Градска библиотека Браќа Миладиновци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Oct 2022 08:29:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Градска библиотека Браќа Миладиновци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Посебно катче за изданијата на МСМЈЛК и бесплатно користење на библиотечните услуги за странските македонисти во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posebno-katche-za-izdanijata-na-msmjlk-i-besplatno-koristenje-na-bibliotechnite-uslugi-za-stranskite-makedonisti-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posebno-katche-za-izdanijata-na-msmjlk-i-besplatno-koristenje-na-bibliotechnite-uslugi-za-stranskite-makedonisti-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci/#respond Tue, 18 Oct 2022 08:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=746894

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) соопшти дека неговите изданија ќе бидат подостапни за членовите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката. Странските македонисти, секоја година, за своите истражувачки цели ќе можат по еден месец бесплатно да ги користат услугите на библиотеката, во текот на нивните студиски и истражувачки престои – користење библиотечен материјал и користење на читалниците. Заеднички ќе се организираат настани за афирмација на македонските книжевни и културни вредности, наменети за странските македонисти, како и настани со кои ќе се афирмира Скопје, неговата историја и неговите културни вредности. Ова меѓу другото беше договорено на средбата на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Снежана Стојчевска, на која за првпат се официјализира оваа соработка. – Во остварувањето на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, изминатиов период ја втемелуваме соработка со низа институции кои покажуваат подготвеност да имаат свој влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во странство, особено на странските универзитетски и научни центри и да ги поддржат или да се вклучат во активностите важни за странските македонисти. Драго ни е што од денес, меѓу тие институции се вбројува и Градската библиотека во Скопје, и тоа со конкретни, веќе планирани и договорени активности и со можности за странските македонисти. Покрај во Охрид, со учествата на нашите летни школи, странските македонисти, кога се во нашата земја, најчесто се со студиски и истражувачки престои во Скопје и затоа се надеваме дека за нив ќе биде од корист можноста за бесплатно користење на услугите на Библиотеката, со која за нив ќе се зголеми и достапноста на библиотечен материјал важен за нивните истражувања, истакна на средбата, Мојсова-Чепишевска. Можностите за заеднички настани со други институции, наменети за странските македонисти, како што посочи таа, придонесуваат и за наставата по македонистика на странските универзитети. Затоа, особено во овој период кога на универзитетските центри во странство е забележлив интересот и за македонската култура, можностите за заеднички настани со библиотеката, преку кои ќе се афирмираат културните вредности на Скопје се очекува да придонесат за јакнење на овој интерес, а со тоа и на културните врски со странските академски средини. – Нашите изданија се наменети за странските македонисти, но тие се значајни и за домашната македонистика, особено зборниците со предавања и зборниците од Меѓународната научна конференција. Изминатиов период настојувавме на нивна што поголема и полесна достапност, заради што објавуваме и електронска форма од овие изданија. Но подадената рака од Библиотеката за отворање посебно катче, дополнително ќе придонесе и за информираноста и за достапноста за дел од овие изданија за домашната заинтересирана јавност, а и за странските македонисти во тек на нивните престои кога ќе ги користат читалниците на библиотеката, нагласи Мојсова-Чепишевска. Изрази чест дека со сиот нивни капацитет ќе одговорат на оваа благородна работа, да ги чуваат, документираат и да ги направате што подостапни насловите поврзани со сè што значи проучување на македонскиот јазик, литература и култура. Стојчевска рече дека нивната местоположба, како и професионалноста на вработените во специјализираните оддели, се главните адути на нивната институција, која со голема посветеност одговора на барањата на сите истражувачи кои и досега доаѓале кај нив и го користат богатиот библиотечен материјал. – Библиотеката е отворена и за домашните и за странските македонсисти, за кои обезбедивме едномесечно беслатно членство, а наскоро и соодветно македонистичко катче. Активностите што ги планираме заедо со Семинарот, ќе значат поддршка на македонистиката однатре, но и соработка со останатите културни и академски центри низ светот, каде што има луѓе кои ги почитуваат и проучуваат македонскиот јазик и култура, подвлече Стојчевска. Како што беше договорено на средбата, за бесплатното користење на услугите на Градската библиотека во Скопје, МСМЈЛК при УКИМ ќе ја известува библиотеката кога странски македонисти ќе имаат потреба од користење на нејзините услуги, по што покрај користењето на читалниците ќе биде овозможен за користење и севкупниот потребен библиотечен материјал со кој се располага. На средбата се разговараше и за конкретни други активности за промоција и афирмација на македонските литературни вредности и воопшто на културните вредности кои се во форма на библиотечен материјал, пред странските македонисти и во соработката со странски образовни и научни центри. Едномесечното бесплатно користење на услугите на Градската библитека „Браќа Миладиновци“ во Скопје за странските македонисти, веќе е овозможено, а во следните месеци ќе се работи и на отворањето на катчето со изданија на МСМЈЛК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posebno-katche-za-izdanijata-na-msmjlk-i-besplatno-koristenje-na-bibliotechnite-uslugi-za-stranskite-makedonisti-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci/feed/ 0
„Бела ноќ“ во Скопската градска библиотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bela-nokj-vo-skopskata-gradska-biblioteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bela-nokj-vo-skopskata-gradska-biblioteka/#respond Sat, 01 Oct 2022 09:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=739846

