гости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Sep 2022 13:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изгледа совршена, а вкусот ѝ е уште подобар! Слоевита салата со јајца и шунка ќе биде вашето ново решение за забави и гости https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/izgleda-sovrshena-a-vkusot-e-ushte-podobar-sloevita-salata-so-jajca-i-shunka-kje-bide-vasheto-novo-reshenie-za-zabavi-i-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/izgleda-sovrshena-a-vkusot-e-ushte-podobar-sloevita-salata-so-jajca-i-shunka-kje-bide-vasheto-novo-reshenie-za-zabavi-i-gosti/#respond Tue, 13 Sep 2022 13:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=732173

Доколку барате брз оброк за послужување на гостите како предјадење или вечера, слоевитата салата со јајца и шунка е совршен избор за вас. Малку ќе ве потсети на руска, но е многу подобра од неа! Ова е идеалното решение кога правите домашна забава и ви треба лесно јадење, а гостите сигурно ќе ги оставите без здив. Состојки: 1 брокула 4 варени јајца половина лименка пченка 250 гр шунка 200 гр сирење 4 лажици обичен јогурт 2 лажици мајонез 2 чешниња лук сол, бибер, прстофат шеќер 1 лажица сок од лимон Подготовка: Измиените брокули најпрво поделете ги на цветчиња и зовријте вода во тенџере во кое ќе додадете сол, шеќер и малку сок од лимон, а потоа варете ја брокулата пет минути. Додека брокулата се лади, шунката, сирењето и јајцата исечкајте ги на ситни коцки. Измешајте јогурт и мајонез, па во смесата додадете сол, бибер и издробен лук, ова е смесата за сосот. Подгответе сад за салата и во него наредете ги сите состојки во слоеви: шунка, пченка, брокула, варени јајца, сос, сирење, неколку мали цветчиња брокула за декорација. Пријатно јадење!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/izgleda-sovrshena-a-vkusot-e-ushte-podobar-sloevita-salata-so-jajca-i-shunka-kje-bide-vasheto-novo-reshenie-za-zabavi-i-gosti/feed/ 0
Охрид преполн со гости од Македонија и странство, викендов е шпицот на сезоната https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-prepoln-so-gosti-od-makedonija-i-stranstvo-vikendov-e-shpicot-na-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-prepoln-so-gosti-od-makedonija-i-stranstvo-vikendov-e-shpicot-na-sezonata/#respond Sat, 31 Jul 2021 08:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=544272

Продолжениот празничен викенд на Охридското крајбрежје го означува шпицот на летната туристичка сезона. За деновите околу Илинденските празници Охрид традиционално е преполн со гости и туристи. Солидната посетеноста на градот и крајбрежјето за Илинден не ја отсликува ситуацијата за летната сезона генерално, оттаму што до само пред две седмици во градот гости имаше само за викендите. Приватните сместувачки капацитети за овој период околу празниците се редовно максимално искористени, се бара легло повеќе што тешко се наоѓа и тоа претежно во периферните делови од градот додека во оние капацитети во централното градско подрачје или на атрактивните локации долж крајбрежјето место нема. Иако годинава споредбено со лани има одреден број странски туристи, сепак тоа е многу помалку од времето пред коронаепидемијата. Илустративно, ситуацијата сега не може ниту да се споредува со рекордната 2019 година кога на Охридското крајбрежје беа остварени околу 1,5 милиони ноќевања. Најбројни ова лето се туристите од Србија, Полска, Украина, во помал број од другите соседни земји. Има и гости од Холандија, но далеку помалку поради тоа што непредвидливоста на епидемијата и рестриктивните мерки ја усложнија процедурата за патување така што ова лето гостите од Бенелукс почнаа да пристигнуваат дури во втората половина на јули наместо од мај како што беше години наназад. Најголем дел од автомобилите со странски регистерски таблички на јавните паркиралишта низ градот се на нашинците кои после две години успеаја да дојдат во татковината. Дијаспората од Австралија и САД и оваа година практично ја нема, што многу се чувствува во угостителскиот сектор. Хотелските капацитети дури за сезонскиот шпиц се поднаполнија, но и таму сликата не е розева, тоа се гости што доаѓат во индивидуална режија, изостанаа организираните летувања преку странските тур-оператори. Она што беше карактеристично за Охрид пред десеттина години кога странски туристи доаѓа да летуваат тука, а дел од времето од одморот го користеа за