ѓорѓе иванов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 05:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓе иванов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Форум за културна дипломатија во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/forum-za-kulturna-diplomatija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/forum-za-kulturna-diplomatija-vo-skopje/#respond Tue, 05 Sep 2023 05:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=874569

Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство е главниот фокус на „Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023“ што денеска во Скопје официјално ќе го отвори поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, предвидени се обраќања и на градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска и директорот на Институтот за културна дипломатија Марк Донфрид. Форумот ќе биде сочинет од панел дискусии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми. По отворањето на форумот, ќе следува претседателски панел на кој ќе се обратат поранешните претседатели на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Република Србија, Борис Тадиќ, на Република Бугарија, Петар Стојанов, на Република Албанија, Бамир Топи и поранешниот претседавач на Федерацијата Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кои ќе говорат на темата „Западен Балкан – Културен дијалог и размена“. Меѓу бројните странски гости кои ќе говорат на форумот ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-17, поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент. Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/forum-za-kulturna-diplomatija-vo-skopje/feed/ 0
Поранешниот претседател Иванов домаќин на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-ivanov-domakin-na-forumot-za-kulturna-diplomatija-skopje-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-ivanov-domakin-na-forumot-za-kulturna-diplomatija-skopje-2023/#respond Sun, 03 Sep 2023 13:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=874052

Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе учествуваат на Форумот за културна дипломатија-Скопје 2023,  што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје, а чиј домаќин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, главниот фокус на форумот што првпат се организира во земјава е „Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство“. Предвидени се панел дискусиии и дебати, средби, разговори и посети на државни институции при што домашните и странски претставници, дипломати, уметници, професори, личности од бизнис заедницата и од младински организации ќе имаат можност да изнесат свои ставови и да разменат идеи и мислења на повеќе теми. Официјално своето присуство на настанот го потврдија поранешните претседатели на Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Србија, Борис Тадиќ, на Бугарија, Петар Стојанов, на Албанија, Бамир Топи, поранешниот претседавач на БиХ, Младен Иваниќ, како и поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб. Меѓу истакнатите странски гости ќе бидат и Армин Лашет, кандидат за германски канцелар и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, Елмар Брок претседавач со Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент 2012-2017, како и актуелни членови на парламентите на Шкотска, Хрватска, Романија, Ирска и на Европскиот парламент. Учесниците на форумот ќе имаат можност да се сретнат и дискутираат и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, со членовите и претседателот на Националниот совет за евроинтеграции во парламентот, Александар Николовски и со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Во неофицијалниот дел, во организација на градот Скопје, ќе биде приредено културно-историско разгледување на Скопје, посета на Старата скопска чаршија и централното градско подрачје, а гостите ќе имаат можност да вкусат и традиционална македонска храна пропратена со музичко - уметничка програма. Форумот за културна дипломатија - Скопје 2023 е во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилазиите“. Се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир (2022-27), којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија. Преку користење на дипломатија меѓу различните култури, овој проект има за цел да ги подобри меѓународните односи и да ги доближи страните во современиот свет. Неговата визија е преку своите мрежи и учесници да создаде креативни иницијативи и програми за продолжување на дијалогот и стабилизирање на состојбите, во рамките на меѓународната соработка. Претходниот форум се одржа во Берлин, а до крајот на годинава планирани се настани во Њујорк и во Брисел. Основан во 1999 година во САД, Институтот за културна дипломатија е меѓународна, невладина организација со седиште во САД и Германија, чијашто мисија е преку културните односи да го одржува и јакне дијалогот што води до подобро разбирање и поголема доверба меѓу народите и заедниците. Во изминатите години говорници на институтот биле поранешни шефови на држави и влади на повеќе европски земји како Франција, Велика Британија, Шпанија, Ирска, Литванија, Романија, Белгија, Словенија и др, политичари од САД како и од земји од Африка и од Азија, стои во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-ivanov-domakin-na-forumot-za-kulturna-diplomatija-skopje-2023/feed/ 0
ФОТО: Ѓорѓе Иванов заедно со својот син излегоа на протест против францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorgje-ivanov-zaedno-so-svojot-sin-izlegoa-na-protest-protiv-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorgje-ivanov-zaedno-so-svojot-sin-izlegoa-na-protest-protiv-francuskiot-predlog/#respond Sat, 02 Jul 2022 18:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=698971

