господин господин стефан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Aug 2023 17:47:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png господин господин стефан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-vistinsko-vreme-e-samoproglasenite-bortsi-za-pravata-na-zhenite-da-se-zaprashaat-kako-ke-se-ragaat-i-vospituvaat-idnite-pokolenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-vistinsko-vreme-e-samoproglasenite-bortsi-za-pravata-na-zhenite-da-se-zaprashaat-kako-ke-se-ragaat-i-vospituvaat-idnite-pokolenija/#respond Mon, 28 Aug 2023 17:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=871782

Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството. - До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан. Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата. Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-vistinsko-vreme-e-samoproglasenite-bortsi-za-pravata-na-zhenite-da-se-zaprashaat-kako-ke-se-ragaat-i-vospituvaat-idnite-pokolenija/feed/ 0
Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-mpts-oa-stefan-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-po-povod-negoviot-imenden-trpelivo-i-smireno-go-ochekuvame-tomosot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-mpts-oa-stefan-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-po-povod-negoviot-imenden-trpelivo-i-smireno-go-ochekuvame-tomosot/#respond Tue, 13 Jun 2023 13:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=845273

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија. -Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата. Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот. -Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата. Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј. Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет. -Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи. Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина. -Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-mpts-oa-stefan-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-po-povod-negoviot-imenden-trpelivo-i-smireno-go-ochekuvame-tomosot/feed/ 0
Архиепископот Стефан го замоли патријархот Вартоломеј да ја признае Охридската архиепископија за автокефална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/#respond Sun, 12 Jun 2022 12:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=689865

Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква, истакна архиепископот г.г. Стефан во обраќањето до вселенскиот патријарх Вартоломеј по денешната нивна заедничка Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“ во Истанбул. – Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме…. , рече меѓу другото г.г Стефан. Како што јави известувачот на МИА од Истанбул, тој му порача на Вартоломеј дека во него е одговорноста на Мајката Црква за добробитот и преуспевањето на православното семејство. – При Вас се принадлежностите и правата и не молиме повеќе и поинаку од она како што постапивте со доделувањето на автокефалиите низ историјата, па и во современието. Без да поставуваме аналогија со зборовите на Мудриот Соломон, а имајќи го предвид одговорното и служечко првенство и привилегиите и авторитетот на Константинополската катедра, ќе речеме: „Имаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка? …сите ги милуваш… сè запазуваш …ги сакаш душите“, рече архиепископот Стефан. Тој натаму нагласи дека нашиот завет е дека „упорно ќе работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените“. Вселенскиот патријарх Вартоломеј од своја страна изјави дека на крајот на денешното историско сослужување со Вас, во овој наш Сечесен Патријаршиски Храм, „го насочуваме нашето слово, нашиот ум и срце кон сите наши возљубени чеда од Најсветата Охридска Архиепископија во државата Северна Македонија, водачите и водените, овде присутните и оние што се наоѓаат таму“. – Особено се радуваме за личното присуство на Превосходниот Претседател на Владата на Северна Македонија г. Димитар Ковачевски и заедно со него министрите и останатите негови соработници, како и за големиот број на верни чеда од Црквата на оваа благословена земја, кои го наполнија овој славен Храм и му дадоа друга димензија на денешниов празник на Педесетницата – како соборна, така и лична за нас, додаде патријархот Вартоломеј. Тој изрази верба дека овој настан значи потполно разбирање од наша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон нашиот народ, но и за одговорноста која се понесува, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. – Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин, истакна г. Вартоломеј . На литургијата присуствуваше и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав беа и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, пратеници и околу 700 верници од државава кои самоорганизирано допатуваа во Истанбул да присуствуваат на овој историски чин. Премиерот Ковачевски ја проследи Патријаршката и Синодална Света Литургија каде на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш“. По заедничката Литургија ќе се одржи и Вечерна богослужба која се служи само еднаш во годината по повод денешниот празник Педесетница – Слегување на Светиот Дух. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/feed/ 0
