господар на прстените – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 07:45:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png господар на прстените – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илајџа Вуд ја прокоментира веста дека се снимаат уште филмови од серијалот „Господарот на прстените“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ilajdha-vud-ja-prokomentira-vesta-deka-se-snimaat-ushte-filmovi-od-serijalot-gospodarot-na-prstenite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ilajdha-vud-ja-prokomentira-vesta-deka-se-snimaat-ushte-filmovi-od-serijalot-gospodarot-na-prstenite/#respond Tue, 18 Apr 2023 07:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=824796

Вуд, кој го толкуваше Фродо Бегинс во тие три дела, даде свое мислење. Актерот Илајџа Вуд ги сподели своите размислувања за неодамнешната вест дека во подготовка се уште филмови за серијалот „Господарот на прстените“. Уште во февруари беше објавено дека „Warner Bros“ и „New Line Cinema“ потпишале договор за снимање на неколку нови филмови базирани на книгите на Џ.Р.Р.Толкин. Филмовите ќе се развиваат преку „New Line Cinema“, која ја продуцираше оригиналната трилогија на Питер Џексон помеѓу 2001 и 2003 година. Вуд, кој го толкуваше Фродо Бегинс во тие три дела, ги кажа своите размислувања за плановите „Господарот на прстените“ да се врати на големото платно за време на неодамнешното интервју за „GQ“. “Фасциниран сум и возбуден. Се надевам дека е добро. Изненаден сум – не знам зошто сум изненаден бидејќи секако дека би имало повеќе филмови”, рекол актерот, пренесува „NME“. Извршниот директор на „Ворнер Брос Дискавери“, Дејвид Заслав, претходно зборуваше за неговата желба да создаде нова содржина заснована на популарни франшизи во сопственост на студиото, вклучувајќи ги „Хари Потер“ и „Господарот на прстените“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ilajdha-vud-ja-prokomentira-vesta-deka-se-snimaat-ushte-filmovi-od-serijalot-gospodarot-na-prstenite/feed/ 0
Донесена е одлука: Ќе се снимаат нови филмови од серијалот „Господарот на прстените“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/donesena-e-odluka-ke-se-snimaat-novi-filmovi-od-serijalot-gospodarot-na-prstenite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/donesena-e-odluka-ke-se-snimaat-novi-filmovi-od-serijalot-gospodarot-na-prstenite/#respond Sat, 25 Feb 2023 09:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=804873

Ворнер Брос објави дека планира да создаде нови филмови од серијалот „Господар на прстените“. Во текот на четвртиот квартал разговор за заработка со инвеститорите, извршниот директор на Warner Bros. Discovery, Давид Заслав изјавил дека Warner Bros. Pictures и New Line Cinema потпишале повеќегодишен договор со Embracer Group AB Middle-Earth Enterprises за создавање на нови филмови од светот на фантазијата создаден од англискиот писател Џ.Р.Р. Толкин. „По нашето неодамнешно купување на Middle-earth Enterprises, воодушевени сме што ќе тргнеме на ова ново патување заедно со New Line Cinema и Warner Bros. Неспоредливиот свет на Џ.Р.Р. Толкин се враќа на големото платно на нови и возбудливи начини“, рече Ли Гиншард, извршен директор на Freemode на Embracer Group, пренесува Deadline. Плановите на Ворнер Брос и Њу Лајн да се вратат во кинематографскиот универзум „Господарот на прстените“ доаѓаат во моментот кога Амазон моментално ја продуцира приквел серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта“, иако таа серија е ограничена на адаптација на мал дел од пишувањата на Толкин, пишува Дејли мејл.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/donesena-e-odluka-ke-se-snimaat-novi-filmovi-od-serijalot-gospodarot-na-prstenite/feed/ 0
Најавени нови продолженија на „Господар на прстените“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/najaveni-novi-prodolzhenija-na-gospodar-na-prstenite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/najaveni-novi-prodolzhenija-na-gospodar-na-prstenite/#respond Fri, 24 Feb 2023 12:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804600

