готвач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 13:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png готвач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе одговара за 88 самоубиства: Еве што правел овој готвач од Канада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-odgovara-za-88-samoubistva-eve-shto-pravel-ovoj-gotvach-od-kanada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-odgovara-za-88-samoubistva-eve-shto-pravel-ovoj-gotvach-od-kanada/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=870896

Британската Национална агенција против криминал (НЦА) поведе официјална истрага против канадскиот готвач Кенет Ло поради поврзаност со 88 смртни случаи во Велика Британија. Тој преку својата интернет страница ги снабдувал суицидалните лица со смртоносен отров. НЦА наведе дека соработува со сите полициски сили за идентификација на потенцијалните жртви. Списокот на Интерпол со детали за 232 негови британски клиенти беше предаден на агенцијата во Канада, а подоцнежната истрага покажа дека 88 лица починале во Велика Британија Ло (57) е уапсен во Канада неколку дена откако Тајмс откри дека тој две години продавал отров на интернет. Тој на новинар на тајна задача му признал дека „многу, многу, многу, многу“ луѓе починале откако ја зеле супстанцата. Според весникот аеронаутичкиот инженер кој станал готвач испорачал 1.200 пакети во 40 земји и е под истрага на полицијата во САД, Италија, Австралија и Нов Зеланд. Согласно законите во Канада и во Велика Британија за помагање при самоубиство предвидена е максимална казна од 14 години затвор. Ло денеска ќе се појави пред судот во Онтарио на сослушување за кауција. Тој, претходно соочен со обвиненијата за помагање и поттикнување на самоубиство, изјави „само продавам производ. Можеби сакате да ги спречите луѓето да купуваат ножеви и пиштоли“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-odgovara-za-88-samoubistva-eve-shto-pravel-ovoj-gotvach-od-kanada/feed/ 0
Семејството Обама во тага, се удави нивниот личен готвач – се огласија по трагедијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvoto-obama-vo-taga-se-udavi-nivniot-lichen-gotvach-se-oglasija-po-tragedijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvoto-obama-vo-taga-se-udavi-nivniot-lichen-gotvach-se-oglasija-po-tragedijata/#respond Tue, 25 Jul 2023 19:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=860009

Еден од личните готвачи на семејството на поранешниот претседател Барак Обама се удавил додека пловел на даска со весло во Мартас Винјард, остров недалеку од брегот на Масачусетс. Телото на Тафари Кемпебл (45) од Дамфрис, Вирџинија, било пронајдено по дводневна потрага во Едгартаун грејт понд, во близина на домот на семејството Обама, јави денеска Ен-пи-ар. Полицијата на Масачусетс соопшти дека поранешниот претседател не бил присутен за време на давењето. Кемпбел служел како готвач за сосови во Белата куќа додека Обама беше претседател и во 2016 година заминал да работи за поранешниот претседател и неговата сопруга. Во заедничка изјава споделена со американските медиуми, семејството на Обама соопшти дека Кемпбел бил „сакан дел од нашето семејство“. -Кога првпат го сретнавме тој беше талентиран главен готвач за сосови во Белата куќа, креативен и со страст за храна и неговите можности да ги поврзе луѓето. Во годините што поминаа го знаеме како топла, забавна и исклучително љубезна личност кој ги направи нашите животи малку посветли, изјавија од семејството Обама. Кемпбел бил забележан последен пат во неделата, негов пријател кој исто така пловел на даска видел кога тој паднал во водата, кратко се борел да остане на површината за да потоне целосно, се наведува во извештај од полицијата. Готвачот оставил зад себе сопруга и двајца синови близнаци, соопшти семејството Обама.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvoto-obama-vo-taga-se-udavi-nivniot-lichen-gotvach-se-oglasija-po-tragedijata/feed/ 0
Младата ѕвезда од познатото кулинарско шоу почина на 14 години од рак https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mladata-dzvezda-od-poznatoto-kulinarsko-shou-pochina-na-14-godini-od-rak/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mladata-dzvezda-od-poznatoto-kulinarsko-shou-pochina-na-14-godini-od-rak/#respond Thu, 19 Nov 2020 09:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=431592

