граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Feb 2023 09:23:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Падна системот за контрола на граничните премини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-sistemot-za-kontrola-na-granichnite-premini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-sistemot-za-kontrola-na-granichnite-premini/#respond Sat, 04 Feb 2023 09:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=796036

На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување. МВР информира дека системот на граничните премини е се во функција, но екипи работат на негово оспособување. Селективно се пропуштаат само итни случаи, се вели во информацијата од МВР.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-sistemot-za-kontrola-na-granichnite-premini/feed/ 0
Спасовски: Безбедносната состојба на границите е генерално поволна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-bezbednosnata-sostojba-na-granicite-e-generalno-povolna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-bezbednosnata-sostojba-na-granicite-e-generalno-povolna/#respond Tue, 01 Nov 2022 12:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=753874

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред амбасадорите од земјите-членки на ЕУ рече дека безбедносната состојба на државните граници во моментов е генерално поволна. Како главни предизвици тој ги издвои илегалното минување, криумчарењето мигранти и секундарните движења на мигрантите, но не се регистрирани, напомена, посериозни загрозувања на јавниот ред и мир и јавното здравје како резултат на мигрантската криза. -Во првите десет месеци спречени се 22 806 обиди за илегално преминување на границите или речиси пет илјади обиди повеќе во споредба со истиот период лани. Најголем дел од обидите за илегални преминувања, впрочем како и во претходните години, се спречени на јужната граница со Република Грција, 20 858. На оваа граница е забележан пораст за речиси 30 отсто во однос на истиот период лани. Во однос на земјата на потекло на мигрантите при спречените обиди, доминираат мигрантите од Сирија со 9 290 кои во однос на минатата година се значително зголемени, додека во првите топ пет земји се вбројуваат и мигранти од Пакистан, 5 324, Авганистан 1 737, но и Индија, Мароко и Куба, рече Спасовски. Според Спасовски, кој имаше излагање, а потоа и одговараше на прашања на амбасадорите, досегашната соработка во справувањето со илегалната миграција покажа дека кога се работи заедно, може успешно заеднички да се решат предизвиците. -Со потпишувањето на Договорот помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија за оперативни активности спроведени од Агенцијата за гранична и крајбрежна стража во земјава, воспоставивме одржливи, трајни решенија за справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основните принципи на кои се темели меѓусебната соработка. Имплементацијата на овој Договор ќе придонесе за посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани, како и за ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и потенцијалните идни закани, а со тоа, како што додаде, и за справување со сериозниот криминал со прекугранична димензија, рече Спасовски. Во однос на нелегалната миграција, тој ги издвои миграциските движења на „Западнобалканската рута“, како и влијанието на руската агресија врз Украина, при што информираше за аналитичките согледувања на ФРОНТЕКС кои укажуваат дека миграцискиот притисок во регионот на Западен Балкан во текот на 2022 година е зголемен, особено на северните граници во регионот со Србија и во Австрија. -Во 2022 година, од страна на земјите вдолж Западно-балканската рута пријавени се над 178 000 илегални преминувања од мигранти на и помеѓу гранични премини, што е за 75 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, истакна Спасовски. Тој информираше и дека активностите кои се преземаа за спречување на криминалните активности поврзани со криумчарење мигранти резултираа со откриени 89 случаи на криумчарење на 1 328 мигранти. -Ваквиот резултат бележи значителен пораст во однос на периодот од јули до октомври 2022 година, што укажува дека криминалните групи ги интензивираат своите активности со цел да пренесат илегално што поголем број на мигранти на другата страна на границата. Карактеристично за овој период е што во три од случаите, возачите по забележување на полициските патроли, со возилата во кои ги превезувале мигрантите, предизвикале сообраќајни незгоди, при што со телесни повреди се здобиле 41 мигрант од Сирија, двајца полициски службеници и еден припадник на Армијата на Северна Македонија, подвлече Спасовски. Во однос на одржувањето стабилна безбедносна состојба на границите со соседните земји, но и за соодветно справување со евентуален иден масовен прилив, потенцираше дека е продолжено времетраењето на Одлуката за прогласување кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, што овозможува непречено користење на потребните национални ресурси и капацитети за справување со предизвикот. -Исто така, од декември 2015 година па наваму на јужната граница континуирано се имплементира заедничката меѓународна операција и која од март 2016 година па наваму е поддржана од Европската Комисија преку имплементација на ИОМ Проектот „Специјална мерка за поддршка на Република Северна  Македонија во управувањето со границите и миграциите“, рече министерот за акцијата во која учествуваат странски полициски службеници од Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Хрватска и – Србија). Како еден од главните предуслови за ефикасно управување со границите и со миграциите, министерот Спасовски ја истакна ефикасната меѓународна соработка, а како главни приоритети ги издвои одржувањето и продлабочувањето и меѓународната соработка – со земјите од регионот, со земјите на транзит, потекло, со агенциите на ЕУ (во прв ред Frontex – EBCGA, Europol, EASO) и на УН (IOM, UNHCR), како и релевантни меѓународни организации (OSCE, ICMPD, DCAF, итн.). -За таа цел се учествува во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси (Салзбуршки форум, Будимпештански процес, Прашки процес, Заедничка координативна платформа, DCAF Програма за гранична безбедност, КПС ЈИЕ, итн.). Со оглед на случувањата на т.н. „Западнобалканска рута“ во последните години, најинтензивна е соработката со земјите кои се дел или во нејзина непосредна близина. Соработката е на многу високо ниво, а особено треба да се истакнат заедничките и координирани операции кои со поддршка на DCAF се реализираат во земјите од регионот и во кои учествуваат земјите – потписнички на КПС ЈИЕ, истакна министерот Спасовски. Осврнувајќи се на реформите во МВР, Спасовски рече дека изминатиот период два реформски процеса го одбележаа дејствувањето на Министерството. -Гледано од денешна перспектива, двете најголеми реформи – следењето на комуникациите и реформата на разузнавачките служби ја постигнаа својата цел. Агенцијата за национална безбедност постои како посебен државен орган, изградена согласно стандардите на НАТО, а исто така функционирањето на ОТА го надмина големиот број на забелешки и недостатоци кои доведоа до масовно кршење на човековите права. Заокружувајќи ги сите параметри на овие реформи, не можам да не го споменам Советот за граѓански надзор, за чии функционирање се потребни дополнителни напори. Искрено се надевам дека Собранието ќе ги преземе неопходните активности за обезбедување на неговата функционалност, нагласи министерот Спасовски, при што како реформски зафати кои придонесоа за поголема контрола врз работата на полицијата ги истакна воспоставувањето на Надворешниот механизам за контрола кој се состои од две компоненти: посебното Одделение во рамки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Надворешниот механизам за граѓанска контрола при Народниот правобранител. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-bezbednosnata-sostojba-na-granicite-e-generalno-povolna/feed/ 0
Чиле одново ги отвори копнените граници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chile-odnovo-gi-otvori-kopnenite-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chile-odnovo-gi-otvori-kopnenite-granici/#respond Mon, 02 May 2022 08:29:55 +0000 https://kurir.mk/?p=670652

