граничен премин евзони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Aug 2021 07:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png граничен премин евзони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Евзони пронајдена вртоглава количина на канабис во македонски камион – местото каде ја чувал дрогата му била фатална грешка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-evzoni-pronajdena-vrtoglava-kolichina-na-kanabis-vo-makedonski-kamion-mestoto-kade-ja-chuval-drogata-mu-bila-fatalna-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-evzoni-pronajdena-vrtoglava-kolichina-na-kanabis-vo-makedonski-kamion-mestoto-kade-ja-chuval-drogata-mu-bila-fatalna-greshka/#respond Mon, 30 Aug 2021 07:59:45 +0000 https://kurir.mk/?p=556473

Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот. Возачот на камионот бил уапсен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-evzoni-pronajdena-vrtoglava-kolichina-na-kanabis-vo-makedonski-kamion-mestoto-kade-ja-chuval-drogata-mu-bila-fatalna-greshka/feed/ 0
БЕЗ ДА ГО ПОПОЛНИТЕ ОВОЈ ФОРМУЛАР НЕМА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА: Евзони ќе работи со скратено време, еве каква е состојбата утрово на Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-da-go-popolnite-ovoj-formular-nema-vlez-vo-grcija-evzoni-kje-raboti-so-skrateno-vreme-eve-kakva-e-sostojbata-utrovo-na-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-da-go-popolnite-ovoj-formular-nema-vlez-vo-grcija-evzoni-kje-raboti-so-skrateno-vreme-eve-kakva-e-sostojbata-utrovo-na-bogorodica/#respond Sat, 15 May 2021 07:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=510544

По неколку часовното чекање пред граничниот премин Евзони, Грција вчера им дозволи влез на македонските граѓани. За влез во Грција, независно од државјанството, потребно е да се пополни формулар ПЛФ на веб-страната travel.gov.gr, најмалку 24 часа пред датумот на влез. Според протоколот за влез, сите граѓани што патуваат кон Грција треба да поседуваат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцини (14 дена поминати од втората доза вакцина). Признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР-тест. Според моменталните правила граничниот премин Евзони за влез во Грција ќе работи од 6 часот наутро до 22 навечер по македонско време. Инаку утрово според камерите на граничниот премин нема гужва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-da-go-popolnite-ovoj-formular-nema-vlez-vo-grcija-evzoni-kje-raboti-so-skrateno-vreme-eve-kakva-e-sostojbata-utrovo-na-bogorodica/feed/ 0
ЕВЗОНИ СЕ УШТЕ ЗАТВОРЕН – македонските граѓани со часови заглавени во меѓу граничната зона, еве зошто Грција и денеска е блокирана! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evzoni-se-ushte-zatvoren-makedonskite-gragjani-so-chasovi-zaglaveni-vo-megju-granichnata-zona-eve-zoshto-grcija-i-deneska-e-blokirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evzoni-se-ushte-zatvoren-makedonskite-gragjani-so-chasovi-zaglaveni-vo-megju-granichnata-zona-eve-zoshto-grcija-i-deneska-e-blokirana/#respond Fri, 14 May 2021 09:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=510190

Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица. -Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони, низ нашиот граничен премин кон Грција заминаа петнаесетина возила кои до овој момент се уште чекаат на Евзони за влез во Грција затоа што грчките гранични органи се уште чекале официјален документ од Атина и додека не го добиеле, на ГП Евзони ќе се чека, рекоа од дежурната служба на ГП Богородица. Инаку, состојбата на нашиот граничен премин е релаксирана. Граничните полицајци и царинските работници се подготвени за зголемен проток на туристи, но барем денеска ги нема во поголем број. На нашата граница освен патни исправи не се потребни други документи, а за влез во Грција на ГП Евзони треба да се покаже вакцинален картон со примени две дози од која било вакцина од која втората доза треба да е примена најмалку пред 14 дена, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за прележана болест. Се очекува во текот на денот, ГП Евзони да ги дигне рампите за влез во Грција. Откако ќе пристигне официјалниот документ од владата во Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evzoni-se-ushte-zatvoren-makedonskite-gragjani-so-chasovi-zaglaveni-vo-megju-granichnata-zona-eve-zoshto-grcija-i-deneska-e-blokirana/feed/ 0
Се степале во меѓузоната помеѓу граничните премини „Богородица“ и „Евзони“ – еве ги деталите од драмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-stepale-vo-megjuzonata-pomegju-granichnite-premini-bogorodica-i-evzoni-eve-gi-detalite-od-dramata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-stepale-vo-megjuzonata-pomegju-granichnite-premini-bogorodica-i-evzoni-eve-gi-detalite-od-dramata/#respond Thu, 13 May 2021 14:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=509965