Четиринаесетгодишниот Бен Боткинс, ѕвезда на популарното ТВ шоу „Мастер шеф јуниор“ починал од рак, потврди неговото семејство. Бабата на Бен, Дона Едвардс и неговиот вујко Ентони Едвардс во соопштението објавиле дека 14 годишното момче по година ипол ја загубило битката со болеста. Младиот готвач се прослави во 2018 година кога се појавил во американската верзија на познатот кулинарско шоу. Информацијата за неговата прерана смрт на Твитер ја сподели и познатиот готвач Гордон Ремзи, кој бил еден од судиите на натпреварувањето во кое Бен учествувал. Бен Воткинс е од Чикаго и своите кулинарски вештини ги стекнал работејќи во ресторанот на својот татко. Бен останал без своите родители пред три години кога татко му ја убил мајка му, па се самоубил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mladata-dzvezda-od-poznatoto-kulinarsko-shou-pochina-na-14-godini-od-rak/feed/ 0
Компаниите кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kompaniite-kuburat-so-struchen-kadar-nema-bravari-mesari-kasapi-gotvachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kompaniite-kuburat-so-struchen-kadar-nema-bravari-mesari-kasapi-gotvachi/#respond Mon, 09 Nov 2020 11:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=426861

Вкупно 62 отсто од компаниите во земјава се соочуваат со недостиг на стручен кадар. Според последните анализи на Стопанската комора, нема доволно бравари, монтери, месари, касапи, келнери, готвачи. Како што беше речено денеска на прес-конференција, стручниот кадар е потребен во сите сектори, но засега најмногу кубурат машинската индустрија, електротехничката струка, прехранбената и хемиската индустрија, туризмот и угостителството. Комората апелира, бизнис заедницата активно да се вклучи во креирањето кадар со соодветни вештини и компетенции, согласно потребите на пазарот на трудот, преку процесот на дуално образование. Вакви позитивни примери има неколку, но не доволно. -Потребен е максимален ангажман за дизајнирање пазарно-оперативни програми според потребите на компаниите, да постои комбинација на теоретска настава во школо и практична во компаниите. Стручен кадар е потребен во сите сектори на квалификации, но најмногу во секторот машинство и тоа за потреба на лица како оператори за машинско одржување и оператори на производна линија околу 362 лица, за машински техничари, оператори со ЦНЦ машини и бравари 124 лица, во секторот електротехника потребата се јавува за електричари, монтери и електротехничари околу 80 лица, во угостителство и туризам за келнери и готвачи околу 70 лица, во прехранбената индустрија потребата е од хемиски техничари, месари и касапи околу 70 лица, истакна в.д. директораката Билјана Пеева Ѓуриќ. Според неа, досега преку Комората се обучени и сертифицирани околу 300 ментори од 245 компании. -Додадената вредност е видлива и во грижата дали компанијата ги исполнила условите за реализација на практичната обука преку верификација што ја спроведува Комората. Процесот на верификација го поминале 25 компании, со тенденција бројот да расте, поради тоа што свеста кај компаниите за вклучување на учениците за реализација на практичната обука се зголемува, а тоа се гледа и од бројот на обучени ментори кои ќе работат со учениците, дополни Пеева Ѓуриќ. Анета Петровска – Русомароски од ЕВН Македонија, лидер на проектот 20-20-20, информира дека од септември годинава првата генерација ученици веќе им се колеги, а тоа е потврда дека дуалното образование станува ефикасно. -Бенефитот е двостран, компаниите добиваат имаат стручен кадар, а учениците стручно образование, напомена Петровска – Русомароски и соопшти дека во тек е нова програма, на македонски во Скопје и на албански во Гостивар, која овозможува да се обучуваат сите ученици од државата. Лирим Сулејмани, раководител на КЕЦ Васил Главинов, пак, додаде дека она што беа наши цели, сега се реалност. – Преку симбиоза на тероријата и праксата добивме стручен и компетентен кадар со вештини потребни на пазарот на трудот и специфичните потреби на нашата компанија. Дуалното образование освен стекнување соодветни вештини подразбира она што ќе го слушант, учениците да го пренесат во реални, практични услови. Ставањето акцент на практичниот дел значи и стекнување деловна култура, дисциплина, комуникација, однесување, што влијае и на карактерното оформување на кадрите кои по образованието на овој начиј полесно ќе се интегрираат во комапниите, рече Сулејмани. На прес-конференцијата беше посочено и дека мора да се надминат стереотипите – во различните сфери на образование, доедукација и работење да се вклучува секој, независно од етничката, националната или родовата припадност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kompaniite-kuburat-so-struchen-kadar-nema-bravari-mesari-kasapi-gotvachi/feed/ 0
ФОТО: Готвач уапсен затоа што користел канабис за „да проба нови вкусови“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-gotvach-uapsen-zatoa-shto-koristel-kanabis-za-da-proba-novi-vkusovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-gotvach-uapsen-zatoa-shto-koristel-kanabis-za-da-proba-novi-vkusovi/#respond Mon, 30 Sep 2019 06:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=245982

