градиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Jul 2023 08:25:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На локалитетот Градиште кај Младо Нагоричане пронајдени уникатни археолошки содржини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-lokalitetot-gradishte-kaj-mlado-nagorichane-pronajdeni-unikatni-arheoloshki-sodrzhini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-lokalitetot-gradishte-kaj-mlado-nagorichane-pronajdeni-unikatni-arheoloshki-sodrzhini/#respond Sun, 02 Jul 2023 08:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=851722

Наодите од археолошкиот локалитет Градиште (Младо Нагоричане) укажуваат дека и далеку на север постоела палата од 4-3 пр.н.е од време на кралството Античка Македонија. Археолозите од кумановскиот музеј ќе го истражуваат локалитетот и во иднина. Дел од наодите се наоѓаат и во постојаната поставка на кумановскиот музеј и се достапни за јавноста. Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, пронајде тимот археолози од Националната установа Музеј Куманово. На локалитетот кој е истражуван последниве неколку години, пронајдени се уникатни археолошки содржини, некои првпат откриени во државава, карактеристични за античкото кралство Македонија. Наодите укажуваат на тесна поврзаност на кумановскиот регион со медитеранските цивилизациски центри и укажуваат дека на овој рид пред околу 2.300 години постоел значаен антички град со непознато име, кој имал свои владетели блиски и поврзани со македонското кралство на југ. Во 2023 ископувањата беа насочени на највисокиот дел на ридот, со што продолжи откривањето на градбата од 2014-та година. - Значењето на овој локалитет за музејската збирка на Музеј Куманово е огромно, затоа што претставува единствен истражуван локалитет од периодот непосредно по смртта на Александар Македонски (323 г. пр.н.е). Наодите од овој локалитет скоро стопроцентно ја сочинуваат хеленистичката збирка на музејот, која претходно беше составена од само неколку предмети. Што е уште поважно, дел од наодите претставуваат уникати, и засега, се единствени по музејските збирки во државава, што е изненадување, знаејќи ја местоположбата на кумановските регион и оддалеченоста од македонските центри – Вергина, Пела и Олинт, изјави археолог, Дејан Ѓорѓиевски, раководител на истражувањето. Локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, се ископува од 2014 година. Првите ископувања беа иницирани од Управата за заштита на културното наследство и финансирани како капитален владин проект, благодарејќи на големото откритие на депо од пајонски монети (13 сребрени монети на кралот Аудолеон – две тетрадрахми, една дидрахма, десет драхми). Во периодот од 2014 до 2017 ископувањата беа изведувани во партнерство со Филозофскиот Факултет Скопје, под раководство на професор Марјан Јованов. Во тој период е работено на највисокиот дел од локалитетот, каде што е пронајдена поголема градба со бројни движни наоди. Од 2018 година, археолозите од Куманово, самостојно ги ископуваат локалитетот, но работено е на други сектори на локалитетот – Средна и Долна тераса. Таму се пронајдени внатрешни одбранбени ѕидови, како и интервенции во карпа кои веројатно зборуваат за постоење на светилиште во кое се изведувани ритуали. Паралелно со ископувањата, Музеј Куманово е и пионер во реализирање на геофизички истражувања на локацијата, каде што, во соработка со Археолошки музеј, се скенирани најважните површини кои следните години ќе бидат од интерес за ископување. - Со последните истражувања е отворен северниот дел од објектот на акрополата, со цел да се утврди дали е тоа, повеќе објекти или нешто поголемо. Со откривањето на неговите северни граници, можеме да заклучиме дека целиот највисок дел на ридот бил искористен за градење на само еден голем објект, кој според својата форма, бил од резиденцијален тип, односно палата. Градбата ја карактеризираат неколку уникатни содржини. Имено, тука се пронајдени целосно сочувани јонски капители и бази од предримски период, односно од 4-3 в. пр.