На 12.05.2021 во 17.40 часот во СВР Струмица, З.Н.(39) од Кавадарци пријавил дека околу 17.00 часот, во меѓузоната помеѓу Граничен премин „Богородица“ и Граничен премин „Евзони“, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.А. од с.Богородица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-stepale-vo-megjuzonata-pomegju-granichnite-premini-bogorodica-i-evzoni-eve-gi-detalite-od-dramata/feed/ 0
Се уште не е нормализиран сообраќајот на Евзони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-normaliziran-soobrakjajot-na-evzoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-normaliziran-soobrakjajot-na-evzoni/#respond Sat, 06 Mar 2021 10:28:41 +0000 https://kurir.mk/?p=478099

Новите мерки што се воведени од грчките надлежни органи за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на транспортерите од двете страни, ќе важат и викендов. Поточно, најмалку до понеделник, кога се очекува одговор од грчката страна на вчерашните барања од нивните камионџии за симнување на мерките и нормализирање на транспортниот сообраќај, потврди утрово Лефтер Андонов, генерален секретар на АМЕРИТ. Вчера писмено реагирале и нашите надлежни органи по што, велат од АМЕРИТ, дека ќе почекаат до понеделник да стигне одговорот од грчките надлежни органи, па потоа ќе донесат решение за понатамошни чекори доколку биде неопходно. До тогаш, транспортниот сообраќаен режим за излез и влез во земјава на граничните премини Богородица и Евзони продолжува да се одвива со примена на заштитните мерки од Ковид-19 на грчката страна. Во Грција ќе влегуваат само возачите на камиони со негативен резултат од брзите бесплатни ПЦР тестови, а ГП Евзони и понатаму е отворен за влез и излез од Грција од 7 до 19 часот. Моментно, поради актуелната ситуација, низ премините Богородица и Евзони минуваат помалку и претежно празни камиони, чиј број е многу намален, а натоварените со роба, вели Андонов, се принудени да минуваат повеќе километри преку Бугарија и да влегуваат во Грција преку ГП Промахонас, каде нема никакви ограничувања за возачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-normaliziran-soobrakjajot-na-evzoni/feed/ 0
Од денеска построги мерки за влез во Грција- ПЦР тестот ќе биде задолжителен и за оваа категорија на македонски граѓани кои патуваат во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-postrogi-merki-za-vlez-vo-grcija-pcr-testot-kje-bide-zadolzitelen-i-za-ovaa-kategorija-na-makedonski-gragjani-koi-patuvaat-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-postrogi-merki-za-vlez-vo-grcija-pcr-testot-kje-bide-zadolzitelen-i-za-ovaa-kategorija-na-makedonski-gragjani-koi-patuvaat-vo-zemjata/#respond Mon, 01 Mar 2021 12:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=475460

