градска куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Oct 2021 11:47:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png градска куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски: Во тек на кампања не смее да има распишување на тендер како што тоа го прави Шилегов со тендерот за градската куќа, ДКСК да постапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-tek-na-kampanja-ne-smee-da-ima-raspishuvanje-na-tender-kako-shto-toa-go-pravi-shilegov-so-tenderot-za-gradskata-kukja-dksk-da-postapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-tek-na-kampanja-ne-smee-da-ima-raspishuvanje-na-tender-kako-shto-toa-go-pravi-shilegov-so-tenderot-za-gradskata-kukja-dksk-da-postapi/#respond Tue, 05 Oct 2021 11:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=573304

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора веднаш да постапи, затоа што со распишување тендер за градска куќа од страна на Град Скопје, под раководство на Петре Шилегов за време на изборна кампања директно се крши Изборниот законик, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски после изјавата од пред Општина Кисела Вода, запрашан за коментар за распишаниот тендер од страна на Град Скопје за изградба на градска куќа во вредност од 11 милиони евра. Тој посочи дека кога веста ја прочита во медиумите, првично помисли дека станува збор за некоја шега или стара вест, имајќи предвид дека се наоѓаме во ек на кампања за локалните избори, каде што општините не смеат да имаат покрупни активности, особено такви тендери со милионски суми евра. „Прво би сакал да ја повикам Антикорупциската комисија да реагира, затоа што согласно законот за избори, во пред изборен период и во период на кампања како што сме сега не смее да има никакви покрупни активности на општините и на Градот Скопје, најмалку распишување на тендер во номинална вредност од 11 милиони евра“, рече Николоски. Тој побара одговори од Град Скопје и Петре Шилегов, што се случи со 12,7 милиони евра кои што градот ги доби од продажбата на веќе изградената градска куќа, при што ги повика надлежните органи да постапат затоа што, како што рече Николоски, тие имаат информација дека наменските средства се потрошени, со што е направено кривично дело. „Втората работа која што е исклучително загрижувачка, е што до денес јавноста не доби одговор на прашањето што се случи со 12,7 милиони евра, кои што Град Скопје ги приходуваше од продажбата на веќе изградената градска куќа која што Град Скопје ја продаде. Истата треба да се на наменска сметка и да се чуваат за таа намена. Но, според нашите сознанија, тие средства се потрошени и ги нема на наменската сметка, што е кривично дело. И ги повикувам надлежните органи да постапат по оваа информација, затоа што потрошувањето на средствата кои што се за една намена а, се трошат за друго е класично кривично дело“, истакна Николоски. Тој заклучи дека, во дел на трошење на овие 12,7 милиони евра, а во делот на распишување на тендер сега за градска куќа, мора Антикорупциската комисија да постапи, затоа што е директно прекршување на Изборниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-tek-na-kampanja-ne-smee-da-ima-raspishuvanje-na-tender-kako-shto-toa-go-pravi-shilegov-so-tenderot-za-gradskata-kukja-dksk-da-postapi/feed/ 0
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да одговори дали новата градска куќа ја продава за да ја земе неколку децении старата зграда на ЕСМ? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-shilegov-da-odgovori-dali-novata-gradska-kukja-ja-prodava-za-da-ja-zeme-nekolku-decenii-starata-zgrada-na-esm/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-shilegov-da-odgovori-dali-novata-gradska-kukja-ja-prodava-za-da-ja-zeme-nekolku-decenii-starata-zgrada-na-esm/#respond Mon, 30 Sep 2019 07:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=246028

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го повикува Шилегов да не се крие и да одговори за најновиот скандал со бонбона бизнисот за продажба на градската куќа. -Тоа што Крадоначалникот Шилегов 5 дена молчи за новата бонбона бизнис зад која стои раскрчмувањето на новата градска куќа и имотот на скопјани е показател дека е во прашање сомнеж за корупција и криминал. Како на филмска лента ни се случува грабеж на скопјани зад кој стојат лични лукративни интереси. Шилегов треба да одговори дали новата градска куќа ја продава за да ја земе неколку децении старата зграда на некогашното ЕСМ? Дали ако и ова се утврди за точно, Шилегов е подготвен да сноси политичка одговорност? Да каже зошто ја лажеше јавноста дека нема да ја продава градската куќа и врши итна продажба? Зошто Шилегов не објасни што вистински стои зад неговата одлука новиот купувач да го части освен со градска куќа по багателна цена, туку и со бесплатно земјиште и нула комуналии кон државата. Дали фактот што однапред се знае кој ќе ја купи зградата и која зделка ќе ја направи Шилегов не говори дека во прашање е криминал? Како што лажеше дека нема да ја продава новата градска куќа, сега лаже дека вистинските причини за продажбата се просторните услови. Во позадина стојат провизии, сомнежи за криминал и оштетување на граѓаните. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, се вели во соопштението од советничката група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-shilegov-da-odgovori-dali-novata-gradska-kukja-ja-prodava-za-da-ja-zeme-nekolku-decenii-starata-zgrada-na-esm/feed/ 0