градоначалник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 06:20:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градоначалник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сергеј Собјанин води на изборите за градоначалник на Москва со повеќе од два милиони гласови пред опонентите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sergej-sobjanin-vodi-na-izborite-za-gradonachalnik-na-moskva-so-poveke-od-dva-milioni-glasovi-pred-oponentite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sergej-sobjanin-vodi-na-izborite-za-gradonachalnik-na-moskva-so-poveke-od-dva-milioni-glasovi-pred-oponentite/#respond Mon, 11 Sep 2023 06:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=876773

Актуелниот градоначалник Сергеј Собјанин води на изборите за градоначалник на Москва со повеќе од два милиони гласови врз основа на резултатите од електронското гласање, покажуваат податоците на Московската градска изборна комисија (МГЕК). - Сергеј Семенович освои 2 милиони 53 илјади 954 гласови, изјави Артјом Костирко, шеф на одделот за унапредување на територијалното управување и развој на паметни проекти на владата на Москва. Втор е кандидатот на Комунистичката партија на Руската Федерација Леонид Зјуганов со 212.153 гласови, а на трето место е претставникот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), Борис Чернишов со 159.413 гласови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sergej-sobjanin-vodi-na-izborite-za-gradonachalnik-na-moskva-so-poveke-od-dva-milioni-glasovi-pred-oponentite/feed/ 0
Стефковски: Министерката за труд и социјала ја одзема надлежноста на општината над градинката „Детска Радост“ и ја врати разрешената директорка која незаконски работеше https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-ministerkata-za-trud-i-sotsijala-ja-odzema-nadlezhnosta-na-opshtinata-nad-gradinkata-detska-radost-i-ja-vrati-razreshenata-direktorka-koja-nezakonski-raboteshe/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-ministerkata-za-trud-i-sotsijala-ja-odzema-nadlezhnosta-na-opshtinata-nad-gradinkata-detska-radost-i-ja-vrati-razreshenata-direktorka-koja-nezakonski-raboteshe/#respond Fri, 26 May 2023 18:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=839213

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека министерката за труд и социјална политика им ја одземала надлежноста над градинката Детска радост во Автокоманда. „Почитувани граѓани, Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда. Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај. Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-ministerkata-za-trud-i-sotsijala-ja-odzema-nadlezhnosta-na-opshtinata-nad-gradinkata-detska-radost-i-ja-vrati-razreshenata-direktorka-koja-nezakonski-raboteshe/feed/ 0
Грција ја информирала ЕУ за уапсениот кандидат за градоначалник во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ja-informirala-eu-za-uapseniot-kandidat-za-gradonachalnik-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ja-informirala-eu-za-uapseniot-kandidat-za-gradonachalnik-vo-albanija/#respond Fri, 12 May 2023 13:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=833510

Официјална Атина ги информирала високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и претседателката на ЕК за апсењето во Албанија на кандидатот за градоначалник на Химара од партијата на грчкото малцинство КЕАД Дионисис Фреди Белерис, а министерот за надворешни работи на Грција смета дека доколку нема цврсти докази, апсењето на два дена пред изборите, претставува скандал, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото МНР веќе упати демарш до албанското МНР, амбасадорката на Грција во Тирана Константина Камици го посетила уапсениот кандидат за градоначалник во полициска станица, а реагираа и премиерот и министерот за надворешни работи на Грција. Грчкиот премиер Киракос Мицотакис, на Фејсбук напиша дека ја информирал претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен за „апсењето на два дена пред изборите врз основа на непостоечки обвиненија“ и додаде дека „Албанија мора да сфати дека Грција и ЕУ нема да прифатат отстапки во владеењето на правото и заштитата на правата на грчкото национално малцинство“, а на случајот се осврна и за време на неговиот предизборен митинг на островот Лезбос. Доколку Албанија сака да се приближи до Европската Унија, има обврска да обезбеди слободни и фер локални избори и веднаш да ги ослободи оние што ги затвори за да можат да учествуваат во изборниот процес, порача Мицотакис. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ имал телефонски разговор со албаснкиот премиер Еди Рама, а паралелно ги информирал високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и шведскиот МНР. При пристигнувањето на неформалниот состанок Дендиас рече дека станува збор за „исклучително сериозно прашање“, кое грчката Влада го следи внимателно и истакна дека апсењето на членот на грчкото малцинство и кандидат за градоначалник на Химара заедно со уште еден Грк, „доколку нема цврсти докази е апсолутен скандал“. -Го повторувам она што го препозна и албанскиот премиер Рама. Апсењето на кандидат за градоначалник два дена пред изборите, доколку нема цврсти докази, претставува скандал, истакна Дендиас. Според грчките медиуми, Белери и неговите соработници синоќа биле уапсени пред ресторан, без конкретна причина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ja-informirala-eu-za-uapseniot-kandidat-za-gradonachalnik-vo-albanija/feed/ 0
Украинското антикорупциско обвинителство нареди апсење на градоначалникот на Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-antikoruptsisko-obvinitelstvo-naredi-apsene-na-gradonachalnikot-na-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-antikoruptsisko-obvinitelstvo-naredi-apsene-na-gradonachalnikot-na-odesa/#respond Thu, 04 May 2023 16:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=830627

