, како кон индивидуи, како кон граѓани, респектот како нација, како народ, респектот кон Уставот и законите, кон владеењето на правото, респектот кон меѓународното право, но најмногу респектот кон оние кои најмалку имаат, за жал партијата што се нарекува социјалдемократска, одамна ја напушти социјалдемократската идеологија и делува корпоративно, во заштита на најкрупниот капитал, не на малите, не на средните претпријатија, туку на банките и на големите фирми, рече Силјановска. Таа истакна дека бидејќи Македонија по Устав е социјална држава, и тие ќе го обноват тој концепт. Силјановска се осврна и на делот во програмата насочен против одливот на мозоци. – Ако по Уставот Македонија е социјална држава, тогаш еве ние ќе го обновиме тој концепт и впрочем грижата за државата која не само што не е социјална туку е социјален случај по сите параметри обележана со црвено како опасна земја за посета. Се фалиме дека се што правиме е да го спречиме одливот на мозоците егзодусот на младите, но прашањето е што сторивме за нив?, вели Силјановска. Таа истакна дека младите, најдобрите не заминуваат само заради високите плати и стандардот на Запад, туку затоа што не се вистинските луѓе на вистинско место, како што рече, ако не сте партиски ориентирани, ако не сте во одбраната еднопартиска група, вие немате шанса да ставите бела крагна, најпотребна во преговорите за ЕУ. – Со програмата Обнова, велиме дека 500 најдобри млади луѓе секогаш ќе добијат веднаш вработување, што е европска и светска пракса. Срам ми е бидејќи доаѓам од Универзитет да кажам дека некаде на 1.800 место сме на Шангајската листа. Како што сме сега во  поглед на хибридниот режим. Нашата цел е барем во четиригодишниот мандат да влеземе во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа, рече Силјановска. Таа додаде дека ќе делат ваучери за концерти, за спортски настани, картите ќе бидат за сите 50 отсто, а младите до 29 години нема да плаќаат никаков данок за да го внесат својот економски и компетитивен дух дома. Според неа, крајно време е да има курикулуми и образование компатибилно со европското, да има можност за доедукација или за мобилно образование, да се демократизираат универзитетите. – Во Собранието ќе ги активираме пратеничките прашања, секоја недела. Ќе ги отвориме портите во комисиите за сите што се заинтересирани, ќе ставиме крај на закони по скратена постапка, секој закон од значење ќе се праќа во Венецијанската комисија. Јас се залагам за мала и компетитивна влада во која нема да има измислени министри, партиски војници. Ќе подразмислиме околу Управните одбори, околу замениците, околу измислени функции, за да се пренасочат парите во проектите за кои зборуваме. Еден од првите предлози е да свикаме уставно-правна комисија, да ги детектираме најголемите маани што произлегуваат од Уставот, сето тоа мора да има решение и мора да размислуваме системски со цел да направиме пристојно место за живеење, рече носителката на Првата изборна единица Силјановска на отворањето на предизборниот штаб во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-obnova-kje-se-fokusira-na-ekonomijata-socijalnata-zashtita-obrazovanieto/feed/ 0
Силјановска: Изјавата на потенцијалниот кандидат за амбасадор во НАТО Дане Талески е неовластено вршење на туѓи работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-izjavata-na-potencijalniot-kandidat-za-ambasador-vo-nato-dane-taleski-e-neovlasteno-vrshenje-na-tugji-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-izjavata-na-potencijalniot-kandidat-za-ambasador-vo-nato-dane-taleski-e-neovlasteno-vrshenje-na-tugji-raboti/#respond Fri, 10 Jan 2020 21:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=288158

Наместо да излезе командантот на вооружените сили, односно претседателот на Република Македонија и да даде изјава за случувањата помеѓу Иран и САД, излезе потенцијалниот кандидат за амбасадор во НАТО. Тоа е неовластено, ние велиме во правото, вршење на туѓи работи, истакна професорката Гордана Силјановска во вечерашната емисија „Што не е јасно“. -Во кабинетот го нема премиерот Заев, тој му е советник, не ми е јасно во кое својство излезе да ја даде изјавата, но едно знам - сигурно сам не излезе туку лицата кои се овластени тоа го сугерирале. Зошто? Не знам, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-izjavata-na-potencijalniot-kandidat-za-ambasador-vo-nato-dane-taleski-e-neovlasteno-vrshenje-na-tugji-raboti/feed/ 0
Силјановска за Сител: Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но преседани имало https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-za-sitel-ustavot-ne-dozvoluva-voeno-lice-na-chelo-na-mvr-no-presedani-imalo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-za-sitel-ustavot-ne-dozvoluva-voeno-lice-na-chelo-na-mvr-no-presedani-imalo/#respond Sat, 28 Dec 2019 19:30:56 +0000 https://kurir.mk/?p=283432

