градоначалничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Dec 2021 14:03:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градоначалничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избрана новата градоначалничка на Берлин, порано била социјалдемократска министерка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrana-novata-gradonachalnichka-na-berlin-porano-bila-socijaldemokratska-ministerka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrana-novata-gradonachalnichka-na-berlin-porano-bila-socijaldemokratska-ministerka/#respond Tue, 21 Dec 2021 14:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=611242

Поранешната социјалдемократска министерка Франциска Гифеј денеска е избрана за градоначалничка на Берлин со план да се забрза изградбата на станови поради зголемените кирии. Четириесет и тригодишната Гифеј е првата жена избрана на чело на германскиот главен град, со кој раководи Социјалдемократската партија (СПД) во последните две децении. Таа беше министерка за семејство во периодот меѓу 2018 и 2021 година во владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел. Таа беше министерка до мај, кога поднесе оставка поради обвинувањата за плагијат на нејзината докторска теза. Подоцна и беше одземен докторатот, но таа остана доследна на својот план да се кандидира за градоначалничка на Берлин. Гифеј веќе им била позната на граѓаните на Берлин пред да ѝ се приклучи на националната влада во 2018 година како популарна градоначалничка на берлинската област Нојкелн, која има висока стапка на сиромаштија и многу семејства со имигрантско потекло. Како градоначалничка на Берлин, таа ги истакна станбените прашања како свој главен приоритет. Една од главните мисии наведени од трите владини коалициски партнери е да се изградат најмалку 200.000 станови до 2030 година во Берлин, кој секоја година привлекува се повеќе жители. Високите цени за изнајмување долго време се една од главните теми во Берлин. Надлежните на новата градоначалниќка ќе треба да одлучат што ќе прават со резултатите од необврзувачкиот референдум одржан во септември, според кој гласачите го поддржаа повикот локалната власт да изврши експропријација на околу 240.000 станови од корпоративни сопственици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrana-novata-gradonachalnichka-na-berlin-porano-bila-socijaldemokratska-ministerka/feed/ 0
Берлин доби прва градоначалничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-dobi-prva-gradonachalnichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-dobi-prva-gradonachalnichka/#respond Mon, 27 Sep 2021 06:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=568658

Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со државната влада во Берлин, според првичните резултати објавени утрово, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првата градоначалничка на германскиот главен град. Гифи (43) која претходно беше министерка за семејство во националната влада на канцеларката Ангела Меркел, ќе ја преземе функцијата градоначалник од Мајкл Мулер од СПД, откако тој одлучи да не се кандидира повторно. СПД освои 21,4 проценти од гласовите, нешто помалку од 21,6 проценти колку што ги освоија во 2016 година, додека Зелените – 18,9 проценти од гласовите од 15,2 отсто пред пет години. Гифи, која некогаш се сметаше за кандидат за национално раководење со СПД, поднесе оставка на функцијата министер во мај по скандалот со плагијат на нејзината докторска дисертација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-dobi-prva-gradonachalnichka/feed/ 0
Кривична пријава за градоначалничката на Скадар поради насилните протести https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivichna-prijava-za-gradonachalnichkata-na-skadar-poradi-nasilnite-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivichna-prijava-za-gradonachalnichkata-na-skadar-poradi-nasilnite-protesti/#respond Sun, 13 Dec 2020 14:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=442704

Градоначалничката на северниот албански град Скадар, Волтана Адеми и уште 21 друго лице добија кривични пријава за вчерашните насилни протести во овој град, јави дописничката на МИА од Тирана. – Врз основа на истрагата, крвична пријава им е поднесена на Волтана Адеми и на 21 лице, како организатори на протестот. Тие ќе одговараат за „организирање и учество на нелегални собири и протести“. Во исто време 17 малолетници кои ќе одговрааат за „ учество во нелегални собири и демонстрации“ и „нарушување на јавниот ред и мир и уништување на имот“ ќе се бранат од слобода, стои во полициското соопштение. На вчерашниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно беа уништени просториите на Социјалистичката партија. Од објектот беше извадено се што се наоѓаше во него и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објекти. Мораше да интервенира и специјалната единица за брзи интервенции По веста за поднесена кривична пријава реагираше Адеми, која рече дека ова е напад врз неа и ја повтори претходната изјава дека веднаш ја повикала полицијата, но оти таа не одговорила навреме и не го спречила нападот врз седиштето на Социјалистичката партија. -Ова е очигледен напад врз градоначалник. Воопшто не се плашам, напротив јас ќе барам темелна и до крај истрага и расветлување на вистината, наведува Адеми. Волтана Адеми е од редовите на Демократската партија. На последните локални избори, во јуни минатата година, кои опозицијата ги бојкотираше, за градоначалник беше избран Валдрин Пјетри од Социјалиситчката партија. По обвинувањата на опозицијата и започнувањето на постапката од страна на Обинителството, Пјетри се откажа од градоначалничката фотелја на која официјално не ни седна. Тој образложи дека сака да ја докаже својата невиност како обичен граѓанин. Нови избори не беа спроведени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivichna-prijava-za-gradonachalnichkata-na-skadar-poradi-nasilnite-protesti/feed/ 0
УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола: Градоначалничката Петровска да си даде оставка бидејќи не го исполни предизборното ветување за повеќе зеленило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-vmro-dpmne-bitola-gradonachalnichkata-petrovska-da-si-dade-ostavka-bidejkji-ne-go-ispolni-predizbornoto-vetuvanje-za-povekje-zelenilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-vmro-dpmne-bitola-gradonachalnichkata-petrovska-da-si-dade-ostavka-bidejkji-ne-go-ispolni-predizbornoto-vetuvanje-za-povekje-zelenilo/#respond Wed, 29 Aug 2018 16:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=93821

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола направи „пикник во една од многуте разеленети површини во Битола“, онакви површини какви што ветуваше градоначалничката на Битола Наташа Петровска во предизборната кампања минатата година. -Градоначалничката Наташа Петровска во предизборната кампања вети нови зелени површини. Денес го гледаме исходот од тоа ветување и капиталната инвестиција во раззеленувањето на Битола. Денес, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, во една пријатна атмосфера, каква што доликува на удобниот живот кој ни го донесе СДСМ и нашата почитувана градоначалничка, направивме еден мал пикник во една од многуте раззеленети површини во Битола. Градоначалничке ви благодариме, ама навистина доста беше. Ако барем малку мислите за доброто на градот и на нас младите, ве молиме поднесете си оставка ако е можно уште денес, пишува во статусот објавен на Фејсбук страната на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-vmro-dpmne-bitola-gradonachalnichkata-petrovska-da-si-dade-ostavka-bidejkji-ne-go-ispolni-predizbornoto-vetuvanje-za-povekje-zelenilo/feed/ 0