градежништво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 07:42:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градежништво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Капитулацијата на Владата: Градежништвото и инвестициите во слободен пад во 2022-ра година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kapitulatsijata-na-vladata-gradezhnishtvoto-i-investitsiite-vo-sloboden-pad-vo-2022-ra-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kapitulatsijata-na-vladata-gradezhnishtvoto-i-investitsiite-vo-sloboden-pad-vo-2022-ra-godina/#respond Tue, 07 Mar 2023 07:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=808932

Катастрофални податоци за последното тримесечје на 2022 година со само 0,6% раст на македонската економија и поразителни податоци за цела 2022 година која заврши со анемичен раст од 2,1%, кој може да биде и понизок со ревидирани податоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наспроти полната уста на Владата дека е успешна во делот на инвестициите, објавените податоци од Државниот завод за статистика јасно ја демантираа. Во 2022 година, градежништвото има реален годишен пад од 8,4% и негативни остварувања во сите четири квартали. Од друга страна, бруто инвестициите, по високото ниво во првата половина на годината заради зголемување на залихите од страна на фирмите во пресрет на високите цени (категорија која влегува во бруто инвестиции), во втората половина на годината бележат намалување, за да во последниот квартал од 2022 година завршат во слободен реален пад од 5,3%. Сумирано, од вкупно десет дејности според производниот метод на БДП, во шест има годишно намалување на обемот на производство во последното тримесечје од 2022 година. Индустријата, секторот информации и комуникации, земјоделското производство, јавниот сектор (образование, одбрана и останатите сродни дејности) и финансискиот сектор завршија во негатива. Исто така, извозот на стоки и услуги забележа значајно успорување растот, како и увозот, што е индикација на намалена економска активност на нашите трговски партнери, но и на намалување на домашната побарувачка“ - посочуваат од партијата. -А како да нема намалување на домашната побарувачка, кога данокот од екстремно високата инфлација заради неспособноста на Влада да се справи со со неа и енергетската криза се рефлектираше врз домашните буџети и брз билансите на фирмите. Владата нели многу „протроши“ за мерки, а каде се гледа ефектот? Нели имаше до плафон капитални инвестиции? Каде се гледаат тие во податоците за БДП? Значи некој манипулира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kapitulatsijata-na-vladata-gradezhnishtvoto-i-investitsiite-vo-sloboden-pad-vo-2022-ra-godina/feed/ 0
Зголемени трошоците во градежништвото за нови станови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanovi/#respond Wed, 30 Nov 2022 12:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=768841

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од 2022 година во споредба со второто тримесечје се повисоки за 1,7 отсто. Според Државниот завод за статистика, трошоците за материјали се зголемени за 2,2 отсто, а трошоците за вработените за 0,6 проценти. Во третото тримесечје од 2022 година во споредба со третото тримесечје од 2021 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 16,2 отсто, трошоците за материјали за 14,9 и трошоците за вработените за 19 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanovi/feed/ 0
Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-objekti-za-individualno-domuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-objekti-za-individualno-domuvanje/#respond Wed, 31 Aug 2022 11:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=726590

Во вториот во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,8 проценти, трошоците за материјали за 0,2 проценти, а трошоците за вработените за 12,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со второто тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 20,7 проценти, трошоците за материјали за 19,8 проценти, а трошоците за вработените за 22,6 проценти. Податоците за трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на тие податоци се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-objekti-za-individualno-domuvanje/feed/ 0
Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/#respond Wed, 29 Jun 2022 13:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=697353