Поранешниот претседател на Република Македонија заедно со својот син Иван Иванов се придружија на илјадници Македонци кои излегоа на сенародниот протест „Ултиматум - НЕ благодарам“ по повод револтот кон францускиот предлог како и неговото прифаќање од страна на македонската влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorgje-ivanov-zaedno-so-svojot-sin-izlegoa-na-protest-protiv-francuskiot-predlog/feed/ 0
Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnukot-na-gjorgje-ivanov-go-dobi-imeto-na-svojot-dedo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnukot-na-gjorgje-ivanov-go-dobi-imeto-na-svojot-dedo/#respond Thu, 07 Apr 2022 17:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=659877

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред два дена стана татко. По раѓањето на синот, Иван направи забава на која присуствуваа и бројни познати личности. Меѓу нив беше и славниот музичар Владимир Четкар кој го откри името на бебето. Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnukot-na-gjorgje-ivanov-go-dobi-imeto-na-svojot-dedo/feed/ 0
Обраќање на претседателот Иванов на Дипломатскиот форум во Анталија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakjanje-na-pretsedatelot-ivanov-na-diplomatskiot-forum-vo-antalija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakjanje-na-pretsedatelot-ivanov-na-diplomatskiot-forum-vo-antalija/#respond Sun, 13 Mar 2022 09:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=646224

Вчера, поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во периодот 10-13 март 2022 година. Темата на Дипломатскиот форум во Анталија е „Прекодирање на дипломатијата“, а Претседателот Иванов се обрати на панелот на тема „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“. На панелот, покрај претседателот Иванов, учествуваа Министерот за меѓународни односи и соработка на Јужна Африка, претставничката на ОН за меѓународни дискусии во Женева и Претседателот на 75-та сесија на Генералното собрание на ОН и поранешен министер и амбасадор на Република Турција. Сите учесници на панелот се согласија дека се неопходни промени и реформи на ОН и Советот за безбедност. Во своето излагање, Претседателот Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебатата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21-виот век. Потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после II Светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови. Сепак, во денешно време тој проект ја губи својата моќ да воспоставува мир. Истакна дека можни се три модели на функционирање на ОН, прво, да останат како што се, второ, да излезат од воспоставениот модел и да се реформираат, и, трето, да ги користат придобивките од технолошкиот развој и дигитализацијата како начин за носење одлуки. Според претседателот Иванов, ако системот на ОН остане во статус-кво состојба, после конфликтот во Украина, знаејќи ја позицијата на Русија, нѐ очекуваат долги и тешки преговори користејќи ги сите досегашни дипломатски механизми и искуства. Ако се замени моделот на носење одлуки, да се напушти сегашниот и се замени со нов, современ, постои можност за нивно подобро функционирање. Третиот модел, пак, според претседателот Иванов е да се користат сите дострели и технолошки достигнувања за носење дипломатски решенија, дигитална дипломатија. Нагласи дека ОН се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност. Потенцираше дека ОН се најефикасни во кризни ситуации, но, за да се покаже нивната ефикасност, Генералниот секретар на ОН, заедно со Претседателот на Генералното собрание на ОН, мораше, уште истиот ден кога започна конфликтот, да бидат во Киев, а следниот ден во Москва. На крајот на дискусијата, претседателот Иванов им се обрати на присутните со пораката, дека живееме во време на голема неизвесност и дека нѐ очекуваат големи предизвици. Но, човештвото секогаш наоѓа решение во кризни ситуации, и да се надеваме дека и сега ќе најдеме решенија кои ќе бидат од корист за сите, не само за одредени земји. Светот станува сѐ покомплексен и посложен, но и сѐ повеќе меѓусебно зависен, па затоа, помагајќи си себе си, им помагаме на сите. За време на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателот Иванов оствари повеќе кратки средби со учесници на форумот. Учесници на форумот се актуелни и поранешни шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите. Дипломатскиот форумот во Анталија е собир на високо ниво на професионалци кои се занимаваат со дипломатија како што се државници, политички лидери, дипломати, креатори на мислење или академици и претставува одлична платформа за регионалните и глобалните актери од сферата на дипломатијата, политиката и бизнисот за размена на идеи и справување со меѓународните предизвици. Дипломатијата останува основниот метод на комуникација меѓу лидерите и државите. Има цела група други структурни и системски промени на меѓународната политичка сцена на кои треба да одговори дипломатската професија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakjanje-na-pretsedatelot-ivanov-na-diplomatskiot-forum-vo-antalija/feed/ 0
ФОТО: Се ожени синот на Ѓорѓе Иванов – Иван и Јана официјално стапија во брак https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-sinot-na-gjorgje-ivanov-ivan-i-jana-oficijalno-stapija-vo-brak/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-sinot-na-gjorgje-ivanov-ivan-i-jana-oficijalno-stapija-vo-brak/#respond Sun, 20 Feb 2022 11:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=633864