Патријархот Вартоломеј на архиепископот Срефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање во богослужбено и канонско единство на ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-vartolomej-na-arhiepiskopot-srefan-mu-go-predade-patrijarshiskiot-akt-za-primanje-vo-bogosluzbeno-i-kanonsko-edinstvo-na-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-vartolomej-na-arhiepiskopot-srefan-mu-go-predade-patrijarshiskiot-akt-za-primanje-vo-bogosluzbeno-i-kanonsko-edinstvo-na-oa/#respond Fri, 10 Jun 2022 10:09:14 +0000 https://kurir.mk/?p=689197

Вселенскиот патријарх г. Вартоломеј вчера на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. – Денеска, браќа мои, кога наскоро ќе се исполни великиот ден на Педесетница, стаса и многукопнежниот час на решение за еден долг и болен раскол во Телото на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Денеска помеѓу нас стојат овде.. најсвештениот во Христа брат, архиепископот охридски г. Стефан и неговата чесна придружба, за да го примат од нашите раце Патријаршискиот и синодален акт за востановување на црковното општење на нивната Мајка, Великата Христова Црква со нив, а од неа и преку неа со останатите помесни, свети Божји Цркви, преку врската на љубовта, единството и евхаристиското зближување преку взаемна почит, истакна патријархот Вартоломеј во обраќањето при предавањето на Актот, на крајот на вечерната богослужба во ставропигијален манастир „Балаклија” во Истанбул, што се одржа по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест“ и воедно именден на вселенскиот патријарх. Тој нагласи дека станува забор „голема радост на небото, зашто одамна скинатата риза на Господа се обновува, цела и неповредена, со иглата на Светиот Дух“ и „мноштвата на православните се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“. – Денеска се уверуваме во точноста на нашата вера, зашто најјасно се покажува вредноста на црковната двонасочност и нераскинливата врска помеѓу нејзините Ороси и Канони. Денеска, значи, уште еднаш се покажува вредноста не само на Оросот на светиот Четврти вселенски собор во Халкидон, но и на каноните кои го запазуваат единството и целоста на Господовото Тело, преку поставувањето на тешки и свештени одговорности врз рамената на секој архиепископ константинополски, истакна патријатхот Ватоломеј. Тој додаде дека се одговорноста на архиепископот константинополски за Еклитон (апелациското прибегнување) по молбата за апелација на нашиот Синод до Вселенската Патријаршија од пред четири години, за него „не претставува привилегија, но жртва и исцрпување, заради спасението на верните…“ – Свештенејши архиепископе г. Стефане, Мајката Црква Константинополска болуваше, се молеше, долго трпеше, очекуваше, се надеваше, советуваше и се подготвуваше за наоѓање решение за проблемот што ја засегаше Вашата помесна Црква… Ги разбираме вашите потешкотии, искрснатите дилеми, внатрешните соображенија, променливите различни мислења; но решенијата сакаат жртва и храброст. Така ја чувствуваме и радоста на сите вас за настанатиот развој. Од денеска, кога добивате положба и служба во сесвештеното Тело на Црквата, се надеваме дека ќе се покажете еднакво достојни на благонаклонетоста на Великата Христова Црква кон вас… Го благословуваме Народот на најсветата Архиепископија Охридска. Ја поздравуваме видливата, добра и братољубива расположба на најсветата Црква на Србија кон вас. Очекуваме и официјално известување од вас за напредокот на дијалогот помеѓу вас. На крај, ви го врачуваме востановителниот за црковното општење Патријаршиски и Синодален Акт и го претвкусуваме сослужението со вас на претстојната недела на Педесетница, а Бог на мирот нека биде со сите вас, амин, истакна патријархот Вартоломеј. На чинот на примопредавањето на Актот на кој присуствуваа и нашите митрополити преспаснко-пелагониски г. Петар и дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископите г. Климент Хераклејски и г. Партениј Антаниски, архиепископот г. Стефан, кој во своето обраќање кон патријархот Вартоломеј, нагласи дека дошле кај него, време во кое тој го слушнал крикот на нашето срце и го почувствувал копнежот на нашите души. – Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена, истакна неговото блаженство г. Стефан. Затоа, додаде