гордон ремзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 09:10:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гордон ремзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВОСПИТНИ МЕРКИ: Еве зошто Гордон Ремзи нема да им го остави богатството на децата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vospitni-merki-eve-zoshto-gordon-remzi-nema-da-im-go-ostavi-bogatstvoto-na-detsata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vospitni-merki-eve-zoshto-gordon-remzi-nema-da-im-go-ostavi-bogatstvoto-na-detsata/#respond Mon, 16 Jan 2023 09:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=787794

Познатиот готвач Гордон Ремзи одлучил своето богатство да не им го остави на своите деца, а како што се наведува, тие имаат голем број правила кои мора да ги почитуваат додека се малолетни. Овој британски готвач не е строг само кога се во прашање емисиите што ги води. Тој исто така има правила што неговите деца мора да ги следат. Имено, Ремзи не планира да им го препушти богатството на своите деца и смета дека тие мора сами да управуваат со својот живот. -Дефинитивно не оди за нив, и не на злонамерен начин, туку за да не ги расипам. Единственото нешто што се договорив со Тан е да добијат 25 отсто од депозитот на станот, но не и целата сума, рече готвачот уште во 2017 година. Во медиумите тој ги објасни строгите правила кои мора да ги почитуваат неговите деца, па на списокот може да се најдат некои неочекувани правила, како на пример користење само економска класа, додека тој и неговата сопруга патуваат во прва класа. Освен што не им даваат голем џепарлак, децата треба да штедат за облека и сами да си ги плаќаат сметките за телефон и автобуски билети. За воопшто да дојдат до џепарлак, треба да ги заработат помагајќи во домашните работи. Ремзи, кој е познат по своите вулгарности, им забранува на своите деца да пцујат и им го ограничува пристапот до технологијата. Правило што не изненадува е дека тој им го забранува вегетаријанството на своите деца. Овој педесет и шестгодишен маж и неговата сопруга Тан имаат заедно пет деца: ќерката Меган, близнаците Џек и Холи, ќерката Матилда и синот Оскар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vospitni-merki-eve-zoshto-gordon-remzi-nema-da-im-go-ostavi-bogatstvoto-na-detsata/feed/ 0
Гордон Ремзи го објави менито за новогодишната ноќ, вечера за еден чини над 47.000 денари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gordon-remzi-go-objavi-menito-za-novogodishnata-nokj-vechera-za-eden-chini-nad-47-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gordon-remzi-go-objavi-menito-za-novogodishnata-nokj-vechera-za-eden-chini-nad-47-000-denari/#respond Thu, 10 Nov 2022 09:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=758420

Професионалниот британски готвач Гордон Ремзи го обајви ценовникот за новогодишната ноќ по што стана јасно дека сите кои ќе сакаат да ги вкусат неговите специјалитети ќе мора да одвојат поголем износ на пари. Во еден од неговите ресторани во Лондон кој има три ѕвезди Мишелин, новогодишната ноќ ќе чини вртоглави 400 фунри по лице. Во вечерата не е вклучен пијалакот, па оние што ќе одлучат да пијат вино ќе платат дополнително 275 фунти по лице. Така, вкупно цената на новогодишното мени во ресторанот на Ремзи ќе изнесува 675 фунти по лице (над 47.000 денари) Ремзи, меѓу другото, на гостите ќе им понуди специјалитет кој го нарекува „Duck tea“, но и јастог и печено телешко. Минатата година Ремзи доби критики откако за новогодишната ноќ вечерата ја наплаќаше по 320 фунти по лице без пијалак. Тоа сепак не го спречи оваа година дополнително да ја зголеми цената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gordon-remzi-go-objavi-menito-za-novogodishnata-nokj-vechera-za-eden-chini-nad-47-000-denari/feed/ 0
Гордон Ремзи: Пандемијата ги тргна „биртиите“ од улица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gordon-remzi-pandemijata-gi-trgna-birtiite-od-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gordon-remzi-pandemijata-gi-trgna-birtiite-od-ulica/#respond Wed, 23 Mar 2022 08:33:02 +0000 https://kurir.mk/?p=651829