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се ожени. Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија.   https://kurir.mk/scena/poznati/foto-se-veri-sinot-na-gjorge-ivanov-ja-skrati-i-kosata-teshko-deka-kje-go-prepoznaete/ Судејќи по фотографиите, венчавката била во потесен круг на роднини и пријатели, а среќата на новиот брачен пар е повеќе од забележлива. На една од објавените фотографии на Инстаграм стори кај младоженецот Иван се примети еден мал детал, односно стомакот на невестата Јана. Дали новопечениот млад брачен пар очекува принова останува да дознаеме понатаму. На Иван и Јана им честитаме за стапувањето во брак и им посакуваме вечна љубов и слога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-sinot-na-gjorgje-ivanov-ivan-i-jana-oficijalno-stapija-vo-brak/feed/ 0
„Лидерство во акција“: Конкурс за 12-та Школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderstvo-vo-akcija-konkurs-za-12-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderstvo-vo-akcija-konkurs-za-12-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/#respond Sat, 16 Oct 2021 08:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=580116

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 12-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на Претседателот Иванов. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, која оваа година ќе биде на тема: „Лидерство во акција“. Школата за млади лидери на претседателот Иванов се одржува од 2010 година. Во досегашните 11 обуки учествуваа околу 440 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус, а предавања одржаа над 220 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Оваа година, Школата за млади лидери ќе се организира комбинирано, онлајн и со физичко присуство, следниот месец, во периодот од 12-28 ноември 2021 година. Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство, фокусирани на искуствата и знаењата кои би ги поттикнале учесниците да размислуваат аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Предавањата ќе се одвиваат на македонски и англиски јазик. Бројот на учесници на Школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот објавен на веб страната (https://gjorgeivanov.mk/poranesen/info.html) и на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов (https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderstvo-vo-akcija-konkurs-za-12-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/feed/ 0
Лагите дека ќе прогласи воена состојба произлегле од текст на сегашен заменик министер- Иванов сведочеше за „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lagite-deka-kje-proglasi-voena-sostojba-proizlegle-od-tekst-na-segashen-zamenik-minister-ivanov-svedocheshe-za-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lagite-deka-kje-proglasi-voena-sostojba-proizlegle-od-tekst-na-segashen-zamenik-minister-ivanov-svedocheshe-za-27-april/#respond Thu, 11 Feb 2021 17:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=467485

