Гоце Сарафимов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 12:14:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гоце Сарафимов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-tsenata-na-svinskoto-meso-se-zgolemi-za-40-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-tsenata-na-svinskoto-meso-se-zgolemi-za-40-denari/#respond Wed, 06 Sep 2023 12:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=875208

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи. -Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов. Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото. Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-tsenata-na-svinskoto-meso-se-zgolemi-za-40-denari/feed/ 0
Сарафимов: Нема покачување на цената на месото, оти житото е со ниска цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-nema-pokachuvane-na-tsenata-na-mesoto-oti-zhitoto-e-so-niska-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-nema-pokachuvane-na-tsenata-na-mesoto-oti-zhitoto-e-so-niska-tsena/#respond Fri, 18 Aug 2023 13:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=868424

Цената на месото нема да се зголеми, дециден е потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов, кој воедно е и еден од поголемите производители на месо во штипско-карбинскиот регион. Тој денеска посочи дека токму ниската цена на јачменот и пченицата оваа година ќе ја одржи иста цената на месото. Според него, житото годинава бележи намалување на цените и нема оправдана причина поради која би се зголемила цената на месото. - Нема да има покачување на месото оти житарицата беше евтина, дури цената е намалена од ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат како и млечната, а цената на млекотопроизводителите го намалија, од 35 на 30 денари,  вели Сарафимов. Со цена од 140 денари жива мера производителите на месо, односно фармерите се задволни од цената која во овој момент е повеќе од реална, додава Серафимов. Цената на јачменот оваа година беше девет денари, а потоа падна уште повеќе на осум денари за килограм. Земјоделците се жалеа на проблемот дека никој не го откупува житото. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-nema-pokachuvane-na-tsenata-na-mesoto-oti-zhitoto-e-so-niska-tsena/feed/ 0