е., кои, за сега, се единствени од ваков тип во државава. Градбата има и просторија во која била складирана вода, градена со под од малтер, и со тоа асоцира на бања, каква што има на Вардарски Рид (македонски град Гортинија), но и во кралските палати во Вергина и Пела, појаснува Ѓорѓиевски. Архитектура на градбата е скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела, има атриум со перистил, пропилон како влезен дел и помали простории кои гравитираат кон отворениот двор. Она што ја издвојува градбата од останатите од овој период е постоење на боен малтер на ѕидовите. - На тој начин, заедно со откриените ѕидови во владетелската палата на Кнежје, објектот на Теќе – Отовица и т.н. „стоа“ на Вардарски Рид, новите наоди ги побиваат тезите дека малтерните ѕидови кај нас се јавуваат првпат со доаѓањето на Римјаните. И не само тоа, најблиските аналогии ги наоѓаме во т.н. ѕидарски (masonry) стил во хеленистичкото сликарство, најмногу со богатите куќи од македонската престолнина Пела. Скоро идентичен распоред на бои, техника и стил, кој подоцна ќе го адаптираат Римјаните и ќе биде наречен како „прв помпејански стил“ се јавуваат на ѕидовите од објектот на Нагоричинe. Сличности со Пела се забележуваат и во системот на транспорт и филтрирање на вода. Како најдобар показател за тесната поврзаност на овој објект со македонското кралство на југ се секако овогодишните наоди од аплики за врата. Покрај стандардните, кружни аплики кои се среќаваат на поширока територија, откриени се и неколку со издаден и профилиран врв. Идентични такви наоди има на вратите од гробницата во Агиа Параскеви кај Солун и Лангаза прецизно датирани кон крајот на 4-поч.на 3 век пр. н. е., додава Ѓорѓиевски. Досегашните показатели водат до заклучок дека целиот дел од врвот на локалитетот е искористен за градење на голем објект. Покрај многуте движни наоди кои укажуваат на поврзаност со античката македонска култура, а кои можат да се протолкуваат како трговски врски, постојат архитектонски елементи кои посочуваат на континуитет во знаењето при градењето на слични вакви објекти во централните македонски градови на југ. - Засега, можеме само да претпоставиме дека општествените услови по смртта на Александар Македонски и големата акумулација на богатство во кралството, овозможиле развој на локални, богати поединци кои биле добро запознаени со античката македонска култура и направиле напор да ја внесат и развијат и во северните делови на денешна Македонија. Овие наши сознанија во голема мера ги менуваат досегашните официјални истории за изолираност на регионот во културните достигања на хеленистичкиот период, и уште повеќе, преку некои наоди, овој локалитет се издигнува како еден од најзначајните истражувани досега, додава Ѓорѓиевски. Наодите можат да се видат во музејската поставка во Куманово. Достапни се и на официјалната страница на НУ Музеј Куманово. - Од големо значење за нас и за македонската археологија ќе биде да продолжиме со сондажните ископувања, преку кои имаме единствена можност да го проучуваме процесот на формирање на првите градови во регионот и автохтониот развој на цивилизациските текови, пред овие области да бидат освоени од Римјаните и целосно да бидат вклучени со античката римска култура, изјави в.д. Марија Миљуш Божурска. Кумановскиот музеј веќе ја поднесе нацрт годишната програма за наредната 2024-та година и во програмата е предвидено продолжеток на истражување на овој значаен локалитет. Надлежните и стручните очекуваат поголеми финансиски средства за да се доистражи локалитетот од кој значење има македонската и кумановската археологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-lokalitetot-gradishte-kaj-mlado-nagorichane-pronajdeni-unikatni-arheoloshki-sodrzhini/feed/ 0
Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arheoloshki-istrazuvanja-na-lokalitetot-gradishte-kaj-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arheoloshki-istrazuvanja-na-lokalitetot-gradishte-kaj-negotino/#respond Mon, 03 Oct 2022 09:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=740337