На денешното рочиште од судењето за „27 април“ сведочеше и екс претседателот на Македонија, Ѓорги Иванов. Тој посочи дека се што е поврзано со лагите оти ќе прогласи воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно. -Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Целиот текст е небулоза, затоа што Уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и Армијата, рече Иванов. Инаку, автор на тој текст што го посочува Иванов е Зоран Димитровски, тогашен новинар на Фокус, кој сега е заменик-министер за локална самоуправа како предлог на Демократската партија на Павле Трајанов, кој последните денови се обидува да и даде некаква патриотска нишка на својата партија, откако заедно со останите членови и Димитровски учествуваа во инсталирањето на Северна и хибридниот режим преку вакви конструкции. Димитровски дури беше испратен на 4 февруари да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод неговиот роденден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lagite-deka-kje-proglasi-voena-sostojba-proizlegle-od-tekst-na-segashen-zamenik-minister-ivanov-svedocheshe-za-27-april/feed/ 0
Иванов ја обвини претседателката на Антикорупциска: Предметите против мене не се решени 20 месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ja-obvini-pretsedatelkata-na-antikorupciska-predmetite-protiv-mene-ne-se-resheni-20-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ja-obvini-pretsedatelkata-na-antikorupciska-predmetite-protiv-mene-ne-se-resheni-20-meseci/#respond Fri, 18 Dec 2020 10:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=445122

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов денес упати писмено барање до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба, за кои и покрај изминатите 20 месеци не е преземено ништо согласно законските утврдени рокови.

- Со ова барање и официјално ви се обраќам за информација за двата предмети за кои речиси 20 месеци не е ништо преземено, согласно со закон утврдени рокови. За предмет број 12-1148/5 каде се испитува потпишување на Укази за унапредување на генерали за време на изборен процес повеќе од 12 месеци нема никакво дејствие. На 17.09.2019 година беше поднесена тужба за поништување на вашата НЕЗАКОНИТА одлука 12-1148/5  од 02.05.2019 година.  Од 05.11.2019 година кога и со решение на Вишиот Управен суд УРПЖ.бр.4/2019 беше потврдена пресудата на Управниот суд УРП.бр. 39/2019 со која пак се ПОНИШТИ одлуката на Државна комисија за спречување на корупција 12-1148/5  од 02.05.2019 година по поднесената тужба од моја страна - предметот нема никаква разрешница. Вие предметот се уште не го затворате иако два надлежни суда донесоа решенија со кои вашата одлука е незаконита, поради што истата е поништена, не постои. Барам одговор зошто не е постапено согласно судското решение и зошто предметот е се уште отворен и покрај тоа што сите рокови предвидени со Закон се пробиени. 

Дали чекате насоки за дејствување од некого, иако бевте официјално известени дека е постапено согласно надлежностите на претседателот на Република Македонија пропишани во Уставот и законите на Република Македонија? Исто така, отворивте предмет, врз основа на добиени информации од медиум, за наводно зголемување на мојата, и на моето семејство, имотна состојба. Поведени од вашиот личен, јавно искажан анимозитет кон мене, наместо да ја согледате реалната состојба наведена во законски рок доставениот Анкетен лист и сите пријавени промени во целиот мој десетгодишен мандат, како и доставениот Анкетен лист по завршување на мојот мандат, вие одлучивте да поведете лична медиумска кампања против мене и моето семејство од само за вас познати причини. Наместо да постапувате согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси и согласно Деловникот за работа на ДКСК вашата крајна и единствена цел беше да ја нарушите мојата чест, достоинство и углед.

