Грација Бакраческа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jun 2023 11:03:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грација Бакраческа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бакраческа: Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-haosot-koj-shto-go-kreira-vlasta-na-sekoe-pole-zema-se-pogolem-zamav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-haosot-koj-shto-go-kreira-vlasta-na-sekoe-pole-zema-se-pogolem-zamav/#respond Mon, 12 Jun 2023 11:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=844836

Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав. Овој пат, последиците од лошото работење на власта ќе ги трпат охриѓани и Градот Охрид. Имено, Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље - Охрид, Грација Бакраческа, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион. Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион. Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната е непромислен потег донесен од надлежните институции, без истите да размислат за последиците, како по безбедноста во сообраќајот, така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и охридскиот регион. Власта имаше 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направи. А сега, иако Општина Охрид и СВР Охрид дадоа негативно мислење за затворање на овој патен правец, власта тврдоглаво не отстапува од својата намера, на штета на Охрид и охриѓани. Сега кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување на туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно. На крајот, како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓаат токму од Охрид, уште еднаш од оваа говорница сакаме јавно да ги повикаме надлежните институции, на чело со Владата и министерството за транспорт, веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила барем во текот на летната туристичка сезона, а по завршување на истата, да отпочнат со градежните активности на овој патен правец. Охрид е туристичка атракција и бисер на Македонија кој не смееме да дозволиме да го изгуби својот сјај поради лошите политики и одлуки на власта, додава Бакраческа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-haosot-koj-shto-go-kreira-vlasta-na-sekoe-pole-zema-se-pogolem-zamav/feed/ 0
Бакраческа: Цената по која се гради, роковите за изградба и бројните коруптивни зделки се дел од сомнежите кои произлегуваат од тајниот договор за изградба на коридорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-tsenata-po-koja-se-gradi-rokovite-za-izgradba-i-brojnite-koruptivni-zdelki-se-del-od-somnezhite-koi-proizleguvaat-od-tajniot-dogovor-za-izgradba-na-koridorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-tsenata-po-koja-se-gradi-rokovite-za-izgradba-i-brojnite-koruptivni-zdelki-se-del-od-somnezhite-koi-proizleguvaat-od-tajniot-dogovor-za-izgradba-na-koridorite/#respond Tue, 23 May 2023 12:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=837903

„На самиот почеток од мојата дискусија во однос на предлог закон за изменување и дополнување на законот за експропријација сакам да бидеме начисто за една работа, никој не е против изградба на автопати. Но, имаме сериозни забелешки во однос на условите под кои ќе се гради“, истакна Грација Бакраческа, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Бакраческа посочи дека цената по која ќе се гради, роковите за изградба и бројните коруптивни зделки во кои се сомнева јавноста затоа што никој го нема видено склучениот договор. „Велам дека имаме оправдани сомнежи заради договорот кој е склучен без јавни тендери и скриен од очите на јавноста. Заради износот од 300 милиони евра за експропријација на земјиштето каде што ќе поминуваат трасите. Заради нетранспарентноста и тајноста што не смее да биде тајна затоа што се работи за буџетски пари. Овој закон за изменување и дополнување на законот за експропријација е последниот закон кој оди по скратена постапка што подразбира непочитување на уставниот поредок на државава“, укажа пратеничката. Таа додаде дека веќе е јасно дека за минување на криминалот се злоупотребува европското знаменце со склучување на скандалозниот договор на „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10Д.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-tsenata-po-koja-se-gradi-rokovite-za-izgradba-i-brojnite-koruptivni-zdelki-se-del-od-somnezhite-koi-proizleguvaat-od-tajniot-dogovor-za-izgradba-na-koridorite/feed/ 0
Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-dogovorite-treba-da-se-vo-soglasnost-so-zakonot-a-ne-obratno-vlasta-podnesuva-izmeni-pod-prevez-na-evropskoto-znamentse-so-koi-go-zagrozuva-evrointegrativniot-protses-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-dogovorite-treba-da-se-vo-soglasnost-so-zakonot-a-ne-obratno-vlasta-podnesuva-izmeni-pod-prevez-na-evropskoto-znamentse-so-koi-go-zagrozuva-evrointegrativniot-protses-na-makedonija/#respond Fri, 19 May 2023 14:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=836482