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје во рамки на годинешната скопска „Бела ноќ“, денеска напладне во библиотеката „Другарче“ ќе одржи работилница за деца од три до седум години, која ќе ја водат писателките Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска. Во исто време, како што е најавено, во „Паркот на поезијата“ во Централната библиотека ќе се одржи Клубот на читатели за романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кјунџиски. – Насловот беше предлог-книга за месец септември, кога ја започнавме големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели ќе го води Денис Бојаров, а идејата е на неформален начин на едно место да се соберат оние кои ја прочитале „Сфингата“, но и оние кои планираат да го направат тоа и низ разговор да отворат интересни прашања за делото. „Клубот на читатели“ е планирано да прерасне во традиционална средба со која ќе се заокружува секој месец од кампањата „Читаме современи македонски автори“, соопштија од градската библиотека. Исто така, вечер во „Паркот на поезијата“ следува поетско читање, на кое ќе настапат Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов. Модератор на настанот е поетесата Биљана Стојановска. – Библиотеката е средиште на културата и меморијата, но и на актуелните случувања за кои ги отвораме своите врати, истакнаа од тимот на Библиотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bela-nokj-vo-skopskata-gradska-biblioteka/feed/ 0
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со низа настани за „Бела ноќ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-so-niza-nastani-za-bela-nokj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-so-niza-nastani-za-bela-nokj/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=739333

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ како еден од двигателите на културното живеење на Скопје, со низа настани ќе се вклучи во годинашната скопска „Бела ноќ“ која ќе се одржи утре, сабота, 1 октомври. И во активностите за едно од најпрепознатливите скопски случувања, Библиотеката се обидува да стигне до што повеќе свои членови, но и до пошироката публика. Програмата започнува во 12 часот во Библиотеката „Другарче“ со Работилницата за деца (од 3-7 години), која ќе ја водат Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска. Во исто време, во „Паркот на поезијата“ во Централната библиотека ќе се одржи Клубот на читатели за романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кјунџиски. Насловот беше предлог-книга за месец септември, кога ја започнавме големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели ќе го води Денис Бојаров, а идејата е на неформален начин на едно место да се соберат оние кои ја прочитале „Сфингата“, но и оние кои планираат да го направат тоа и низ разговор да отворат интересни прашања за делото. „Клубот на читатели“ е планирано да прерасне во традиционална средба со која ќе се заокружува секој месец од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Во 20 часот, повторно во „Паркот на поезијата“ следува Поетско читање, на кое ќе настапат: Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов. Модератор на настанот е поетесата Биљана Стојановска. Во 21 часот следува музичкиот настап на дуото Jazzna Dares од 21 часот. Библиотеката е средиште на културата и меморијата, но и на актуелните случувања за кои ги отвораме своите врати – истакнува тимот на Библиотеката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-so-niza-nastani-za-bela-nokj/feed/ 0