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во изјава за ТВ Сител, потенцира дека Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но имало преседани. -Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со МВР и Министерството за одбрана може да раководи само цивилно лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал функција во полицијата или во одбраната, потребно е да поминат најмалку 3 години за да може тој да биде министер за внатрешни работи или за одбрана, така вели членот 97, рече Силјановска и додаде: „Има држави како Турција или Руската Федерација, Азербејџан каде што и воени лица може да бидат на чело на министерство за одбрана, но она што сакам да го потенцирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата на преседаните. Некогаш беше министер за внатрешни работи Силјан Аврамовски, значи на него не се примени членот 97, истото важи и за министерот Митко Чавков, а во моментов истото важи и за заменик-министерот за одбрана Беким Максути“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-za-sitel-ustavot-ne-dozvoluva-voeno-lice-na-chelo-na-mvr-no-presedani-imalo/feed/ 0
Силјановска: Законот за јазиците во многу елементи е неспроведлив што значи дека може да го загрози и владеењето на правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-zakonot-za-jazicite-vo-mnogu-elementi-e-nesprovedliv-shto-znachi-deka-moze-da-go-zagrozi-i-vladeenjeto-na-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-zakonot-za-jazicite-vo-mnogu-elementi-e-nesprovedliv-shto-znachi-deka-moze-da-go-zagrozi-i-vladeenjeto-na-pravoto/#respond Thu, 12 Dec 2019 21:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=276822

Кога се во прашање извештаите и мислењата на Венецијанската комисија, јас имам искуство и знам како ги пишуваме заклучоците. Значи Венецијанската комисија прво кога дава мислење ги цени стандардите и ако е нешто под стандардите тогаш е жестока, а ако е нешто над стандардите тогаш тоа ќе го потенцира, ова вечерва во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21 го истакна професорката Гордана Силјановска Давкова. -Првиот заклучок на Венецијанската комисија мора да се чита заедно со вториот заклучок. Имено иако вели дека во однос на законот од 2008 година овој текст оди далеку над веднаш констатира нешто друго. Во Венецијанската комисија е изработен еден документ кој што се вика чек листа во функција на оценката на било кој текст ќе дојде пред неа дали низ призма на остварливоста може да доведе до владеење на правото и заклучокот овде е дека е сигурна и дека овој закон не може да доведе до ефикасна реализација јас тоа уште поостро го велам во многу елементи е неспроведлив што значи дека може да го загрози и владеењето на правото, вели Силјановска Давкова. Таа додава дека со многу брзина се одвивала постапката за испраќање на овој закон иако Венецијанската комисија е комисија за демократија преку право. -Процедурата е основна гаранција за правото, таа тука потенцира дека се работи за закон од многу широк јавен интерес и дека постапката што се спроведе е недозволила и сега повикува на друга постапка, вели Силјановска Давкова. Таа одговорно тврди и дека овој закон за употреба на јазиците има сериозни проблеми со уставноста на решенијата и тоа ќе го оценува Уставниот суд. -Или законот го пишувал некој кој не е правник, или пак бил напишан од некој однадвор и преведувам бидејќи е номотехничка катастрофа, законот нема преодни и завршни одредби и тоа е недозволиво. Законот не прави разлика меѓу закони што се носат со двотретинско мнозинство и овој закон што се носи со обично мнозинство, рече Силјановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-zakonot-za-jazicite-vo-mnogu-elementi-e-nesprovedliv-shto-znachi-deka-moze-da-go-zagrozi-i-vladeenjeto-na-pravoto/feed/ 0
Силјановска: Насушна потреба за право и правда во Македонија е да се најде формула за „ветинг“ на уставните судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-nasushna-potreba-za-pravo-i-pravda-vo-makedonija-e-da-se-najde-formula-za-veting-na-ustavnite-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-nasushna-potreba-za-pravo-i-pravda-vo-makedonija-e-da-se-najde-formula-za-veting-na-ustavnite-sudii/#respond Mon, 23 Sep 2019 16:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=244020

Професорката Гордана Силјановска преку Твивер ја нагласи потребата за право и правда во Македонија и дека мора да се најче начин за „ ветинг“ на уставните судии. Мислам дека насушна потреба за право и правда во Македонија е да се најде формула за „ ветинг“ на уставните судии. Туку, кого ќе „ветираме„? Имаме ли ние Уставен суд?, напиша Силјановска на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-nasushna-potreba-za-pravo-i-pravda-vo-makedonija-e-da-se-najde-formula-za-veting-na-ustavnite-sudii/feed/ 0