Готабаја Раџапакса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jul 2022 06:31:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Готабаја Раџапакса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прифатена оставката на претседателот на Шри Ланка, функцијата привремено ја презема премиерот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifatena-ostavkata-na-pretsedatelot-na-shri-lanka-funkcijata-privremeno-ja-prezema-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifatena-ostavkata-na-pretsedatelot-na-shri-lanka-funkcijata-privremeno-ja-prezema-premierot/#respond Fri, 15 Jul 2022 06:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=705460

Претседателот на Парламентот на Шри Ланка ја прифати поднесената оставка на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, откако тој побегна во Сингапур пред бунтот на народот предизвикан од најлошата економска криза. Најавено е дека должноста претседател привремено ќе ја преземе премиерот на Шри Ланка. Во своето обраќање до нацијата, претседателот на парламентот истакна дека премиерот Ранил Викремесинге ќе положи заклетва како вршител на должноста додека парламентот не избере нов шеф на државата. Викремесинге во средата беше именуван за вршител на должноста претседател откако Раџапакса избега од државата, но сега повторно ќе мора да биде именуван откако беше прифатена оставката на Готабаја. Според претседателот на Парламентот процесот за избор на нов претедател би требало да заврши за седум дена, а парламентот на државата на седница закажана за утре би требала да одлучи кога законодавното тело со 225 места ќе бира нов претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifatena-ostavkata-na-pretsedatelot-na-shri-lanka-funkcijata-privremeno-ja-prezema-premierot/feed/ 0
Со сопругата побегнаа на Малдивите: Претседателот на Шри Ланка поднесе оставка преку меил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-soprugata-pobegnaa-na-maldivite-pretsedatelot-na-shri-lanka-podnese-ostavka-preku-meil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-soprugata-pobegnaa-na-maldivite-pretsedatelot-na-shri-lanka-podnese-ostavka-preku-meil/#respond Thu, 14 Jul 2022 15:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=705266

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса му испрати меил на Парламентот, каде поднесува оставка од претседателската функција. Тој и неговата сопруга вчера побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили. Сега, Раџапакса слетал во Сингапур, каде бил во „приватна посета“, според тамошните власти, а ниту побарал, ниту му е одобрен азил. За време на викендот, демонстранти упаднаа во неговата претседателска вила, а вчера ја зазедоа и канцеларијата на премиерот Ранил Викрамасинге, кој брзо ја презеде функцијата вршител на должноста претседател. Незадоволни граѓани на Шри Ланка сега бараат оставка од премиерот. Земјата има недостиг од храна, лекови, гориво и се наоѓа во најлошата економска криза од стекнувањето на својата независност во 1948 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-soprugata-pobegnaa-na-maldivite-pretsedatelot-na-shri-lanka-podnese-ostavka-preku-meil/feed/ 0
Претседателот на Шри Ланка не ја поднесе ветената оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-ne-ja-podnese-vetenata-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-ne-ja-podnese-vetenata-ostavka/#respond Thu, 14 Jul 2022 05:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=704811

