горештини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jul 2023 13:14:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горештини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси 62.000 луѓе починаа од рекордни горештини во Европа минатото лето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-62-000-luge-pochinaa-od-rekordni-goreshtini-vo-evropa-minatoto-leto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-62-000-luge-pochinaa-od-rekordni-goreshtini-vo-evropa-minatoto-leto/#respond Sun, 16 Jul 2023 13:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=857162

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените. Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите. Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен. Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот. Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-62-000-luge-pochinaa-od-rekordni-goreshtini-vo-evropa-minatoto-leto/feed/ 0
Горештините во Европа од 2022 ќе станат „нормално лето“ до 2035 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/goreshtinite-vo-evropa-od-2022-kje-stanat-normalno-leto-do-2035-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/goreshtinite-vo-evropa-od-2022-kje-stanat-normalno-leto-do-2035-godina/#respond Fri, 26 Aug 2022 10:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=724275

Топлотниот бран во Европа од 2022 година ќе се претвори во „нормално лето“ до 2035, независно дали човештвото ќе успее да ги намали стакленичките гасови и штетните емисии, покажа ново истражување. Анализата е направена од Британската метеоролошка агенција, која истражуваше колку брзо се зголемија температурите на Стариот континент од почетокот на набљудувањата во 1850 година. Податоците потоа беа споредени со модели. Типичното лето во централна Европа до 2100 година ќе биде потопло за повеќе од четири степени Целзиусови. Според истражувањето, сите моментални топлотни бранови се предизвикани од глобалното затоплување, главно од согорувањето на фосилните горива. Велика Британија евидентираше рекордни температури за време на топлотните бранови годинава. Во јули во земјата беа измерени температури од 40 степени Целзиусови. Други земји каде имаше локални рекордни температури се Шпанија, Португалија, Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/goreshtinite-vo-evropa-od-2022-kje-stanat-normalno-leto-do-2035-godina/feed/ 0
ВКЛУЧЕН Е ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Прогласена вонредна состојба поради екстремни горештини – Британците се „топат“ на 40 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkluchen-e-crveniot-alarm-proglasena-vonredna-sostojba-poradi-ekstremni-goreshtini-britancite-se-topat-na-40-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkluchen-e-crveniot-alarm-proglasena-vonredna-sostojba-poradi-ekstremni-goreshtini-britancite-se-topat-na-40-stepeni/#respond Sat, 16 Jul 2022 17:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=706312

Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба откако за прв пат беше издадено црвено предупредување за екстремни горештини, бидејќи температурите може да достигнат и 40 степени Целзиусови. Предупредувањето од Мет офис за понеделник и вторник ги вклучува Лондон, Манчестер и Јорк, објави Би-Би-Си. Тоа значи дека постои ризик по животот, а дневните рутини ќе мора да се сменат. Ќе има ограничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани. Ќе се посипува песок по патиштата за да се намали топењето на асфалтот, а службата за помош на пат предупреди дека на повеќе возачи ќе им биде потребна помош поради прегревање на нивните автомобили. Метеоролошката агенција издаде предупредување за највисоко ниво четири и додаде дека болест и смрт може да има дури и кај здрави луѓе. Ова е прв пат црвено предупредување за висока температура да биде издадено за делови од Обединетето кралство, иако систем за предупредување за екстремна температура не беше воведен дури во 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkluchen-e-crveniot-alarm-proglasena-vonredna-sostojba-poradi-ekstremni-goreshtini-britancite-se-topat-na-40-stepeni/feed/ 0
Препознајте ги навреме: 11 симптоми на топлотен удар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prepoznajte-gi-navreme-11-simptomi-na-toploten-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prepoznajte-gi-navreme-11-simptomi-na-toploten-udar/#respond Mon, 27 Jun 2022 18:18:21 +0000 https://kurir.mk/?p=696505

