GrandVin – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 12:24:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png GrandVin – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/#respond Tue, 10 Oct 2023 12:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=887467

На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со  престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари. На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет. Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.

Фотогалерија

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/feed/ 0
ГОЛЕМА ВИНСКА ПРОЛЕТ GrandVin 2023 Spring Edition https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/#respond Mon, 03 Apr 2023 11:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=819463

Одберете го вашето ново вино, зголемете го винското искуство. Македонската асоцијација на сомелиери (МАСОМ) е домаќин на првото пролетно издание на GrandVin, салон кој ги промовира македонските производители на вина и јаки алкохолни пијалоци, и ја поттикнува македонската винска култура. Настанот ќе се одржи на 8 април 2023 година, од 12 до 20 часот, во хотел Мериот. Посетителите ќе можат да уживаат во над 400 вина од 50 винарии, додека за љубителите на посилната „капка“, на павилјонот „Masters of Distilleries“ ќе има 15 внимателно избрани македонски дестилерии. Земја гостин на овој настан е Албанија, од каде доаѓаат шест албански винарии по препорака од Албанската Асоцијација на Сомелиери, давајќи им на посетителите единствена можност да ги искусат нивните уникатни и богати вкусови.
„Возбудени сме што наидовме на голем интерес кај винариите да ги изложат нивните вина од последната берба кои за пошироката јавност се од скоро или допрва ќе бидат достапни“, вели организаторот. „Освен тоа, среќни сме што токму Албанија ќе биде земја-гостин бидејќи има долга традиција на производство на вино, со што ја засилуваме сликата на балканскиот вински полуостров во светот. Овој настан ќе претставува шанса за посетителите да искусат нешто ново и уникатно“, додаваат од МАСОМ.
На сите посетители им претстои ден исполнет со врвни вина, вкусна храна и нови откритија во винскиот свет. Влезници за настанот на  https://www.karti.com.mk/grand-vin-spring-edition.nspx ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/feed/ 0