градоначалници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 11:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градоначалници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-najavija-krivichna-prijava-za-arsovska-dokolku-ne-se-reshi-sostojbata-so-komunalnata-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-najavija-krivichna-prijava-za-arsovska-dokolku-ne-se-reshi-sostojbata-so-komunalnata-higiena/#respond Mon, 10 Jul 2023 11:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=854964

Кривична пријава доколку не се постапува и барање за расформирање на ЈП Комунална хигиена и предавање на ингеренциите и механизацијата на општините, најавија скопските градоначалници по денешната итна седницата на Скопскиот плански регион. Кривичната пријава за загрозување на здравјето на граѓаните против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како што најавија, ќе ја поднесат доколку депонијата на ЈП „Дрисла“ не ги отвори рампите и се пуштат камионите со кои општините сами го собираат отпадот по протестот на вработените во „ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје. Градоначалниците на денешната седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, одлучија да побараат извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека ставот за расформирање на „Комунална хигиена“ и предавање на ингеренциите и механизацијата на општините е заеднички. - А тоа беше и согласување од страна на градоначалничката пред неколку месеци која што истото го изнесе на еден од состаноците како став дека треба Комунална хигиена да се расформира и да ни се предадат надлежностите нам. Ние сметаме дека со многу помалку ресурси за она што го плаќаат граѓаните ќе овозможиме многу поквалитетна услуга од оваа услуга која што ја нема денеска, рече тој. Ѓорѓиевски го негираше соопштението на „Дрисла“ дека на Општина Кисела Вода договорот им е истечен во март годинава, тврдејќи дека поседуваат финансиска картица за фактури кои што, како што рече „ни стигнува месеци наназад од „Дрисла“ и се уредно платени“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, изјави дека при консултациите со останатите градоначалници увиделе дека немаа капацитет како општина, а ниту финансиски ресурси колку што има Градот Скопје, за да го решат ова. - И притоа кога се понудивме малку колку што можеме да помогнеме за да не почне да се разболуваат и животинчиња коишто ги имаме во градот, да не почнат да се разболуваат граѓаните и нашите деца, ни велат е тоа ѓубре вие што сте го собрале не може тука да го донесете. А каде да го донесеме? Сопственост на некое семејство е Јавното претпријатие „Дрисла“? Приватен објект е? Јавно е ваше, наше, на сите вас претпријатие, рече тој. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, исто така, посочи дека проблемот е заеднички и не треба да се политизира. - Станува збор за граѓаните и за нивното здравје и треба што поскоро да се најде решение. Решението е што побрзо да се изменаџира ситуацијата во градот заедно со комуналното претпријатие и нивните вработени. Додека они не го решат тоа нашето првично барање е да рампите во „Дрисла“ се дигнат за да ние можеме да функционираме како општини, рече тој. Герасимовски информираше дека утрово имал телефонски разговор со директорот на „Дрисла“ при што тој му одговорил дека ќе се направи договор и дека во текот на денот ќе го имаат. - Нашите луѓе отидоа уште утрово да чекаат за да го подигнат истиот и да се потпише и од наша страна за да може да ги примат нашите камиони и се истовара сметот, дополни тој. Барањето на градоначалниците е додека не се најде решение да се отстрани целосното ѓубре, итно да се кренат рампите за нивната механизација да продолжи со работа. - Не можеме целосно да отстраниме се поради тоа што немаме механизација за оние поголеми контејнери коишто се на тротоарите и подземните контејнери, но имаме доволно механизација да го отстраниме цело ѓубре што е покрај контејнерите, но и покрај оние помали контејнери каде што имаме механизација за подигнување на истите, рече Герасимовски. На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање. На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир. Состанокот на Скопскиот плански регион се одржа по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници. За 13 часот деенска во Град Скопје закажана прес-конференција на директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева Николиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-najavija-krivichna-prijava-za-arsovska-dokolku-ne-se-reshi-sostojbata-so-komunalnata-higiena/feed/ 0
Градоначалниците ќе решаваат како да го исчистат сметот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/#respond Mon, 10 Jul 2023 06:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=854783

