горила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 10:40:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Најстарата горила наполни 65 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-najstarata-gorila-napolni-65-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-najstarata-gorila-napolni-65-godini/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=664706

Фатоу, горилата за којашто се верува дека е најстарата во светот, го прослави својот 65. роденден во Зоолошката градина во Берлин минатата недела. – Нашата дама горила го прослави својот 65. роденден, со што стана најстарата горила на светот. Традиционалната роденденска торта не ја пропушти ни оваа година. Роденденскиот оброк е секогаш нешто посебно за Фатоу, објави Зоолошката на Инстаграм. Oбјавата со слики, но и видеата што кружат ширум интернет-просторот го прикажуваат огромниот примат како ужива во оризова торта украсена со бобинки и овошје во облик на бројот „65“. Фатоу пристигнала во Берлин, Германија, во 1959 година кога морнар го искористил младенчето за да си ја плати сметката во таверна во Марсеј, Франција. По тоа, таа била возена низ Европа пред конечно да биде купена од Зоолошката градина во германскиот главен град. Се проценува дека таа имала само две години кога пристигнала тука. Во 2019 година, Фатоу беше прогласена за „најстарата жива горила во кафез“, во Гинисовата книга на рекорди откако угина Труди, горила родена 1956 година. Горилите обично живеат до 50 години „зад решетките“, според „Гинис“. Фатоу е едно од ретките животни во берлинската Зоолошка градина родени во дивината, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-najstarata-gorila-napolni-65-godini/feed/ 0
Лавови и горила позитивни на коронавирус во Зоо Прага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavovi-i-gorila-pozitivni-na-koronavirus-vo-zoo-praga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavovi-i-gorila-pozitivni-na-koronavirus-vo-zoo-praga/#respond Sat, 27 Feb 2021 15:15:14 +0000 https://kurir.mk/?p=474817

Горила и два лавови од Зоолошката градина во Прага се позитивни на коронавирус, објави директорот. -Утврдено е дека лавовите Џамван и Суши, како и горилата Ричард се позитивни на коронавирус. Симпромите им се благи, кашлаат, а Ричард е изморен и го изгуби апетитет, напишал директорот на Зоолошката градина, Мирослав Бобек. Директорот додал дека животните најверојатно се заразиле преку вработените и најавил дека и останатите животни ќе бидат тестирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavovi-i-gorila-pozitivni-na-koronavirus-vo-zoo-praga/feed/ 0
Заразените горили со коронавирус целосно оздравеле https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zarazenite-gorili-so-koronavirus-celosno-ozdravele/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zarazenite-gorili-so-koronavirus-celosno-ozdravele/#respond Tue, 16 Feb 2021 11:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=469477

Осум горили од Зоолошката градина во Сан Диего целосно заздравеле откако минатиот месец биле позитивни од Ковид-19, соопштија од Зоолошката. Горилите се заразиле и покрај тоа што членовите на тимот кои се грижат за нив се придржувале до мерките кои биле препорачани. Сите осум горили по дијагнозата биле во изолација, а некои од нив имале блага кашлица, гушење и секрет од носот. Официјалните лица од Зоолошката градина сметаат дека горилите оздравеле благодарение на добрата нега од ветеринарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zarazenite-gorili-so-koronavirus-celosno-ozdravele/feed/ 0
Горили од Сан Диего се заразени со калифорниски сој на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorili-od-san-diego-se-zarazeni-so-kaliforniski-soj-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorili-od-san-diego-se-zarazeni-so-kaliforniski-soj-na-koronavirus/#respond Wed, 27 Jan 2021 14:06:45 +0000 https://kurir.mk/?p=460626

Група горили во парк во зоолошката градина Сафари во Сан Диего, САД, се опоравуваат од избувнувањето на ковид-19, што погоди неколку од вкупно осум горили, соопштиле од зоолошката градина. Горилата почнале да се чувствуваат лошо на 6 јануари, кога две горили почнале да кашлаат, се вели во соопштението на зоолошката градина. Тестот од измет извршен на 11 јануари покажал дека непознат број се заразени со вирусот ковид-19, веројатно по изложеност на работник во паркот кој бил асимптоматски. -Вирусот што ги заразил „е нов, многу заразен сој на коронавирус, неодамна идентификуван во Калифорнија“, велат од зоолошката градина. По дијагнозата, горилите биле ставени во карантин во паркот. На најстарата, 48-годишна горила Винстон, биле дијагностицирани пневмонија и срцеви заболувања, соопштиле од зоолошката градина. Тој бил третиран со лекови за срце, антибиотици и анти-ковид-19 терапија со антитела од тип кој што не е одобрен за употреба кај луѓе. „Ветеринарниот тим кој го третираше Винстон верува дека антителата придонеле за неговата способност да го надмине вирусот“, велат од зоолошката градина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorili-od-san-diego-se-zarazeni-so-kaliforniski-soj-na-koronavirus/feed/ 0
Уганда: 11 години затвор за човек кој што убил редок вид на горила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uganda-11-godini-zatvor-za-chovek-koj-shto-ubil-redok-vid-na-gorila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uganda-11-godini-zatvor-za-chovek-koj-shto-ubil-redok-vid-na-gorila/#respond Thu, 30 Jul 2020 11:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=383728