Претседателот на Парламентот на Шри Ланка Махинда Јапа Абејвардена чека на писмото со оставка од претседателот Готабаја Раџапакса, соопшти информативниот портал „Њуз фрст“ повикувајќи се на изјава на претседателот на Собранието. Абејвардена уште потсети на ветувањето на Раџапакса дека оставката ќе да достави по писмен пат в среда, на 13 јули, но оти документот се уште не стигнал во Парламентот. Денеска на веб-страницата на весникот „Ланка Дејли Мирор“ беше објавено дека Раџапакса во средата не полетал од Малдивите за Сингапур. Претседателот и неговата сопруга, заедно со двајца безбедносни службеници, планирале да го напуштат Мале во среда, но не се качиле во авионот за Сингапур од безбедносни причини. Претседателот на Шри Ланка Раџапакса, придружуван од неговата сопруга, во средата вечерта со воен авион го напушти Коломбо и полета за Малдиви. Тој остави писмен документ со кој го информира претседателот на Парламентот дека го назначил премиерот Ранил Викрамасинге за вршител на должноста претседател поради „отсуство од земјата“. Потоа беше објавено дека Раџапакса ќе испрати формално писмо со оставка до претседателот на Парламентот, Махинда Јапа Абејвардена. Според индиската телевизија Република, Раџапакса ќе добие азил во Сингапур. Минатата сабота илјадници демонстранти излегоа на улиците на Коломбо барајќи оставка од шефот на државата. Ги зазедоа резиденциите на претседателот и премиерот, а опожарена беше и личната резиденција на премиерот. Протестите предизвикани од лошата финансиска и економска состојба на островот не стивнуваат од почетокот на април. Земјата се соочува со сериозен недостиг од девизи, горива, нафтени деривати, ѓубрива, храна за одредени групи население и лекови. Во такви услови мнозинството на населението бара целосна смена на власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-ne-ja-podnese-vetenata-ostavka/feed/ 0
Претседателот на Шри Ланка побегна од земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-pobegna-od-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-pobegna-od-zemjata/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=704214

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, побегнал од земјата од земјата рано во мугрите по локално време, извести агенцијата Associated Press повикувајќи се на неименуван миграциски службеник. Раџапакса, неговата сопруга и два телохранители се качиле на авион на националните воздухопловни сили кој полетал во западна насока за Мале, главниот град на 700 километри оддалечените Малдиви. Претходно во вторникот агенцијата AFP јави дека Раџапакс, во вторникот доживеал понижувачка конфронтација со службениците на имиграциските служби на аеродромот во Коломбо, кои му оневозможиле да замине во странство. Службениците за имиграција не сакале да влезат во ВИП салонот и таму да му втиснат печат во пасошот, а Раџапакса рекол дека нема да оди на шалтерот, бидејќи стравува од одмазда на другите лица на аеродромот. Претседателот и неговата сопруга преноќиле кон вторникот во воената база крај меѓународниот аеродром, откако пропуштиле четири летови со коишто можеле да отпатуваат во Обединетите Арапски Емирати. Раџапакса, како шеф на државата, има имунитет од апсење а се верува дека обидите да замине во странство пред поднесувањето оставка се за да ја избегне можноста да биде приведен. Седумдесет итригодишниот претседател Раџапакса ја напуштил службената резиденција во Коломбо, непосредно пред во неа да упаднат десетици илјади демонстранти, и се обидел да отпатува за Дубаи. Демонстрантите упаднаа и во резиденцијата на премиерот Ранил Викремесинге, кој рече дека ќе ја напушти должноста откако ќе биде формирана новата влада. Раџапакса, како што беше најавено, во средата подоцна требаше да поднесе оставка на претседателската должност за да го отвори патот за формирање влада на националното единство, откако илјадници демонстранти во саботата упаднаа во претседателската резиденција барајќи ја неговата оставка. Со отстапувањето од должноста на Раџапакса, премиерот Ранил Викремасинге автоматски станува вршител на должноста претседател додека парламентот не избере пратеник кој ќе го отслужи мандатот до ноември 2024 година. Според најавите наследникот на Раџапаска треба да биде избран во парламентот на 20-ти јули. Семејството Раџапакса, од кое потекнува и поранешниот премиер Мхинду Раџапаска, со години доминираше со политиката на Шри Ланка со 22-милионско населени и повеќето од нивните сонародници ги обвинуваат за моменталните големи економски проблеми. Готабаја е последниот од шесте членови на ова највлијателно семејство во земјата кои беа на највисоките функции во Шри Ланка. Националната економија која е зависна од туризмот беше тешко погодена од двегодишната пандемија на Covid-19 и падот на дознаките од странство, додека забраната за користење хемиски ѓубрива го намали земјоделското производство. Забраната подоцна беше отповикана, но земјата од пред повеќе половина година се соочи со намалени испораки на храна и неможност поради намалената финансиска моќ за интервентни набавки на храна и горива. Тоа предизвика масовни протести против лошите политики на властите и воведување привремена вонредна состојба. Шри Ланка не го исплати во април својот странски долг од 51 милијарда долари и преговара со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) за можна финансиска помош. Островската земја речиси ги исцрпи своите и онака сиромашни резерви од горива. Владата нареди затворање на канцелариите кои не се неопходни, како и училиштата за да го намали патувањето до работните места за да се заштеди гориво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-pobegna-od-zemjata/feed/ 0
Претседателот на Шри Ланка најави дека ќе поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-najavi-deka-kje-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-najavi-deka-kje-podnese-ostavka/#respond Mon, 11 Jul 2022 06:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=703047

