говор на омраза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 11:01:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png говор на омраза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ги заострува правилата за борба против говорот на омраза на интернет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-zaostruva-pravilata-za-borba-protiv-govorot-na-omraza-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-zaostruva-pravilata-za-borba-protiv-govorot-na-omraza-na-internet/#respond Thu, 12 Oct 2023 11:01:48 +0000 https://kurir.mk/?p=888046

Европската комисија ја заврши дискусијата во рамките на Групата на високо ниво за борба против говорот на омраза и кривичните дела мотивирани од омраза, со цел надградба и усогласување на Кодексот на однесување за справување со омразата и нетолеранција со одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ. Целта на изработката на новиот Кодекс на однесување+ е да се зајакне борбата против говорот на омраза на интернет. Како што соопшти денеска Европската комисија, подобрениот Кодекс ќе има за цел да стане алатка која не само што ќе биде реактивна и фокусирана на отстранување на содржините со говор на омраза, туку и да ги поттикнува онлајн платформите да ја подобрат превенцијата и да ги предвидат евентуални закани. - Кодексот на однесување против илегалниот говор на омраза, кој беше донесен во 2016 година, изминативе години стана ефикасен и успешен инструмент за справување со говорот на омраза на интернет. Незаконскиот говор на омраза на платформите брзо се отстранува, а повеќето известувања се разгледуваат од компаниите учеснички во рок од 24 часа. Но, сепак може и треба да се направи повеќе, се наведува во соопштението на ЕК. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, по повод надградбата на Кодексот, заменик-претседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност, Вера Јоурова изјави дека тој е единствена алатка за борба против говорот на омраза. - Нелегалниот говор на омраза нема место во нашето општество, ниту онлајн, ниту офлајн. Законот за дигитални услуги обезбедува јасна правна рамка како да се справиме со нелегалниот говор на интернет. Како што се развиваат дигиталните предизвици, зајакнатиот Кодекс ќе помогне да се справиме со нив на флексибилни начини и во дијалог меѓу технолошките компании, граѓанското општество и Комисијата, нагласи Јоурова. Според еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс Кодексот на однесување, усогласен со водечките онлајн платформи, донесе значителен напредок во справувањето со говорот на омраза преку интернет. - Сепак, дигиталниот пејзаж еволуираше и се соочуваме со нови предизвици и закани во областа на онлајн говорот на омраза и слободата на изразување, истакна Рејндерс. Тој потсети дека во рамки на Законот за дигитални услуги, ЕУ веќе усвои обврзувачки правила за побезбеден и поодговорен интернет простор. - Сега брзо напредуваме кон Кодексот на однесување+ и ги поттикнувам сите потписници наскоро да постигнат амбициозен договор за да придонесат ЕУ да стане место каде што ќе нема место за омраза, додаде Рејндерс. На дискусијата на Групата на високо ниво е разговарано и за регулирањето на говорот на омраза во националните акциски планови за борба против расизмот и антисемитизмот на земјите членки, согласно Акцискиот план на ЕУ за справување со расизмот за периодот 2020-2025 година и Стратегијата на ЕУ за борба против антисемитизмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-zaostruva-pravilata-za-borba-protiv-govorot-na-omraza-na-internet/feed/ 0
Спасовски: Се преземаат мерки за говорот на омраза, припадниците на ЛГБТ имаат повеќе закани кон нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-se-prezemaat-merki-za-govorot-na-omraza-pripadnicite-na-lgbt-imaat-povekje-zakani-kon-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-se-prezemaat-merki-za-govorot-na-omraza-pripadnicite-na-lgbt-imaat-povekje-zakani-kon-niv/#respond Wed, 29 Jun 2022 16:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=697441