Чилеанските власти објавија дека повторно се отворени 22 гранични премини затворени на 17 март 2020 година поради пандемијата со Ковид-19. За тоа време, границите со Аргентина, Боливија и Перу беа отворени за стоки, но на луѓето не им беше дозволено да преминат. „Од оваа недела, 1 мај, граничниот сообраќај ќе се нормализира“, објави чилеанското Министерство за внатрешни работи на Твитер. Епидемијата со Ковид-19 во Чиле се стабилизира, иако продолжуваат да се применуваат санитарни мерки, главно за странци кои не се постојани жители. Границите може да се преминат без ограничувања. Сепак, по пристигнувањето во Чиле, патниците може да бидат подложени на случајни тестови. Здравствените документи се пополнуваат и странците кои не се постојани жители мора да имаат здравствено осигурување во случај да треба да се лекуваат од КОВИД-19. Земјата со повеќе од 19 милиони луѓе регистрирала 3,5 милиони случаи, од кои 57.539 завршиле фатално.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chile-odnovo-gi-otvori-kopnenite-granici/feed/ 0
Австралија ги отвора границите, од 21 февруари дозволен влез на вакцинирани патници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-otvora-granicite-od-21-fevruari-dozvolen-vlez-na-vakcinirani-patnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-otvora-granicite-od-21-fevruari-dozvolen-vlez-na-vakcinirani-patnici/#respond Mon, 07 Feb 2022 06:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=627845