Јавно ве прашувам: Зошто и по речиси 20 месеци од завршување на мојот мандат како претседател на Република Македонија сеуште немате завршница за предметот отворен за мојата и моето семејство имотна состојба, иако навремено ви беа доставени сите информации и податоци кои лесно беа проверливи? Дали се точни информациите, кои ги имам неофицијално, дека релевантни институции од кои сте барале да ја испитуваат мојата имотна состојба, навремено и професионално ви ги доставиле нивните одговори? Дали и покрај тоа, вие не сакате да донесете одлука пробивајќи ги сите  законски утврдените рокови од само за вас познати причини? Сакам јавно да ве известам дека ополномоштен адвокат од моја страна, согласно Законот за слободен пристап до информации, ќе бара увид во сите документи од предметот за мојата имотна состојба кои вешто ги криете за да се утврди колку и како се пробиени законските рокови. Наведеново  ми дава за право да се сомневам дека ја злоупотребувате вашата функција и вие ЛИЧНО го рушите угледот на членовите на ДКСК кои професионално и одговорно ја вршат и сакаат да ја извршуваат својата функција. Со вашата неспособност, нестручно, неодговорно и спротивно на закон и деловник работење и однесување, само нанесувате штета на професионалниот и стручен тим на Државната комисија за спречување на корупцијата. Очекувам дека на ова мое барање лично ќе ми одговорите, а не како минатиот пат, одговорот да го добијам преку партиски гласноговорник, од партиска говорница, кој неуспешно се обидуваше да ја брани вашата неспособност во вршењето на една многу одговорна функција, пишува во своето барање проф. д-р Ѓорге Иванов.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ja-obvini-pretsedatelkata-na-antikorupciska-predmetite-protiv-mene-ne-se-resheni-20-meseci/feed/ 0
Иванов за Заев: И после сето ова што им го направи на Македонија и Македонците, македонскиот народ не се плаши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-za-zaev-i-posle-seto-ova-shto-im-go-napravi-na-makedonija-i-makedoncite-makedonskiot-narod-ne-se-plashi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-za-zaev-i-posle-seto-ova-shto-im-go-napravi-na-makedonija-i-makedoncite-makedonskiot-narod-ne-se-plashi/#respond Thu, 26 Nov 2020 14:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=434865

Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската јавност јасно и директно кажав а сега повторувам: “Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега, речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа, на повеќе нивоа и во повеќе наврати. Ова го пишува Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на Република Македонија на својот Фејсбук профил. Неговиот статус го пренесуваме во продолжение: Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува.” Невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите. Антифашистичкиот карактер на Македонската борба во Втората светска војна и придонесот за ослободувањето од нацизмот и фашизмот во Европа никогаш не биле спорни. Никој нема право, слобода и повиканост да менува нешто, да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само неприкладно, туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците. Вчера Македонскиот Народ го виде правото лице на Заев. Овој самопрогласен “искусен политичар” вчера докажа дека сме сведоци на национално предавство. Длабоко сум убеден дека македонската нација (и оние што гласаа за него) ја согледаa предавничката улога на Заев и неговата клика. Во оваа прилика на “искусниот политичар” му препорачувам соодветна лектира. Најпрвин манифестот на АСНОМ кој јасно вели: “Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ.” “За Македонцките Работи” на Крсте Петков Мисирков кој зборувајќи за слободата посочи на мрачните сили што не и дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами и наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината. Воедно би му ја препорачал и 1984 на Орвел кој напишал дека „кој го контролира минатото ја контролира иднината, а кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото." Го прашувам јавно “искусниот политичар”, од каде таа аверзија кон историјата? Тврдите дека македонскиот народ живее во минатото и дека сакате да го однесете во иднината. Но, народот не живее во минатото, туку со минатото, и тоа не за да мрази, туку за да се сеќава. А сега сакате и колективните сеќавања да ги цензурирате и да ги избришете. Во секоја демократска земја, во секоја земја членка на Нато и членка на Европска Унија, за вакви изјави на премиер, паѓа владата. Во твоите очи “искусен политичару” наместо доблест и чест, љубовта кон татковината станува грев. Денес не се потребни вакви “саможртви” како твојата. Денес е потребно да се погледнеш во очи и да прифатиш дека Македонија е се што имаме и дека никој не може да ја сака Македонија повеќе од нас самите. Македонскиот народ поучен од историјата веќе се обединува и почнува да го пишува новиот Mакедонски Mанифест. И после сето ова што им го направи на Македонија и Македонците, Mакедонскиот народ не се плаши. Македонскиот Народ го чува, гo негува и промовира вековниот идеал на непокорот. Да живее Република Македонија! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-za-zaev-i-posle-seto-ova-shto-im-go-napravi-na-makedonija-i-makedoncite-makedonskiot-narod-ne-se-plashi/feed/ 0