Готвач од Сицилија е уапсен под сомнение дека продавал дрога, откако полицијата пронашла канабис во неговиот дом. Готвачот Кармело Кијарамонте (50) поседувал две големи стебла марихуана и еден килограм индиски коноп. Во неговата куќа во италијанскиот град Катанија, источна Сицилија, беа пронајдени и запленети и вино со вкус на канабис, маслинки, кафе и туна. Готвачот, наводно, сакал само да „испробува нови вкусови“, стои во полицискиот извештај. А, на неговата интернет-страниица стои дека е добар познавач на вкусот на Медитеранот и дека користи разни „ароматични нијанси“. Готвачот е пуштен на слобода и го чека судење. Тој, инаку, е специјалист за сицилијанската кујна и работи како готвач во ресторанот на хотелот „Катан палас“ во Катанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-gotvach-uapsen-zatoa-shto-koristel-kanabis-za-da-proba-novi-vkusovi/feed/ 0
Спречен хорор: Готвачот планирал да ги масакрира колегите и гостите во „Мериот“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-horor-gotvachot-planiral-da-gi-masakrira-kolegite-i-gostite-vo-meriot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-horor-gotvachot-planiral-da-gi-masakrira-kolegite-i-gostite-vo-meriot-video/#respond Thu, 22 Aug 2019 17:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=232473

37-годишен маж е уапсен во Лонг Бич, Калифорнија, под сомнение дека планирал масовно пукање, соопшти полицијата. Родолфо Монтоја, наводно, имал намера да пука во вработените и гостите во хотелот Мериот, каде работел како готвач, изјави вчера шефот на локалната полиција Роберт Луна, јави Си-ен-ен. Полицијата го уапси Монтоја во неговиот дом во Хантингтон бич, откако неговите колеги јавиле во полиција за неговите планови. „Осомничениот Монтоја имал јасна намера да изврши насилно дело што би резултирало со голем број жртви“, се вели во соопштението на началникот на полицијата. При претресот на домот на Монтоја, полицијата пронашла оружје и тактичка опрема со која имал намера да го изврши нападот. Оружје смеел да поседува бидејќи немал кривично досие со кое би бил спречен во тоа. Обвинителството во Лонг Бич се очекува денес и официјално да поведе судска постапка, како и Монтоја да се појави на суд. Не е познато дали Монтоја ангажирал адвокат. Ова апсење во Калифорнија е само едно во низата по смртоносните напади во Дејтон и Ел Пасо од пред две недели. 28 лица се уапсени низ САД во акции наредени од ФБИ со цел да се спречат нови масовни престрелки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-horor-gotvachot-planiral-da-gi-masakrira-kolegite-i-gostite-vo-meriot-video/feed/ 0
Од трон до пропаст: Џејми Оливер става клучеви на рестораните, остава 1300 вработени на улица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-tron-do-propast-dzejmi-oliver-stava-kluchevi-na-restoranite-ostava-1300-vraboteni-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-tron-do-propast-dzejmi-oliver-stava-kluchevi-na-restoranite-ostava-1300-vraboteni-na-ulica/#respond Thu, 30 May 2019 12:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=203638

Славниот готвач Џејми Оливер изјавил дека е исклучително тажен откако процесот на затворање на неговиот ланец на ресторани го презеде ревизорската куќа “KPMG”, што довело до прашање околу 1300 работни места. Најпрвин беше погоден неговиот ланец од 23 италијански ресторани, но наскоро ќе се затворат и преостанатите ресторани “Fifteen” и “Barbecoa”. Минатата година започна пропаста на славниот готвач кога беше принуден да додели 600 откази и да затвори 12 ресторани. Во тие моменти, од целосен колапс го спасила финансиската инјекција која ја примил од своите инвеститори. -Знам колку е ова тешко за сите нас. Би сакал да им се заблагодарам на сите клиенти кои уживаа во нашите јадења и кои нè поддржуваа во последната деценија, беше вистинско задоволство да ве услужуваме, неодамна соопштил Џејми. Во 2017 година, готвачот го затвори својот ресторан „Union Jacks” и престана да го издава своето списание „Jamie” кое беше публикувано речиси десет години, пишува Би-Би-Си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-tron-do-propast-dzejmi-oliver-stava-kluchevi-na-restoranite-ostava-1300-vraboteni-na-ulica/feed/ 0
Познат готвач приведен во Лос Анџелес: Во торбата имал 40 пирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poznat-gotvach-priveden-vo-los-andzeles-vo-torbata-imal-40-pirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poznat-gotvach-priveden-vo-los-andzeles-vo-torbata-imal-40-pirani/#respond Thu, 09 May 2019 08:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=195856