Австралија целосно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани носители на визи од 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон откако земјата беше затворена за странци речиси две години за да се намали заканата од ширење на коронавирусот. „Ако сте биле вакцинирани со втора доза, со нетрпение очекуваме да ве видиме во Австралија”, нагласи Морисон на прес-конференција. Австралија следи прилично срамежлива политика на отворање на своите граници од крајот на минатата година, дозволувајќи да влезат во земјата првина квалификувани мигранти, странски студенти и некои категории туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-otvora-granicite-od-21-fevruari-dozvolen-vlez-na-vakcinirani-patnici/feed/ 0
Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-planira-da-gi-otvori-granicite-za-nekoi-vakcinirani-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-planira-da-gi-otvori-granicite-za-nekoi-vakcinirani-turisti/#respond Mon, 03 Jan 2022 16:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=615796

Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани. На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет влез во еврејската држава. На посетителите од земјите означени од министерството како „црвени“ сè уште им е забрането да доаѓаат. Израел ги отвори своите граници за странски туристи на почетокот на ноември за првпат од почетокот на пандемијата, но им забрани на странците да пристигнуваат подоцна истиот месец во обид да го забави ширењето на новата,могу заразна варијанта омикрон. Врз основа на денешната препорака, Канада, Франција, Јужна Африка, Унгарија, Нигерија, Шпанија и Португалија се отстранети од списокот на таканаречените „црвени земји“, додека влезот сè уште е забранет за туристи од Велика Британија и од САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-planira-da-gi-otvori-granicite-za-nekoi-vakcinirani-turisti/feed/ 0
Границите на Австралија остануваат затворени до 15 декември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/granicite-na-avstralija-ostanuvaat-zatvoreni-do-15-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/granicite-na-avstralija-ostanuvaat-zatvoreni-do-15-dekemvri/#respond Tue, 30 Nov 2021 08:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=601760

Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници. Границите требаше утре да бидат отворени за вакцинираните биде утре е одложено за 15 декември. Исто така е одложено отворањето на границите за патниците од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември. Во владиното соопштение се истакнува дека „привременото одложување“ е со цел да се добие време за прибирање на информации „кои се потребни подобро да се разбере сојот Омикрон на вирусот“. Австралија е земја во која процентот на вакцинирани граѓани е прилично видок. Прва доза од вацината против Ковид-19 примиле над 92 отсто од лицата постари од 16 години, а целосно имунизирани се 87 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/granicite-na-avstralija-ostanuvaat-zatvoreni-do-15-dekemvri/feed/ 0
Морисон: Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-po-18-meseci-povtorno-gi-otvora-granicite-vo-slednite-nekolku-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-po-18-meseci-povtorno-gi-otvora-granicite-vo-slednite-nekolku-nedeli/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=571150

Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон, 18 месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот. Морисон кажа дека вакцинираните Австралијци „од следните недели“ ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, штом ќе се постигне целта на 80 проценти од вакцинираните. -Дојде моментот Австралијците да си го вратат животот. Се подготвуваме за тоа и Австралија многу брзо ќе биде подтотвена да тргне, рече Морисон. Вакцинираните лица, додаде Морисон, ќе можат да бидат ставени во карантин дома седум дена по нивното враќање во земјата, со што ќе се избегне задолжителниот скап 14-дневен карантин во хотел, што во моментов е на сила. Австралија на 20 март минатата година воведе некои од најстрогите погранични ограничувања во светот, како одговор на пандемијата на коронавирусот, по што во следните 560 дена беа прекинати бројни меѓународни летови, а патувањето во странство беше сведено на минимум. Семејствата беа поделени на повеќе континенти, австралиските државјани беа блокирани во странство, додека странските државјани беа блокирани во земјата и не можеа да ги видат своите пријатели или родители. Според Министерството за внатрешни работи, само во првите пет месеци од оваа година биле одбиени повеќе од 100.000 барања за влез или излез од земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-po-18-meseci-povtorno-gi-otvora-granicite-vo-slednite-nekolku-nedeli/feed/ 0
Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-gi-otvori-granicite-za-celosno-vakcinirani-stranci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-gi-otvori-granicite-za-celosno-vakcinirani-stranci/#respond Tue, 07 Sep 2021 06:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=560371

