градинка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 16:09:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градинка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кривична за негувателката од детска градинка во Велес која на децата им давала да користат електронска цигара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-za-neguvatelkata-od-detska-gradinka-vo-veles-koja-na-detsata-im-davala-da-koristat-elektronska-tsigara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-za-neguvatelkata-od-detska-gradinka-vo-veles-koja-na-detsata-im-davala-da-koristat-elektronska-tsigara/#respond Mon, 30 Oct 2023 16:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894579

Отсекoт за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против 38 годишната В.И. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Како што попладнево информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-za-neguvatelkata-od-detska-gradinka-vo-veles-koja-na-detsata-im-davala-da-koristat-elektronska-tsigara/feed/ 0
СКАНДАЛ во детска градинка во Велес: Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-vo-detska-gradinka-vo-veles-vospituvachka-gi-terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-vo-detska-gradinka-vo-veles-vospituvachka-gi-terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/#respond Tue, 03 Oct 2023 07:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=884492

Огромен СКАНДАЛ се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари. Според наши извори, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале. Според информациите до кои дојдовме, за воспитувачката е покрената дисциплинска постапка. Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес. Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки како и за лоша организација на градинката. Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев. Според изворите кои ја контактираа нашата редакција, родителите ќе ја тужат воспитувачката и градинката. Воспитувачката е примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки со долгогодишно работно искуство во градинката. Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-vo-detska-gradinka-vo-veles-vospituvachka-gi-terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/feed/ 0
Бебе заврши со фрактура на рамото во градинка во Шуто Оризари, на родителите им кажале дека е само “нервозно поради забите“ – се бара одговорност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebe-zavrshi-so-fraktura-na-ramoto-vo-gradinka-vo-shuto-orizari-na-roditelite-im-kazhale-deka-e-samo-nervozno-poradi-zabite-se-bara-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebe-zavrshi-so-fraktura-na-ramoto-vo-gradinka-vo-shuto-orizari-na-roditelite-im-kazhale-deka-e-samo-nervozno-poradi-zabite-se-bara-odgovornost/#respond Sat, 23 Sep 2023 12:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=880996

11 месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо обвинуваат родителите. Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари тврди таткото Имер Салиу. Тој со рентген снимки во раце излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што и се случило на 11 месечната ќеркичка. Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од општина Шуто Оризари, пренесува ТВ АЛФА. -Бебе од 11 месеци не може само да си ја скриши коската. Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди. Тоа бебе било под надзор на негователките кои што во моментот на настанатата повреда дали се они фактор на повредата, дали они ја предизвикале дали они не внимавале на неа дека се случило ова не знаеме. Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител загрижен барам одговороност од сите институции поготово од општината Шуто Оризари коишто ги вработуваат негователките” - вели таткото на бебето, Имер Салиу. Салиу е гневен од односот на вработените во градинката што не добил никакви информации дека неговата ќерка има сршеница, вели дека ќе направи се, за да ја дознае вистината. “Откако ја земавме немаше видни траги на неа, прашавме зошто е повредена ми рекоа дека сама се повредила била нервозна од забите. А за тоа што се случило со рамото не добивме конкретен одговор. Се надевам ќе добиеме одговор што и како се случило, бидејќи секој родител би сакал да го знае тоа” – вели Салиу. Ова не е прв случај на пријава за повредено дете во градинка. Минатата година десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, се здоби со полесни повреди откако за тоа пријавија родителите, а не градинката, потсети АЛФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebe-zavrshi-so-fraktura-na-ramoto-vo-gradinka-vo-shuto-orizari-na-roditelite-im-kazhale-deka-e-samo-nervozno-poradi-zabite-se-bara-odgovornost/feed/ 0
Во штипските градинки листа на чекање, причината недостаток на кадар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskite-gradinki-lista-na-chekane-prichinata-nedostatok-na-kadar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskite-gradinki-lista-na-chekane-prichinata-nedostatok-na-kadar/#respond Sat, 26 Aug 2023 13:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=871171