НУ Археолошки музеј во соработка со Универзитетот од Гдањск, Р. Полска, во изминатиот месец го реализираа меѓународниот проект „Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино“. -Покрај стручниот тим од Археолошкиот музеј, во проектот се вклучени професори и постдипломци од Универзитетот од Гдањск, како и археолози од Музеј на град Неготино. Локалитетот се наоѓа на западниот влез на градот Неготино, на висок рид со зарамнето плато што доминира над реката Вардар и автопатот Е75. Археолошките истражувања, изведени овде во 1983 и 1984 година, констатирале остатоци од утврден антички град, кој се развил од постара праисториска населба и егзистирал сè до доцноримскиот период, информираа денеска од Археолошкиот музеј. Оттаму нагласија дека изобилството на локално изработени керамички садови и фигурини, калапи, печки за керамика, но и постоењето на глиништа во близината, кажуваат дека овој град имал развиена керамичарска продукција, која веројатно била и еден од главните извори на неговата економска моќ. Откриените градби, улици со тротоари и системи за одвод се сведоштво за економски силна градска населба. – Според една од актуелните теории, на ридот Градиште во античкиот период егзистирал градот Антигонеа, подигнат во 3. век пред н.е., во време на династијата на македонските кралеви Антигониди, поточно во времето на Антигон Гонат (283-239) или Антигон Досон (229-221). За постоењето на градот Антигонеа сведочат повеќе антички пишани извори, но за неговата местоположба најрелевантен извор е познатата Појтингерова карта, според која Антигонеа се наоѓала 12 римски милји (18 км) јужно од Стоби и 17 милји (25 км) северно од Стенае (Демир Капија), соопштија од Музејот. Тие растојанија, нагласија, во целост одговараат со местоположбата на локалитетот Градиште кај Неготино. Оваа година тимот истражуваше на највисоката позиција на локалитетот при што се oткри дел од уличната мрежа составена од две улици кои се пресекуваат, а едната од нив е во одлична состојба поплочена со масивни камени блокови. Покрај ова се работеше и на откриените печки со цел да се утврди нивната намена, земјата од печките се флотираше за да се провери дали има биолошки остатоци. При флотирањето се пронајдоа семиња од грозје, житарици, грав и др. кои ќе бидат цел на понатамошни анализи. Раководители на проектот се м-р Радомир Ивановиќ од Археолошкиот музеј и д-р Николас Секунда од Универзитетот Гдањск. Стручната екипа ја сочинуваа: Мила Шурбановска, м-р Перо Синадиновски, Костадинка Филипова, Стојанче Атанасов, д-р Јакуб Мосиејчук, д-р Марчин Пашке, м-р Вероника Кул, Наталија Ресзута, Мачеј Скотарек и Кристијан Рдзанек, информираа од Археолошки музеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arheoloshki-istrazuvanja-na-lokalitetot-gradishte-kaj-negotino/feed/ 0
Се санираат праисториски објекти во Музејот на вода кај Градиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-saniraat-praistoriski-objekti-vo-muzejot-na-voda-kaj-gradishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-saniraat-praistoriski-objekti-vo-muzejot-na-voda-kaj-gradishte/#respond Wed, 20 Apr 2022 08:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=665792

Конзерватори од Завод и музеј – Охрид работат на санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на Коските кај Градиште. Националната установа Завод и музеј информира дека во наредните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата, кои се презентирани во комплексот. Планираните активности се реализираат под раководство на конзерваторот Ванчо Димоски, велат од установата. На Заливот на коските претходно беше извршена и реконструкција на пристаништето, статичко зајакнување на пристапната патека кон наколната населба, а беа заменети и сите стари дотрајани греди од самата платформа. Активностите се во насока на обезбедување подобри услови за сите посетители и зголемена безбедност на локалитетот. Музејот на вода кај Градиште е еден од најпосетуваните локалитети, во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-saniraat-praistoriski-objekti-vo-muzejot-na-voda-kaj-gradishte/feed/ 0
Браќа се степале во авто кампот „Градиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/brakja-se-stepale-vo-avto-kampot-gradishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/brakja-se-stepale-vo-avto-kampot-gradishte/#respond Sun, 11 Jul 2021 11:27:47 +0000 https://kurir.mk/?p=535037