Повторна злоупотреба на европското знаменце и ова стана секојдневна пракса. Оваа власт покажа кршење на законите, непочитување на правото и склучува договори спротивни на законската регулатива. Така да и овој договор со Бехтел и Енка е склучен врз основа на непостоечки законски одредби, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница. Таа појасни дека договорите треба да се во согласност со законот а не обратно. - Со предвидените измени во законот, се предвидува да се започне со урбанистички проект, наместо планска документација и ова е недозволиво. Ваквото законско решение за урбанистичко планирање е спротивно на законските и уставните норми. Законите не смее да се менуваат заради одреден проект, рече Бакраческа. Додаде и дека комората на овластени архитекти и инженери искажаа став дека процесите за урбанистичко планирање, проектирање, возобновување и изградба не смее да отстапуваат од пропишаните прописи и не смеат да бидат тие заобиколени - Тие ја искажа загриженоста дека власта носи закони под превезот на европското знаменце, спротивни на европските вредности. Правниците исто така изразија загриженост за степенот на усогласеност на македонското и европското законодавство. Се нанесува штета на евроинтеграцискиот процес на Македонија, изјави Бакраческа. Потенцираше дека негативностите ќе бидат нотирани во следниот извештај на ЕК бидејќи вакви закони се носат по скратена постапка. - Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградба на коридорите да бидат легализирани и обесштетени дивоградби кои сега ќе бидат изградени. Нелегалните објекти ќе вредат исто колку и законски изградени објекти. Тоа значи дека во наредниот период може да никнат многу дивоградби, рече Бакраческа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-dogovorite-treba-da-se-vo-soglasnost-so-zakonot-a-ne-obratno-vlasta-podnesuva-izmeni-pod-prevez-na-evropskoto-znamentse-so-koi-go-zagrozuva-evrointegrativniot-protses-na-makedonija/feed/ 0
Бакраческа: СДС и ДУИ ги понижуваат работниците и ги третираат како робови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-sds-i-dui-gi-ponizhuvaat-rabotnitsite-i-gi-tretiraat-kako-robovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-sds-i-dui-gi-ponizhuvaat-rabotnitsite-i-gi-tretiraat-kako-robovi/#respond Wed, 17 May 2023 11:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=835300

Работниците кои ќе бидат ангажирани на коридорите 8 и 10 д ќе бидат ангажирани далеку повеќе од предвиденото 40 часа работа неделно. Дополнително работниците може да се доведат во ризик, бидејќи во градежниот сектор е најопасна работата и се изложени на низа ризици, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница во врска со законските измени поради изградба на коридорите 8 и 10д. Бакраческа праша, како да веруваме дека се заштитени правата на граѓаните, нивното здравје. „Оваа власт ги понижува работниците и ги третираа како робови. Имаме експерти кои ја напуштаат државата и тоа го прават зошто никој не ги цени, не го цени нивниот труд. Тајноста на договорот пак јасно укажува на коруптивни и криминални дејствија. Кога државата склучува договор и троши народни пари тоа мора да е јавно, тајна може да биде технологијата, но не и потрошените народни пари“, рече Бакраческа. Според пратеничката 70 проценти од ангажираните работници ќе бидат од странство. „Зарем вака ги штитите граѓаните, вие не ги штитите ниту работниците, ниту за здравјето на граѓаните. Вие наместо да ги штитите своите работници и нив да ги ангажирате, вие ангажирате странци“, посочи Бакраческа. Пратеничката потсети на статистика која укажува дека младите до 29 години најмалку се застапени во градежништвото. „Прашувам што е тука европско, и ЕУ делегацијата во земјава укажа загриженост затоа што се употребува за закони кои имаат вредности кои не се европски. Се разбира вие крадете со изговор, го криете договорот, а криењето значи корупција, ние не поддржуваме корупција“, заклучи Бакраческа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-sds-i-dui-gi-ponizhuvaat-rabotnitsite-i-gi-tretiraat-kako-robovi/feed/ 0
Бакраческа: Колку подолго остане оваа власт, толку повеќе губат граѓаните! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bakracheska-kolku-podolgo-ostane-ovaa-vlast-tolku-poveke-gubat-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bakracheska-kolku-podolgo-ostane-ovaa-vlast-tolku-poveke-gubat-graganite/#respond Tue, 28 Feb 2023 19:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=806288

Идејата на оваа власт е само што подолго да остане и да продолжи со тендерите. Оваа Влада за шест години не сработи ништо. Колку подолго остане оваа власт толку повеќе губат граѓаните, рече Грација Бакраческа, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата за разрешување на замениците министри. Сомнежите се дека и со оваа реконструкција на Владата ништо нема да тргне на подобро. „Има многу поважни теми кои ги засегаат граѓаните како на пример високите цени, инфлацијата. За ова Владата покажа дека е незаинтересирана и не прави ништо. Факт е дека дојде живот само за оние на власта“, вели Бакраческа. Пратеничката посочи дека има проблеми во образованието, здравството, медицинскиот кадар си заминува, младите си заминуваат, земјоделците се разочарани. „И по сите овие проблеми никој не прави ништо. Разочараност има особено во образованието, дали европските стандарди ви налагаат да не се грижите за најмладите, повторно има само бомби во училиштата“, рече Бакраческа. Според Бакраческа владините функционери се заинтересирани само за бројките како на пример колку пратеници има владејачкото мнозинство. „И на крај немаат ниту бројки, ниту решение за проблемите, им остануваат и наоѓаат време за своите интереси, за тендерите“, заклучи Бакраческа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bakracheska-kolku-podolgo-ostane-ovaa-vlast-tolku-poveke-gubat-graganite/feed/ 0
Бакраческа: Власта да се зафати со работа, од реформи во здравството добивме само смена на министри, а никаков напредок не видовме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vlasta-da-se-zafati-so-rabota-od-reformi-vo-zdravstvoto-dobivme-samo-smena-na-ministri-a-nikakov-napredok-ne-vidovme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vlasta-da-se-zafati-so-rabota-od-reformi-vo-zdravstvoto-dobivme-samo-smena-na-ministri-a-nikakov-napredok-ne-vidovme/#respond Mon, 27 Feb 2023 15:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=805699