Продуцентските куќи „Ворнер брос“ и „Њу лајн синема“ и „Ембрејсер груп“, шведската компанија за игри којашто ги поседува правата на повеќето од делата на Толкин, потпишаа договор за нови продолженија на „Господар на прстените“ и „Хобит“. Според договореното, се најавува снимање на повеќе филмови по книгите на писателот Џ.Р.Р. Толкин. Вкупната вредност на новиот договор сѐ уште не е откриена. Првичната филмска трилогија на режисерот Питер Џексон продуцирана од „Њу лајн“ од 2001 до 2003 година заработи речиси три милијарди долари ширум светот. А пак, третиот дел, „Враќањето на кралот“ освои рекордни 11 „Оскари“, вклучително и за најдобар филм. Во заедничката изјава за „Варајети“, Џексон и неговите две најблиски соработнички од првата трилогија - Френ Волш и Филипа Бојенс, рекоа дека самата работа на „Ворнер брос“ и „Ембрејсер“ подолго време го навестувала овој потег. „Со нетрпение очекуваме да разговараме со нив па да ја слушнеме нивната натамошна визија за франшизата“, изјави триото Џексон, Волш и Бојенс. „Ембрејсер“ ги стекна правата за брендот, коишто се однесуваат на сите филмови, игри, предмети, сувенири, тематски паркови и продукции во живо, кога го купи „Мидл-Ерт ентерпрајзес“ во 2022 година. Новите филмски раководители на „Ворнер брос“ - Мајк де Лука и Пем Абди стојат зад новиот повеќегодишен договор што навестува повеќе играни филмови. „И покрај целиот обем и сета љубов спакувани во двете трилогии, огромниот, комплексен и блескав универзум отсонуван од Џ.Р.Р. Толкин останува во голема мера неистражен“, соопштија тие. Де Лука и Абди навестија и дека секој нов нареден филм нема нужно да го повторува она што го покриваа досегашните филмови на Питер Џексон.

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/najaveni-novi-prodolzhenija-na-gospodar-na-prstenite/feed/ 0
„Господар на прстените“ ќе се снима во Англија https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/gospodar-na-prstenite-kje-se-snima-vo-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/gospodar-na-prstenite-kje-se-snima-vo-anglija/#respond Fri, 26 Nov 2021 07:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=600024

Втората сезона на ТВ-серијата „Господар на прстените“ на „Амазон“, наместо на Нов Зеланд ќе се снима во Обединетото Кралство. Како што објави „Варајети“, повикувајќи се на свои извори, стрим-сервисот веќе ги одредил првите места за снимање – во околината на Лондон. Неименуван извор за порталот забележува дека потегот на „Амазон“ бил „многу разочарувачки“ за филмската индустрија на Нов Зеланд. На крајот на краиштата, сите слични филмски адаптации на Џон Р.Р. Толкин беа снимени во оваа земја. Според наводите, филмското студио „Бреј“ и аеродромот „Бовингтон“ ќе бидат првите места што ќе се користат за снимањето. Подготовките за втората сезона на „Господарот на прстените“ ќе почнат пролетта 2022 година. Претходно оваа година, „Амазон“ потврди дека првата сезона ќе се прикажува на стрим-платформата од 2 септември следната година. Иако приказната се чува во тајност, засега е познато дека дејството на серијата ќе се одвива неколку илјадалетија пред настаните во „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ на Толкин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/gospodar-na-prstenite-kje-se-snima-vo-anglija/feed/ 0
Почина славниот актер од „Господар на прстените“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-slavniot-akter-od-gospodar-na-prstenite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-slavniot-akter-od-gospodar-na-prstenite/#respond Fri, 19 Jun 2020 13:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=359914

Познатиот британски актер и ѕвезда на трилогијата „Господарот на прстените“ сер Иан Холм почина на 88-годишна возраст во Англија по долгата борба со Паркинсоновата болест. Тој беше награден со почесна титула за актерскиот придонес, а нашата публика го памети како Билбо Багинс од Познатата сага за хобитите, но и како свештеник од футуристичкиот филм на Лик Бесен „Петтиот елемент“. Претставник на актерот потврди дека Холм починал во болницата од болест поврзана со Паркинсонова болест. „Тој почина мирно во болницата, со семејството и негувателите. Шармантен, љубезен и многу талентиран, ќе ни недостасува“, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-slavniot-akter-od-gospodar-na-prstenite/feed/ 0