Двајца браќа синоќа се степале во авто кампот Градиште, информира охридската полиција. -На 11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола, велат од СВР Охрид. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/brakja-se-stepale-vo-avto-kampot-gradishte/feed/ 0
Кумановските археолози ги завршија годинешниве истражувања на Градиште во Бислим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/#respond Mon, 28 Dec 2020 09:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=449294

Завршија овогодишните истражувања на локалитетот Градиште во кумановско Бислим, соопштија денеска надлежните од Националната Установа Музеј Куманово. Откриени се ѕидови за кои се претпоставува дека се остатоци од ранохристијанска црква. Раководителот на истражувањата, Дејан Ѓорѓиевски истална дека ископувањата биле насочени кон источната страна на локалитетот каде што постоеле две кули-правоаголна и пентагонална. – Во нивна непосредна близина, внатре во населбата, преку ископувањата се откри градба со поставеност запад-исток, која покрај добро сочуваниот северен ѕид имала и стилобат (подлога за поставување на столбови) со остатоци од три рудиментирани столба. Подот на градбата бил квалитетно поплочен со тули, поставени на глинеста супструкција и хоросан малтер. Очигледно е дека станува збор за квалитетна градба која имала должина поголема од 20 метри, па со анализа на резултатите претпоставуваме дека се работи за ранохристијанска црква. Ова е веќе трета ранохристијанска црква која е проучувана од археолошкото одделение на музејот, преку која се надеваме да добиеме значајни информации за ширењето на христијанството во регионот во периодот на доцната антика, изјави Ѓорѓиевски. Градиште претставува најсочувана тврдина во околината на Куманово, со ѕидини високи преку два метри, а потекнува од доцноримскиот-рановизантиски период (4-6 век). Се наоѓа во живописната клисура на Пчиња во Бислим, од сите страни опкружен со стрмни карпи и ридови, до која се пешачи по козји патеки околу 40 минути од селото Пчиња. Поради ваквата изолираност, утврдувањето е мошне добро сочувано, со антички градби кои сè уште се видливи на теренот. Инаку, Бислимската Клисура претпоставувала алтернативен пат од северот кон Вардарскиот пат, па затоа била многу важна за контрола, што резултирало со укрепување на неколку позиции и создавање на населбински центри од страна на римските војски. Иако, средствата предвидени за проектот во рамките на годишната програма на музејот биле само педесет проценти финансирани, екипата успеала да ги изведе предвидените активности, додава Ѓорѓиевски, појаснувајќи дека тоа подразбирало подготовки на теренот за ископување, отстранување на густата вегетација, како и изведување на геофизички истражувања од страна на Археолошкиот музеј, со цел да се добие попрецизна слика за точните точки за ископување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/feed/ 0
Пронајдена марихуана во автокампот ,,Градиште” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-marihuana-vo-avtokampot-gradishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-marihuana-vo-avtokampot-gradishte/#respond Sat, 15 Aug 2020 10:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=391016

Екипа на СВР Охрид вчеравечер по судска наредба извршила претрес во автокампот Градиште и во приколка на 26 годишниот Б.И од Скопје пронашла и одзела марихуана. За време на претресот во објектот биле уште четири лица од Скопје. Б.И бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-marihuana-vo-avtokampot-gradishte/feed/ 0
По журките во Охрид, кривични пријави за сопствениците на плажите на Градиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/po-zurkite-vo-ohrid-krivichni-prijavi-za-sopstvenicite-na-plazite-na-gradishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/po-zurkite-vo-ohrid-krivichni-prijavi-za-sopstvenicite-na-plazite-na-gradishte/#respond Mon, 03 Aug 2020 12:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=385518

