грабнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 08:56:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грабнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинение за две лица: Самоил бил грабнат за да го натераат да плати за 4 кг. украден хероин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-dve-litsa-samoil-bil-grabnat-za-da-go-nateraat-da-plati-za-4-kg-ukraden-heroin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-dve-litsa-samoil-bil-grabnat-za-da-go-nateraat-da-plati-za-4-kg-ukraden-heroin/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=875942

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода. -На 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми. Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки. Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога. Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево. Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор, се наведува во соопштението на Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-dve-litsa-samoil-bil-grabnat-za-da-go-nateraat-da-plati-za-4-kg-ukraden-heroin/feed/ 0
Истрага против уште едно лице за грабнување во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-protiv-ushte-edno-litse-za-grabnuvane-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-protiv-ushte-edno-litse-za-grabnuvane-vo-skopje/#respond Mon, 10 Jul 2023 12:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=855021

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-protiv-ushte-edno-litse-za-grabnuvane-vo-skopje/feed/ 0
Гостиварец грабнал малолетничка од Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarets-grabnal-maloletnichka-od-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarets-grabnal-maloletnichka-od-struga/#respond Sat, 13 May 2023 12:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=833809

Гостиварец грабнал малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко Ново Село. СВР Охрид денеска соопшти дека во струшката полиција вчера околу 15 часот било пријавено дека С.А. од Гостивар со патничко возило ја одвел малолетничката. - Според пријавеното, подоцна малолетничката телефонски ја контактирала нејзината мајка и ѝ соопштила дека е во домот на нејзиното момче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, изјави портпаролот Стефан Димоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarets-grabnal-maloletnichka-od-struga/feed/ 0
Уапсените за грабнувањето на внукот на Бошкоски остануваат во притвор, еве што велат од обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsenite-za-grabnuvaneto-na-vnukot-na-boshkoski-ostanuvaat-vo-pritvor-eve-shto-velat-od-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsenite-za-grabnuvaneto-na-vnukot-na-boshkoski-ostanuvaat-vo-pritvor-eve-shto-velat-od-obvinitelstvo/#respond Mon, 13 Mar 2023 14:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=811426

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​ Станува збор за случајот со грабнување на Самоил Костадиновски, кој за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Тој е внук на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsenite-za-grabnuvaneto-na-vnukot-na-boshkoski-ostanuvaat-vo-pritvor-eve-shto-velat-od-obvinitelstvo/feed/ 0
Тројца осомничени за обид за разбојништво и грабнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-osomnicheni-za-obid-za-razbojnishtvo-i-grabnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-osomnicheni-za-obid-za-razbojnishtvo-i-grabnuvanje/#respond Wed, 25 May 2022 08:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=681220

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои што на 11 мај во група, заедно со уште едно за сега непознато лице, влегле во казино на Качанички пат и се обиделе да одземат пари со намера противправно да ги присвојат. Осомничените најпрвин нападнале едно лице кое играло на апаратите за среќа и започнале да го удираат, барајќи од него да им ги даде парите. Откако оштетениот дал отпор, тие на сила го одвлекле до едно сепаре, продолжиле да го удираат и да го убедуваат да излезе со нив од казиното. За да се одбрани, оштетениот зел стол и се заканил дека ќе го фрли кон осомничените. Во тој момент првоосомничениот извадил пиштол од појасот, го репетирал и се заканил дека ќе го лиши од живот оштетениот. Сепак, нападнатото лице одбило да излезе со нив од казиното, а од нанесените удари се здобило со телесни повреди – набиеници. Постои основано сомнение дека со наведените дејствија тројцата осомничени сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Првиот осомничен сторил и кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 во врска со член 19, додека останатите двајца сториле кривично дело – Грабнување квалификувано според член 141 став 1 во врска со член 22 и член 19 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. Од другите двајца осомничени, еден се уште не е лишен од слобода, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-osomnicheni-za-obid-za-razbojnishtvo-i-grabnuvanje/feed/ 0
Притвор за тројца струмичани: Грабнале жена од улица, едниот потоа ја силувал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-trojca-strumichani-grabnale-zena-od-ulica-edniot-potoa-ja-siluval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-trojca-strumichani-grabnale-zena-od-ulica-edniot-potoa-ja-siluval/#respond Fri, 23 Apr 2021 10:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=501189