Познатиот јужноамерикански готвач Виргилио Мартинез бил запрен на аеродромот во Лос Анџелес со торба во која имало 40 пирани. Царинските службеници минатата недела го однесоа во просторијата за испитување кога најдоа замрзнати, вакуумски затворени пирани, објави АП. По пет часа, готвачот беше пуштен со рибата. Таа ноќ, како што кажа за „Лос Анџелес тајмс“, пираните ги користел за да направи салата. Мартин е сопственик на ресторанот „Централ“ во Лима, кој беше прогласен за најдобар во Латинска Америка во 2014 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poznat-gotvach-priveden-vo-los-andzeles-vo-torbata-imal-40-pirani/feed/ 0
Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/#respond Wed, 13 Mar 2019 12:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=174269

Требаше да биде банкар… По теркот  на неговите родители… Да ја продолжи семејната традиција, ама… Наместо зад шалтерот или крај сефот, заврши крај шпоретот во кујната! А таму, како што е банкарот на Лила  најпознатиот и најпопуларен банкар, така и Шеф Влатко Огненовски стана најпознатиот готвач  во Македонија, а можби и пошироко… Волшебник во кујната, чии раце намирниците и зачините ги претвораат во вистинска гастрономска уметност, чиј изглед, мирис и вкус ги опиваат сетилата, мамејќи ги и очите и душата. Секој што ја пробал неговата магија од кујната пренесена на трпезата, знае дека вкусил дел од светската кулинарска традиција, преточена во еден сегмент од неговиот гастрономски мозаик на знаења, искуства и кулинарски вештини. Сепак, времето тече, годините минуваат, а Шеф Огненовски опиен од кулинарските мириси во неговиот свет, несебично животот ќе и го посвети на својата љубов и пасија претворени во професија… Но, љубовта кон она што професионално те преокупира и исполнува не е доволна, ако е празна душата… Пропатувал низ многу земји по светот, среќавал многу различни традиции, националности, религии, различни луѓе, различни кујни, убавини и убавици… Арно ама, ниту една до сега, до неговата 45 година не успеала да му влезе под кожа, да направи да му зоврие крвта во вените, а срцето да му заигра до таа мерка, за да може да каже дека ете, таа е ТАА – вистинската! Изборот на неговиот живот, неговиот омилен љубовен специјалитет! Се до неодамна… До пред еден месец кога на едно од многуте патувања при престојот во Киев, Украина не ја запознал неа… Зачинот на неговит живот, зашто, како што и самиот вели, љубовта тоа и е… Особено кога истата ќе се роди на прв поглед! Русокосата украинска убавица Олга Кошченко, која ќе му ги побрка „љубовните лончиња“, потикне сетилата, активира хемијата… Тогаш се’ друго станува неважно… Освен таа, љубовта на неговиот живот, неговата „дјевушка блондинка“ без која секоја ноќ е проклето долга како Волга… неговата Олга! Зашто како што самиот еднаш ќе изјави: „Без љубов си никој и ништо“! Во кујната, ама и во животот! Убавата Украинка за миг ќе го маѓепса, па Шеф Влатко по дружбата со неа и доаѓањето дома, има само една мисла во главата: Како да ја види повторно? И одлуката е донесена… Рецептот за животна среќа е пронајден! Олга мора да биде негова, да стане македонска снаа! Свршенички прстен и повратен билет за првиот лет во правец Скопје – Киев – Скопје… Зашто кога душата е гладна, а срцето празно, кујната не е доволна, а уште помалку комплетна. Доволен е само еден бакнеж, неговото парашање ДАЛИ… и нејзиното… ДА! И шармантната Украинка од април е новата македонска „шефица“… Или поточно, најдрагоцениот и најскап зачин во кујната на неговиот живот. Најубавиот и најслаткиот специјалитет во животното мени на Шеф Влатко Огненовски! Дјакују! Нека им е среќно и вечно!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/feed/ 0
Млад македонски готвач ја покори Малта: Вкус, уметност и традиција од вештите раце на Зоран (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/#respond Sat, 24 Mar 2018 09:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=32676

