Грамоз Ручи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Dec 2018 12:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грамоз Ручи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски се сретна со Грамоз Ручи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-sretna-so-gramoz-ruchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-sretna-so-gramoz-ruchi/#respond Tue, 11 Dec 2018 12:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=138598

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски оствари средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи. Мицкоски и Ручи ја констатираа добрата соработка помеѓу двете држави и двата народи. На средбата беше констатирано дека иднината на  регионот е во ЕУ и НАТО, но и со целосна посветеност во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Мицкоски посочи дека во Република Македонија моментално не се почитуваат демократските принципи и вредности, власта која ја зави во црнило државата го користи правосудството како алатка за пресметка со политичките неистомисленици, наместо по закон институциите работат по диктат. Беше констатирана и потребата од поголем економски развој на регионот и поголема соработка на економски план.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-sretna-so-gramoz-ruchi/feed/ 0
Иванов оствари средба со претседателот на Собранието на Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-pretsedatelot-na-sobranieto-na-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-pretsedatelot-na-sobranieto-na-albanija/#respond Mon, 10 Dec 2018 15:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=138292

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи.

Претседателот Иванов и претседателот на албанското Собрание, Ручи разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, констатирајќи дека политичките односи бележат позитивен тренд на развој, со континуиран политички дијалог и учество во заедничките иницијативи и активности на билатерално,регионално и мултилатерално ниво.

-Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република Албанија споделуваат идентични надворешно-политички цели во контекст на европските интеграции, добрососедските односи и регионалната соработка, како клучни предуслови за стабилност и просперитет на регионот. Претседателот Иванов и претседателот на албанското Собрание, Ручи се согласија дека парламентарната соработка може дополнително да се развива преку интензивирање на контактите помеѓу парламентарните тела и комисии, соопштуваат од Кабинетот на Иванов.

На средбата биле разгледани можностите за соработка меѓу двете земји во контекст на интеграцијата во ЕУ, а од македонска страна било изразено очекувањето за активна поддршка од Република Албанија во однос на членството во НАТО.

-На средбата беше истакната и потребата за заедничка посветеност за забрзување на реализацијата на тековните инфраструктурни проекти, како и унапредување на економската соработка меѓу двете земји. На средбата, македонскиот претседател изрази задоволство од усвојувањето на Законот за малцинства од страна на Парламентот на Република Албанија и изрази очекување дека истиот ќе придонесе за подобра заштита и афирмација на културните и јазичните идентитетски одлики на етничките Македонци во Албанија, стои во соопштението.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-pretsedatelot-na-sobranieto-na-albanija/feed/ 0