Во штипските градинки повторно има листа на чекање за прием на деца. Причината овојпат не се просторните можности, туку недостатокот на кадар. Проблемот се појавува бидејќи не се одобруваат вработувања, откако ќе се испразнат работните места по основ на пензионирање. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“- Штип, Ивана Ангеличкова, вели дека и покрај тоа што неколкумина од вработените веќе заминале во пензија, во претстојниот период тоа ќе се случи со уште четири вработени во оваа. Во пензија заминуваат две воспитувачки и две негувателки, што значи две групи дечиња помалку. - Голем дел од родителите ги пуштаат дечињата од 1 септември, па така и кај нас од листата на чекање којашто беше правена во текот на летото сега се пополнуваат слободните места низ соодветните воспитни групи. Меѓутоа, еве, јавно да им се извинам на сите родители чиишто дечиња нема да можеме да ги примиме, бидејќи се соочуваме со недостаток на вработени. Од нашата детска градинка дел отидоа во пензија и во наредниот период ќе ни се ослободат работни места по основ на пензионирање и од одредена бројка на луѓе. За жал, поради тоа што Министерството не ни дава согласности за вработување, ние ќе мораме тие групи да ги затвориме, вели Ангеличкова. Состојбата е слична и во детската градинка „Астибо“. Директорката, Наташа Мусева, додава дека проблемот со бројот на деца кој се провлекуваше со години е решен со тоа што групите работат со зголемен број на деца. Меѓутоа, и во оваа градинка вработените заминуваат по основ на вработување, а сѐ уште нема согласност за нови вработувања, односно нивна замена. - Детската градинка „Астибо“ – Штип врши упис и прием на деца за претстојната 2023/2024 година. Изминатите години многу деца остануваа без место во градинката, но последниве години состојбата е нормализирана во соработка со Советот на Општина Штип, каде е донесена одлука сите воспитни групи да работат со зголемен број на деца. Во установата интензивно работи и Комисија за прием на децата која ги регулира нормативите при прием. Во објектите каде постои поголем број на деца, новозапишаните ги упатуваме во останатите наши објекти и со тоа се трудиме сите деца да бидат згрижени. Јавно упатувам апел до родителите да имаат трпение, бидејќи листа на чекање постои само во одредени објекти каде веќе е пополнет бројот на групите, рече Мусева. Според Законот, за нови вработувања градинките имаат должност да испратат барање до Министерството заедно со соодветна документација која утврдува по кој основ се испразнети работните места. Директорката Ангеличкова вели дека тоа веќе го имаат сторено, но чекаат на согласност од Министерството за труд и социјална политика, како и од Министерството за финансии за да распишат оглас за вработување. Инаку во тек се уписите на децата во градинките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskite-gradinki-lista-na-chekane-prichinata-nedostatok-na-kadar/feed/ 0
Капацитетот на градинките во Кочани надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kapatsitetot-na-gradinkite-vo-kochani-nadminat-za-edna-chetvrtina-na-listata-na-chekane-ima-ushte-150-dechina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kapatsitetot-na-gradinkite-vo-kochani-nadminat-za-edna-chetvrtina-na-listata-na-chekane-ima-ushte-150-dechina/#respond Wed, 26 Jul 2023 13:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=860288

Капацитетот на сите пет објекти на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани е надминат за една четвртина, а на листата на чекање има уште околу 150 дечиња. Од детската установа е поднесено барање за согласност до Советот на Општина Кочани за зголемување на бројот на деца во сите 31 група, каде во просек треба да има место за уште по седум деца над определениот норматив. - Во сите објекти се згрижени околу 680 деца, што е многу повеќе од просторниот и кадровскиот капацитет со кој располагаме. Поради интересот на родителите, принудени сме да бараме согласност од Општината за проширување на секоја од групите за уште по околу 40 отсто. Дополнителен проблем е што сме ограничени и со бројот на негувателки, воспитувачки и друг помошен персонал, затоа што во изминатите две ипол години во пензија заминаа 21 вработен, до крајот на годината ќе заминат уште двајца, а се пополнија само осум места. Проблем за проширување на просторните можности е што новиот објект во населбата Драчевик, со капацитет за 125 деца, две години по изградбата сè уште не е во функција поради технички проблеми при изведбата на градежните работи, истакна Јованка Ефтимова, директорка на детската градинка „Павлина Велјанова“. Со почетокот на новата учебна година вообичаено се зголемува и интересот на родителите за згрижување на нивните деца, поради што ќе мора да се прошири и листата на чекање. Од детската установа очекуват членовите на општинскиот Совет да имаат разбирање за состојбата и да дадат согласност за зголемување на бројот на деца во групите над веќе утврдениот норматив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kapatsitetot-na-gradinkite-vo-kochani-nadminat-za-edna-chetvrtina-na-listata-na-chekane-ima-ushte-150-dechina/feed/ 0
Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-nedela-kilogram-ovoshje-od-prva-klasa-za-site-detsa-zapishani-vo-gradinka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-nedela-kilogram-ovoshje-od-prva-klasa-za-site-detsa-zapishani-vo-gradinka/#respond Mon, 17 Jul 2023 11:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=857381