Министерската одлука издадена минатиот понеделник со мерките за копнените граници на Грција и забраната за влез на државјани на трети земји, од денеска е заменета со нова, во која се вклучени дополнителните рестрикции, соопштени во петокот, јави дописничката на МИА од Атина. Новите, построги мерки се однесуваа на граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, кои ќе работат од 7 до 19 часот, наместо до 23 часот, а дневно ќе биде дозволено да поминат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен ќе биде домашен карантин од 14 дена, наместо седум како што беше досега. На граничните премини, на сите, задолжително ќе им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез. За патниците, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега. ромени нема во однос на забраната за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“, како и во однос на „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата“, со што во суштина значи дека за македонските државјани и понатаму е забранет влезот кај јужниот сосед. Новите мерки се однесуваат на оние категории за кои постојат исклучоци, како во однос на влезот преку одредени гранични премини, така и за влезот преку преминот Промахонас од Бугарија, што е единствен отворен за туристи за кои не важат забраните, односно за државјаните на земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и за жителите на Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Израел. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. Освен Промахонас, отворени се граничните премини Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Какавиа кон Албанија и Кипи кон Турција, со одредено работно време, а влезот во Грција е дозволен само за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово. Новата министерска одлука е веќе објавена во Службен весник на Грција, во сила е до 8 март во 6 часот наутро, иако заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас во петокот рече дека мерките се до 15 март 2020 година. Хардаљас, соопштувајќи ги дополнителните рестрикции, рече дека „за да се избегне дополнително ширење на вирусот од копнените влезни точки, од понеделник 1 март во 6 часот наутро и до понеделник 15 март во 6 часот наутро“, се воведуваат новите мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-postrogi-merki-za-vlez-vo-grcija-pcr-testot-kje-bide-zadolzitelen-i-za-ovaa-kategorija-na-makedonski-gragjani-koi-patuvaat-vo-zemjata/feed/ 0
Граничниот премин Евзони речиси не го поминал никој една година- вака изгледа „пустошот“ кој владее таму со месеци (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/granichniot-premin-evzoni-rechisi-ne-go-pominal-nikoj-edna-godina-vaka-izgleda-pustoshot-koj-vladee-tamu-so-meseci-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/granichniot-premin-evzoni-rechisi-ne-go-pominal-nikoj-edna-godina-vaka-izgleda-pustoshot-koj-vladee-tamu-so-meseci-video/#respond Fri, 12 Feb 2021 18:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=468062

Речиси една година границата со Грција е затворена поради коронавирусот. На граничниот премин годинава за прв пат немаше ниту колони возила, особено за Велигден, Први мај, Илинден или пак Голема Богородица, а како што одминуваше летото и доаѓаше зимото граничниот премин Богородица- Евзони беше се попразен и попразен. Српскиот портал Телеграф.рс се одлучи преку Македонија да замине на граничниот премин кој се наоѓа во Гевгелија и да сними што се случува таму. Додека ја гледате снимката, имајте на ум дека Грција го продолжи рокот за забрана за влез во земјата до 22 февруари месецов, а во земјата има и полициски час од 18 до шест часот наутро.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/granichniot-premin-evzoni-rechisi-ne-go-pominal-nikoj-edna-godina-vaka-izgleda-pustoshot-koj-vladee-tamu-so-meseci-video/feed/ 0
ГРЦИЈА ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНИЈА- од вечерва целосна забрана за камиони, автомобили и патници на граничниот премин Евзони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-celosno-zatvorena-za-makedonija-od-vecherva-celosna-zabrana-za-kamioni-avtomobili-i-patnici-na-granichniot-premin-evzoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-celosno-zatvorena-za-makedonija-od-vecherva-celosna-zabrana-za-kamioni-avtomobili-i-patnici-na-granichniot-premin-evzoni/#respond Fri, 07 Aug 2020 14:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=387776

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека  за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-celosno-zatvorena-za-makedonija-od-vecherva-celosna-zabrana-za-kamioni-avtomobili-i-patnici-na-granichniot-premin-evzoni/feed/ 0
Нова лоша вест за сите што се надеваа дека на крајот на летото можеби ќе заминат за Грција- еве до кога ќе биде затворена границата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-losha-vest-za-site-shto-se-nadevaa-deka-na-krajot-na-letoto-mozebi-kje-zaminat-za-grcija-eve-do-koga-kje-bide-zatvorena-granicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-losha-vest-za-site-shto-se-nadevaa-deka-na-krajot-na-letoto-mozebi-kje-zaminat-za-grcija-eve-do-koga-kje-bide-zatvorena-granicata/#respond Fri, 31 Jul 2020 17:06:40 +0000 https://kurir.mk/?p=384501