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи во неодамнешното интервју за „Рејдио тајмс“ се осврна на корона-пандемијата, последиците што таа ги донесе со себе и како тие влијаеја на угостителската индустрија последниве две години. Според него, пандемијата е погубна за сите оние кои се вклучени во индустријата, но тоа било и добра можност да се „збришат“ сите лоши ресторани кои некогаш ги исполнувале улиците. – Последниве две години беа поразителни, но сега сè тоа се подобрува. Мислам дека на сите им е јасно дека „биртиите“ ги нема веќе… Тие времиња никогаш повеќе нема да се повторат, рече Ремзи. ТВ-готварската ѕвезда не прецизираше на кого мисли, но истакна дека верува оти сега значително ќе се подобри квалитетот на храната во рестораните. – Клиентите станаа „многу попаметни“ последните две години. Тие сега знаат многу повеќе за храната отколку порано, така што оние во угостителската индустрија сега се принудени да преземат сè на следното ниво, додаде тој за радиото. Гордон, инаку, често е критикуван од своите следбеници за високите цени во неговите ресторани, а особено беше нападнат околу божиќниот период кога најави дека вечерата ќе чини 370 долари по човек, без вклучени пијалоци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gordon-remzi-pandemijata-gi-trgna-birtiite-od-ulica/feed/ 0
Сендвич со кајгана и сланина, вкусен појадок по рецепт на Гордон Ремзи https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sendvich-so-kajgana-i-slanina-vkusen-pojadok-po-recept-na-gordon-remzi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sendvich-so-kajgana-i-slanina-vkusen-pojadok-po-recept-na-gordon-remzi/#respond Fri, 04 Jun 2021 08:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=518844

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи сподели рецепт за појадок на кој многумина му честитаа. Во класичен сендвич тој додаде кремсир, зеленчук и кајгана која се посготвува на посебен начин и направи оброк кој може со часови да ве држи сити. За разлика од вообичаен сендвич, овој има малку повеќе состојки, но вкусот е неверојатен. Наведените состојки се за две лица. Состојки: 6 јајца 2 лепчиња 2 лажици кремсир 100 гр кашвакал 4 парчиња сланина еден црвен кромид млад лук 50 гр путер сол Подготовка: Ситено исецкајте ги кромидот и сланината, па се заедно пропржете на тивок оган. Доколку имате тостер, лепчињата ставете ги во него да се загреат или во рерна вклучена на 180 степени, печете 7-8 минути. Изматете ги јајцата, додадете путер и сол, а потоа ставете на рингла на среден оган мешајте една минута, па тргнете го садот 30 секунди. Оваа постапка повторете ја се додека јајцата не бидат готови. Гордон препорачува постапката да ја повторите најмалку три пати. Исецкајте го младиот лук и во сад измешајте заедно со јајцата. Лепчињата премачкајте ги со кремсир, па на едната страна ставете го кромидот со сланината, а на другата посготвената кајгана. На едната страна на земјичката ставете кашкавал. Пријатно јадење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sendvich-so-kajgana-i-slanina-vkusen-pojadok-po-recept-na-gordon-remzi/feed/ 0
И Гордон Ремзи погоден од пандемијата, затворил поголем дел од рестораните https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-gordon-remzi-pogoden-od-pandemijata-zatvoril-pogolem-del-od-restoranite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-gordon-remzi-pogoden-od-pandemijata-zatvoril-pogolem-del-od-restoranite/#respond Thu, 25 Feb 2021 07:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=473546

Познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи откри дека изгубил 57 милиони фунти (66 милиони евра), бидејќи, лани, поради корона-кризата бил принуден да затвори поголем дел од своите ресторани, објави „Дејли мејл“. Готвачот кој поседува 35 ресторани (а, планирал да отвори уште пет годинава), вели дека бил уништен од финансиските последици од пандемијата, губејќи 11,5 милиони евра само од резервациите во јануари, поради третиот карантин. Тој бил принуден да побара помош од британската Влада за да спаси илјадници работни места во неговата империја од ресторани. – Ме критикуваат дека сум бил богат, но одговорноста е на моите плеќи, вели тој. Премиерот Борис Џонсон неодамна ги откри плановите на властите за повторно отворање на рестораните со новите мерки. По неколку недели ограничени само на услуги и достава до дома, од 12 април пабовите и рестораните ќе можат да примаат гости од најмногу две домаќинства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-gordon-remzi-pogoden-od-pandemijata-zatvoril-pogolem-del-od-restoranite/feed/ 0
Младата ѕвезда од познатото кулинарско шоу почина на 14 години од рак https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mladata-dzvezda-od-poznatoto-kulinarsko-shou-pochina-na-14-godini-od-rak/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mladata-dzvezda-od-poznatoto-kulinarsko-shou-pochina-na-14-godini-od-rak/#respond Thu, 19 Nov 2020 09:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=431592