Украинското специјализирано обвинителство за борба против корупцијата денеска соопшти дека градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, е уапсен во врска со истрагата за наводна корупција, пренесуваат британските медиуми. Труханов беше избран за градоначалник на Одеса во 2014 година и е под истрага од 2017 година поради наводи за злоупотреба, кои тој ги негира. Според обвинителството, Врховниот антикорупциски суд на Украина (ВАКС) наредил на Труханов да му биде одреден двомесечен притвор, со алтернатива да плати кауција од 13,6 милиони гривни (речиси 372.000 долари) за кривичното дело злоупотреба на државни средства при откупот од страна на општинскиот совет на комбинатот „Крајан“. Судот делумно го уважи барањето на обвинителството, бидејќи обвинетиот не ја приложил претходно одобрената гаранција, соопшти Специјализираното антикорупциско обвинителство. На 25 април, ВАКС одреди кауција од 30,8 милиони гривни (844.000 долари) за градоначалникот на Одеса. На 9 јули 2019 година, Окружниот суд Малиновски во Одеса ги прогласи Труханов и неколку службеници од локалниот општински совет за невини, но обвинителството влижи жалба на одлуката. На 11 февруари 2021 година, Жалбениот совет на ВАКС ја укина ослободителната пресуда за сите обвинети во случајот и предметот го врати на ново судење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-antikoruptsisko-obvinitelstvo-naredi-apsene-na-gradonachalnikot-na-odesa/feed/ 0
Андонов: И покрај лошата финансиска состојба на Општина Василево за една година инвестиравме над 50 милиони денари за асфалтирање на улици и патишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-i-pokraj-loshata-finansiska-sostojba-na-opshtina-vasilevo-za-edna-godina-investiravme-nad-50-milioni-denari-za-asfaltirane-na-ulitsi-i-patishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-i-pokraj-loshata-finansiska-sostojba-na-opshtina-vasilevo-za-edna-godina-investiravme-nad-50-milioni-denari-za-asfaltirane-na-ulitsi-i-patishta/#respond Sat, 29 Apr 2023 11:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=828964

Денес во Општина Василево се вршеше увид на градежните работи каде што на покана на градоначалникот Славе Андонов присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски. Андонов посочи дека во Општина Василево почнаа се реализираат голем број на проекти кои што го подобруваат квалитетот на живот на жителите и покрај тоа што при преземањето на должноста наследи општина големи долгови и блокирана сметка чија што консолидација што беше прва и основна негова и на неговиот тим цел, при што се направи реалокација на буџетските средства во тие области каде што било најпотребно. Истакна дека во изминатиот период се инвестираше во сите области кои што се под надлежност на локалната самоуправа, како во спортот, детската заштита, културата во многу комунални инфраструктурни проекти. -Сакам ад напоменам дека во патната инфраструктура која што беше еден од приоритетите инвестиравме повеќе од 50 милиони денари, што е историски најмногу гледано од почетокот на основањето на Општина Василево, при што асфалтиравме повеќе од пет километри локални патишта и улици и тоа само за една година. Посебно сум горд што го реализиравме Нова маала – Добрашинци кој е во должина од еден километар и со вредност од 12 милиони денари. Со тоа решиме долгогодишен проблем на населените места Чанаклија, Нова маала, Добрашинци и Високо маало, односно така наречениот, Подограженски регион. Го решивме и долго годишниот проблем во населеното место Владевци во должина од два километри, со вредност од околу 20 милиони денари“, посочи меѓу другото Андонов. Истакна дека во наредниот период, во делот на патна инфраструктура, ќе го реализираме и патниот правец кој води кон манастирот Св. Ѓорѓија во Дукатино, кој исто така е очекуван од граѓаните кој преставува долгогодишен проблем кој ги тишти нашите сограѓани. Покрај патната инфраструктура, Андонов посочи дека значително вложуваа во образованието, шпи што целосно го реконструираа Основното подрачно општинско училиште во Висока маала, кое беше во катастрофална состојба кое сега е по сите европски стандарди. „Само за една година партерно уредивме три подрачни училишта и тоа подрачните училишта во Дукатино, во Владевци и во Радичево“, истакна Андонов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-i-pokraj-loshata-finansiska-sostojba-na-opshtina-vasilevo-za-edna-godina-investiravme-nad-50-milioni-denari-za-asfaltirane-na-ulitsi-i-patishta/feed/ 0
Берлин ќе го добие првиот конзервативен градоначалник по 20 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-ke-go-dobie-prviot-konzervativen-gradonachalnik-po-20-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-ke-go-dobie-prviot-konzervativen-gradonachalnik-po-20-godini/#respond Mon, 03 Apr 2023 16:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=819651

