Горјан Петревски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Oct 2021 15:34:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горјан Петревски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Горјан Петревски ќе претстави две свои книги во КИЦ на Република Македонија во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gorjan-petrevski-kje-pretstavi-dve-svoi-knigi-vo-kic-na-republika-makedonija-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gorjan-petrevski-kje-pretstavi-dve-svoi-knigi-vo-kic-na-republika-makedonija-vo-sofija/#respond Tue, 26 Oct 2021 15:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=585954

Писателот кој пишува за млади читатели, Горјан Петревски утре ќе претстави две свои книги во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија. На настанот ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи – „Марта“ (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) и „Сама“ (издание на „Книги за сите“). Овие две книги се влезени во учебната програма на средношколците во Република Македонија. Издавани се многукратно, при што само „Марта“ има досега 21 изданија, кои ја прават една од најпродаваните книги во земјата. Местата за настанот се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале. Предност за присуство ќе имаат оние кои поседуваат сертификати за вакцинација или за поминат Ковид-19. Поставените услови се со цел почитување на мерките за справување со пандемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gorjan-petrevski-kje-pretstavi-dve-svoi-knigi-vo-kic-na-republika-makedonija-vo-sofija/feed/ 0
„Името ми е Вивиен Ли“ нов роман на Горјан Петревски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/imeto-mi-e-vivien-li-nov-roman-na-gorjan-petrevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/imeto-mi-e-vivien-li-nov-roman-na-gorjan-petrevski/#respond Fri, 01 Jan 2021 09:04:16 +0000 https://kurir.mk/?p=450946

„Името ми е Вивиен Ли“ е новиот роман на македонскиот писател Горјан Петревски што тој го објави на крајот на 2020 година. Романот, како што наведува авторот, е пишуван според вистината на една тинејџерка, па оттука приказната произлегува од денешното време. Главните ликови се тинејџерката наречена Вивиен Ли и нејзината другарка по име Вероника. Првата преку својата необична љубов кон „Норвежанецот од Љубојно“, запаѓа во незгодни, но и во духовити ситуации. Сето тоа се слева во еден богат сплет на случки и настани кои се вградуваат во структурата на приказната која е врзана со денешново време. Вивиен Ли, и покрај тоа што не е надарена за пишување, поради својата заљубеност во таинствениот „Норвежанец од Љубојно“, последна надеж и „терапија“ ѝ е да напише љубовна приказна. Таа цело време, криејќи од родителите, ќе се измачува да пишува не верувајќи дека тоа ќе ѝ успее, а на крајот, без да биде сигурна во она што го пишува, ќе го создаде романот. Дизајнот на корицата, ликовно-графичкото обликување и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески. Творечкиот опус на Горјан Петревски, (1951) е богат и обемен, главно, тинејџески, со четириесетина прозни и еден поетски наслов („Татковата прва љубов“), како и романот за возрасни „Духот на Михаела Косар“ и „Моите мали вистини“, книга со записи и цртички. Од досегашното творештво, барем половина од насловите се романи за тинејџери во кои, главно, се обработува тинејџерската возраст и проблемите на тинејџерите. Токму затоа, Горјан Петревски е омилен лектирен писател. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/imeto-mi-e-vivien-li-nov-roman-na-gorjan-petrevski/feed/ 0