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посетија градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ каде што ја стартуваа кампањата на МЗШВ „Здрав оброк за секое дете“. -Овошјето е неизбежна ужинка за сите деца. Токму затоа ме радува што дечињата ќе јадат проверени и безбедни домашни овошја од прва класа произведени во нашите овоштарници и од нашите земјоделци. Мило ми е што кампањата „Здрав оброк за секое дете“ започнува од наша центарска градинка и што при делењето дечињата се запознаат со витамините на овошјата и бенефитот од нивното конзумирање. Важно е овошјето и зеленчукот да бидат вклучени во секојдневното детско мени уште од рана возраст. И ние токму тоа се обидуваме да направиме, да стекнеме здрави навики за здрава и квалитетна исхрана за дечињата , изјави Герасимовски. Тој вели дека проектот „Здрав оброк за секое дете“ се реализира втора година по ред преку програмата на МЗШВ и партнерство на МТСП за поддршка на откупот за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи произведени од земјоделците. Според него, преку овој проект секое запишано детенце во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм македонско овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа. Сето ова е под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе гоконтролираат квалитетот и безбедноста. Покрај делење здрави оброци за дечињата беше организирана и креативна работилница во која градоначалникот Герасимовски и министрите Николовски и Тренчевска подготвуваа разни производи од овошје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-nedela-kilogram-ovoshje-od-prva-klasa-za-site-detsa-zapishani-vo-gradinka/feed/ 0
Шестмина загинати во напад на градинка во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-zaginati-vo-napad-na-gradinka-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-zaginati-vo-napad-na-gradinka-vo-kina/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:21:39 +0000 https://kurir.mk/?p=854814

Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти. Меѓу седумте жртви има „наставник, двајца родители и тројца ученици“, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти, додавајќи дека детали за идентитетот и возраста на жртвите и видот на оружјето што е употребено се уште не се познати. Нападот се случил околу 7:40 часот по локално време во градот Лианџијанг во провинцијата Гуангдонг. Во Кина е забрането поседување огнено оружје. Меѓутоа, нападите со нож се зголемени во последните години во таа земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-zaginati-vo-napad-na-gradinka-vo-kina/feed/ 0
Општина Карбинци обезбеди проектна документација за доизградба на градинката „Кокичиња“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-karbintsi-obezbedi-proektna-dokumentatsija-za-doizgradba-na-gradinkata-kokichina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-karbintsi-obezbedi-proektna-dokumentatsija-za-doizgradba-na-gradinkata-kokichina/#respond Tue, 04 Jul 2023 09:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=852447