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса го известил премиерот Ранил Викремесинге дека ќе поднесе оставка, соопшти денеска кабинетот на премиерот. И премиерот Викремесинге рече дека ќе се повлече за да дозволи привремената влада составена од сите партии да ја преземе власта по масовните протести во саботата поради економската криза. Лидерите на протестното движење вчера најавија дека демонстрантите ќе останат во резиденциите на претседателот и премиерот во Коломбо, додека тие не си заминат од функциите. Во Коломбо, најголемиот град во Шри Ланка, денеска се одржуваат мирни протести, а стотици луѓе влегоа во секретаријатот и резиденцијата на претседателот и ги посетија зградите од колонијалната ера. Полицијата не се ни обидела да ги спречи. Земјата со 22 милиони жители се бори со сериозен девизен недостиг што го ограничи основниот увоз на гориво, храна и лекови, втурнувајќи ја во најголемата економска криза од независноста во 1948 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-najavi-deka-kje-podnese-ostavka/feed/ 0
Претседателот на Шри Ланка понуди оставка по бранот протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-ponudi-ostavka-po-branot-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-ponudi-ostavka-po-branot-protesti/#respond Sat, 09 Jul 2022 17:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=702717

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса одлучи да се повлече од функцијата на 13 јули, објави денеска парламентарниот спикер Махинда Јапа Абејвардена. Соопштението е објавено откако демонстрантите побараа од претседателот и премиерот да поднесат оставка. Тие упаднаа во резиденцијата и канцеларијата на претседателот и ја запалија приватната резиденција на премиерот. „На претседателот му треба време да поднесе оставка за да обезбеди непречена транзиција на власта“, рече Абејвардена во изјавата емитувана на телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-shri-lanka-ponudi-ostavka-po-branot-protesti/feed/ 0
Демонстрантите упаднаа во резиденцијата на Раџапакса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrantite-upadnaa-vo-rezidencijata-na-radzapaksa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrantite-upadnaa-vo-rezidencijata-na-radzapaksa/#respond Sat, 09 Jul 2022 09:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=702615

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса. Раџапакса ја напуштил резиденцијата неколку минути пред упадот на демонстрантите и армијата го одвела на непозната локација. Демонстрантите кои со недели протестираат бараат оставка од Раџапакса поради економската криза. Шри Ланка се наоѓа во најлошата економска криза уште од прогласувањето на независност во 1948 година. Земјата се соочува со основни потреби – храна, гориво, лекови, гас тоалетна хартија, кибрити и друго. Претседателот Раџапакса не успеа да ја реши најлошата економска криза ни со обезбедување финансиска поддршка од Кина и од Индија. Тој изјави дека побарал помош и од Русија за надминување на економската криза. Минатиот месец во Шри Ланка беше забранета продажба на гориво во период од две седмици. Од владината одлука исклучени беа службите за јавен превоз, возови, како и возила што се користат во итни служби и за достава на храна. Паралелно, Владата донесе одлука во тој период да се затворат училиштата во урбаните подрачја, а граѓаните беа советувани да работат од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrantite-upadnaa-vo-rezidencijata-na-radzapaksa/feed/ 0