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба, информираат од Обвинителството. По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе Решение со кое на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-trojca-strumichani-grabnale-zena-od-ulica-edniot-potoa-ja-siluval/feed/ 0
Филмска драма се расплетува во скопско Кондово: Грабнување, “масерати“, уапсени – еве ги деталите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/filmska-drama-se-raspletuva-vo-skopsko-kondovo-grabnuvanje-maserati-uapseni-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/filmska-drama-se-raspletuva-vo-skopsko-kondovo-grabnuvanje-maserati-uapseni-eve-gi-detalite/#respond Wed, 16 Sep 2020 15:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=404185

Денеска (16.09) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршија претреси на две локации во С. Кондово- Скопје и при тоа го лишија од слобода  С. И. (34), осомничен за кривично дело „грабнување“ по чл. 141 од КЗ на РМ, извршено на 08.09.2020. СВР Скопје - Единица за насилен криминал претходно поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик. На 08.09.2020 околу 22.00 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај с.Глумово, во организација на првопријавениот и петтопријавената, третопријавениот и четвртопријавениот со патничко возило му го пресекле патот на Б.М.(34) од Гостивар, кој бил со своето патничко возило „масерати“. Им се приклучил и второпријавениот и сите заедно физички го нападнале Б.М., по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во с.Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале. Прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот. После тоа, го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај с.Желино. По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената. На 10.09.2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а денеска е приведен и С.И..  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/filmska-drama-se-raspletuva-vo-skopsko-kondovo-grabnuvanje-maserati-uapseni-eve-gi-detalite/feed/ 0
Позната причината зошто тинејџерот ја грабнал и заклучил Италијанката во стан во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-zoshto-tinejdzerot-ja-grabnal-i-zakluchil-italijankata-vo-stan-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-zoshto-tinejdzerot-ja-grabnal-i-zakluchil-italijankata-vo-stan-vo-ohrid/#respond Mon, 06 Jul 2020 08:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=369694

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, кривичното дело го сториле на 3 јули 2020 година, кога противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првоосомничениот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по 8 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-zoshto-tinejdzerot-ja-grabnal-i-zakluchil-italijankata-vo-stan-vo-ohrid/feed/ 0
„Дејли мејл“ открива нови информации за грабнувањето на малата Медeлин, вмешана и девојка од Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dejli-mejl-otkriva-novi-informacii-za-grabnuvanjeto-na-malata-medelin-vmeshana-i-devojka-od-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dejli-mejl-otkriva-novi-informacii-za-grabnuvanjeto-na-malata-medelin-vmeshana-i-devojka-od-kosovo/#respond Fri, 05 Jun 2020 08:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=354079

Полицијата бара девојка од Косово, за која постои сомнение дека била со киднаперот на тригодишното британско девојче Медeлин Мекејн, која во 2007 година исчезна во Португалија, јавува весникот „Дејли мејл“. Весникот наведува дека се верува дека девојката била во куќата со киднаперот во градот Пра де Луз во Португалија, кога Медeлин Мекејн, која во тоа место била на одмор со своите родители, исчезна од хотелот. Полицијата се надева дека ќе ја пронајде поранешната партнерка на киднаперот, за која се верува дека во тоа време била малолетна и дека потекнувала од Косово, пренесува „Дејли мејл“. Тригодишната Медeлин исчезна на 3 мај 2007 година, додека нејзините родители биле во блискиот бар. Германскиот обвинител од Брауншвајг, Ханс Кристијан Волтерс вчера соошти дека претпоставува дека девојчето е мртво. Тој објасни дека 43-годишен германски државјанин се истражува под сомнение за убиство, јави Си-Ен-Ен. Осомничениот, кој во германските медиуми бил посочен како Кристијан Б, во моментов издржува казна затвор. Се верува дека тој бил во областа каде што последен пат била видена Медeлин за време на нејзиниот летен одмор во Португалија. Меѓу 1995 и 2007 година тој живеел во Алварге, каде ограбувал хотели и продавал дрога, соопшти германската полиција. Полицијата, исто така, соопшти дека тој повеќе пати бил осуден за сексуални злосторства врз девојчиња и дека сега е на издржување долгогодишна затворска казна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dejli-mejl-otkriva-novi-informacii-za-grabnuvanjeto-na-malata-medelin-vmeshana-i-devojka-od-kosovo/feed/ 0