Урбанизмот и градежништвото се најподложни на корупција, правосудството не постапува доволно, а граѓаните сметаат дека корупцијата е поголем проблем, дури и од проблемот со невработеноста, истакнаа учесниците на денешната панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“, организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ . На дискусијата која беше отворена и на која граѓаните имаа можност да ги истакнат своите проблеми, искуства и мислења, во улога на панелисти учествуваа релевантни експерти од областа на корупцијата. Извршна директорка на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова појасни дека граѓаните сметаат дека најмногу корупција има во издавањето градежни дозволи, спроведувањето инспекциски надзори, подготовката на деталните урбанистички планови, спроведувањето на јавните набавки. – Овие резултатите потврдуваат дека урбанизмот и градежништвото се област или меѓу областите најподложни на корупција и тоа заради сите оние спреги кои постојат, како економските интереси, политичките притисоци, правните празнини, истакна Бејкова. Истражувањата на НВО Инфоцентарот покажале дека урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес и во нив доминираат планови како оние за бензиските пумпи, винариите, фотоволтаците. – Сето ова покажува на тој коруптивен синџир меѓу планерите, изведувачите, надзорот од државните инстиуции на локално и национално ниво, заклучи Бејкова. Според претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, корупцијата ја генерираат неколку фактори како ниското ниво на интегритет на човечкиот фактор, силното политичко влијание во јавниот сектор и злоупотреба на овластувања, неказнивост поради проблеми во владеењето на правото какао и ниската стапка на санкционирање на коруптивното однесување и несоодветен систем за надзор и контролни механизми во јавниот сектор. – Овие ризични фактори се заеднички именител за сите анализирани сектори содржани во националната стратегија за борба против корупција која државната комисија ја подготви, а Собранието ја усвои минатата година во април, во оваа стратегија опфатени се 13 сектори во кои сите овие ризични фактори генерирааат корупција. Опфатени се и две хоризонтални области, вработување и јавни набавки, секторот урбанизам и градежништво како високоризичен сектор е дел од стратегијата, законската регулатива за вршење на работи во областа на градежништвото и урбанзмот и просторното планирање предвидува издавање на одобренија решенија, лиценци и други документи значењето на овие документи е уште поголемо ако се земе предвид дека градежните зафати чие одобрување во надлежност на овој сектор вообичаено се многу скапи, а тоа остава простор за притисоци, влијанија и поттикнување на коруптивното однесување, од таа причина издавањето на различните документи, одбренија како и инспекцискиот надзор се сметаат како точки кои можат да генерираат висок ризик од корупција во овој сектор, порача Ивановска. Оцени дека во овој сектор има голем парадокс во однос на гласањата на стратегијата и Законите од страна на позицијата и опозицијата. – Од една страна има законик кој ја регулира областа, а од друга страна имаме Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти за кој во Собранието гласаше и позицијата и опозицијата. Иако препораката на ДЗС во националната стратегија за која добивме поддршка и од двете страни е да се ограничи употребата на овој Закон, бидејќи истиот ги загрозува принципите за владеење на правото за плански развој на просторното планирање и почитување на уставно загарантираното право на граѓаните за уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина. Што е ова ако не корупција и купување глас, запраша Ивановска. Додаде дека дополнителен проблем е надвладување на приватниот над јавниот интерес при изготвување на просторните и урбанистичките планови, недоволната транспарентност во постапките за просторно и урбанистичко планирање како и недоволен надзор над изведбата на надградбите од втора категорија. – Урбанистичкото планирање е можеби најважниот дел во овој сектор од кој се очекува да се даде акцент на јавниот интерес, всушност и самиот урбанистички план е огледало на јавниот интерес, меѓутоа носењето на урбанистичките планови често е проследено со низа контраверзиии најчесто предизвикано од надвладувањето на приватниот интерес над јавниот, подвлече таа. Напомена дека отсуството на надзорни инспектори е слабост која треба да се поправи преку зголемување на одговорноста на одговорноста и отчетноста за сработеното. Порача дека природата не препознава корупција и амандмани, туку казнува со природни катастрофи од кои страдаат сите. Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ се надоврза дека истакнатите проблеми на панел дискусијата водат кон заклучок дека надлежните се недоволно одговорни, а вина имаат и судските власти кои не постапуваат. – Општините кои управуваат врз основа на дадена согласност од централната власт се одговорни за подготовка на ДУП-ови и урбанстички планови, се одговорни за издавање на дозволи за градба, и зашто се градат толку згради, единствена причина е бидејќи општините обеспарени, немаат финасиски средства, доколку некои од нив не издават дозволи за градба и не прават приходи од комуналии не ќе не можат ни платите да ги исплатат согласно сегашната состојба и заради тоа се под притисок дека треба да издадат многу повеќе дозволи отколку што планирале, изјави Перишиќ. Порача дека кога општините би имале доволно финасиски средства таа состојба би била спречена. -Примерите покажуваат дека нашето правосудство е застанато, примерот што го имаме со недоаѓање на државните органи на оваа дебата покажува дека тие не се капацитетни да си ја вршат својата работа и да бидат одговорни за она за што примаат пари, односно да го вршат надзорот и да казнуваат секогаш кога тоа треба, вината би ја фокусирала сосема на друго место, не во општините бидејќи секој што згрешил треба да одговара, потенцира таа. Панел дискусијата е активност која се организира во рамки на Годишната програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“, финансиски поддржана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската унија во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, започната стагфлација! Градежништвото во слободен пад! На дното во ЕВРОПА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-premnogu-e-zapochnata-stagflacija-gradeznishtvoto-vo-sloboden-pad-na-dnoto-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-premnogu-e-zapochnata-stagflacija-gradeznishtvoto-vo-sloboden-pad-na-dnoto-vo-evropa/#respond Thu, 09 Jun 2022 14:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=688996