Човек од Уганда убил мажјак од редок вид планински горила, па за тој чин е осуден на 11 години затвор. Според Би-Би-Си, Феликс Бјамукама се изјаснил виновен за неовластено влегување во заштитено подрачје на национален парк и за убивање на горилата по име Рафики. Бјамукама влегол во националниот парк со уште три лица заради лов на други, помали животни. Сепак, тој тврди дека го убил горилата во самоодбрана. По изрекувањето на казната, од телото одговорно за заштита на дивиот свет на Уганда, сметаат дека „правдата за Рафики е задоволена“, како што се истакнува во соопштението. Горилата, кој бил своевидна туристичка атракција, исчезнал на 1 јуни, а телото му било пронајдено следниот ден. Животното е убиено со остар предмет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uganda-11-godini-zatvor-za-chovek-koj-shto-ubil-redok-vid-na-gorila/feed/ 0
Доживотен затвор за убијци на загрозен вид горили  https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivoten-zatvor-za-ubijci-na-zagrozen-vid-gorili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivoten-zatvor-za-ubijci-na-zagrozen-vid-gorili/#respond Fri, 12 Jun 2020 18:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=357230

На четири лица, кои се уапсени во Уганда, им се заканува доживотен затвор или парична казна од 5,4 милиони долари доколку бидат прогласени виновни за убиство на загрозен вид животни, откако се осомничени дека го убиле Рафики, еден од најпознатите планински горили во таа земја. Истрагата покажала дека Рафики е убиен со остар предмет, кој му ги пробил органите. Во Уганда се останати околу илјада планински горили, а службата за заштита на природата ја опиша смртта на Рафики како „голем удар“. Рафики беше стар околу 25 години и предводник на чопор од 17 горили. Тој бил многу популарен меѓу посетителите на Националниот парк Бвинди. – Поради неговата смрт, групата ќе стане нестабилна и постои можност да се распадне, истакна Башир Ханги од службата за заштита на природата, додавајќи дека доколку тоа се случи, групата веќе нема да сака контакт со луѓето, а тоа ќе се одрази на туризмот во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivoten-zatvor-za-ubijci-na-zagrozen-vid-gorili/feed/ 0
Гром уби четири горили од загрозен вид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grom-ubi-chetiri-gorili-od-zagrozen-vid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grom-ubi-chetiri-gorili-od-zagrozen-vid/#respond Sat, 08 Feb 2020 18:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=301176

Четири ретки планински горили угинаа како резултат на удар на гром во Уганда. Три возрасни женки и еден мажјак биле пронајдени во националниот парк Мгахинга, а на нивните тела се забележани сериозни повреди, што укажува на удар на гром, јави Би-Би-Си. Една од женките очекувала младенче. Четирите настрадани животни биле дел од седумнаесетчлена група, што локалните организации ја нарекуваат семејството Хирва. Се проценува дека има нешто повеќе од илјада планински горили, и тие се сметаат за загрозен вид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grom-ubi-chetiri-gorili-od-zagrozen-vid/feed/ 0
Ќе ви го стопли срцето: Прва средба меѓу мајка горила и нејзиното штотуку родено бебе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-vi-go-stopli-srceto-prva-sredba-megju-majka-gorila-i-nejzinoto-shtotuku-rodeno-bebe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-vi-go-stopli-srceto-prva-sredba-megju-majka-gorila-i-nejzinoto-shtotuku-rodeno-bebe/#respond Wed, 18 Apr 2018 18:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=42746

Во зоолошката градина во Вашингтон после девет години се роди бебе горила. Тој момент бил снимен од камерите. Мајката горила се породила сама, а на јавноста и привчеле внимание во моментот во кој за прв пат го бакна своето бебе. -Раѓањето на горилата е важно не само за нас во зоолошката градина, туку и за целиот свето зашто станува збор за загрозен вид. Нашата цел е да и помогнеме на мајката околу грижата на својот потомок со оглед на тоа што таа за прв пат стана мајка. Сакамо да и помогнеме на секој начин, но веруваме дека таа ќе биде одлична мајка на малиот Моку, изјави Мередит Бастијан која е задолжена за грижа на приматите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-vi-go-stopli-srceto-prva-sredba-megju-majka-gorila-i-nejzinoto-shtotuku-rodeno-bebe/feed/ 0