МВР презема интензивни мерки во однос на говорот на омраза и тоа е ставено високо на агендата, посебно делот на спроведувањето на Стратегијата за сајбер безбедност и голем дел од граѓаните и препознаваат и пријавуваат, посебно ранливите категории на граѓани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на Маја Морачанин од ДОМ, со посебен фокус на говорот на омраз искажан кон лица од ЛГБТ заедницата. Спасовски рече дека во периодот јануари – мај оваа година за делата ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерскиот систем има осум кривични дела и осум сторители, додека во истиот период во 2021 за говор на омраза имало 14 кривични дела и 13 сторители. -Имаме едно кривично дело загрозување на сигурноста по електронски пат, едно кривично дело и еден сторител, додека во 2021 имало две вакви кривични дела. Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на верска, национална, расна и друга дискриминаторкска основа лани сме имале едно кривично дело и еден сторител додека оваа година немаме, рече Спасовски. Министерот вели дека мора да се признае дека за припадниците на ЛГБТ заедницата има малку повеќе говор на омраза и закани кон нив, а регистрирано е дури и едно кривично дело лихварство за што станало збор на средба на која биле Спасовски и Морачанин. Од јануари 2020 година до мај 2022 на подрачјето на СВР Скопје и во СВР Тетово регистрирани се осум настани поврзани со ЛГБТ заедницата, четири од овие настани се целосно расчистени. -Поднесени се три кривични пријави и едно известување до ОЈО, рече Спасовски додавајќи дека во овие настани се пријавени пет лица, од кои две за насилство, а едно за уцена и едно за лихварство. Министерот исто така додаде дека има регистрирано еден настан за загрозување на сигурноста во Тетово и случајот е расчистен. -Има постапување по уште четири случаи за кои се прибираат дополнителни докази. Ова е фактичката состојба во однос на постапувањето. Сите заедно мора сите да придонесеме да ја сузбиеме оваа состојба, пред се во делот на јавноста и јавната свест, додавајќи дека тоа говорот на омраза е најчест на социјалните медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-se-prezemaat-merki-za-govorot-na-omraza-pripadnicite-na-lgbt-imaat-povekje-zakani-kon-niv/feed/ 0
Со говор на омраза ја коментирал огромната трагедија, овој скопјанец заврши во полициска станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-govor-na-omraza-ja-komentiral-ogromnata-tragedija-ovoj-skopjanec-zavrshi-vo-policiska-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-govor-na-omraza-ja-komentiral-ogromnata-tragedija-ovoj-skopjanec-zavrshi-vo-policiska-stanica/#respond Fri, 26 Nov 2021 17:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=600316

Денеска (26.11.2021) од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по извршени оперативни проверки и активности, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје извршен е информативен разговор во полициска станица со В.Е. од Скопје, поради основи на сомнение дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза. Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на РМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје. Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено Известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-govor-na-omraza-ja-komentiral-ogromnata-tragedija-ovoj-skopjanec-zavrshi-vo-policiska-stanica/feed/ 0
Арсовски: Заев, Димитров, Шекеринска, Османи молчат и очигледно поддржуваат странски политичари да вршат говор на омраза кон македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-zaev-dimitrov-shekerinska-osmani-molchat-i-ochigledno-poddrzuvaat-stranski-politichari-da-vrshat-govor-na-omraza-kon-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-zaev-dimitrov-shekerinska-osmani-molchat-i-ochigledno-poddrzuvaat-stranski-politichari-da-vrshat-govor-na-omraza-kon-makedonskiot-narod/#respond Tue, 01 Dec 2020 19:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=437172

На тема говор на омраза, вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, во 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека актуелната власт односно Заев, Димитров, Шеќеринска и останатите дозволуваат странски политичари до вршат говор на омраза кон македонскиот народ Ксенофобијата е многу лоша после скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев, оргомен број на реакции од страна на граѓаните, но и од друга страна странски политичари кон македонските политичари и македонскиот народ, каде што на некој начин се обидуваат да наметнат потчинетост на нашиот народ што е неопростливо и неоправдано, посочи портпаролот. А од друга страна пак вели Арсовски нема никаков коментар од страна на Владата, што нззачи дека Заев, Димитров, Шекеринска, Османи и останатите молчат значи дозволуваат некој да го понижува македонскиот народ, кој го застапуваат во Владата. За жал имаме таква Влада која дозволува и поддржува очигледно некој да го понижува овој народ, ваква влада нема никаде во светот, влада која не си го заштитува својот народ, истакна Арсовски. Арсовски посочи исто така дека жали затоа што нема претставник на СДСМ на вечерашната дискусија, затоа што би сакал да поразговара јавно за пуленот на СДСМ и лидер во говор на омраза, Бранко Тричковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-zaev-dimitrov-shekerinska-osmani-molchat-i-ochigledno-poddrzuvaat-stranski-politichari-da-vrshat-govor-na-omraza-kon-makedonskiot-narod/feed/ 0
Социјалната мрежа ТикТок се придружува кон ЕУ Кодексот против говор на омраза https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/socijalnata-mreza-tiktok-se-pridruzuva-kon-eu-kodeksot-protiv-govor-na-omraza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/socijalnata-mreza-tiktok-se-pridruzuva-kon-eu-kodeksot-protiv-govor-na-omraza/#respond Tue, 08 Sep 2020 13:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=400694

