градоначалнички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Sep 2021 14:22:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градоначалнички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НДИ: Нема простор за говор на омраза и дискриминација на кандидатките за градоначалнички и советнички на претстојните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/#respond Thu, 30 Sep 2021 14:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=570894

Насилството врз жените во политиката се манифестира во повеќе облици, најчесто како мизогинија, сексистички, шовинистички и друг тип на напади и понижување, а тоа претставува директен напад врз демократијата и пристапот/правото до еднакви можности, велат во соопштението од Националниот демократски институт (НДИ). Овие локални избори се тест за нашите способности и разбирање на правото на еднакви можности и слободни и фер избори. Жените го имаат истото право како и мажите да бидат активни во политичкиот живот, да придонесуваат со својата експертиза и знаење без страв од насилство во било која форма коешто негативно влијае на личниот, професионалниот и семејниот живот на жените политичарки, како и на нивото на целиот политички дискурс. Затоа, ние членовите на Работната група за родова еднаквост , силно ги осудуваме сите форми на говор на омраза и дискриминација со коишто се нарушува правото на жените да учествуваат слободно и правично во изборниот процес како кандидатки. Ние се обврзуваме и дека нашите политички партии неодложно ќе преземат санкции и други дејствија против нашите членови кои користат несоодветен и дискриминаторски јазик или насилство со коешто се нарушува угледот на жените политичарки. Мораме да создадеме безбедно опкружување со цел и мажите и жените бидат политички активни и поддржани во нивните заложби да се кандидираат на демократски и слободни избори. Се надеваме дека ќе се стави крај на вербалните напади врз жените-кандидатки и дека предизборниот период и изборите ќе продолжат во фер и демократска атмосфера за сите учесници. Националниот демократски институт и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Сида) во моментов ја спроведуваат кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката" како дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените. Кампањата има за цел да се елиминира насилството врз жените во политиката и да се унапреди родовата еднаквост преку политичко учество, поддршка и поттикнување на жените да учествуваат во најголем можен степен во политиката, како резултат на нивните желби, предиспозиции и амбиции. Работна група за родова еднаквост: Вјолца Бериша, Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Алијанса за Албанците Вјолца Муртези, Алтернатива Адмирим Халити, Алтернатива Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, ВМРО - ДПМНЕ Мелинда Рашиди, Движење БЕСА Фатри Салуи, Движење БЕСА Силвана Кржовска, ДОМ Христа Најданов, ДОМ Бедри Фазли, ДУИ Арбана Пашоли, ДУИ Билјана Аврамоска-Ѓореска, ЛДП Игор Вељаноски, ЛДП Снежана Калеска Ванчева, СДСМ Марко Михаилоски, СДСМ, стои во соопштението на НДИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/feed/ 0