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето. На состанокот, градоначалниците од Скопскиот плански регион ќе излезат со свој став за настанатата состојба. Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот. Од Општина Центар пак, најавија дека ќе почнат со чистење ѓубре во и надвор од контејнерите. Градоначалникот Горан Герасимовски соопшти дека утрово со работа почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација. На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет. Герасимовски испрати апел Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен. Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страна објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа. Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но вели дека разговорите ќе продолжат од оваа недела. Таа завчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. И Сојузот на синдикатите на Македонија вчере излезе со ставот дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје, но и го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени. ССМ соопшти дека целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/feed/ 0
Мицевски: Итна седница на Скопскиот плански регион за проблемот со комуналната хигиена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitsevski-itna-sednitsa-na-skopskiot-planski-region-za-problemot-so-komunalnata-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitsevski-itna-sednitsa-na-skopskiot-planski-region-za-problemot-so-komunalnata-higiena/#respond Sun, 09 Jul 2023 19:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=854727

Поради новонастанатата ситуација со проблемот во ЈП Комунална хигиена во рамки на градот Скопје, утре (10.07) со почеток од 10 часот во зградата на Општина Аеродром ќе се одржи итна седница на Скопскиот плански регион на која се поканети сите градоначалници кои го сочинуваат Скопскиот плански регион. -На состанокот ќе биде разгледан проблемот кој е поврзан со Комуналната хигиена и одлагањето на отпадот на територија на Градот Скопје, информира Јане Мицевски, директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitsevski-itna-sednitsa-na-skopskiot-planski-region-za-problemot-so-komunalnata-higiena/feed/ 0
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат: „Ќе се чистат улиците полни ѓубре заради неспособноста на Арсовска и градските власти“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/#respond Sun, 09 Jul 2023 18:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=854703

Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје. Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти. Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре, велат од партијата. „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност“ - велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/feed/ 0
Се бараат казни за 20 албански градоначалници, користеле јавни ресурси за изборна кампања https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-baraat-kazni-za-20-albanski-gradonachalnitsi-koristele-javni-resursi-za-izborna-kampana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-baraat-kazni-za-20-albanski-gradonachalnitsi-koristele-javni-resursi-za-izborna-kampana/#respond Mon, 08 May 2023 11:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=831792

Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) Илиријан Целибаши соопшти дека до Комисијата за жалби и санкции упатил барања за изрекување  парични казни за градоначалници, претставници на министерства и директори на училишта, кои во изборната кампања користеле јавни ресурси. -ЦИК бара парична казна за 20 градоначалници бидејќи користеле јавни ресурси за водење изборна  кампања. Казни се побарани и за пет генерални секретари во пет министерства како и за двајца директори на училишта, стои во објавата на веб страната на ЦИК. Според медиумите Комисијата за жалби и санкции ќе одржи седница денеска, но повеќе од јасно е дека ќе даде позитивен одговор на барањето на ЦИК, бидејќи забрането е корисење на јавни ресурси за време на изборна кампања.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-baraat-kazni-za-20-albanski-gradonachalnitsi-koristele-javni-resursi-za-izborna-kampana/feed/ 0
Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-gi-konsolidiraat-opshtinite-i-da-se-spremat-za-izdavane-opshtinski-obvrznitsi-za-kapitalni-proekti-vladata-na-dui-poddrzhana-od-sds-gi-opstruira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-gi-konsolidiraat-opshtinite-i-da-se-spremat-za-izdavane-opshtinski-obvrznitsi-za-kapitalni-proekti-vladata-na-dui-poddrzhana-od-sds-gi-opstruira/#respond Wed, 01 Feb 2023 12:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=794721

Општините беа, сега веќе се во добра одлична кондиција бидејќи имаат капацитет да се задолжат, во многу лоша хаотична ситуација со празни сметки, со лошо менаџирање во јавните претпријатија и овие 42 градоначалника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го кренат потенцијалот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од увидот на градежните работи на улици во Општина Карбинци, запрашан за коментар за општинските обврзници за кои од власта сметаат дека станува збор за ново задолжување на граѓаните.