Берлин ќе го добие својот прв конзервативен градоначалник по повеќе од две децении, откако демохристијаните (ЦДУ) во градската власт денеска го претставија коалицискиот договор со Социјалдемократите. Станува збор за лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Берлин Каи Вегнер. Според коалицискиот договор што денеска го претставија двете партии, тој ќе владее заедно со социјалдемократите, кои досега беа на власт во германската престолнина. Договорот го објавија Вегнер и поранешната социјалдемократска градоначалничка Франциска Гифаи, седум недели по убедливата победа на ЦДУ на локалните избори. На овие избори демохристијаните добија 28,2 отсто од гласовите. Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц добија 18,4 отсто од гласовите, што е нивниот најслаб резултат во Берлин од крајот на Втората светска војна. Изборните резултати ѝ дадоа на германската Социјалдемократска партија улога на помал партнер во новата берлинска влада. Вегнер ќе биде првиот конзервативен градоначалник на Берлин по Еберхард Дипген (1991-2001).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-ke-go-dobie-prviot-konzervativen-gradonachalnik-po-20-godini/feed/ 0
Антикорупциска акција во Албанија: Уапсен градоначалникот од партијата на Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antikoruptsiska-aktsija-vo-albanija-uapsen-gradonachalnikot-od-partijata-na-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antikoruptsiska-aktsija-vo-albanija-uapsen-gradonachalnikot-od-partijata-na-rama/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=812578

По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, синоќа приведен е градоначалникот на албанскиот град Булќиза, Лефтер Ала. Градоначалникот Ала е уапсен од страна на државната полиција, затоа што се товари за две обвиненија – корупција и за злоупотреба на јавни тендери, наведува „Коха јон“ Според „Топ Чанел“, приведени се и неколку други лица, сите вработени во општинската администрација, кои биле членови на комисијата за спроведување на тендерски постапки. Неговото апсење се случува на два месеца пред локалните избори, на кои не криеше дека од жителите на оваа општина ќе ја бара довербата повторно. На последните избори беше избран како кандидат на владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама. Инаку, Булќиза е познато рударско гратче во близина на албанско-македонската граница, лоцирано на дваесеттина километри од Дебар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antikoruptsiska-aktsija-vo-albanija-uapsen-gradonachalnikot-od-partijata-na-rama/feed/ 0
Убиен кандидат за градоначалник победил на избори во Еквадор! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-kandidat-za-gradonachalnik-pobedil-na-izbori-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-kandidat-za-gradonachalnik-pobedil-na-izbori-vo-ekvador/#respond Tue, 07 Feb 2023 17:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=797441

На изборите за градоначалник на градот Пуерто Лопез во Еквадор победи кандидатот Омар Менендез, кој беше убиен само неколку часа пред отворањето на гласачките места. Вооружени напаѓачи упаднале и во просториите на неговата партија во саботата и го убиле Менендез и уште еден малолетник, јавува Би-би-си. Полицијата во Порто Лопез соопшти дека се уште го истражува можниот мотив за нападот. Се очекува член на партијата на која и припаѓа Менендез да го замени убиениот политичар на местото градоначалник. Менендез не беше единствениот политичар што беше убиен во пресрет на изборите. Две недели претходно беше убиен и кандидатот за градоначалник на крајбрежниот град Салинас, Хулио Цезар Фарасио. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-kandidat-za-gradonachalnik-pobedil-na-izbori-vo-ekvador/feed/ 0
Полицаец сведочи дека физички бил нападнат од градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politsaets-svedochi-deka-fizichki-bil-napadnat-od-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-od-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politsaets-svedochi-deka-fizichki-bil-napadnat-od-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-od-sdsm/#respond Tue, 17 Jan 2023 11:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=788322