еднодневни тури до Албанија, сега ситуацијата е сосема спротивна – се поголем е бројот туристи што одмараат во Албанија, а доаѓаат во Охрид на еднодневна прошетка и разглед на културно-историските споменици. Најбројни и ова лето како минатата година се домашните гости, поголемиот дел сместени во сопствени станови или викендички, а останатите најчесто се решаваат за сместување со закуп на помали апартмани или соби. Скромниот буџет значи да се одбере поскромната варијанта за летување со готвење дома, а кога се купува тоа претежно е брза храна, нешто што се јаде „од нога“ или на некоја од клупите на Кејот на езерото, во парковите, по плажите. Сето тоа значи дека отсуствува позначаен промет за охридските угостители. За разлика од економските и здравствените, временските прилики поволни и соодветствуваат за овој период, со високи температури карактеристични и очекувани за средината на летото. Покрај проверената чистота од прва категорија, водата во езерото со температура неколку степени над просечната за овој период што ја прави идеална за капење и рекреација. Карактеристично за оваа сезона е што голем дел од крајбрежјето е „исчистен“ од лежалки и друга урбана опрема, како и неконтролирана наплата за паркирање возила. Јавните плажи се повторно отворени и слободни за туристите, што пак од друга страна ја усложнува состојбата со хигиената, затоа што јавното комунално претпријатие не секогаш успева да го собере отпадот што неконтролирано и неодговорно се одлага на несоодветни места. Оваа година и културно-забавната понуда за гостите е нешто побогата споредбено со лани, до 20 август секоја вечер има понуда на програмата на Фестивалот „Охридско лето“, а најавени се и гостувања и концерти на познати естрадни имиња од земјата и регионот, за сите вкусови и генерации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-prepoln-so-gosti-od-makedonija-i-stranstvo-vikendov-e-shpicot-na-sezonata/feed/ 0
Кривична пријава за велешанец поради непочитување на здравствените протоколи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-veleshanec-poradi-nepochituvanje-na-zdravstvenite-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-veleshanec-poradi-nepochituvanje-na-zdravstvenite-protokoli/#respond Wed, 03 Mar 2021 17:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=476778

СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Велес и против Н.З.(64)-сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.12.2020, полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитувале одлуките на Владата, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-veleshanec-poradi-nepochituvanje-na-zdravstvenite-protokoli/feed/ 0
Во Норвешка дозволени максимум 10 гости за Божиќ и новогодишната ноќ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norveshka-dozvoleni-maksimum-10-gosti-za-bozikj-i-novogodishnata-nokj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norveshka-dozvoleni-maksimum-10-gosti-za-bozikj-i-novogodishnata-nokj/#respond Wed, 02 Dec 2020 14:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=437577

Норвежаните можат да поканат до десет гости во своите домови за Божиќ и Нова година, соопшти денеска премиерката на Норвешка Ерна Солберг. – Не сакаме Новата година да ја почнеме со зголемен број на заразени лица и нови ограничувања во јануари, рече Солберг на прес-конференција, додека европските земји се борат со упатства за граѓаните за прославите на Божиќ и Нова година во обидите да го ограничат ширењето на коронавирусот. Во Норвешка досега се регистрирани 36.591 случаи на коронавирусот, додека 334 лица починале, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers. Властите се најмногу загрижени за Осло и околните области, каде што е забележан најголем број на случаи со коронавирус. На 6 ноември, Осло ги затвори театрите, кината, центрите за вежбање и базените и забрани барови и ресторани да служат алкохол, што принуди многу од нив целосно да затворат. Рестриктивните мерки низ целата земја вклучуваат ограничување на јавни собири на 20 лица и ставање во карантин на луѓе кои доаѓаат од странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norveshka-dozvoleni-maksimum-10-gosti-za-bozikj-i-novogodishnata-nokj/feed/ 0