Уште една потврда за економската катастрофа во којашто се наоѓа Македонија заради постоењето и делувањето на оваа Влада нѝ дојде денес од Државниот завод за статистика (ДЗС) кој ги објави податоците за Бруто домашниот производ (БДП) за првото тримесечје на 2022 година. Стравувањата на ВМРО-ДПМНЕ се потврдија, односно македонската економија е влезена во период на стагфлација, во период на низок раст и висока инфлација. Во првото тримесечје на 2022 година годишниот раст на БДП изнесува само 2,4% и се надоврза на нискиот раст од 2,3% во последното тримесечје на 2021 година, додека годишната стапка на инфлација од3,7% во септември лани се искачи на 8,8% во март и 11,9% во мај 2022 година. Според економскиот раст сме на дното на Европа, којашто исто како и ние се соочува со енергетска криза и висока инфлација. Но дејствувањето на оваа Влада нѐ стави, при ист шок, закотвени на дното веќе подолг временски период. Повеќе факти се загрижувачки. Податоците за надворешната размена во првиот квартал на 2022 година покажуваат дека количинскиот извоз е двојно понизок од количинскиот увоз. Ова не прави исклучително ранливи како мала економија при влошување на условите на размена, односно при поинтензивен раст на увозните од извозните цени. Така, за три месеци номиналниот трговски дефицит на стоки и услуги изнесува високи 42 милијарди денари (или околу 670 милиони евра), што е втор историски највисок дефицит по оној од последниот квартал на 2021 година (околу 770 милиони евра). Во услови кога оваа власт нема никаква политика за привлекување на странски директни инвестиции (и тука сме на дното од регионот),кога немаме влез на девизни приливи, ова ги намалува значајно девизните резерви. Уште повеќе загрижува фактот што ДЗС објави дека бруто инвестициите реално годишно пораснале за високи 38,6% (во претходниот квартал за 21,2%). НО, ова никако не укажува дека има раст на инвестиции во фиксни средства или пак инвестиции во инфраструктура, во услови кога градежништвото е во слободен пад неколку кварталi по ред. Додадената вредност во градежништвото во првиот квартал на 2022 година има реален пад од 17,4%, кој се надоврза на реалниот пад од последниот квартал лани (9,9%).Воедно, високиот годишен раст кај бруто инвестициите може да укажува на трупање на залихи кај компаниите, во услови на неможност за реализација на своето производство. Од друга страна пак земјоделството коешто треба да ни обезбеди сигурност за храна, стагнира, зошто оваа Влада не го подржа со навремени мерки. Единствено, знаци дека имаме прегревање на економијата доаѓаат од финалната потрошувачка. Приватната потрошувачка бележи количински раст од 4,9%, и покрај високата инфлација, а во трговијата на големо и мало имаме количински раст од високи 11,2%. Јавната потрошувачка бележи годишен реален раст за 0,5%, но во споредба со пред кризното ниво (Кв.1 2019 година) е повисока реално за 7,5%, што укажува дека истата ја стимулира инфлацијата. Ваквите податоци покажаа дека реакцијата на Народната банка беше закаснета и дека само услови почва за засилување на инфлацијата. Ваквиот однос воопшто на носителите на макроекономските политики тешко дека ќе креира услови за раст годинава, којшто Владата го планира на 3,2% и Народната банка на 2,9% за цела 2022 година. Напротив, однесувањето на оваа Влада предизвикува влез во рецесија! Затоа нѝ се потребни брзи предвремени парламентари избори! Премногу е, протест на 18 јуни во 20:00 часот пред Влада на Република Македонија! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-premnogu-e-zapochnata-stagflacija-gradeznishtvoto-vo-sloboden-pad-na-dnoto-vo-evropa/feed/ 0
Раст на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-objekti-za-individualno-domuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-objekti-za-individualno-domuvanje/#respond Tue, 31 May 2022 11:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=684215

Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021-ва, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика. Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 23,8 проценти, за материјали за 29,3 проценти, а за вработените за 12,5 проценти. Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-objekti-za-individualno-domuvanje/feed/ 0
Зголемени трошоците во градежништвото за нови станбени објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanbeni-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanbeni-objekti/#respond Wed, 01 Sep 2021 14:35:36 +0000 https://kurir.mk/?p=557943

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2021 година се повисоки за 6,5 отсто во споредба со првото тримесечје, соопшти Државниот завод за статистика. Трошоците за материјали се зголемени за 8,1 процент, а трошоците за вработените за 3,2 отсто. Во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 12,5 отсто, трошоците за материјали за 13,7 и трошоците за вработените за 9,9 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanbeni-objekti/feed/ 0
Зголемени трошоците во градежништвото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto/#respond Mon, 31 May 2021 12:17:57 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517220

Во првиот квартал годинава во споредба со четвртото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,4 проценти, трошоците за материјали за 4,6  проценти, додека трошоците за вработените се пониски за 1,7 проценти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,1 процент, трошоците за материјали за 4,5 проценти, а трошоците за вработените за 6,5 проценти. Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto/feed/ 0
Индустријата и градежништвото тонат, економијата пред најцрните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-i-gradeznishtvoto-tonat-ekonomijata-pred-najcrnite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-i-gradeznishtvoto-tonat-ekonomijata-pred-najcrnite-denovi/#respond Wed, 02 Dec 2020 21:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=437862

Индустријата и градежништвото тонат. Тоа го покажуваат последните податоци на државните институции. Имено, според Државниот завод за статистика забележан е пад на индустриското производство од 5,2 % за месец октомври оваа година во однос на месец октомври минатата година. Дополнително според министерството за финансии капиталните трошоци заклучно со месец октомври изнесуваат минорни 48, 64 % . Двете најважни гранки во македонската економија бележат сериозни удари и намалувања што според експертите претставува сериозна закана за и онака кревката македонска економија која допрва ја чекаат цени денови според податоците на сите реномирани финансиски институции. Она што е многу важно е дека градежништвото и индустријата се главните учесници во градењето на бруто домашниот производ и кога тие бележат опаѓање тоа значи дека економската активност на државата ќе бележи негативни резултати. Предвидувањата се дека македонската економија ќе паѓа и тоа за 4,5 % според последните податоци на Светска банка но според познавачите доколку продолжат ваквите негативни трендови во идустријата и градежништвото оваа бројка може да расте. Експертите велат дека мерките на владата не даваат резултати поради тоа што се популистички и неструктурни што дополнително го отежнуваат закрепнувањето на економијата. Владата ветуваше дека мерките од економските пакети се наменети за стопанството но сепак според експертската јавност резултатите изостанаа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-i-gradeznishtvoto-tonat-ekonomijata-pred-najcrnite-denovi/feed/ 0
Градежништвото бара поголема поддршка од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznishtvoto-bara-pogolema-poddrshka-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznishtvoto-bara-pogolema-poddrshka-od-drzavata/#respond Tue, 13 Oct 2020 19:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=416003

Наместо странските, домашните компании да бидат главни изведувачи на проектите , бараат градежниците. Велат дека државата тоа може да им го овозможи затоа што како подизведувачи на странските фирми тие не можат да допринесат за раст на економијата. На средбата со министерот Бочварски испорачаа и серија барања за спас на секторот од пандемијата. Освен четвртиот пакет, бараат дополнителна финансиска помош. Годинава ќе ја завршат со сериозен пад, но ако не им се помогне состoјбата во секторот ќе биде многу лоша, пренесува телевизија Сител. Министерот за транспoрт Бочварски рече дека градежништвото не е најпогодениот сектор од кризата, но ќе бидат разгледани нивните барања. Секторот кој беше главен двигател на економијата поради падемијата бележи пад од 4,5 проценти, но засега успеале да ги задржат сите работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradeznishtvoto-bara-pogolema-poddrshka-od-drzavata/feed/ 0