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Како што претходно објави МИА, денеска истекува одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-losha-vest-za-site-shto-se-nadevaa-deka-na-krajot-na-letoto-mozebi-kje-zaminat-za-grcija-eve-do-koga-kje-bide-zatvorena-granicata/feed/ 0
Грчката Влада ги заострува мерките на копнените граници- еве ја нивната одлука која е разочарувачка за туристите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-gi-zaostruva-merkite-na-kopnenite-granici-eve-ja-nivnata-odluka-koja-e-razocharuvachka-za-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-gi-zaostruva-merkite-na-kopnenite-granici-eve-ja-nivnata-odluka-koja-e-razocharuvachka-za-turistite/#respond Mon, 20 Jul 2020 12:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=378716

Поради зголемениот број поминувања кон соседните земји, но и поради зголемениот број позитивни случаи на граничните премини, грчката Влада, со одлука на премиерот Кирјакос Мицоакис, а по препорака на надлежните, ги заострува мерките на копнените граници и од 22 јули до 4 август за Грците и оние кои имаат дозвола за престој, влезот и излезот од земјата ќе биде дозволен само од шест гранични премини, соопшти портпаролот Стелиос Пецас наденешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. -Освен она што веќе е одлучено и е во сила за влез од Промахонас, од вторник кон среда 22 јули на полноќ, до 4 август, влезот на грчка територија за есенцијални поминувања дозволено е само од граничните премии Какавиас, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи, рече Пецас и додаде дека и грчките граѓани и оние кои имаат дозвола за престој, исто како и туристите сега веќе ќе бидат обврзани да го пополнат специјалниот образец Passenger Locator Form (PLF). Во однос на сезонските земјоделски работници портпаролот на грчката Влада објасни дека во случај да излезат од Грција пред 4 август, нема да имаат право повторно да влезат во земјата. Пецас рече дека „тешката слика ја потврдуваат и резултатите“ од направените тестови по случаен избор. Осум позитивни случаи од 866 тестови награничниот премин Какавиа со Албанија и 170 потврдени случаи на Ковид-19 од 19.676 анализи на Промахонас во периодот од 1 до 18 јули 2020 година. -Во изминатата седмица од 12 до 18 јули, се забележа континуиран зголемен бран на поминувања (влез – излез) од 12-те копнени точки за влез во земјата (освен Промахонас). Поконкретно, 20.331 поминувања од Албанија, 8.049 од Бугарија (без Промахонас), 16.358 од Северна Македонија и 4.325 од Турција, рече Пецас. Грчките државјани, досега имаа можност преку сите гранични премини да ги посетуваат соседните земји, без никакви контроли, а градоначалниците на пограничните градови упатуваа апели до Грците, да ги избегнуваат или да ги сведат на минимум нивните патувања во соседните земји, особено во Македонија. -Нагласуваме дека коронавирусот е тука и бараме од сите грчки граѓани да ги избегнуваат непотребните движења во епидемиолошки оптоварените области, како што сега се оние на Балканот, порача Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите. Доаде дека „Грција е и ќе остане здравствено безбедна земја“, а Владата ќе преземе и доополнителни мерки доколку биде потребно. Во однос на контролите за почитување на здравствените протоколи и превентивните мерки за заштита од Ковид-19, Пецас рече дека од 17 јули до денеска биле спроведени 2.884 контроли во цела Грција, биле констатирани прекршувања во 144 случаи, изречена 161 казна во висина од 38.250 евра и вкупна забрана за работа од 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-gi-zaostruva-merkite-na-kopnenite-granici-eve-ja-nivnata-odluka-koja-e-razocharuvachka-za-turistite/feed/ 0