говедско месо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Sep 2022 08:25:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png говедско месо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Идеја за ручек: Говедско месо во сос од печурки, совршен оброк за септемвриските денови https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ideja-za-ruchek-govedsko-meso-vo-sos-od-pechurki-sovrshen-obrok-za-septemvriskite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ideja-za-ruchek-govedsko-meso-vo-sos-od-pechurki-sovrshen-obrok-za-septemvriskite-denovi/#respond Fri, 09 Sep 2022 08:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=730548

Говедско месо во сос од печурки е богат и вкусен говедски ручек кој можете да го јадете со пире од компири или со ориз како прилог. Иако гулашот се смета за комплициран рецепт кој бара одредени вештини и подолг престој во кујната, ова јадење треба да биде исклучително лесно за подготовка и за почетници и за оние со големо кулинарско искуство. Состојки: 1кг чисто говедско месо исечено на коцки 1/2 лажичка сол 1/4 лажичка мелен црн бибер 1/4 шолја путер 1кг исецкани печурки 1 среден кромид исецкан 5 згмечени чешниња лук 1/4 шолја доматно пире 1 неутрална павлака 4 шолји говедска чорба 2 лажици исушен магдонос 1/2 лажица оригано Подготовка: Намачкајте го говедското месо со сол и бибер и оставете го да отстои 10 минути. Растопете една лажица путер во тенџере и динстајте го месото три до пет минути или додека бојата не добие светло кафена боја. Извадете го месото и оставете го на страна да одмори. Во истата тава повторно растопете го преостанатиот путер и пропржете ги печурките, кромидот и лукот. Продолжете да динстате додека печурките не омекнат. Додадете го говедското месо. Варете уште две минути. Сега додадете го доматното пире, магдоносот, ориганото и говедската супа. Промешајте и доведете до вриење, а потоа покријте и вриејте еден час. Кон крајот, истурете неутрална павлака, промешајте и варете уште две-три минути. Јадењето е подготвено за сервирање, можете да го послужите сам или со прилог по желба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ideja-za-ruchek-govedsko-meso-vo-sos-od-pechurki-sovrshen-obrok-za-septemvriskite-denovi/feed/ 0
Нова ера: По 20 години укинато ембарго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-era-po-20-godini-ukinato-embargo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-era-po-20-godini-ukinato-embargo/#respond Wed, 27 Jun 2018 14:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=70419

Кина го укина ембаргото на увоз на говедско месо од Велика Британија, кое беше во сила повеќе од 20 години, од појавата на сточната болест „кравјо лудило“. Таа одлука ја донесе по неколку години преговори и инспекции на британските штали, истакна британската влада со проценка дека укинувањето на кинеската забрана на Британија ќе и донесе 250 милиони фунти во наредните пет години. Кина ја донесе оваа одлука по посетата на британската премиерка Тереза Меј на почетокот на оваа година, кога Пекинг вети подобрување на пристапот на кинескиот пазар. Кина пред два дена го укина и ембаргото на увоз на говедско месо од Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-era-po-20-godini-ukinato-embargo/feed/ 0