ТикТок, една од најпопуларните социјални мрежи, најави дека се придружува кон Кодексот против нелегален говор на омраза на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Кон Кодексот се приклучија веќе Фејсбук, Мајкрософт, Твитер, Јутјуб, Инстаграм, ДејлиМоушн и Снепчет, меѓу другите. Одлуката на ТикТок ја поздрави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс. -Со потпишувањето на нашиот Кодекс на однесување, ТикТок покажува цврста посветеност кон справувањето со нелегалниот говор на омраза на интернет. На ЕУ и е потребна солидна соработка со големи чинители како овие за да ја направи онлајн средината безбедна, изјави Рејндерс. Според последните наоди од извештајот на Кодексот за однесување на интернет, платформите изминативе месеци отстраниле 71 отсто од објавените содржини затоа што биле оценети како нелегален говор на омраза. Кодексот постои од 2016-та година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/socijalnata-mreza-tiktok-se-pridruzuva-kon-eu-kodeksot-protiv-govor-na-omraza/feed/ 0
Фејсбук отстранил повеќе од девет милиони објави со говор на омраза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-otstranil-povekje-od-devet-milioni-objavi-so-govor-na-omraza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-otstranil-povekje-od-devet-milioni-objavi-so-govor-na-omraza/#respond Wed, 13 May 2020 05:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=345155

Компанијата Фејсбук ја информира јавноста за драстично зголемување на бројот на отстранети постови што промовираат насилство и говор на омраза, што сега се припишуваат на подобрувањата во технологијата за автоматско препознавање на текст и слика, известува „Гардијан“. Најголемата светска компанија за социјални медиуми тврди дека во првиот квартал од годината отстранила околу 4,7 милиони објавувања поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал. Исто така, компанијата соопшти дека во првиот квартал биле отсртанети 9,6 милиони објави на Фејсбук што содржеле говор на омраза, наспроти 5,7 милиони во последниот квартал од минатата година. Фејсбук ги објави податоците како дел од својот петти Извештај за имплементација на стандардите на заедницата, што го воведе како одговор на критиките за слабиот надзор на своите платформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-otstranil-povekje-od-devet-milioni-objavi-so-govor-na-omraza/feed/ 0
Штабот на СДСМ го пушти Тричковски со нов говор на омраза: „Мицкоски да умре“! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtabot-na-sdsm-go-pushti-trichkovski-so-nov-govor-na-omraza-mickoski-da-umre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtabot-na-sdsm-go-pushti-trichkovski-so-nov-govor-na-omraza-mickoski-da-umre/#respond Tue, 14 Apr 2020 08:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=331841

Гласноговорникот на СДСМ, Бранко Тричковски често шири говор на омраза, но никој не реагира за тоа. Напротив, тој дури е поддржан од штабот на СДСМ и Заев, кои молчат и не го осудуваат откако со некои вакви статуси ќе ја разгневи македонската јавност. Најнов во низата говори на омраза е оној во кој Тричковски порачува: Мицкоски да умре.... Неговиот Фејсбук статус, со ужасна содржина го пренесуваме во продолжение: „Што ќе се случи ако умре Христијан М. Од корона или од запаление на слепото црево, од излив на мочка во черепот или од некоја друга смрт. Од куршумот на некој клет душманин. Може саксија да му падне врз главата или да ја промаши, Христијан М со точка, се разбира, не саксијата, дупката во Триумфекалната капија и да удри во подножјето на македонскиот славолук на поразите. Што смрди на кучешка урина. И на пијандурска мочка. Значи, што ако човекот умре!? Прашањето е многу сериозно и затоа предлагам да не се задржуваме на вообичаените тралалајки за тоа дека ќе се соочиме со празнина која никој нема да може да ја пополни, блаблабла...На деновите на националната жалост или радост и така натаму. Освен таа дупка, што уште ќе значи за екипата на велепредавничките Патриоти, заминувањето и на балканскиот Гостоковски по бегството на прилепскиот Брејди во Будимпешта. Државата може да го послуша Кикифрики и да одреди најстроги протоколи за заштита на ова национално богатство, но токму тие протоколи треба да ги предвидат и најлошите варијанти. Значи, што ако Христијан М. не напушти!? Ќе чека ли нацијата некаков конгрес на вмро-дпмне, во Солун или во Горна Џумаја, каде било во Македонија, да бира нов претседател, нов лидер. Ќе чека. Добро, ќе чека, но времето нема да чека и не чека. Пред кого ќе одговара Заев. Му ветија на човекот дека ќе одговара. Сите, па и вмро треба да бидат одговорни спрема преземените обврски. Читате ли вие какви паралели влече Кикифрики: ако некој македонски Освалд односно Ќосевалд, го устрели во Струмица на улица, во авионот со кој ќе го носат неговото тело во Скопјанг, нашиот Линдон веќе треба да положи заклетва над камата и револверот и водечкото мото: смрт или слобода со важна предност за смртта. Тоа не е само прашање на вмро, тоа е прашање за Македонија. Татковината не смее да остане ниту една секунда без високото лидерство на револуцијата која тече у курац. И затоа, нашиот Линдон мораме да го знаеме веднаш. Не би сакал да се мешам во внатрешните работи на вмро, дури не и на нацијата, но, можеби ќе ми се дозволи едно сосема необврзувачко мислење: Кикифрики би бил добар Џонсон. Не се заебавам. Кикифрики би бил толку добар Линдон што во тоа име Христијан М може да посака да отиде во посета на Струмица. Има Македонија виетнами за бомбардирање“-пишува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtabot-na-sdsm-go-pushti-trichkovski-so-nov-govor-na-omraza-mickoski-da-umre/feed/ 0
Тричковски шири омраза на социјалните мрежи, на роднина на Кацарска тоа му се допаѓа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trichkovski-shiri-omraza-na-socijalnite-mrezi-na-rodnina-na-kacarska-toa-mu-se-dopagja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trichkovski-shiri-omraza-na-socijalnite-mrezi-na-rodnina-na-kacarska-toa-mu-se-dopagja/#respond Fri, 03 Apr 2020 14:08:49 +0000 https://kurir.mk/?p=326837