Полицискиот службеник од Крива Паланка, Кристофер Стоевски преку социјалната мрежа на Фејсбук тврди дека ноќта на 13 јануари бил физички нападнат од страна на градоначалникот на општината. Имено, како што пишува Стоевски, градоначалникот на Крива Паланка го удрил со две шлаканици. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме објавата на полицискиот службеник Кристофер Стоевски: Со оглед на сензитивноста на овој случај што ќе го напишам, тежината и притисокот врз мене и мојата фамилија што се случува, сметам дека потребно е целата јавност да ја знае, а верувам дека ќе се согласите по читање на истиот. Сакам да напоменам дека не се служиме со никакви партиски цели, ниту еден збор не е дезинформација, случајот е пријавен во полиција веднаш по настанувањето на целокупниот хаос и има записници за истиот, па така да, можете да го проверите тоа веднаш. На ден 13.01.2023 година, односно после полноќ околу 01:50 минути (по датум веќе 14.01.2023) по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, јас, Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, го напуштив локалот со својата девојка. На прославата присуствуваа многу луѓе, па така и паркингот беше полн. По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу 2 возила, едно во сопственост на вработен во СЕЛЕКТ КАФЕ . Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој САМО неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во ВИДНО АЛКОХОЛИЗИРАНА состојба, ТАТКОТО НА КРИВА ПАЛАНКА - С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка. За среќа, немаше никој повреден при судирот, но за жал пак, градоначалникот не ги знае законските прописи, своите обврски и должности, а најмалку и да ги почитува истите. Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите - таткото на градот! Имено, насилствата и глумењето шерифи низ градот од фамилија Митов*** не е прв пат, но дефинитивно Е ПРВ ПАТ пријавен во полициска станица без страв и трепет и ниту едни притисоци и закани нема да ја променат мојата одлука да не го сокриеме насилството. Јас постапувам како што е пропишано по закон и одам на судска разрешница и затоа апелирам до медиумите да го истражат случајот, да не помине незабележано, а дивеењето да продолжи и на други лица. Ви повторувам, ова не е прв пат да се случи таков испад од горенаведените, но првпат храбро некој одлучува да си ги бара правата. Ви ветуваме сите ќе го знаат текот на овој случај, како и неговата разрешница. Со тоа ќе спречиме било кој недолжен да настрада понатаму! Јас никогаш не сум помислувал да правам циркуз и да се објавува моето име насекаде, но за сметка на тоа да се поштедат сите граѓани понатаму од безобразлукот на таткото на градот, решив за овој случај да дознаат сите. Сведоци сме дека таткото на градот ја замајува јавноста и како и секогаш, фрла во бездна се што не му одговара, а на своја сметка и на своите портали само пофалби прима. Нема ниту грам одговорност и достоинство да признае, ниту да се извини. Ние сме шокирани од неговата постапка, но уште пошокирани од степенот на безобразлук до каде може да оди! Велам ние, затоа што притисоците пристигнуваат врз целата моја фамилија, а тоа не сме да се дозволи. Со задоволство ќе дадам изјава во присуство на сторителот и сум спремен со сите сили да докажам дека секој збор од мојата изјава е вистина, за тие што не беа присутни и се сомневаат дека вистина може некој а таква позиција да направи такво нешто. За тие што беа присутни, нема потреба да ги правиме слепи, како што сограѓаните си ги прави таткото на градот. Немам никакви ниту политички ниту приватни цели да го деградирам угледот на наведениот , бидејќи сите знаат дека јас, искрено со огромно сега каење, го поддржував истиот! Јас сум во својство на службеник на државата и сум задолжен за заштита на безбедноста на сите граѓани и насилство НИКОГАШ нема да поддржам, преќутам или оправдам и секогаш ќе се борам против тоа. Согледно влијателноста на напаѓачот, не се плашам од никакви закани и притисоци, ниту пак од губење на работата, затоа што си ги знам своите човекови права и ќе се борам до крај за истите. И само уште ова да го потенцирам: На настанот имаше многу луѓе, сигурно околу 100 присутни во моментот на случувањето, НО знаете зошто никој не му се спротистави на градоначалникот-насилник? ЗАТОА ШТО ИМАШЕ ПРЕКУ 10 ЛУЃЕ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД НЕГОВИОТ ЛОКАЛ КОИ ИСТО ТАКА НЕ МУ СЕ СПРОТИСТАВИА, МИРНО СИ СТОЕЈА КАКО НИШТО ДА НЕ СЕ СЛУЧУВА, НО АКО ИМАШЕ РЕАКЦИЈА СПРЕМА НАПАЃАЧОТ, ЗНАЕМЕ КАКО ЌЕ СЕ ЗАВРШЕШЕ. Ќе тепаме, само ако него го тепаат. Отприлика така оди приказната. Благодарам за поддршката што ја добив од сите пријатели и луѓе што ми се јавиа, но исто така искажувам револт и срам за сите што молчат, а беа сведоци. За мене секогаш срамот ќе биде поголем од стравот. Штом молчиш, значи поддржуваш, но следен пат можеш да бидеш и ти! Сметам дека е од голема сензитивност за целата нација бидејќи такво насилничко однесување никој не заслужува. Тоа е нешто што може да се провери во секој момент. Не реагирам на никакви провокации и прашања зошто не се спротиставив. Машкоста и јачината не се мери на таков начин. Насилство со насилство не се враќа, ама казната треба секој да ја добие. Таткото си изјасни дека НЕ СЕ КАЕ, тој би го утепал и своето дете да стои на пат. Тоа се неговите зборови и уште многу други грозоморни работи. Сега преку свои портали се оградува и вели дека ништо не се случило од тоа, а ПАРАЛЕЛНО ГИ БАРА СИТЕ СВЕДОЦИ КОИ СЕ ПРИЈВИЛЕ ДА СВЕДОЧАТ, а многу се на број, да дознае кои се, а зошто? Знаеме сите. Ако ги сакаш своите граѓани кои се под твоја закрила, постапи одговорно и излези, признај го делото, немој да лажеш, туку постапи согласно сите законски прописи кои имаш должност да ги почитуваш и ОДГОВАРАЈ ЗА ИСТОТО! Храбар си со 10 луѓе обезбедување околу себе, но дали си храбар пред секој обичен граѓанин? ОВА ГО ПИШУВАМ ПОД МОРАЛНА И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ДЕКА СЕКОЈ НАВЕДЕН ЗБОР Е ТОЧЕН, И ИСТО ТАКА САКАМ ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА СЕКОЈА НАРЕДНА ИЗЈАВА ОД СТРАНА НА СТОРИТЕЛОТ НА ДЕЈСТВИЕТО ДЕКА Е ЛАЖНО ОБВИНЕТ ОД МОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА ДОПОЛНИТЕЛНО И ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ СВЕДОК КОЈ ЌЕ ИЗЈАВИ СПРОТИВНО ОД ТОА ШТО ВИДЕЛ И СЛУШНАЛ . ПС ВИДЕАТА ОД НАСТАНОТ ЌЕ ГИ СОЧУВАМ ЗА НА СУД !!!, пишува Стоевски во својата објава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politsaets-svedochi-deka-fizichki-bil-napadnat-od-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-od-sdsm/feed/ 0
Сарамандов: Целосно се асфалтира улицата „Серменинска“ во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saramandov-celosno-se-asfaltira-ulicata-sermeninska-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saramandov-celosno-se-asfaltira-ulicata-sermeninska-vo-gevgelija/#respond Sat, 24 Dec 2022 17:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=780074