Со остар предмет им се заканувал на гостите и на вработен во угостителски објект, едно лице завршило на Клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-ostar-predmet-im-se-zakanuval-na-gostite-i-na-vraboten-vo-ugostitelski-objekt-edno-lice-zavrshilo-na-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-ostar-predmet-im-se-zakanuval-na-gostite-i-na-vraboten-vo-ugostitelski-objekt-edno-lice-zavrshilo-na-klinika/#respond Sun, 16 Aug 2020 16:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=391377

Во СВР Скопје, вчера во 11:30 било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Втора македонска бригада“, М.Ж.(32) од Скопје со остар предмет се заканувал на вработениот Љ.В.(66) и на гостите. Според пријавеното, Т.Н.(55) од Скопје, гостин во објектот, обидувајќи се да го запре М.Ж., бил нападнат со остар предмет од друг гостин, С.Б., при што се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-ostar-predmet-im-se-zakanuval-na-gostite-i-na-vraboten-vo-ugostitelski-objekt-edno-lice-zavrshilo-na-klinika/feed/ 0
Дојран препол со гости за продолжениот илинденски викенд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojran-prepol-so-gosti-od-prodolzeniot-ilindenski-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojran-prepol-so-gosti-od-prodolzeniot-ilindenski-vikend/#respond Sat, 01 Aug 2020 09:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=384654

Претпладнево Дојран почна да се полни со еднодневни гости кои во деновите од продолжениот илинденски викенд секојдневно ќе доаѓаат да побараат освежување во водата на Дојранското езеро. Место за сметување речиси е невозможно да се најде затоа што комерцијалните и приватните сметувачки капацитети се целосно пополнети најмалку до 10 август што значи дека со гостите кои ќе доаѓаат на дневна основа, во Дојран дневно ќе се собираат меѓу 10 и 20.000 гости. Бидејќи здравствената криза што ја наметна корона кризата е се уште актуелна, локалната самоуправа предводена од градоначалникот Анго Ангов, е целосно мобилизирана на примената на протоколите за работа од страна на хотелите и угостителските објекти, како и на доследно почитување на мерките и користење на средствата за заштита од ширење на корона вирусот. -Сите гости ни се добредојдени во Дојран, но претпоставуваме дека поголемиот дел од нив ќе бидат млади луѓе за кои и ние ќе треба со надлежните служби да се погрижиме за нивна заштита. Поради тоа координиравме заеднички активности со повеќе од нив, како со МВР и локалните комунални редари кои по плажите им делат флаери на гостите за заштита од коронавирусот, како и бесплатни заштитни маски, вели Ангов. Заради избегнување гужва и одржување социјална дистанца, од општината апелираат до гостите да не се користат само плажите во централното подрачје затоа што и другите се уредени и се наоѓаат на Дојранското крајбрежје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojran-prepol-so-gosti-od-prodolzeniot-ilindenski-vikend/feed/ 0
Грција го укинува задолжителното носење маска во молови и ограничувањето на бројот на гости во угостителските објекти! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-ukinuvaat-zadolzitelnoto-nosenje-maska-vo-molovi-i-ogranichuvanjeto-na-brojot-na-gosti-vo-ugostitelskite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-ukinuvaat-zadolzitelnoto-nosenje-maska-vo-molovi-i-ogranichuvanjeto-na-brojot-na-gosti-vo-ugostitelskite-objekti/#respond Wed, 08 Jul 2020 13:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=371809

Посетителите на моловите и трговските центри во Грција повеќе не се обврзани да носат заштитна маска, додека пак во кафулињата и угостителските објекти нема ограничувања на бројот на гости на една маса, согласно новата заедничка министерска одлука. Според конкретната одлука што е во сила до 12 јули 2020 година се укинува задолжителното носење маска за посетителите на моловите и трговските центри, а останува задолжителна за вработените. Во Грција, и понатаму, сите оние кои ги користат превозните средства – јавниот превоз, авиони, бродови, траекти, возови, обврзани се да носат заштитна маска. Во истата министерска одлука, се укинува и ограничувањето, на масите во кафулињата и угостителските објекти да има најмногу шест лица, а продолжуваат да важат правилата и мерките за растојание помеѓу масите и бројот на гости во зависност од големината на површината. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-ukinuvaat-zadolzitelnoto-nosenje-maska-vo-molovi-i-ogranichuvanjeto-na-brojot-na-gosti-vo-ugostitelskite-objekti/feed/ 0