Исто како и претходното составување на Владата така и при сегашниот предлогот на министрите се прави класична распределба меѓу коалиционите партнери, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница. „Доколку премиерот беше вистински премиер на државата требаше да има способност да одбере луѓе со интегритет кој ќе ја водат државата во правилна насока. Сметам дека крајно време беше и парламентарното мнозинство барем еднаш да се надмине себе си и да продискутираме отворено за предложените кадри, но за жал и овој пат по не знам кој пат имаме менувања без образложение“, рече Бакраческа. Таа посочи дека за да се стигне до ЕУ она што е најважно се вистинските луѓе да дојдат на вистински места во оваа држава Бакраческа истакна дека на столчето од Никола Тупанчевски ќе дојде Кренар Лога и додека тој ги детектира проблемите во судството ќе му истече мандатот. Ваквата брза смена стани – седни на удобното столче не е добро решение „За жал реалноста поврзана со здравствениот систем во Македонија не е ни малку блескава, се навикнавме на дисфунционалост и бројни неодговрени прашања. Ако некои се нафатил да води здравствени систем мора да знае да спроведува мерки на секој чекор. Од реформи во здравството добивме само смена на министри. Тројца министри се сменија за само две години а никаков напредок не водовме“, изјави Бакраческа. Таа додаде дека македонското здравство мора тотално да се реконструира а за тоа најодговорна е Владата заедно со сите нераализирани ветувања. Од она што го ветуваа видовме само искористувања на можноста за огромни заработки на поединци, па дури и кога тоа се плаќа за нечие здравје и живот. „Очекувавме многу, а не добивме ништо. Очекувавме квалитетни услови за живот а добивме огромен процент на сиромаштија кај младите луѓе. Секој 4-ти млад човек се соочува со сиромшатија, а 1/3 од корисниците на социјална помош се млади. Младите мора да ни се во фокусот и сте заедно треба да работиме за задржување на младите во оваа држава, затоа што без млади државата не може да оди напред“, кажа Бакраческа. Бакраческа и посочи на власта да се зафати со работа, затоа што луксузни хациенди кои ги имате нема да ги нахрани граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vlasta-da-se-zafati-so-rabota-od-reformi-vo-zdravstvoto-dobivme-samo-smena-na-ministri-a-nikakov-napredok-ne-vidovme/feed/ 0
Бакраческа: Наместо исполнување на ветувањата од власта досега има менување на министри, највисока инфлација и катастрофален стандард https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-namesto-ispolnuvane-na-vetuvanata-od-vlasta-dosega-ima-menuvane-na-ministri-najvisoka-inflatsija-i-katastrofalen-standard/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-namesto-ispolnuvane-na-vetuvanata-od-vlasta-dosega-ima-menuvane-na-ministri-najvisoka-inflatsija-i-katastrofalen-standard/#respond Mon, 20 Feb 2023 17:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=802825

СДСМ и ДУИ администрацијата ја користат за вработување на партиски војници. Има превработеност во јавниот сектор, и згора на се се вработуваат нови кадри. Ова донесе неквалитет, неажурност и се создава нефункционалност. Таа неефикасна администрација беше одговорна за ненабавување на лекот за цистична фиброза, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека ФЗО не функционира, а од власта не се загрижени дека нема лекови за граѓаните, немаше плати за здравствените работници.

- Шеста година власт, наместо исполнување на ветувања има само менување на министри и влошување на инфлација и катастрофален животен стандард. Се повеќе се поставува прашање дали смената на министри може да помогне за подобро функционирање на владата ако се има предвид дека и остануваат неколку месеци до крај. Државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг и инфлација. Само празни ветувања и неспособни кадри кои гледаат да го наполнат сопствениот џеб, рече Бакраческа.

Таа истакна дека народот се бори за егзистенција, а власта е полна со корумпирани политичари кои ја донесоа Македонија во бездна.

