говор на тело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Sep 2022 16:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png говор на тело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што откри експерт за говор на телото откако ја анализира кралската четворка? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shto-otkri-ekspert-za-govor-na-teloto-otkako-ja-analizira-kralskata-chetvorka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shto-otkri-ekspert-za-govor-na-teloto-otkako-ja-analizira-kralskata-chetvorka/#respond Fri, 16 Sep 2022 16:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=733791

По заедничките појавувања на принцовите Вилијам и Хари со нивните сопруги, во јавноста се покрена полемика околу нивниот затегнат однос. Експерт за говор на телото го анализираше однесувањето на кралската четворка и ги сподели сознанијата. Катја Лоисел, експерт за говор на тело и врски, го анализираше појавувањето на двете брачни двојки истакнувајќи дека Вилијам и Кејт изгледале вознемирено, но се држеле до професионалност во текот на процесијата во Вестминстер Хол. За Хари и Меган вели дека со желбата за блискост постојано „ја кршеле формалноста“. Катја истакнува дека наведнатата глава, насобраните веѓи, напнатоста во пределот на вратот и цврсто стиснатите усни на Вилијам и на Кејт укажуваат дека едвај се обидуваат да не заплачат. Одредени фотографии прикажуваат дека Кејт и Вилијам изгледаат скоро сосем дистанцирано, додека Хари и Меган не се одвоија еден од друг, истакнувајќи ги така разликите меѓу двата парра. Војводата и војвотката од Сасекс ја искажале својата „желба за поврзаност и близина“, но и чувството на сигурност. „Принцот Хари и Меган користеа и контактни знаци на блискост, како држење за раце, но и оние без контакт. На пример, нивните тела беа „отворени“ еден кон друг, а разменуваа и меѓусебни погледи искажувајќи на тој начин меѓусебна поддршка“, вели Катја. Од друга страна, Вилијам и Кејт беа „одраз на нивните улоги и сериозноста на приликата“. „Видно натажени и изгубени во сопствените мисли, принцот Вилијам и принцезата Кејт држеа дистанца, во склад со формалноста и сериозноста на настаните, но и со самата позиција на принцот Вилијам како престолонаследник“, објасни таа. Смета дека Вилијам и Кејт се обиделе да ја „замаскираат својата болка“ со неутрални изрази на лицата поголем дел од церемонијата, додека во јавноста испадна дека „едвај се држеле заедно“, што предизвика критики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shto-otkri-ekspert-za-govor-na-teloto-otkako-ja-analizira-kralskata-chetvorka/feed/ 0