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов преку статус на Фејсбук пишува дека била реконструирана улицата „Серменинска“. „ЦЕЛОСНО СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „СЕРМЕНИНСКА“ ОТКАКО БЕШЕ ПОСТАВЕНА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА✅ Денес извршив увид на улицата „Серменинска“ во Гевгелија, каде течат градежните активности за асфалтирање на истата. По поставувањето на подземната инфраструктура - канализација за атмосферски води, денес улицата целосно ќе се реконструира и ќе добие нов лик. Во Гевгелија повеќе не се работи без надзор и со лош квалитет, нивелирани се сите шахти и сливници, со цел граѓаните да добијат квалитетна изведба на патната инфраструктура. Изградбата на атмосферска канализациона инфраструктура е со вкупна должина од 6.388 метри, на една третина од Гевгелија. Како и на почетокот од овој проект повторно сакам да упатам АПЕЛ до моите сограѓани за трпеливост, станува збор за проекти кои се од огромно значење за Гевгелија и решаваат децениски проблеми на сите нас. Градежните активности се одвиваат на повеќе места низ Гевгелија и во одредени моменти ќе го отежнуваат нормалното движење во сообраќајот. Ние како локална самоуправа сме во постојана комуникација со фирмата изведувач, со цел во тек на реализацијата да се избира секогаш правото и ефикасно решение, кое предизвикува најмалку проблеми“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saramandov-celosno-se-asfaltira-ulicata-sermeninska-vo-gevgelija/feed/ 0