Мицкоски појасни дека токму поради домаќинското работење на градоначалниците на од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, успеаја да ги консолидираат општините и јавните претпријатија кои од нивните претходници од СДСМ ги наследија со блокирани сметки, македонските институции како Министерство за финансии, Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза дадоа позитивни мислења за да можат општините да издадат општински обврзници со кои би дошле до дополнителни финансиски средства да за реализираат капитални инвестиции.

„Како резултат на тој потенцијал би ја споменал втората работа, а тоа е дека државните институции, тука пред се мислам на Министерството за финансии, потоа Комисијата за хартии од вредност, Македонската берза дадоа согласност да овие општини, еве тука е да речеме соседната на Карбинци, Штип имајќи го предвид потенцијалот свој, да се задолжи и да издаде за прв пат општинска обврзница. На Балканот тоа прв пат се прави. Прв пат се издаваат општински обврзници да можат луѓето сите да учествуваат, сите граѓани да учествуваат и да речат, јас ќе вложам средства во општинска обврзница за да ми биде изграден мостот, да ни биде реновирано училиштето, да биде изградена ваква една улица со канализација и со тротоар, игралиште спортско, детска градинка и така натаму“, рече Мицкоски.

Како трето образложение, Мицкоски посочува, за жал владата на ДУИ поддржана од СДСМ и Ковачевски одлучија да ги опструираат овие обврзници за кои општините имаат потенцијал за изнаоѓање средства за изградба на градинки, училишта, булевари, улици и така натаму, наспроти власта која се задолжува, на пример, за 100 милиони евра, а на сметка на тоа сака да ги затвори РЕК Битола и Осломеј со што пет илјади луѓе ќе остави на улица.

„Е сега, четврто, да направиме споредба. Општините имаат потенцијал да се задолжат за капитални проекти, за капитални проекти, да повторам градинки, училишта, булевари, улици, спортски игралишта, детски игралишта. А како се задолжува владата? Владата вика ќе земам 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, но за да ги земам тие 100 милиони евра ќе ги затворам РЕК Битола, ќе го затворам Осломеј и ќе оставам пет илјади луѓе на улица. Тоа се пет илјади семејства директно на улица. Тоа е разликата. ВМРО-ДПМНЕ прави магии за да обезбеди дополнителни пари за да се реализираат капиталните проекти, а СДСМ уништува тоа што го наследил од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е разликата помеѓу едните и другите и тој е убеден дека на следните парламентарни избори народот ќе даде огромна поддршка за да продолжат да ја развиваат Македонија, а нема да им даде поддршка на овие политички криминалци, измамници кои што треба еднаш засекогаш да заминат на политичките маргини.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-gi-konsolidiraat-opshtinite-i-da-se-spremat-za-izdavane-opshtinski-obvrznitsi-za-kapitalni-proekti-vladata-na-dui-poddrzhana-od-sds-gi-opstruira/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДС имаат само матни зделки и криминали, затоа се кријат и немаат отчети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gradonachalnicite-od-sds-imaat-samo-matni-zdelki-i-kriminali-zatoa-se-krijat-i-nemaat-otcheti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gradonachalnicite-od-sds-imaat-samo-matni-zdelki-i-kriminali-zatoa-se-krijat-i-nemaat-otcheti/#respond Tue, 20 Dec 2022 12:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=778122