Стотина млади луѓе од цела Македонија се забавуваат на плажите кај Градиште во Охрид, без почитување на мерките за носење на заштитни маски и социјална дистанца. Тоа може да се види и од овие аматерски снимки, кои беа поставени на социјалните мрежи. Освен што се забавувале, полицијата на Градиште пронашла и марихуана, а повеќе млади лица на возраст помеѓу 15 и 23 години биле приведени во полицијата. „СВР Охрид е постојано присутна на плажите кај Градиште, каде има поголеми присуство на туристи. Контролите на полициските службеници беа насочени кон лицата кои не носат заштитни маски, но при преземањето на мерките, беа приведени околу десеттина лица од Скопје и други градови, бидејќи кај нив беше пронајдена опојна дрога марихуана. Против нив се поднесени соодветни пријави. Станува збор за многу млада популација на возраст од 15 до 23 години“, рече Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид. Од пазарниот инспекторат во Охрид, подготвуваат кривични пријави за сопствениците на објекти во Градиште, кои ќе бидат поднесени до Основното јавно обвинителство. Велат на мал простор затекнале присуство на многу луѓе. „Поради непочитување на мерките за заштита од корона вирусот, констатираната неправилност на недржење на дистанца, на непочитување на протоколот за послужување на гостите со седење, констатирани се неправилност кај објектите во Градиште, на плажа 2 и плажа 3 и се подготвува материјал за поднесување на кривична пријава против правните лица“, рече Цветко Ристески- пазарен инспекторат Охрид. Биле поднесени и 12 прекршочни пријави во Охрид и 5 во Струга, против угостителски објекти и други локали во кои не се почитувале протоколите. Во изминатите 24 часа, полицајците напишале 170 казни за неносење на заштитни маски. Инаку во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 90 во Охрид, 46 во Струга. Поголемиот дел се однесуваат на неносење маски на плажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/po-zurkite-vo-ohrid-krivichni-prijavi-za-sopstvenicite-na-plazite-na-gradishte/feed/ 0
Поднесени кривични пријави за забавите на Градиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-krivichni-prijavi-za-zabavite-na-gradishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-krivichni-prijavi-za-zabavite-na-gradishte/#respond Mon, 03 Aug 2020 11:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=385484

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува  „Слободен печат“. Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар. -Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“. Проблемот е голем онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност за постапување. Туристите тоа го знаат и затоа, наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат онаму каде што никој не им наметнува правила. На само 20 метри далечина од хотелските плажи, на таканраечените ,,диви” плажи, или плажи каде што нема стопан, надлежност да казнува нема никој. Таму нема игла каде да се фрли. Кога се чекаат редици за туристите да се качат на бродот за крстарење нема никаква дистанца и турканиците се големи. Пазарните инспектори изрекле и 5 прекршочни казни за нерегистрирани трговски објекти кои изнајмувале лежалки и реквизити, како и 12 прекршочни за прекршоци по други основи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-krivichni-prijavi-za-zabavite-na-gradishte/feed/ 0
ВИДЕО: Станува ли Охрид „македонски Вухан“ – Луда забава на Градиште без дистанца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-stanuva-li-ohrid-makedonski-vuhan-luda-zabava-na-gradishte-bez-distanca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-stanuva-li-ohrid-makedonski-vuhan-luda-zabava-na-gradishte-bez-distanca/#respond Mon, 03 Aug 2020 08:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=385403

Корисник на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од плажата Градиште. Според коментарот на видеото, забавата на која се присутни голем број млади лица, а која се одвива на оваа охридска плажа се случила вчера. Она што загрижува, а што се забележува на снимката е дека и покрај големиот број на заболени од коронавирус во Македонија, младите не ги почитуваат препораките и мерките за држење на физичка дистанца и носење заштитна маска на лицето.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-stanuva-li-ohrid-makedonski-vuhan-luda-zabava-na-gradishte-bez-distanca/feed/ 0
Пронајдена дрога во Градиште: Приведени двајца млади од Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-droga-vo-gradishte-privedeni-dvajca-mladi-od-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-droga-vo-gradishte-privedeni-dvajca-mladi-od-kichevo/#respond Sun, 02 Aug 2020 11:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=385152

Синоќа, пак, во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се две лица од Кичевско на возраст од 21 и 23 години. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во билтенот на СВР Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-droga-vo-gradishte-privedeni-dvajca-mladi-od-kichevo/feed/ 0