За заразените гости во Хрватска ќе се грижат сопствениците на апартмани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-zarazenite-gosti-vo-hrvatska-kje-se-grizat-sopstvenicite-na-apartmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-zarazenite-gosti-vo-hrvatska-kje-se-grizat-sopstvenicite-na-apartmani/#respond Wed, 08 Jul 2020 05:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=371363

Директорот на Здравствениот дом на Сплитско-далматинската жупанија доктор Марко Раѓа, опиша ќе изгледа процедурата доколку некој турист во Хрватска се зарази со коронавирусот. – Ако странски турист од централните далматински острови или од кој било друг дел од нашата жупанија има зголемена температура или некој друг симптом што може да укаже на болеста Ковид-19, тој ќе дојде во амбулантата во Мертојак. По тестирањето и ако се утврди дека е позитивен, ќе биде испратен во апартманот каде што престојува и во него ќе мора да помине 14 дена во самоизолација, изјави тој во интервју за Слободна Далмација. Тука би можеле да се создадат проблеми ако сопственикот на апартман има други гости за наредната недела, а во апартманот има заразен гостин кој мора да биде во изолација, пренесува Индекс.хр. – Сопственикот на апартман не смее да избрка гостин кој е во самоизолација. Покрај тоа, тој мора да се грижи за него и неговото семејство ако е на одмор со нив. Сите тие мора да бидат во изолација и сопственикот на апартманот мора секој ден да им носи храна и хигиенски средства кои ќе ги остава пред вратата на апартманот, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-zarazenite-gosti-vo-hrvatska-kje-se-grizat-sopstvenicite-na-apartmani/feed/ 0
Хотелиерите подготвени, но без гости – ако границите не се отворат им се заканува колапс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-podgotveni-no-bez-gosti-ako-granicite-ne-se-otvorat-im-se-zakanuva-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-podgotveni-no-bez-gosti-ako-granicite-ne-se-otvorat-im-se-zakanuva-kolaps/#respond Sat, 20 Jun 2020 07:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=360074

Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници, ленти и прекривки. По спратовите и холовите празно, нема играчки, ниту списанија или печатен инфо материјал. На подовите патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Вака некако ќе изгледа сликата во домашните хотели кои од понеделник ги отвораат вратите согласно корона – Протоколот. Подготвени се, велат, но гости нема. Резервации слабо се прават, понекоја за јули и август. Поголема посетеност очекуваат во септември/октомври. Предупредуваат дека ако ургентно не се олеснат процедурите за влегување и излегување од/во земјава и не се отворат авио и патниот сообраќај, нивните капацитети (посебно во градовите) ќе стават клуч. -Хотелите може да опстанат ако капацитетите им се исполнети минимум 45 отсто, а засега, јунската, па и јулската сезона се пропаднати. Секојдневно ја губиме конкурентноста во однос на регионот кој ги либерализира мерките и постапките на заштита ги сведува главно на лична одговорност, предупредуваат хотелиерите. Во разговор за МИА тие уверуваат дека 100-процентно ги имаат исполнето препораките од Протоколот. Потребните дезинфекциски средства се набавени, обезбедена е и заштитната опрема за персоналот. Направена е реорганизација на масите согласно пропишаната дистанца од 1,5 до два метра, соодветно е постапено и во однос на пултовите за рецепција кои задолжително треба да бидат „забарикадирани“ со монтажна преграда (шалтер) од проѕирна пластика или стакло. -Подготвени сме за работа. Подготвени сме комплето да примаме гости. Набавени се дезинфекциски средства за сите соби, келнерите се опремени со визири и маски, рецепцијата исто. Тука е и потребното растојание од два метра за секој гостин кој доаѓа на пултот, масите на терасите се одбележани. Секоја маса се пребришува, веднаш се дезинфицира и никако однапред не се поставува приборот. На шанк не смее да се седи. Од едно место се земаат пијалаци, на друго се оставаат валканите чинии и чаши. Соодветно е подготвена и кујната, на едно место се издава храната, на сосема друго се примаат валканите прибори. Согласно Протоколот, извадени се и декоративните перничиња од собите. Всушност, дел од препораките и досега ги применувавме, посебно хигиената која секогаш мора да е максимална, вели Славе Сирачевски, сопственик на комплексот „Аурора“ во Берово. Според него, сезоната во јуни е промашена. -Веќе правиме резервации, но многу повеќе за јули и август. Јуни ќе биде промашена работа. Доцна се донесоа мерките. Резервациите не се прават ден за ден, туку многу порано. Сега, на пример, правиме резервации и за септември/октомври. Генерално, тешко ќе се спаси сезоната. Сметам дека градските хотели ќе се соочат со уште поголеми проблеми, освен ако не се отворат границите, па да тогаш да имаат по нешто работа, напоменува Сирачевски. Ајдован Адемоски, сопственик на два хотела во Скопје, смета дека не само јунската, туку и јулската сеозна е пропадната. Хотелиерите се подготвени да примат гости, но гости нема. -Подготвени сме, но нема кој да дојде. Сите резервации се откажани. Требаше да имаме свадби во јули и август, резервирани ни беа и гости од Израел и Австралија, но сé се откажа, а резервации не може да се прават зашто уште е неизвесен влезот во земјава. Не знаеме кога ќе се регулира целосно во смисла на слободно движење. Кој би дошол ако знае дека треба да одлежи две недели во домашна изолација или да носи тест за коронавирус? Јуни и јули се изгубени, нагласува Адемоски според кој, хотелите може да опстанат ако капацитетите им се исполнети минимум 45 отсто. Можно е, додава, идниот месец да има туристи во туристичките центри, но наши, не странци. Двата хотела на Адемоски се на нивото што го бара Протоколот. Едниот е на техничко одржување, зашто нема гости, но никој не е отпуштен од работа, а другиот што до скоро беше даден за државен карантин, веќе е дезинфициран и сосема ставен во функција. -Слободното движење и слободните прекугранични минувања се клучни за туризмот, особено за мала, континентална, транзитна земја како нашата, без излез на море. Бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година е намален за 99,1 отсто, бројот на ноќевањата е намален за 97,2 процента, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8 отсто. Владата го поддржа и туристички сектор со ваучерите за домешен туризам и платежните картички. Овие и другите мерки ги поддржуваме, но тие се главно насочени кон одржување на работните места, а работните места имаат смисла ако создаваат новата вредност. Создавање нова вредност во туризмот е невозможно без слободно движење и преминување на границите. Р.С.Македонија ги отвори границите, но процедурите како смоизолација, PCR тестот, затворениот авиосообраќај и ограничениот јавен, меѓуградски и меѓународен автобуски превоз ја уништува туристичката индустрија, објаснува Адемоски. Тој смета дека најавеното отворање на ЕУ кон Западен Балкан за 1 јули 2020 практично наложи нашите хотели да почнат со подготовките за туристичко и транспортно отворање. Укажувањето на ЕБРД, пак, за што побрзо кревање на рестриктвните мерки, е во директна корелација со враќање на деловата кондиција. -Во Турција на граничните премини им се мери температура на патниците без да им се побараат дополнителни услови, иако трите викенди, 20, 27 и 28 јуни ќе има карантин. Освен носење маски, не се бара друго ништо. На 11 јуни Турција ги отвори границите, освен за Иран и Сирија, и ја објави програмата за постепено воведување на меѓународен авио сообраќај. Со Р.С. Македонија беа подготвени да воведат авио линии уште на 15 јуни, но ние не сме подготвени. По првиот квартал 4,24 милиони туристи ја посетиле Турција. И таму функционираат угостителско-хотелските протоколи. Значи, сведување на процедурите на контрола на мерење телесна температура на границите и отворање на меѓународниот авио и јавен патен сообрааќај се условите да почнеме да создаваме додадена вредност, подвлекува Адемоски. Протоколот со кој се уредуваат процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19, Владата го донесе на 16 јуни, а стапува во сила задутре, на 22 јуни. Процедури за хотелскиот дел На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите со средство кое делува на вируси мора секој ден да се одржува. Обврзно е и редовно проветрување. Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата. Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце), а на рецепцијата ако пултот не е доволно широк да се обезбеди растојание од 1,5  до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот. -Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби, а дозволува доволно меѓусебно растојание. За тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости (играчки, списанија), а гостинот заедно со клучот треба да добие флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете, а текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки), стои во Протоколот. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство. -Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, дршки, куки, копчиња во лифт). Во случај на повеќедневно престојување на гостинот во сместувачкиот капацитет возможно е дневно чистење од страна на персоналот само доколку гостинот изрично посака. При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат), пишува во Протоколот. Ресторански процедури Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и често да одржуваат хигиена на раце, а дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување е задолжително. Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин. Масите не треба да бидат претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не, гостите може да го користат средството за дезинфекција поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО). -Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка. Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена, со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојанието. Со оглед дека не може да служи храна и пијалок од два метра растојание, келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. По послужувањето келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите. Сите апарати за точење вода, чај, кафе, сок, да се одстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата, се наведува во Протоколот. Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви, кои се споделуваат на повеќе од една маса. -По завршување на оброците, искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалок и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира. Растојанието меѓу столчињата од соседните маси треба да биде 1,5 до два метра. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, предвидува Протоколот. Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна, засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, како и на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција. Потенцирано е и редовното одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на соодветни дезинфекциски средства. Како и досега, забрането е користење сушачи за раце во тоалетите. Се наложува задолжително користење хартиени бришачи за раце за еднократна употреба. На прес-конференција во четвртокот, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска им порача на хотелиерите строго да се придржуваат до Протоколот и да ги почитуваат препораките. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-podgotveni-no-bez-gosti-ako-granicite-ne-se-otvorat-im-se-zakanuva-kolaps/feed/ 0
„Некој нека ѝ ги отстрани градите и стомакот“: Невеста побарала помош за поправање на фотографија од свадба, па стана хит на интернет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-neka-gi-otstrani-gradite-i-stomakot-nevesta-pobarala-pomosh-za-popravanje-na-fotografija-od-svadba-pa-stana-hit-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-neka-gi-otstrani-gradite-i-stomakot-nevesta-pobarala-pomosh-za-popravanje-na-fotografija-od-svadba-pa-stana-hit-na-internet/#respond Sun, 13 Oct 2019 19:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=251057

Ниедна невеста не сака некој од гостите на свадбата да ја засени, затоа што таа се мачела за организацијата за тоа да и биде најсреќен ден во животот. Една невеста ги замолила своите пријатели на социјалните мрежи да и препорачаат човек кој е вешт во фотошоп за да ја отстрани роднината која ја упропастила целата фотографија од свадбата и за возврат понудила три долари. Имено, жената облекла тесен фустан кој ги истакнал нејзините џиновски гради. „Ве молам да ги покриете нејзините гради и да го намалите нејзиниот струк“, напишала невестата. Фотографијата завршила во групата „That's It, I'm Wedding Shaming“ каде луѓето се потсмеваат на сметка на своите свадби. „Ве молам да не пишувате грди коментари. Едноставно погледнете ја објавата и средете ја фотографијата ако можете и продолжете понатаму“, додала таа. Луѓето веднаш почнале со шеги и погледнете што направиле:  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-neka-gi-otstrani-gradite-i-stomakot-nevesta-pobarala-pomosh-za-popravanje-na-fotografija-od-svadba-pa-stana-hit-na-internet/feed/ 0