готовина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Mar 2020 10:55:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png готовина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австријците дневно подигнуваат 600 милиони евра во готовина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrijcite-dnevno-podignuvaat-600-milioni-evra-vo-gotovina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrijcite-dnevno-podignuvaat-600-milioni-evra-vo-gotovina/#respond Wed, 18 Mar 2020 10:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=318271

Побарувачката на пари во готовина е зголемена два до три пати во Австрија поради кризата со пандемијата на коронавирусот. Гувернерот на Националната банка на Австрија, Роберт Холцман укажува дека Австријците дневно подигнуваат околу 600 милиони евра во готовина. Тој истакна дека има доволно готовина и банкоматите се полни, додавајќи дека Австријците вообичаено дневно подигнуваат околу 200 милиони евра. Холцман изјави дека околу 9.000 банкомати низ земјата се полни секојдневно, па доколку на некој апарат снема пари, тоа може да трае само до следниот ден. Препорака е да не се користат пари во готовина, туку повеќе да се плаќа со картичка. Дури и службите за доставување храна преминале на безготовинско плаќање со цел да се намали ризикот од зараза. Поради актуелната ситуација, Националната банка на Австрија воведе почести консултации со банките за состојбата со резервите на пари, односно ликвидноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrijcite-dnevno-podignuvaat-600-milioni-evra-vo-gotovina/feed/ 0
Народна банка апелира: Користете помалку готовина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodna-banka-apelira-koristete-pomalku-gotovina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodna-banka-apelira-koristete-pomalku-gotovina/#respond Tue, 17 Mar 2020 13:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=317783

Народната банка во насока на заштита на здравјето на граѓаните апелира помалку да се користи готовина и да се зголеми употребата на платежните картички и другите алтернативни електронски начини на извршување на трансакциите. – На таков начин ќе го заштитите сопственото здравје, како и здравјето на сите околу вас, истакнуваат од Народна банка. Воедно им се препорачува на банките да ги разгледаат можностите за наамлување на провизиите поврзани со безготовински трансакции. – За намалување на ризиците од употребата на денарската готовина, воведовме зајакнати протоколи за постапување, коишто се однесуваат на редовно повлекување на банкнотите и монетите што се во циркулација и нивно чување во карантин пред повторното пуштање во промет, а воедно ги укинавме и повизиите коишто ги наплатуваме од банките за полагање и подигање денарска ефектива. Ваквата процедура ќе се почитува и од страна на банките со кои остваруваме активна комуникација со цел заеднички да обезбедиме сведување на ризиците од контаминација и пренесување на заразата преку готовината којашто е во оптек на најниско ниво, велат од Народна банка. Особено се препорачува претпазливост при користење на странска готовина односно девизи кои се внесени од друга држава и носи ризик од пренесување на заразата. Препорака е ваквите девизи да се разменат во овластени банки и менувачници по што ќе се применат посебни мерки за постапување и со оваа готовина, за да се намали можноста за пренесување зарази преку овој канал. Од Народна банка апелираат до сите граѓани да ги следат и да се придржуваат кон препораките од надлежните органи со цел што побрзо и поефикасно справување со настанатата состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodna-banka-apelira-koristete-pomalku-gotovina/feed/ 0
Грција ги укинува ограничувањата за подигнување готовина од банкомати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-za-podignuvanje-gotovina-od-bankomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-za-podignuvanje-gotovina-od-bankomati/#respond Fri, 28 Sep 2018 08:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=107317

Со одлука на Министерството за финансии на Грција, од 1 октомври Грците без ограничувања ќе можат да подигнуваат готовина од банкоматите. Со тоа по повеќе од три години се укинува ограничувањето за подигнување готовина, воведено со мерките за контрола на капиталот. Како што јави дописничката на МИА од Атина, одлуката од грчкото Министерство ќе биде објавена во Службен весник, а се однесува на измени на ограничувањата во два конкретни случаи: секаков вид на подигнувања готовина без ограничување и движење на капитал во внатрешноста на земјата, додека пак во следниот период се очекува комплетно да бидат укинати ограничувањата за пренесување капитал во странство. Ограничувањата за подигање готовина беа воведени на 29 јуни 2015, кога дневниот дозволен износ за Грците беше 60 евра. Со текот на времето, како што се подобруваше финанската состојба на земјата, се воведуваа олеснувања, а сега граѓаните нема да имаат никакви ограничувања за подигнување готовина од банкоматите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-za-podignuvanje-gotovina-od-bankomati/feed/ 0