Градоначалниците од СДС имаат само матни зделки и криминали, затоа се кријат и немаат отчети. Пример како функционира СДС е работата на градоначалникот на Центар, каде се продаде земјиште во строг центар за само 7 евра за метар квадратен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Земјиштето спроти Нова Македонија е продадено по мизерна цена од 7 евра, а вообичаено цените одат и над 2000 евра за метар квадратен. По примерот на Центар е и Берово. Во Берово хотелски комплекс ќе гради мајката на Стефан Богоев. Додека Богоев е висок функционер на СДС неговото семејство купува имот во општина каде власт е СДС  со маркица за градба на хотел. Градоначалниците на СДС не можат да се пофалат со проекти за граѓаните, но со многу матни зделки од типот на Центар и Берово“ - велат од партијата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gradonachalnicite-od-sds-imaat-samo-matni-zdelki-i-kriminali-zatoa-se-krijat-i-nemaat-otcheti/feed/ 0
Мицкоски: Европско управување во Македонија е можно, потребна е промена за Македонија да почне да победува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-evropsko-upravuvanje-vo-makedonija-e-mozno-potrebna-e-promena-za-makedonija-da-pochne-da-pobeduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-evropsko-upravuvanje-vo-makedonija-e-mozno-potrebna-e-promena-za-makedonija-da-pochne-da-pobeduva/#respond Wed, 23 Nov 2022 07:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=765117

Европска потврда дека не сме сите исти. Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија, седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Честитки за Тимчо (Аеродром), Тони (Битола), Миле (Виница), Горан (Неготино), Стевче (Новаци), Ацо (Радовиш) и Иван (Штип), покажувате дека и во исклучително тешки услови за работа кога се работи чесно и посветено резултатите се неизбежни. Европско управување во Македонија е можно, има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува„ - напиша тој на својот Фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-evropsko-upravuvanje-vo-makedonija-e-mozno-potrebna-e-promena-za-makedonija-da-pochne-da-pobeduva/feed/ 0
Седум од девет општини управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ја добија Европската ознака за извонредност на управувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-od-devet-opshtini-upravuvani-od-gradonachalnici-na-vmro-dpmne-ja-dobija-evropskata-oznaka-za-izvonrednost-na-upravuvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-od-devet-opshtini-upravuvani-od-gradonachalnici-na-vmro-dpmne-ja-dobija-evropskata-oznaka-za-izvonrednost-na-upravuvanjeto/#respond Tue, 22 Nov 2022 13:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=764816

Девет општини од Македонија: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип денеска ja добија Европската ознака за извонредност на управувањето. Од деветте општини седум се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, додека една има независен кандидат и една е управувана од градоначалник на СДСМ, што е вистински доказ за работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, Европската ознака за извонредност на управувањето е воспоставена од Советот на Европа, а доделувањето го организира Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) која од минатата година е акредитирана да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово. Како што информира АЛДА, општините Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа. Воедно покажаа високо ниво на усогласеност со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа, заедно со три општини од Хрватска и шест од Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-od-devet-opshtini-upravuvani-od-gradonachalnici-na-vmro-dpmne-ja-dobija-evropskata-oznaka-za-izvonrednost-na-upravuvanjeto/feed/ 0
Петмина „вечни“ градоначалници во Словенија го добија осмиот мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-vechni-gradonachalnici-vo-slovenija-go-dobija-osmiot-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-vechni-gradonachalnici-vo-slovenija-go-dobija-osmiot-mandat/#respond Mon, 21 Nov 2022 07:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=763976

На вчерашните локални избори во Словенија, граѓаните повторно гласаа за петтемина градоначалници, кои се на функција од 1994 година, всушност тие добија осми мандат. Меѓу нив е градоначалникот на Церкље на Горењска, кој освои повеќе од 70 отсто од гласовите, а градоначалниците на Рогашка Слатина, Рогатац и Горњи Петровац во првиот круг освоија 64  односно 65 отсто од гласовите. Градоначалниците на Преваља, на Добрна и на Блоке освоија седми мандат. Седми мандат во првиот круг од локалните избори без противкандидат освоија градоначалниците на Добровник, Разкрижја, Жетала и Раче – Фама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-vechni-gradonachalnici-vo-slovenija-go-dobija-osmiot-mandat/feed/ 0