градежници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 15:55:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градежници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznicite-baraat-namaluvanje-na-ddv-od-18-na-5-otsto-za-uvoz-na-poskapenite-gradezni-materijali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznicite-baraat-namaluvanje-na-ddv-od-18-na-5-otsto-za-uvoz-na-poskapenite-gradezni-materijali/#respond Wed, 22 Dec 2021 15:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=611751

Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто при увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациони односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните, побараа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија. Како што изјави претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски пред почетокот на денешната работна средба на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, тема на разговор ќе бидат антикризните мерки во градежништвото заради огромниот пораст на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена, како се одразува поскапувањето на цените на материјалите при изградбата на станови во високо градбата, Законот за јавни набавки и информацијата под кои услови ќе се добива изведбата на патиштата од коридорите 8 и 10 на компанија од странство и каква ќе биде улогата на македонските компании во тој процес. На средбата, како што кажа тој, како градежна фела ќе побараат од министерот да бидат вклучени уште при проектирањето, планирањето па се до изградбата на патиштата од коридорите 8 и 10 и за тоа, посочи, би сакале да добијат цврсти гаранции дека нема да бидат изоставени. – Само со непосредни средби со министерот можеме конкретно да му го доловивме деловниот амбиент во кој егзистира градежништвото и да му ги презентираме секојдневните проблеми со кои се соочуваат градежниците, но и да покренеме некои активности и постапки и да преземеме некои заеднички инцијативи со цел наредната година да бидеме поспремни и подобри при реализација на капитални инвестиции, изјави Серафимовски пред почетокот на работната средба. Министерот Бочварски посочи дека Владата е тука за заедно со коморите да дискутира за сите отворени прашање и да разговара за надминување на сите отворени проблеми и предизвици. – Зголемувањето на бројот на вработени во градежништвото за еден процент годинава е многу значајно зашто излегуваме од една многу тешка година 2020 и расте изградбата на патиштата. За мене се многу значајни ваквите средби и сите предлози кои доаѓаат секогаш наидуваат на внимание и на понатамошна дискусија во Владата и во Министерството со цел да изнаоѓаме решенија и да направиме уште посилен и подобар амбиент во градежништвото, рече Бочварски. Во зависност од добиените барање, како што кажа, ќе отвори дискусија на Влада или со ресорниот министер за финансии, како и со сите засегнати страни, а потоа ќе одговори на Комората. – Секогаш стојам за да ги исполнам барањата на Комората за да имаме посилен развој на домашната економија, потенцира Бочварски. Цените на градежните материјали согласно анализата за периодот од март 2020 до март 2021 година направена од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите се зголемени енормно. При тоа, како што рече Серафимовски, челичните цевки и профили се поскапени за 66 отсто со најава дека до Нова година ќе се покачат за уште 33 проценти, дрвената граѓа е покачена за 55 проценти, полимер битуменот за 47 проценти, геокомпозитот 45 проценти, … – Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите. Мораториумите за градба во Скопје и поскапувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, прецизира Серафимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznicite-baraat-namaluvanje-na-ddv-od-18-na-5-otsto-za-uvoz-na-poskapenite-gradezni-materijali/feed/ 0
СГИП: Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sgip-gradeznicite-da-ne-rabotat-na-otvoreno-od-11-do-17-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sgip-gradeznicite-da-ne-rabotat-na-otvoreno-od-11-do-17-chasot/#respond Mon, 01 Jul 2019 11:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=214409

