граничен премин прешево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 09:15:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png граничен премин прешево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српска влада: Реконструкција на граничниот премин Прешево-Табановце готова до почеток на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-vlada-rekonstruktsija-na-granichniot-premin-preshevo-tabanovtse-gotova-do-pochetok-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-vlada-rekonstruktsija-na-granichniot-premin-preshevo-tabanovtse-gotova-do-pochetok-na-letoto/#respond Fri, 12 May 2023 09:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=833384

Пред почетокот на летото ќе завршат работите за подобрување на сообраќајниот пристап на граничниот премин Прешево - Табановце, кои опфаќаат проширување на пристапните патишта од српска и од македонска страна. Оваа делумна реконструкција на преминот ќе резултира со одредено забрзување на протокот на возила и намалување на задржувањето на бројот на граѓани на граничниот премин, јави дописникот на МИА од Белград. -Работите се изведуваат како дел од Иницијативата Отворен Балкан, што ја започна претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Реконструкцијата на преминот е еден од резултатите од Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, кој содржи мерки за забрзување на движењето на возила, луѓе и стока преку државната граница, соопштија од српската влада. Во соопштението се наведува дека работите што денеска почнуваат од македонска, од српска страна на границата ќе започнат следната недела, а се очекува да завршат во првата половина на следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона, а тоа, покрај одредено намалување на метежот на границите, исто така, ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји. -Имено, во периодот што следи се очекува да се спроведат мерки за признавање на сертификати за мерење на товарните возила меѓу царинските управи на двете земји, со што ќе се скрати времето за спроведување на царинските формалности, наведуваат од српската влада. Овие мерки, додаваат, ќе придонесат за забрзан проток на граничниот премин Прешево – Табановце и за намалување на трошоците за патниците и деловните субјекти, што позитивно ќе се одрази на меѓународната трговија во целиот регион. -Ова се само некои примери за тоа како Иницијативата Отворен Балкан го забрзува протокот на луѓе, стоки и услуги и заштедува време за граѓаните и стопанството при преминување на државните граници, се наведува во соопштението од српската влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-vlada-rekonstruktsija-na-granichniot-premin-preshevo-tabanovtse-gotova-do-pochetok-na-letoto/feed/ 0
Српската царина заплени хероин и марихуана од возила што доаѓале од Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-carina-zapleni-heroin-i-marihuana-od-vozila-shto-doagjale-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-carina-zapleni-heroin-i-marihuana-od-vozila-shto-doagjale-od-makedonija/#respond Mon, 17 Sep 2018 09:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=101986

Цариници во соработка со гранична полиција, на влезната страна на граничниот премин Прешево кон Македонија, вчера откриле и спречиле два обида за криумчарење наркотици, и заплениле преку 20 килограми дрога, јави Танјуг. Царинската управа соопшти дека запленета е најмногу марихуана, над 19 килограми, и малку повеќе од еден килограм хероин. Дрогата е пронајдена во две возила, во „Мерцедес А класа“ со албански регистарски таблички, кој доаѓал од Македонија, и во „Пежо“ со словенечки регистарски таблички, управувано од државјанин на БиХ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-carina-zapleni-heroin-i-marihuana-od-vozila-shto-doagjale-od-makedonija/feed/ 0
Македонски автобус запрен на српска граница, по претресот едно лице приведено- еве што е пронајдено (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-avtobus-zapren-na-srpska-granica-po-pretresot-edno-lice-privedeno-eve-shto-e-pronajdeno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-avtobus-zapren-na-srpska-granica-po-pretresot-edno-lice-privedeno-eve-shto-e-pronajdeno-foto/#respond Tue, 13 Mar 2018 08:29:04 +0000 http://kurir.mk/?p=29436

Цариниците на 11 март 2018 година на влезот на граничниот премин Прешево, во соработка со полицијата, спречиле обид за криумчарење на скоро 22.000 таблети, лекови за смирување, очигледно наменети за српскиот пазар, соопштила Управата на царината на Србија, пренесува српскиот Курир. „Прекршокот е откриен кога за контрола со скенер е издвоен македонски автобус кој редовно сообраќа на линијата Охрид-Белград. На сликата со скенер воочени се неправилности во тоалетот на автобусот, а деталниот преглед покажал дека сомнежите на цариникот се оправдани. Утврдено е дека во тоалетот има повеќе од десет големи кеси со над 800 кутии различни лекови, кои биле прекриени со гардероба и празни вреќи“, пишува во соопштението. Меѓу криумчарените лекови преовладуваат лекови за смирување кои содржат психоактивни супстанци, а во помали количини имало и од други лекови. Бидејќи никој од патниците не се изјаснил како соптвеник на скриениот товар, запленетите лекови и возачот се предадени на полицијата и обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-avtobus-zapren-na-srpska-granica-po-pretresot-edno-lice-privedeno-eve-shto-e-pronajdeno-foto/feed/ 0