Градски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 12:14:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Градски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градскиот суд во Москва го задржа американскиот новинар Гершкович во затвор до крајот на август https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-go-zadrzha-amerikanskiot-novinar-gershkovich-vo-zatvor-do-krajot-na-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-go-zadrzha-amerikanskiot-novinar-gershkovich-vo-zatvor-do-krajot-na-avgust/#respond Thu, 22 Jun 2023 12:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=848583

Градскиот суд во Москва ја отфрли жалбата на американскиот новинар на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, и ја поддржа одлуката на првостепениот суд кој му одреди притвор до крајот на август. Американскиот државјанин Гершкович (31) беше уапсен на крајот на март додека престојувал во Русија на новинарска задача. Минатиот месец московскиот суд му изрече затворска казна до 30 август, на која неговите адвокати поднесоа жалба, која денеска беше отфрлена од Градскиот суд во Москва. Гершкович присуствуваше на рочиштето кое беше затворено за јавноста, а тој беше во стаклен кафез за обвинетите. На сослушувањето присуствуваа неговите родители, како и американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси. По сослушувањето во судницата амбасадорката Трејси кажа дека „Еван покажува извонредна сила и издржливост во овие многу тешки околности“. Гершкович и неговиот работодавец негираа дека тој шпионирал во Русија. Американската Влада соопшти дека тој е неправедно приведен и побара негово итно ослободување. Неговото апсење во Екатеринбург ги вознемири новинарите во Русија, каде властите не дадоа детали за доказите што ги имаат за да го поддржат обвинението за шпионажа. Гершкович се наоѓа во московскиот затвор Лефортово, познат по тешките услови. На претставниците на американската Амбасада им беше дозволено да го посетат само еднаш, а руските власти ги одбија последователните барања за посета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-go-zadrzha-amerikanskiot-novinar-gershkovich-vo-zatvor-do-krajot-na-avgust/feed/ 0
Градскиот суд во Москва ја потврди пресудата за затворање на рускиот независен весник „Новаја Газета“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/#respond Tue, 07 Feb 2023 16:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=797412

Градскиот суд во Москва денеска ја потврди пресудата за одземање на лиценцата на независниот весник „Новаја Газета“, што со години наназад го критикуваше Кремљ. „Новаја газета“ беше најпознатиот независен весник во Русија се додека властите минатата година не го наредија неговото затворање како дел од акцијата против дисидентите. Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата на весникот против одлуката од септември, донесена од страна на Московскиот окружен суд, што му ја одзеде лиценцата. Окружниот суд во септември ја одобри петицијата поднесена од рускиот медиумски регулатор, што го обвини весникот дека навремено не ја доставил својата уредувачка повелба до властите. Главниот уредник на весникот, добитникот на Нобеловата награда за мир, Дмитриј Муратов, денеска ја осуди пресудата, велејќи дека таа „им служи на масите кои сакаат народот да гледа само пропаганда“. Неколку дена по почетокот на војната во Украина, рускиот Парламент одобри закон со кој се забранува наводно омаловажување на руската војска или ширење „лажни информации“ за воената кампања на земјата во Украина. Како резултат на ваквиот закон, десетици независни руски медиуми се забранети, додека некои најавија дека го прекинуваат секое известување за Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/feed/ 0