Четиринаесетгодишниот Бен Боткинс, ѕвезда на популарното ТВ шоу „Мастер шеф јуниор“ починал од рак, потврди неговото семејство. Бабата на Бен, Дона Едвардс и неговиот вујко Ентони Едвардс во соопштението објавиле дека 14 годишното момче по година ипол ја загубило битката со болеста. Младиот готвач се прослави во 2018 година кога се појавил во американската верзија на познатот кулинарско шоу. Информацијата за неговата прерана смрт на Твитер ја сподели и познатиот готвач Гордон Ремзи, кој бил еден од судиите на натпреварувањето во кое Бен учествувал. Бен Воткинс е од Чикаго и своите кулинарски вештини ги стекнал работејќи во ресторанот на својот татко. Бен останал без своите родители пред три години кога татко му ја убил мајка му, па се самоубил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mladata-dzvezda-od-poznatoto-kulinarsko-shou-pochina-na-14-godini-od-rak/feed/ 0
Едноставен трик на Гордон Ремзи – како секојпат совршено да ги сварите вашите тестенини? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ednostaven-trik-na-gordon-remzi-kako-sekojpat-sovrsheno-da-gi-svarite-vashite-testenini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ednostaven-trik-na-gordon-remzi-kako-sekojpat-sovrsheno-da-gi-svarite-vashite-testenini/#respond Fri, 11 Sep 2020 09:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=401929

Гордон Ремзи откил трик кој што мора да го знаете кога станува збор за готвење тестенини. Станува збор за серија видеа во кои што тој открива 100 основни трикови кои што мора да ги знаете кога влегувате во кујна и кога ќе одлучите да приготвите нешто за јадење. Иако тестенините се популарни насекаде низ светот, поголемиот дел од луѓето ги подготвуваат така што во одреден дел од варењето на истите, вадат едно парче од нив за да проверат дали се готови. Но, популарниот готвач има друга метода. „Тестенините се евтино јадење кое што секогаш треба да го имате во вашата кујна, но лесно е да ги сварите недоволно или пак да ги преварите. Еве како треба да ги варите“ – започнал тој. Прво ставил вода во поголемо тенџере, за да биде сигурен дека има доволно место за сите шпагети рамномерно да се варат, пред во водата да стави прстофат сол и да стави доволна количина масло за јадење, за тестенините да не се залепат за тенџерето. Тој потоа додал, дека мора да причекаме водата да зоврие, а потоа да ги ставиме тестенините во тенџерето. Доколку варите подолги тестенини, на пример шпагети, Ремзи советува едниот крај од истите да го ставите во тенџерето, да почекате да омекнат и да го потопите и останатиот крај од нив за заедно да се сварат. Вклучете тајмер и наместете го на време на кое што го пишува на самото пакетче од тестенините, а кога тоа ќе помине проверете со прстите дали тестенините се сварени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ednostaven-trik-na-gordon-remzi-kako-sekojpat-sovrsheno-da-gi-svarite-vashite-testenini/feed/ 0
Дејвид Бекам преговара за свое готварско шоу https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dejvid-bekam-pregovara-za-svoe-gotvarsko-shou/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dejvid-bekam-pregovara-za-svoe-gotvarsko-shou/#respond Wed, 10 Jun 2020 08:51:14 +0000 https://kurir.mk/?p=356015

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам има намера да води своја готварска емисија. Преговорите сè уште се во тек, но првичните податоци говорат дека неговиот проект е во соработка со Би-би-си и Нетфликс и со продукциската куќа Студио 99. Идејата за новото шоу на пензионираниот фудбалер, како што вели, му дошла за време на самоизолацијата поради корона-пандемијата. Семејството Бекам од дома често знаеше пред своите обожаватели да ги покаже своите вештини во домаќинството и во кујната. Дејвид (45), наводно, веќе се сретнал и со познатиот британски ТВ-готвач Гордон Ремзи, „заради вредни совети“ околу неговиот претстоен проект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dejvid-bekam-pregovara-za-svoe-gotvarsko-shou/feed/ 0
По рецепт на Гордон Ремзи: Тирамису кое ќе го направите за 5 минути (видео) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/po-recept-na-gordon-remzi-tiramisu-koe-kje-go-napravite-za-5-minuti-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/po-recept-na-gordon-remzi-tiramisu-koe-kje-go-napravite-za-5-minuti-video/#respond Fri, 31 Aug 2018 14:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=94775

Состојки: 120 гр шеќер во прав 300 гр павлака за шлаг екстракт од ванила (по желба) 250 гр маскарпоне сирење 1 мала шолја јако црно кафе Начин на подготовка: Во сад ставете шеќер во прав, додајте павлака за шлаг и сè заедно добро разматете. Во друг сад ставете маскарпоне и екстракт од ванила и добро измешајте. Мешавината од маскарпоне и ванила ставете ја во шлагот и добро измиксајте. Пишкотите преполовете ги, потопете ги во кафе и ставете ги во чаша. Ставее ја смесата во чашата и на врвот изрендајте темно чоколадо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/po-recept-na-gordon-remzi-tiramisu-koe-kje-go-napravite-za-5-minuti-video/feed/ 0