Во моменти кога Република Македонија се соочува со една од најголемите здравствени кризи кои воопшто ја зафатиле државата, наместо единство и поддршка, платениците на СДСМ пропагираат омраза. На јавноста и е познато дека Бранко Тричковски е еден од луѓето кои долги години пишува за издигнување на функционерите на СДСМ и ширење омраза и пропагирање насилство врз ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови. Овој пат сведоци сме на дека Тричковски на својот Фејсбук профил објавил статус во кој директно посакува зараза од Ковид-19 на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ваквото однесување придонесува за разединување и нарушување на и онака разнишаната атмосфера поради појавата на пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во целиот скандал е инволвиран и близок роднина на Кацарска кој го поддржува Тричковски во ширењето омраза. Надлежните институции долго време зборуваат за спречување на говорот на омраза. На Република Македонија и е потребно единство и сплотеност во овие тешки моменти на здравствена и економска криза, а не дневно политички препукувања и ширење на омраза по социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trichkovski-shiri-omraza-na-socijalnite-mrezi-na-rodnina-na-kacarska-toa-mu-se-dopagja/feed/ 0
Германија бара социјалните мрежи да пријавуваат говор на омраза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-socijalnite-mrezi-da-prijavuvaat-govor-na-omraza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-socijalnite-mrezi-da-prijavuvaat-govor-na-omraza/#respond Wed, 19 Feb 2020 11:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=305987

Германската Влада денеска усвои нацрт закон со кој се бара социјалните мрежи како Фејсбук и Јутјуб да пријават во полиција говор на омраза. Нацрт законот предвидува интернет компаниите да мора да означат ултрадесничарска пропаганда, графички прикази на насилства, убиства или закани за силување, како и постови кои укажуваат на тоа дека некој подготвува терористички напад или дистрибуира сексуално злоставување на деца. Од социјалните мрежи се бара да ги избришат таквите објави. Според нацрт законот, што треба да биде одобрен од Парламентот, кривичниот говор на омраза ќе се однесува и на закани за силување или штети предизвикани на имот, како и изразите на одобрување на тешки кривични дела. Предвидено е и злосторствата мотивирани од антисемитизам исто така да резултираат со зголемени казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-socijalnite-mrezi-da-prijavuvaat-govor-na-omraza/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири говор на омраза во паника од предизборен пораз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-shiri-govor-na-omraza-vo-panika-od-predizboren-poraz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-shiri-govor-na-omraza-vo-panika-od-predizboren-poraz/#respond Sat, 08 Feb 2020 08:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=300931

Бранко Тричковски, ударното перо на СДСМ, само го пишува тоа што Зоран Заев го мисли и му го диктира. Бранко Тричковски се чувствува слободен да шири омраза, да навредува и омаловажува само заради тоа што знае дека Заев и неговите обвинители го штитат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло, Рашела Мизрахи. СДСМ и Заев се во голема паника зoшто знаат дека доаѓа нивниот крај. Затоа сега се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза. На јавноста и е јасно дека СДСМ и Заев стојат зад говорот на омраза на новинарите и медиумите кои  тие ги финансираат. Република Македонија е држава градена врз антифашистички вредности, а Заев и СДСМ ја претворија во систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза, се наведува од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ ги поддржува и штити оние кои сеат омраза врз неистомилениците. -Не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски да молчат и не преземаат ништо. Ова не смее да остане неказнето. Овие политики на СДСМ ја водат државата во амбис. За ова мора да има одговорност. По 12-ти април ќе се стави крај на штетните политики на СДСМ и ќе следи обнова на Македонија. Заев и СДСМ никогаш повеќе, истакнуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-shiri-govor-na-omraza-vo-panika-od-predizboren-poraz/feed/ 0