Општина Карбинци со доградба на градинката „Кокичиња“ во село Таринци ќе го решава проблемот со долгата листа на чекање за прием на деца. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека капацитетот на градинката „Кокичиња“ двојно ќе се зголеми. Посочува дека проектната документација е обезбедена од страна на општината, а проектот ќе се реализира со финансиска поддршка од ресорното Министерство за труд и социјална политика. -Општина Карбинци заедно со Детската градинка „Кокичиња“ обезбедивме целосна проектна документација за доградба на Детската градинка со тоа што ќе успееме да ја доградиме со дополнителен капацитет од 50 нови дечиња коишто ќе имаат можност да бидат запишани. Досегашниот капацитет е премал, се работи за поголема листа на чекање која што во следниов период ќе биде и минато. Проектот е обезбеден од страна на Општина Карбинци заедно со Министерството за труд и социјална политика се обезбедени 14.400.000 денари со што доградбата ќе започне во периодов којшто следи, вели Паунов. За слободните 50 места се пријавуваа околу 70 дечиња, поради што, според градоначалникот, доградбата е реална потреба. -Учеството ќе го знаеме по завршување на јавната набавка и склучувањето на договорите. Општина Карбинци ќе учествува во делот на адаптација на просториите и набавка на опремата којашто ќе биде потребна во самите простории, вели Паунов. Детската градинка „Кокичиња“ почна да се гради во 2014 година, а свечено беше пуштена во употреба веќе следната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-karbintsi-obezbedi-proektna-dokumentatsija-za-doizgradba-na-gradinkata-kokichina/feed/ 0
Стефковски за случајот со градинката во Автокоманда: Недозволиво е дете да ја напушти градинката, Тренчевска да реагира! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-za-sluchajot-so-gradinkata-vo-avtokomanda-nedozvolivo-e-dete-da-ja-napushti-gradinkata-trenchevska-da-reagira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-za-sluchajot-so-gradinkata-vo-avtokomanda-nedozvolivo-e-dete-da-ja-napushti-gradinkata-trenchevska-da-reagira/#respond Fri, 23 Jun 2023 12:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848985

Сакам да изразам сериозна загриженост за безбедноста и сигурноста на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост во Автокоманда, вели во Писмената изјава на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во врска со случајот за градинката во Автокоманда. -Како родител на дете кое до неодамна ја посетуваше градинката сериозно ме вознемири информацијата дека две годишно дете успеално да го напишти објектот на градинката без тоа да биде забележано од страна на вработената која е задолжена да се грижи за децата. Информацијата за овој случај ја добив од загрижени родители во текот на вчерашниот ден. Недозволиво е дете кое е оставено на згрижување во детска градинка да го напушти објектот без воопшто да биде забележано. Како градоначалник на општина Гази Баба барам од Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност е градинката Детска радост да ја разреши директорката на градинката, бидејќи наместо соодветна постапка за утврдување на одговорност на вработената, директорката и изрекла мерка усна опомена. Очекувам Министерката Јованка Тренчевска овој пат да постапи согласно Законот за заштита на деца, бидејќи одговорноста за овој случај, но и за се во иднина е единствено во Министерството за труд и социјална политика. - пишува Стефковски. ОВА Е ОТВОРЕНОТО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ Со огромна загиженост го испраќаме ова отворено писмо до јавноста, а од неговата содржина уверени сме дека и Вие ќе бидете загрижени. Имено на ден 20.06.2023 година во објектот Темјанушка при детската градинка Детска радост во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и по потрага по некое време истото било пронајдено. Вработената во градинката Р.П. од чија група детето избегало од страна на директорката Анета Петровска добила единствено усна опомена како мерка. Мајката на детето која е самохрана мајка е под притисок да не го објави случајот во јавноста и на истата и е понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка детето е префрлено во друг клон на градинката. Почитувани новинари, Она на што предупредувавме во минатото за жал станува реалност. Доведена е во прашање безбедноста на нашите деца кои ја посетуваат градинката Детска радост. Вчера оддржавме состанок на кој присуствуваа родители на 116 дечиња кои посетуваат градинка и од истиот произлегоа следните заклучоци: 1.Бараме Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска под чија надлежност е сега градинката Детска радост, ВЕДНАШ и без одлагање да ја РАЗРЕШИ директорката Анета Петровска. 2.Бараме отпочнување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа. Почитувани новинари, Како родители апелиравме Министерката Тренчевска да не ги одзема надлежностите на општината, токму од овие причини. Неможе некој што незнае каде се наоѓа градинката во Автокоманда да се грижи за заштитата на нашите деца подобро од оној кој ние како народ сме го избрале за градоначалник. Очекуваме и бараме и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски да даде поддршка на нашите барања и да не се изема поради тоа што нема директна надлежност на градинката. Чашата е прелеана. Доколку Министерката која во минатото покажа дека е недопирлива и се чувствува моќно поради власта која ја поседува и овој пат остане глува на нашите барања ќе следуваат конкретни мерки и чекори превземени од наша страна. Апелираме и до премиерот Димитар Ковачевски кој е родител да се стави барем на миг на нашата страна и да помисли какво е нашето чувство кога утрово сме ги оставиле во градинка, а незнаеме како и дали ќе си ги земеме. СО ПОЧИТ, РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ Од МТСП на прашањето на Курир велат дека дознале по допрен глас за исченатото дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба и дека кај нив нема пристигнато ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби, но притоа потврдувајќи дека ваков немил настан се случило каде што дете го напуштило објектот и истото било вратено од родител на во згрижувачката група. -Во врска со вашето прашање во врска со настанот за кој Министерството за труд и социјална политика дозна по допрен глас за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, до овој момент не е пристигнат ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби. Во интерес на целосна и точна информација за настанот, Министерството стапи во контакт со директорката на предучилишната установа, при што истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено од родител во згрижувачката група. Согласно ингеренциите на директорката на градинката, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-za-sluchajot-so-gradinkata-vo-avtokomanda-nedozvolivo-e-dete-da-ja-napushti-gradinkata-trenchevska-da-reagira/feed/ 0
Дете исчезнало од градинка, го нашле низ Автокоманда? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dete-ischeznalo-od-gradinka-go-nashle-niz-avtokomanda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dete-ischeznalo-od-gradinka-go-nashle-niz-avtokomanda/#respond Fri, 23 Jun 2023 10:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=848937

