Горна Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Feb 2018 09:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горна Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/#respond Mon, 12 Feb 2018 09:29:58 +0000 http://kurir.mk/?p=20650

Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу кои и прашањето за името и случајот со фармацевтската компанија Новартис. - Ние се осмелуваме и ја преземаме одговорноста и велиме дека го прифаќаме терминот Горна Македонија, непреведено како што им беше предложено на нашите соседи. Бараме да ги променат нивните учебници, бараме да се ослободат од иредентизми, но им велиме, кога сето ова ќе се направи, ќе си подадеме раце и ќе се договориме, затоа што како што рече Ками, а тоа важи и за нив и за нас: „Премногу ја сакам мојата татковина за да бидам националист“, рече Теодоракис. Во однос на протестите за „одбрана на Македонија“, лидерот на Река, истакна дека тие немаат никакви заеднички точки со говорниците и слоганите од собирите, со оние кои бранат „една исплашена Грција, Грција што секаде гледа заговори“. - Грција нема да доминира на Балканот затоа што ќе става вето. Ќе доминира, ако доминира, како примарна сила во економијата и културата, рече Ставрос Теодоракис, пренесува МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/feed/ 0
Анѓушев: Зa мене Северна, Горна и Нова Македонија е прифатливо- името треба да се реши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-za-mene-severna-gorna-i-nova-makedonija-e-prifatlivo-imeto-treba-da-se-reshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-za-mene-severna-gorna-i-nova-makedonija-e-prifatlivo-imeto-treba-da-se-reshi/#respond Mon, 25 Dec 2017 12:12:42 +0000 http://kurir.mk/?p=2095

Прашањето со името треба да се реши. Северна, Горна или Нова Македонија, за тоа народот треба да си каже. За мене Северна, Горна и Нова е прифатливо, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77. -Решавањето на името е на надворешната политика на Република Македонија но и внатрешно прашање. Тоа се поврзува и со економијата, бидејќи ако сакате економски просперитет вие морате прво и основно покрај економски мерки да имате и владеење на правото и да имате стабилна политичка состојба, а за стабилна политичка состојба. Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за да тоа можете да го направете е да најдете решение и компромис  за името. Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши. Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на оваа тема, гледаме дека има позитивни сигнали  и меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна. Она што сакам да го кажам е дека црвената линија која што не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот и т.н и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатливо. Значи јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо, рече Анѓушев. Во врска со зголемувањето на даноците Анѓушев образложи дека во сегашната Влада никој не дискутира за покачување на ДДВ, на данокот на добивка,на данокот на имот. Се зборува само за покачување на персоналниот данок и тоа само покачување кај богатите категории на граѓани. Мора да се направи една подобра социјална рамнотежа во државата. -Таквото имплементирање на закон, како што гледате Владата не го брза, значи сака да направи соодветна анализа. Станува збор само за лични приходи над неколку илјади евра, даночната стапка да порасне на 18% додека за сите останати да се намали на 9%. Јас ценам дека таа идеја треба да се разгледа и дека можеби  треба само  да се размисли колку високо да се постави летвичката, до која плата и над која плата да биде таквото оданочување, образложи Анѓушев. Според него состојбата во администрацијата каде од една страна има превработеност, а од друга страна недостиг на соодветни стручни кадри ќе се решава со т.н меки механизми. -Во администрацијата има многу луѓе кои се здомени, вие практично не можете многу да ги искористете а од друга страна имате дефицитарни кадри кои што едноставно ги немате и сега тоа е расчекорот меѓу зборувањето и однесувањето. Тие луѓе  веќе се вработени, да ги отпуштите сите на улица  тоа би било лошо или од нивен аспект, некој реваншизам. Рековме дека нема да правиме реваншизам но постепено и полека според она што се нуди во една од мерките во новата економска програма,се нуди можност  секој кој што ќе преземе вработен од администрација ќе му биде вратена 20% од нето платата. На пример, ако  имате ваша фабрика и Вие сакате да преземете некого од администрација, во тој случај платата што ќе му ја дадете на вработениот, 20% државата ќе ви ја враќа назад. Ова е еден  т.н  мек механизам, се’ со цел  некој да не оставиме на улица. Овој вишок во еден период од една или две години ќе го решиме, тврди Анѓушев. За новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, вицепремиерот вели дека му бил колега од машинскиот факултет, добро се познавале и соработувале. -Јас ја охрабрувам целата опозиција да биде силна, бидејќи држава без силна опозиција може да забега во води како што ги имавме овие претходни 11 години. Јас посакувам ВМРО-ДПМНЕ да излезе од оваа проблематична ситуација и да биде еден сериозен коректив на работење на Владата. Мислам дека тоа ќе биде добро за целата заедница и за целото општество, рече вицепремиерот Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Анѓушев: За мене и Северна и Горна и Нова Македонија се прифатливи за решение за името

Posted by Press24.mk on Monday, December 25, 2017
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-za-mene-severna-gorna-i-nova-makedonija-e-prifatlivo-imeto-treba-da-se-reshi/feed/ 0