градинка астибо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Jun 2020 09:58:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градинка астибо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одложено тестирањето на вработените во најголемата штипска градинка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-testiranjeto-na-vrabotenite-vo-najgolemata-shtipska-gradinka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-testiranjeto-na-vrabotenite-vo-najgolemata-shtipska-gradinka/#respond Mon, 01 Jun 2020 09:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=352235

Одложено е тестирањето на вработените во детската градинка „Астибо“- Штип, каде што има и најголем број вработени во петте клонови низ градот Штип. Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска вели дека од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип ги известиле дека тестирањето ќе биде одложено, бидејќи се прави масовен скрининг на текстилните работнички кои работат во конфекцијата од каде што почна да се шири заразата и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси од оваа конфекција. – Во нашата установа денеска требаше да се тестираат 137 вработени од петте клонови, вклучувајќи ги сите вработени меѓу кои и администрацијата, вели Трајчевска. Таа додава дека тие како установа ги преземаат сите мерки и протоколи што им се дадени од страна на ресорното министерство и Влада. Штипскиот Центар за јавно здравје од денеска требаше да го почне тестирањето на вработените во градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш. Според списоците кои ги имаат добиено во штипската градинка „Астибо“ треба да се тестираат вкупно 137 вработени, а во „Вера Циривири-Трена“ 91 лице. Во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во детската градинка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-testiranjeto-na-vrabotenite-vo-najgolemata-shtipska-gradinka/feed/ 0