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ Со огромна загиженост го испраќаме ова отворено писмо до јавноста, а од неговата содржина уверени сме дека и Вие ќе бидете загрижени. Имено на ден 20.06.2023 година во објектот Темјанушка при детската градинка Детска радост во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и по потрага по некое време истото било пронајдено. Вработената во градинката Р.П. од чија група детето избегало од страна на директорката Анета Петровска добила единствено усна опомена како мерка. Мајката на детето која е самохрана мајка е под притисок да не го објави случајот во јавноста и на истата и е понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка детето е префрлено во друг клон на градинката. Почитувани новинари, Она на што предупредувавме во минатото за жал станува реалност. Доведена е во прашање безбедноста на нашите деца кои ја посетуваат градинката Детска радост. Вчера оддржавме состанок на кој присуствуваа родители на 116 дечиња кои посетуваат градинка и од истиот произлегоа следните заклучоци: 1.Бараме Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска под чија надлежност е сега градинката Детска радост, ВЕДНАШ и без одлагање да ја РАЗРЕШИ директорката Анета Петровска. 2.Бараме отпочнување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа. Почитувани новинари, Како родители апелиравме Министерката Тренчевска да не ги одзема надлежностите на општината, токму од овие причини. Неможе некој што незнае каде се наоѓа градинката во Автокоманда да се грижи за заштитата на нашите деца подобро од оној кој ние како народ сме го избрале за градоначалник. Очекуваме и бараме и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски да даде поддршка на нашите барања и да не се изема поради тоа што нема директна надлежност на градинката. Чашата е прелеана. Доколку Министерката која во минатото покажа дека е недопирлива и се чувствува моќно поради власта која ја поседува и овој пат остане глува на нашите барања ќе следуваат конкретни мерки и чекори превземени од наша страна. Апелираме и до премиерот Димитар Ковачевски кој е родител да се стави барем на миг на нашата страна и да помисли какво е нашето чувство кога утрово сме ги оставиле во градинка, а незнаеме како и дали ќе си ги земеме. СО ПОЧИТ, РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ Од МТСП на прашањето на Курир велат дека дознале по допрен глас за исчезнатото дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба и дека кај нив нема пристигнато ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби, но притоа ја потврдуваат веста дека ваков немил настан се случил, каде што дете го напуштило објектот и истото било вратено од родител во згрижувачката група. Во врска со вашето прашање во врска со настанот за кој Министерството за труд и социјална политика дозна по допрен глас за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, до овој момент не е пристигнат ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби. Во интерес на целосна и точна информација за настанот, Министерството стапи во контакт со директорката на предучилишната установа, при што истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено од родител во згрижувачката група. Согласно ингеренциите на директорката на градинката, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето, стои во одговорот на надлежното министерство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dete-ischeznalo-od-gradinka-go-nashle-niz-avtokomanda/feed/ 0