Што се случува во телото во големи горештини? Крвните садови се шират поради што притисокот се смалува, а промената на крвниот притисок може да предизвика малаксаност и несвестица. Бидејќи срцето забрзано чука, може да дојде и до инфаркт. Се смалува циркулацијата на крвта, а крвта станува погуста, што може да предизвика тромбоза. Исто така, со ладење на телото, односно потење се губат течности и електролити од телото. Крвните садови се шират (вазодилатација), што предизвикува опаѓање на притисокот. Промената на крвниот притисок може да предизвика слабост и несвестица, а бидејќи срцето чука побрзо, може да дојде и до срцев удар. Циркулаторниот волумен се намалува и крвта станува погуста, што може да предизвика тромбоза. Исто така, со ладење на телото, односно потење, од телото се губат течности и електролити, а интензивното потење може да предизвика топлински грчеви и исцрпеност. УВ зрачењето може да предизвика формирање на малигни тумори на кожата (на пример меланом), а може да предизвика и развој на катаракта. Како треба да се однесуваме за време на големи горештини? За време на големите горештини, односно во текот на летните месеци, важно е да внимавате и правилно да го заштитите здравјето на себе и вашите најблиски. Треба да се преземат соодветни мерки. * Избегнувајте изложување на директна сончева светлина, особено помеѓу 10 и 17 часот - ова особено важи за луѓето со зголемен ризик од топлотен удар. * Избегнувајте излегување во најтоплиот дел од денот, * Пијте доволно течности, односно негазирана вода или нискокалорични пијалоци без кофеин, алкохол и шеќер. Важно е постојано да пиете течности, не само кога чувствувате жед. * Носете лесна и широка облека од светли бои изработена од природни материјали. Не заборавајте капи и шешири, како и очила за сонце, но и крема со заштитен фактор. * Јадете повеќе помали оброци богати со свеж зеленчук и овошје. * Туширајте се со млака вода, а можете да нанесувате и ладни облоги. * Ако работите или тренирате на отворено, правете почести паузи под сенка и пијте повеќе течности - една чаша на секои 30 минути, Постојат две форми на топлотен удар: класичен и предизвикан од напор. Класичниот топлотен удар се јавува при долготрајна изложеност на топлина, а главно се јавува во летните месеци и кај постарите лица, особено оние со ограничена подвижност. Топлотниот удар предизвикан од вежбање е карактеристичен за здрави и активни луѓе - поконкретно за посебни групи како спортисти, градежни работници или други работници на отворено. Симптоми на топлотен удар *Црвена и топла кожа *Главоболка *Збунетост *Грчеви во мускулите *Мачнина *Омалаксаност *Раздразливост *Забрзан пулс *Забрзано дишење *Несвестица *Телесна температура над 40 степени Кој е изложен на најголем ризик? На најголем ризик се хронично болните, особено оние кои боледуваат од кардиоваскуларни болести, лица постари од 65 години и деца, работници на отворено, спортисти, војници... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prepoznajte-gi-navreme-11-simptomi-na-toploten-udar/feed/ 0
Температурите се високи, а на горештините правите голема грешка: Овие работи НЕ треба да ги пиете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/temperaturite-se-visoki-a-na-goreshtinite-pravite-golema-greshka-ovie-raboti-ne-treba-da-gi-piete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/temperaturite-se-visoki-a-na-goreshtinite-pravite-golema-greshka-ovie-raboti-ne-treba-da-gi-piete/#respond Mon, 29 Jun 2020 18:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=365356

Нутриционистката Елена Соломатина навела неколку пијалоци кои не ја гаснат жедта во топлината, туку му штетат на организмот. Списокот на најопасните течности вклучува чај, кафе, енергетски и други пијалоци со кофеин. Тие ги дехидрираат клетките и телото губи важни материи, витамини и минерали. „Ако не можете да се откажете од чашата од омиленото кафе, задолжително  секое кафе пијте го со две чаши вода“, рече Соломатина. Лимонадата и безалкохолните пијалоци го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до несакани ефекти кај луѓето со васкуларни заболувања, вклучително и губење на свеста. -Пивото се смета и за пијалок со висок гликемиски индекс и исто така содржи алкохол. Таквата комбинација во топлината може да предизвика непоправлив удар на телото, предупредува лекарката. Незасладениот квасец, ајран, кефир и комбуха може да станат алтернатива за овие пијалоци. Според експертот, најдобро е да јадете свеж зеленчук и овошје и да пиете чиста вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/temperaturite-se-visoki-a-na-goreshtinite-pravite-golema-greshka-ovie-raboti-ne-treba-da-gi-piete/feed/ 0
Речиси 400 нови смртни случаи од горештините во Холандија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-400-novi-smrtni-sluchai-od-goreshtinite-vo-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-400-novi-smrtni-sluchai-od-goreshtinite-vo-holandija/#respond Fri, 09 Aug 2019 08:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=227992

Речиси 400 луѓе повеќе во однос на просечниот број смртни случаи починале во Холандија за време на неодамнешниот рекорден топлотен бран, соопшти денеска холандската статистичка агенција ЦБС. Во текот на третата седмица од јули, односно од 22 до 29 јули, во Холандија починале 2.964 лица, што е за околу 15 отсто повеќе смртни случаи за време на просечна летна недела. Бројот на починати во Холандија за време на таа седбица може да се спореди само со стапката на смртност за време на топлотните бранови во 2006 година, кои беа најдолги во таа земја. Повеќето смртни случаи биле бо источна Холандија, каде температурите беа повисоки и топлотниот бран траеше подолго отколку во другите делови на земјата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-400-novi-smrtni-sluchai-od-goreshtinite-vo-holandija/feed/ 0