тој, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам. – Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест”; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник; мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме; еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет; и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, нагласи архиепископот Стефан. По богослужбата, архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на патријархот Димитриј, за покојните цариградски пастири погребани на истите гробишта. Делегацијата на Охридската Архиепископија, кој од вчера престојува во Истанбул, в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе присуствува на заедничката патријаршиска и синодална света литургија на патријархот г. Вартоломеј и архиепископот г. Стефан. Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата и примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа. – Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денеска, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и синодален акт, беше наведено во одлуката на Вселенскиот синод, во која се додава дека како име на нашата Црква го признава „Охридска, имајќи ја на ум како област на нејзина јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“. Вселенската патријаршија во одлуката наведе и дека остава на „Црквата на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-vartolomej-na-arhiepiskopot-srefan-mu-go-predade-patrijarshiskiot-akt-za-primanje-vo-bogosluzbeno-i-kanonsko-edinstvo-na-oa/feed/ 0
Архиепископот Стефан од Белград: Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-od-belgrad-blagodarime-na-spc-shto-ja-pozdravi-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-od-belgrad-blagodarime-na-spc-shto-ja-pozdravi-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija/#respond Thu, 19 May 2022 09:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=678840

Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград изутринава почна архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, односно литургија на помирувањето, со која сослужуваат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан, јави дописникот на МИА од Белград. Литургијата се одржува, откако вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување. На заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија. – Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви, истакна во својот говор архиепископот Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА дополни дека „со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовот меѓу нашите две црки, со тоа и фдинството си дите дртуги помесни православни цркви“. Поглаварот на МПЦ-ОА додаде дека затоа „му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение. – Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. Затоа да Му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение. Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал, порача г.г. Стефан. Тој рече дека овој денешен чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови. Тој истакна дека МПЦ-ОА, трудејќи се да го запази единството на Духот преку врските на мирот ќе продолжи по патот што води и служи за мир и заемно надградување, по патот што ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света Црква. Изрази верување дека уште деновиве ќе доживееме радост и оти уште на овој Собор „повеќедецениската тага ќе се претвори во радост, на сите свештени лица, монаси, македонскиот народ и секаде каде што не има по светот“. На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение: – Вам, како и на браќата членови на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, ви благодариме за едномислието со одлуката дадена од страна на вселенскиот патријарх, Неговата сесветост г.г. Вартоломеј, со кој се прифатија јерархијата и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристиско и канонско единство, а кое, еве со вас, на дело се потврди со денешнава света литургија, истакна г.г. Стефан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-od-belgrad-blagodarime-na-spc-shto-ja-pozdravi-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0
Поглаварите на СПЦ и МПЦ во четврток во Белград ќе одржат заедничка литургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-spc-i-mpc-vo-chetvrtok-vo-belgrad-kje-odrzat-zaednichka-liturgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-spc-i-mpc-vo-chetvrtok-vo-belgrad-kje-odrzat-zaednichka-liturgija/#respond Tue, 17 May 2022 12:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=677818

Српскиот патријарх Профирије и македонскиот архиепископ Стефан во петок (19 мај) ќе одржат заедничка литургија во храмот Сети Сава во Белград, објави српската новинска агенција Танјуг. Литургијата треба да поче во 9 часот, а ќе сослужуваат сите архиреји од двете цркви. Да потсетиме, Соборот на Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека за македонската црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, што ѝ бил доделен уште во 1959 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-spc-i-mpc-vo-chetvrtok-vo-belgrad-kje-odrzat-zaednichka-liturgija/feed/ 0
Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-vrv-na-bozikjen-ruchek-kaj-g-g-stefan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-vrv-na-bozikjen-ruchek-kaj-g-g-stefan/#respond Thu, 09 Jan 2020 08:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=287268

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-vrv-na-bozikjen-ruchek-kaj-g-g-stefan/feed/ 0
Божиќно послание на г.г. Стефан: Да го чуваме тоа што ни е светост и посебност, да ја чуваме и живееме верата, да ги чуваме светињите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-g-g-stefan-da-go-chuvame-toa-shto-ni-e-svetost-i-posebnost-da-ja-chuvame-i-ziveeme-verata-da-gi-chuvame-svetinjite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-g-g-stefan-da-go-chuvame-toa-shto-ni-e-svetost-i-posebnost-da-ja-chuvame-i-ziveeme-verata-da-gi-chuvame-svetinjite/#respond Tue, 07 Jan 2020 08:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=286337

† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Да појдеме во Витлеем и да го видиме тоа што се случило… (Лк. 2, 15) Возљубени чеда во Господа, Денес е денот на радоста, денот кога ги доживуваме вистината и убавината на нашата вера; ова е денот на добрата волја, денот кога Милостивиот Бог се понизил заради нас и заради нашето спасение, денот кога Миротворецот му подарил мир и помирување на човечкиот род и на светот… Денес, Оној Кој ги создаде светот и човекот станува Богочовек, се раѓа како човек, за човекот да го спаси. Денес го прославуваме Божик, како и сите големи празници, за духовно да закрепнеме и духовно да се издигнеме, сеќавајќи се на големите настани од историјата на спасението. Црковните песнопенија на овој велелепен празник нè повикуваат со мислите да се пренесеме во онаа неповторлива ноќ во Витлеем, за да ги разбереме даровите од тој спасоносен настан за човечкиот род, за да ја разбереме богооткриената вистина – дека веќе не сме робови, туку постанавме синови, наследници Божји[1]. Со рождеството на Синот Божји дојде помирувањето со Бога и се објави тајната на спасението и благата вест за вечниот живот. Тој ден  е денот најавуван од старозаветните пророци[2] и денот по кој копнееле старозаветните праведници. Затоа тој празник е мајка на сите празници и празник на исполнетото ветување[1], кога Синот Божји ја објави тајната за Бога, но и тајната за човекот. Возљубени чеда во Христа Спасителот, Чудесната ѕвезда на небото и денес ги просветлува народите, приведувајќи ги кон богопознание, како што вели нашиот свети Климент Охридски[2]. Па да им се придружиме на ангелите околу витлеемската пештера и да Му ја запееме на Богомладенецот песната на мирот, надежта и добрата волја[3], оти и денес народите имаат потреба од небесната порака, од евангелската љубов и од вечните, спасоносни дарови. Христовото рождество е празник кој донесе небесна радост, а таа радост и денес ни порачува да празнуваме божествено и христијански, да празнуваме небесно и духовно, да празнуваме со радоста објавена од небото, со радоста што надминува сè и трае, зашто Бог го посети и го избави народот Свој. Возљубени празникољупци, Големината на Богомладенецот се огледува во Неговата скромност и во Неговото смирение, а скромноста и смирението се почетокот на сите добродетели. Со нив Бог дојде во светот: се роди во близина на малиот и непознат град Витлеем, и се роди во пештера! Тој, за Кого целата вселена е тесна, во пештера најде дом за Своето рождество и беше положен во јасли. Пештерата, „која беше како најпрекрасна палата“, ги покажа Неговото неизмерно смирение и Неговата преголема долготрпеливост. Таа пештера и тие јасли постанаа место за поклонение не само на пастирите и на мудреците, туку и за многубројни богољубиви луѓе во изминативе дваесет столетија. Верата на пастирите и на мудреците остана пример и идеал за сите христијански поколенија. И ден-денес на Бога Спасителот Му се поклонуваат луѓе од сите народи и од сите краеви на светот. Но Бог не гледа на тоа кој е кој и кој од каде е, туку ги поттикнува и ги вреднува смирението и кротоста – добродетелите што и Самиот ги посведочи. И покрај сиот дар, современото човештво е зафатено од најстрашната болест – себељубието. Денешнава генерација како да ги измени вредностите, па опстојувајќи во самољубието, го понижи смирението, а со таквиот однос не само што се отфрлени чесноста и побожноста, туку тоа ги нарушува и меѓучовечките односи. Денес сè помалку има човечност, а сè повеќе нетрпеливост и неразбирање меѓу луѓето и народите. Оттаму, во животот на луѓето гревот како да станува сè повеќе добродетел, а добродетелта како да станува непотребна и сè повеќе се вреднуваат минливите од трајните вредности. Со тоа денешниот човек сè повеќе се оддалечува од Бога и му робува на злото. Но доколку ги замениме себељубието и сите пороци, со дела на христијанската љубов, би можеле, и секој посебно и сите заедно, да ја доживееме Божикната спасоносна радост. Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, Најмногу од сè треба да сме Му благодарни на Бога, затоа што Му припаѓаме Нему, што сме Негови и што со Неговото име се именуваме. Бог, со Своето доаѓање во светот, го донесе спасителното благовесно слово и, со Својата спасителна жртва, ни покажа што е и каква треба да биде љубовта. Тој ни покажа дека љубовта се потврдува со жртва и дека кога љубиме не треба да очекуваме да ни се возврати, туку да ги љубиме другите – зашто тоа е евангелската заповед. Делата на љубовта, на верата и на надежта во Бога, се огледуваат во сите времиња и по сите места каде што опстојуваме како македонски богољубив народ. Насекаде низ Македонија светилиште до светилиште, крст до крст, манастир до манастир и сите украсени со потребната убавина… Така, во годината што претстои, ќе одбележиме голем и значаен црковен и национален јубилеј – 1000 години од постоењето на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. И, размислувајќи за овој милениумски јубилеј, заклучуваме дека и имаме со што да се фалиме пред другите, но и дека треба да имаме доволно одговорност пред ваквата милост Божја. Имаме прекрасни светилишта, кои се ненадминат дострел во уметноста и во архитектурата, по кои и светот нè препознава и се дел од нашата културна генеза. Тие се дело на нашите предци, но, за жал, голем дел од нив денес се заборавени и занемарени од надлежните институции. Непростиво е тоа што го создадовме и го запазивме во ропствата и при туѓите владеења, денес, во слобода и во суверена и независна држава, да го оставиме на негрижа и да го отуѓуваме. Впрочем, иднина имаат оние што се грижат за своето минато! Треба да го чуваме тоа што ни е светост и посебност, да ја чуваме и живееме верата, да ги чуваме светињите. Всушност, да го чуваме тоа што нè определува пред светот како самобитни, што е нашиот идентитет – и духовен и национален! Да нe дозволиме како народ, некој во името на нас, сегашните, но и во името на нашите претходници, како и во името на тие сè уште неродените, со својата негрижа, или заради некоја друга цел, да го отуѓува или уништува нашето вековно дело. Но и да не допуштаме никој од нас да отстапува, да се откажува и да го споделува тоа што за нас е суштинско и свето. Секој опстој е искушение и предизвик, па затоа само во слога и единство може да се брани и одбрани своето, достоинствено и со подигната глава и со гласно – не. Силата не ја моли правдата, но моментите што го засегаат духовниот, културниот, историскиот и националниот идентитет на еден народ, не треба и не смеат да бидат отстапени или да се претворат во можност за компромис. Затоа неодложно ни треба обединување и национална стратегија. И ние како народ Божји имаме право да го живееме вечниот оптимизам што го дарува денес родениот Богомладенец – Кој за сите дојде, за сите да ги спаси. Возљубени чеда на Христа Богомладенецот, Суштината на Рождеството Христово е во преобразувањето и во  остварувањето на целта на христијанскиот живот, а тоа е обожението. Треба постојано да растеме во Бога, да Го стекнуваме Светиот Дух и повторно духовно да се родиме. Бог не ни ветил живот без искушенија и без тешкотии, туку ни укажал дека само со живот исполнет со љубов, вера и надеж, ќе заслужиме спасение. – Кој го сака својот брат, тој е во светлина, рекол апостолот[1], зашто во љубов­та кон ближниот се препознава и нашата љубов кон Бога[2]. Со верата во Бога, поткрепена со добри дела, ќе покажеме дека ја живееме Божјата вистина и сме подготвени на подвизи за верата. Зашто, како христијани, повикани сме и кон една надеж – надеж која спасува. Со такви пораки им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на светата Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот каде што нашиот богољубив народ Му се радува на Богомладенецот, празнувајќи го Божик во своите домови и во своите храмови. Христос се роди! АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ †СТЕФАН Заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква † ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски † ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски † ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски † КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски † ЈАКОВ, Епископ Стобиски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-g-g-stefan-da-go-chuvame-toa-shto-ni-e-svetost-i-posebnost-da-ja-chuvame-i-ziveeme-verata-da-gi-chuvame-svetinjite/feed/ 0