Заради најавите за виски температури во наредниот период Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ – СГИП бара работниците да не се изложуваат работниците на отворено, под директно зрачење на сонце, во периодот од 11 до 17 часот, повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски, како и спороведување проверка на техничко-технолошки колективни мерки за заштита, со адекватна вентилација и по можност климатизација. Барањето за превентивни мерки при високи температури, како што информираат од Синдикатот го доставиле до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд и Организацијата на работодавачи. Оттаму велат дека барањето за превентивните мерки ги доставиле согласно временската прогноза која предвидува топлински бран од повисок ранг, со особено високи температури, до 40˚С, во период од 2 до 5 јули. -Согласно Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз населението и мерките за Безбедност и здравје при работа, укажуваме дека работодавачите од целата држава треба да ги почитуваат општите препораки за заштита на работниците од високите температури како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11-17 часот, консумирање повеќе течности и хигиенски начин на подготовка на храната, се вели во соопштението од овој Синдикат. СГИП препорачува и бара да горенаведените препораки останат валидни се додека траат високите температури и државните надлежни органи не донесат официјални упатства. -Искрено се надеваме на координација помеѓу сите засегнати страни и јавно објавување на вакви барања со Апел да го заштитиме здравјето на вработените во градежништво и индустрија за градежни материјали во услови на топлотен бран, се додава во соопштението. Од Синдикатот потсетуваат дека Безбедноста и здравјето при работа за вработените во нашата држава е исклучително важно право и обврска која мора да се спроведува и почитува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sgip-gradeznicite-da-ne-rabotat-na-otvoreno-od-11-do-17-chasot/feed/ 0
Градежниците бараат откочување на постапките за ДУП-овите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznicite-baraat-otkochuvanje-na-postapkite-za-dup-ovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznicite-baraat-otkochuvanje-na-postapkite-za-dup-ovite/#respond Fri, 21 Dec 2018 13:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=143301

Градежниците бараат откочување на постапките со деталните урбанистички планови во скопските општини Карпош и Центар, а во тендерите да се вметне клаузила со која ќе се бара од странските инвеститори што градат да набавуваат градежни материјали од земјава и да соработуваат со домашни подизведувачи. Овие барања тие денеска му ги предочија на министерот на транспорт и врски Горан Сугарески на средба во Сојузот на стопански комори. –  Градежништвото трпи во делот на укинати ДУП-ови, во делот на мораториум и неажурно издавање на документација. Тука е главниот проблем што треба да се детектира за да може да почнеме со активно работење во секторот градежништво. Во секторот нискоградба има придвижување и се отпочнати проекти и наш став е дека ќе има сериозно придвижување особено во февруари – март. Но, во секторот високоградба има сериозен проблем и мора во најкраток можен рок да се изнајде решение за да отпочнеме со работа затоа што како градежни инвеститори во високоградба имаме сериозни проблеми, истакна претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори Ивица Јаќимовски. Според Јаќимоски, годината што изминува била црна година за градежништвото. Министерот Сугарески образложи дека од општина Центар, каде ДУП-овите се под мораториум, е добиено ветување оти во најкус можен рок ќе бидат отстранети сите недоследности и оти тие ќе бидат ставени во употреба, додека од општина Карпош, каде се укинати дел од урбанистичките планови, ќе се сугерира до општината побрзо да ги изработи. –  Станува збор за одлука на Уставен суд. Минатиот период имав средба со градоначалникот на општина Карпош и разговаравме дека треба да работат на брза изработка на планови бидејќи Уставниот суд ја оценува уставноста и законитоста на правните акти и против тоа ние ништо не можеме, освен да и сугерираме на општината побрзо да ги изработи урбанистичките планови бидејќи тие планови се укинати, појасни Сугарески. Најави дека до крајот на годината во владина процедура ќе влезе Законот за просторно и урбанистичко планирање кој е во завршна фаза, додека за Законот за градење е изготвен нацрт-текст што ќе им биде доставен на разгледување на коморите и сите засегнати страни. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznicite-baraat-otkochuvanje-na-postapkite-za-dup-ovite/feed/ 0
Судир меѓу активистите и градежниците на Водно: Легнавме пред багер, шефот му нареди на работникот да нѐ помине (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-megju-aktivistite-i-gradeznicite-na-vodno-legnavme-pred-bager-shefot-mu-naredi-na-rabotnikot-da-n-pomine-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-megju-aktivistite-i-gradeznicite-na-vodno-legnavme-pred-bager-shefot-mu-naredi-na-rabotnikot-da-n-pomine-video/#respond Wed, 29 Aug 2018 10:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=93550

Градежните активности на Водно за изградба на гасовод низ планината продолжуваат и покрај реакциите на голем дел од јавноста. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите. Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците. -Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук. -На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ. -Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил. Инаку, активистите од „Го сакам Водно“ веќе некое време ги повикуваат на јавна дебата директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање. Првиот Бајрам Реџепи за Курир кажа дека засега не ја прифаќа поканата, од кај градоначалникот Петре Шилегов само молк, додека заменик министерот Јани Макрадули кажа дека ја прифаќа поканата. Повеќе околу ова ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-megju-aktivistite-i-gradeznicite-na-vodno-legnavme-pred-bager-shefot-mu-naredi-na-rabotnikot-da-n-pomine-video/feed/ 0