гостување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 13:48:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гостување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЕФА се огласи – познато е дали навивачи на Шкупи ќе смеат да одат во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-se-oglasi-poznato-e-dali-navivachi-na-shkupi-ke-smeat-da-odat-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-se-oglasi-poznato-e-dali-navivachi-na-shkupi-ke-smeat-da-odat-vo-bugarija/#respond Fri, 28 Jul 2023 13:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=861184

Топ тема во Македонија, Бугарија, но и на Балканот и фудбалска Европа е ситуацијата од синоќа во Скопје, каде со нож беше прободен навивач на бугарскиот тим Левски. По тој повод, се огласија и од УЕФА, кои открија дали Шкупи ќе може да има поддршка од навивачите на реванш средбата во Бугарија. Бугарски навивачи најпрво беа нападнати во Чаир, каде еден нивни член е избоден со нож. Нешто подоцна се случи и нов конфликт меѓу навивачите од Бугарија и македонската полиција на Арената „Тодор Проески“. Епилог на целата ситуација беше 19 приведени бугарски државјани и еден хоспитализиран. За да се избегнат ваквите ситуација на Шверцерите ќе им биде забранет влезот на ревнаш натпреварот во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-se-oglasi-poznato-e-dali-navivachi-na-shkupi-ke-smeat-da-odat-vo-bugarija/feed/ 0
Театарот за деца и младинци ќе гостува во Подгорица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-kje-gostuva-vo-podgorica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-kje-gostuva-vo-podgorica/#respond Fri, 16 Sep 2022 05:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=733504

Театарот за деца и младинци од Скопје денеска ќе гостува на Меѓународниот фестивал на кукларство во Подгорица, Црна гора, со претставата „Палешка“ во режија на Давор Драгојевиќ. Во претставата играат актерите Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов. Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата како и прифаќањето на различноста кај себе и другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. „Палешка“, со која ќе биде отворен фестивалот, ќе има две изведби од 18 и 20 часот. „Палешка“ ќе биде во конкуренција со претстави од Шпанија, Србија, Словачка и Црна Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-kje-gostuva-vo-podgorica/feed/ 0
Вардар сепак ќе има меч до крај на годинава – еве кога и каде ќе игра https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-sepak-kje-ima-mech-do-kraj-na-godinava-eve-koga-i-kade-kje-igra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-sepak-kje-ima-mech-do-kraj-na-godinava-eve-koga-i-kade-kje-igra/#respond Tue, 08 Dec 2020 11:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=440394

Македонскиот ракометен шампион Вардар сепак ќе одигра еден меч од низата неодиграни поради пандемијата со коронавирус и низата одложувања во новата сезона во Лигата на шампионите, па на 22 декември ќе гостуваат со ПИК Сегед, во мечот што се одложи поради ковид-19 кај унгарскиот тим уште на стартот на сезоната. Откако црвено-црните ги нападна короната, па поради тоа ги одложија трите меча што требаше во десет дена да ги играат на почетокот на месецов, прво врзаните гостувања со ПСЖ и Порто, а потоа и домашниот меч со ПСЖ, сепак Вардар ќе одигра барем еден меч до крајот на оваа 2020 година и тоа со унгарскиот тим, пишува СПОРТ1. Дуелот е закажан за 22 декември од 20.45 часот, а деновиве вардарци треба да се вратат на редовните тренинзи, откако ќе им заврши изолацијата во која беа ставени еден ден откако загубија на гостувањето кај Кјелце, после четири заразени ракометари по мечот излегоа позитивни на тестирањето. Вардар по пет одиграни меча во групата има три бода, еден повеќе од ПИК Сегед кој исто така има одиграно пет средби досега во елитата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-sepak-kje-ima-mech-do-kraj-na-godinava-eve-koga-i-kade-kje-igra/feed/ 0
Мицкоски вечерва гостин во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат во 22 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vecherva-gostin-vo-emisijata-ekonomski-magazin-na-televizija-alsat-vo-22-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vecherva-gostin-vo-emisijata-ekonomski-magazin-na-televizija-alsat-vo-22-chasot/#respond Wed, 15 Jan 2020 13:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=290044

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе биде дел од емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат-М. Тој преку статус на својот Фејсбук профил ги повика сите да го следат неговото гостување. -Гостувам во емисијата „Економски магазин“ кај Горан Теменугов што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот на Alsat телевизија. Ќе разговараме за економски и политички теми. Следете ме, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vecherva-gostin-vo-emisijata-ekonomski-magazin-na-televizija-alsat-vo-22-chasot/feed/ 0
Вардар на тешко гостување кај Кристијанштад во ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-na-teshko-gostuvanje-kaj-kristijanshtad-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-na-teshko-gostuvanje-kaj-kristijanshtad-vo-lsh/#respond Sat, 23 Feb 2019 09:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=167223

Ракометарите на Вардар денеска од 19 часот против Кристијанштад го играат мечот од 13 коло во група „А“ од Лигата на шампионите. На вардарци им остануваат уште две средби од групната фаза во ЛШ, вечерва со Кристијанштад и против Монпелје на 2 март во Скопје, а овие два натпревари ќе дадат одговор како ќе стартуваат „црвено-црните“ во осминафиналето и кој ќе биде нивниот следен ривал. За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски, а тренерот на тимот Роберто Парондо изјави дека уште неколку играчи имаат проблеми, но тие ќе бидат во комбинација за натпреварот во Шведска. – Кристјанштад има нов тренер и тие покажаа дека играат добро на домашен терен, сосема спротивно кога се гости. Затоа не знаеме што се може да подготват. Ние сме подготвени да играме онака како што знаеме. Играчите се подготвени за она што следи. Забораваме што било претходно и мислиме само на она што следи. Ќе биде секако тешко поради проблемите што ги имаме, вели Парондо. На првиот меч сезонава во Скопје, Вардар триумфираше со 33-25.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-na-teshko-gostuvanje-kaj-kristijanshtad-vo-lsh/feed/ 0
Јанакопулос гостувањето на Реал го чини 300.000 евра https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/janakopulos-gostuvanjeto-na-real-go-chini-300-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/janakopulos-gostuvanjeto-na-real-go-chini-300-000-evra/#respond Sun, 22 Apr 2018 13:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=44504

Претседателот на грчкиот кошаркарки клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, ја продолжи неговата лична „војна“ со Евролигата, одбивајќи да ја почитува определената суспензија. Евролигата му забрани на Јанакопулос пет месеци да присуствува на натпревари (до 30 јуни), но тој редовно доаѓа во „ОАКА арената“ во Атина. Прво беше казнет со 60.000 евра за писуството на дербито со Олимпијакос од 24 коло во регуларниот дел, а потоа со 120.000 евра бидејќи во вторникот се појави на првиот натпревар од плејофот со Реал Мадрид. Тоа воопшто не го вознемири па два дена подоцна се појави и на вториот натпревар од плејофот, а поради повторување на прекршокот новата казна беше повисока и изнесува 180.000 евра. Јанакопулос гостувањето на Реал во Атина вкупно ќе го чини 300.000 евра. Панатинаикос на следните два натпревари му гостува на Реал, но бидејќи серијата се игра во пет натпревари, последниот ќе се одржи во грчката престолнина и најверојатно таму повторно ќе се појави Јанакопулос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/janakopulos-gostuvanjeto-na-real-go-chini-300-000-evra/feed/ 0