- Младите, но и повозрасните масовно почнаа да се иселуваат. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици. Македонија се празни и тоа е алармантно. Ретко кој од младите не планира да замине од државата. СДСМ и ДУИ предизвикаа огромно незадоволство и разочараност како и беспрективност со катастрофално образование, нагласи Бакраческа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-namesto-ispolnuvane-na-vetuvanata-od-vlasta-dosega-ima-menuvane-na-ministri-najvisoka-inflatsija-i-katastrofalen-standard/feed/ 0
Бакраческа: Ветуваа бесплатно здравство, а се соочивме со ситуација да нема лекови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vetuvaa-besplatno-zdravstvo-a-se-soochivme-so-situatsija-da-nema-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vetuvaa-besplatno-zdravstvo-a-se-soochivme-so-situatsija-da-nema-lekovi/#respond Thu, 16 Feb 2023 16:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=801385

Наместо да разрешуваме членови од Владата, треба да ја разрешиме цела Влада, рече Грација Бакраческа, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за разрешување на министри. „Ветувавте европско здравство, бесплатно здравство, а се соочивме со ситуација да нема лекови за канцер, за цистична фиброза, нема соодветна апаратура, пациентите со месеци чекаат за специјалистички прегледи“, кажа Бакраческа. Пратеничката наведе дека е заборавен и клучниот сегмент а тоа е превентивата. „Ја заборавија и превентивата, нема ништо од рана дијагностика, да се намали процентот на болни од канцер. Ако се направи превенција сите ќе имаат добивка. А во ваква ситуација како што има сега, каде нема простор ниту за превенција, уште помалку за лечење, цената ја плаќаат граѓаните. Но, за луксузирања секако има пари“, вели Бакраческа. Дополнително, додаде таа, во една вака лоша ситуација заминува медицинскиот персонал. „Значи нема медицински персонал, нема лекови, нема апартура, нема термини за прегледи, ама има уништено јавно здравство а со тоа на граѓаните им се ускратува основното право на лекување. Затоа нема простор за реконструкција на Влада, туку потребни се избори и нова влада“, заклучи Бакраческа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vetuvaa-besplatno-zdravstvo-a-se-soochivme-so-situatsija-da-nema-lekovi/feed/ 0
Бакраческа: Власта има потреба од мнозинство во Комисијата за избори и именувања за да постават партиски кадри во Уставен суд, затоа го разрешуваат колегата Зендели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vlasta-ima-potreba-od-mnozinstvo-vo-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-za-da-postavat-partiski-kadri-vo-ustaven-sud-zatoa-go-razreshuvaat-kolegata-zendeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vlasta-ima-potreba-od-mnozinstvo-vo-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-za-da-postavat-partiski-kadri-vo-ustaven-sud-zatoa-go-razreshuvaat-kolegata-zendeli/#respond Thu, 03 Mar 2022 11:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=640138

Очигледно е дека им е потребно мнозинство во Комисијата за прашања на изборите и именувањата што ќе ги поддржува нивните штетни политички одлуки и заради тоа инсистираат на разрешување на колегата Фадил Зендели, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница. Таа додаде дека, ова што го прават е преседан, а преседаните кои што се зачестени, започнаа уште на конститутивната седница на почетокот со работа на македонското Собрание. -Вистинската цел не е разрешување на колегата, туку именување на партиски кадри во Уставниот суд. Поднесовме 400 амандмани, кои ги нема. Зошто ги нема и каде се, вие си знаете. Во тие амандмани се нашите предлози кои мора да се разгледуваат, но денес тоа не е случај. Додека вака се однесувате, опозицијата ќе биде гласна затоа што сме одговорни пред граѓаните. Од нас се очекува да се бориме за нив, а не три дена да дискутираме за точка која не смее да биде ставена на дневен ред затоа што не се разгледувала на матичната комисија, исткана Бакраческа. Таа додаде дека ова го потврди и самиот собраниски спикер, Талат Џафери, кој минатито месец, одговарајќи на новинарско прашање за можно разрешување од комисијата на пратеникот Фадил Зендели, истакнал дека такво сценарио не е можно, затоа што тој не би можел да се потпише на решение на седница со точка на дневен ред, која не поминала во цоодветната комисија. -Ова го потврди и самиот претседател на собранието, господинот Талат Џафери на 17. 02. 2022 година, кога на новинарско прашање, „Дали имате намера, условно, насила да го разрежувате Фадил од член на комисијата“, одговори цитирам „Такво сценарио нема. Како ќе потпишам решение на седница со точка на дневен ред која што не е извор од соодветна комисија“, посочи Бакраческа. Еве денес почитувани, порача таа, токму тоа сценарио се случува од страна на оној кој е должен да ја чува процедурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakracheska-vlasta-ima-potreba-od-mnozinstvo-vo-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-za-da-postavat-partiski-kadri-vo-ustaven-sud-zatoa-go-razreshuvaat-kolegata-zendeli/feed/ 0