За македонската храна светот одамна има слушнато. На нашите традиционални специјалитети се насладуваат сите кои ја посетуваат Македонија. Но, лесно е некој да вкуси одлични оброци, тешко е истите да се приготват. Зоран Богдановски од Скопје “занаетот“ го научи дома. Тој е млад професионален готвач. Откако со вкусовите експериментираше во земјава и кога ја проучи целата магија на храната, си постави себеси силни и високи цели. И замина да се усоврши себеси во Малта. Таму живее четири години, а предизвик му е секој еден зготвен оброк. Храната за него претставува професија, но и пасија и уметност. На неговото мени, во моментов е храна од кујната на Азија, а верувале или не, дури и во такви оброци ја вметнува традицијата на Европа. -Работам вo ресторан Buddhamann. Во суштина тоа е ресторан за традиционална азиска кујна. Јас ги земам класичните традиционални рецепти од нивната култура и традиција, но ги пренасочувам во европски стил. Тоа значи дека пробувам да им вметнам европско влијание на начин што ја преработувам храната, но и нејзиното презентирање. Кога почнав да работам во оваа компанија имав малку загубена волја да давам се од себеси. Но, тоа што овде го видов ми даде огромен поттик да продолжам да ја работам професијата која ја сакам. Научив многу. Видов рецепти и јадења кои за мене беа “од друг свет“, рече Зоран во изјава за КУРИР.МК. И навистина, на ова работно место, вештите раце на нашиот готвач, се максимално искористени. Кога влезе во нивната кујна, Зоран ги запозна тајните во кулинарството од една сосема поинаква страна. -Го запознав течниот азот и неговата магија. Научив што може да се постигне со него. Видов молекуларни сфери, пена која заменува глазури и сосови и е многу поефектна. Бев запознаен со францускиот начин на готвење sous-vidе, готвење на месо по 40 часа на фиксна температура…. Добив сосема поинаков видик на храната и готвењето генерално, раскажува тој. Богдановски тој период неуморно работи. Секој ден му е нов предизвик. Ужива во секоја готова чинија, идеална и за јадење и за гледање. Резултатите од макотрпната работа, брзо ги чувствува. -Менаџментот на компанијата веднаш ја забележа мојата посветеност и мојот талент. Ми понудија да го водам ресторантот и да се грижам за него. Тоа беше огромен предизвик. Решив да го прифатам. Ја искористив шансата, продолжив да работам силно за да не ги изневерам. Таа година бев прогласен за најдобар готвач новодојденец. Истата година добив повик од најчитаниот магазин за храна во Малта, “Foodist”. Изразија интерес за начинот на кој готвам, а по една недела веќе тропнаа на мојата врата. Ги погледнаа и вкусија моите јадења, беа воодушевени. Ги фотографираа чиниите, направивме фотосесија и од нив ги добив сите пофалби. Тоа многу ни помогна, ни го крена рејтингот на ресторанот. Потоа следуваше уште едно позитивно изненадување. Бевме прогласени за еден од најдобрите 10 ресторани на Макта, раскажа Зоран за КУРИР.МК. Убаво велат старите дека добриот глас далеку се слуша. Тоа му се случи и на нашиот готвач. Минатата година врвни готвачи од многу земју ширум светот го посетија ресторанот и ја следеа работата на нашиот Зоран. Од нив научи значајни лекции. -Запознав врвни готвачи од Шпанија, Франција, Индија, Тајланд... Сите тие несебично ги поделија со мене своите искуства и ми помогнаа во зголемување на мојот репертоар на техники на готвење, вели тој. И еден ден, Зоки помисли дека иако дава премногу, неговиот талент може многу повеќе. Освен неговиот талент за готвење, за оваа негова одлука пресудни биле решителноста, храброста и посветеноста кои ги поседува во својот карактер. -Во првиот момент кога почувствував дека еуфоријата сака да ми згасне, ги превземав работите во свои раце.Одлучив дека повеќе не сакам да работам по старо мени и решив да воведам мени кое содржи 11 мини стартери, еден интермедиате стартер и две главни јадења. Следеше БУМ. Ресторанот стана многу популарен и заинтересираноста беше огромна, раскажува за КУРИР младиот талент. За него се заинтересира и националната телевизија во Малта. Тие го посетиле нашиот Зоран заедно со екипа од порталот LovingMalta. Направиле врвна експлозија од илустрации во кои храната има форма на предмети од секојдневието. Потоа дојдоа и наградите во вистински раце. -На крајот на 2017-та година на доделувањето на награди за најдобри ресторани добивме „silver spoon award“. Добивме прво место за најдобар ресторан во Малта. Поседуваме и награда за најдобра услуга во ресторанот, рече тој. Ни вети дека ќе оди само напред. Дека досегашниот успех ќе му биде само мотив дека она што искрено се посакува, може да се исполни. Ние му посакуваме многу успех, но и некогаш да ја продолжи професијата дома, за најуникатните вкусови да ги проба и Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/feed/ 0