Канадските власти од денеска ги отвораат државните граници за целосно вакцинирани странци кои сега можат и туристички да патуваат во земјата. Според соопштението на канадското Министерство за надворешни работи, државјани на други земји кои се целосно вакцинирани само со вакцини на „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „Астра Зенека“, можат да пристигнат во Канада најмалку 14 дена после втората доза. Покрај тоа, туристите мора да имаат и негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред да пристигнат во Канада, како и да се регистрираат во специјална апликација за патување. Царинските службеници го задржуваат правото да упатат патник на експресен тест за коронавирус. На целосно вакцинираните странци нема да им биде потребен 14-дневен карантин, како што сега им е наложено на невакцинираните Канаѓани кога ќе се вратат дома. Министерството за надворешни работи појасни дека децата под 12-годишна возраст можат да бидат без вакцини, но мора да бидат придружени од целосно вакцинирани родители или старатели. Тие, исто така, не мора да бидат во карантин две недели, но на тие деца им е забрането да ги посетуваат образовните институции и преполните места во текот на првите 14 дена од нивниот престој во Канада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-gi-otvori-granicite-za-celosno-vakcinirani-stranci/feed/ 0
Грција не планира затворање на границите за турирстите и воведување рестриктивни мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-planira-zatvoranje-na-granicite-za-turirstite-i-voveduvanje-restriktivni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-planira-zatvoranje-na-granicite-za-turirstite-i-voveduvanje-restriktivni-merki/#respond Mon, 23 Aug 2021 13:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=554036

Во новите мерки, кои грчката Влада ќе ги соопшти утре, а ќе се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани, не е планирано воведување рестрикции за туристите, како на пример затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврди владиниот портпарол Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите. -Засега немаме такви мерки на ум. Новите мерки се однесуваат на рамката на функционирање на јавната сфера, ако можам така да ја карактеризирам, од септември па натаму и станува збор за низа активности што се однесуваат на секој од нас, рече Иконому. Во однос на новите мерки, владиниот портпарол рече дека намерата е да постои „рамка на мерки кои ќе бидат ефикасни, кои ќе се спроведуваат и главно што ќе можат да се контролираат за да се обезбеди нивната ефикасност“. -За жал, значителен дел од нашите сограѓани одбиваат да придонесат во националниот напор, бидејќи одбиваат вакцинација. Причините се познати, но неприфатени од научната заедница, од мнозинството граѓани, од Владата. Општеството не може да чека и пред сè не може да остане заложник на таквите сфаќања. Одиме напред со објавување, утре попладне, и имплементација на мерки и регулативи, кои ќе обезбедат колку што е можно поцелосно функционирање на јавната сфера во приватни и јавни простори, каде што ќе се забележуваат гужви, истакна Иконому. Паралелно, одговарајќи на новинарско прашање за колективниот имунитет, потенцираше дека сè уште не е постигнато посакуваното ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-planira-zatvoranje-na-granicite-za-turirstite-i-voveduvanje-restriktivni-merki/feed/ 0
Бугарија од понеделник се затвора за патниците од овие земји заради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-od-ponedelnik-se-zatvora-za-patnicite-od-ovie-zemji-zaradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-od-ponedelnik-se-zatvora-za-patnicite-od-ovie-zemji-zaradi-koronavirusot/#respond Sat, 24 Jul 2021 21:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=541387

Бугарија од понеделник, 26 јули, се затвора за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19, без разлика дали биле вакцинирани или не, се предвидува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство. Во Црвената зона од минатата недела се и Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт. Влегувањето во црвената зона значи дека Бугарија не дозволува посети од овие земји, освен доколку не станува збор за бугарски државјани и лица со статус на постојан, долгорочрн или продолжен престој во земјата и на членовите на нивните семејства. Во овие случаи, не е важно дали некое лице е вакцинирано – мора да покаже негативен PCR за влез во Бугарија. Можно е тестот да се замени со 10-дневен карантин и да се откаже доколку се прикаже негативен тест за PCR во рок од 24 часа по собирањето. Бугарија им дозволува на туристите од Русија да влезат со негативен PCR тест, без рзлика дали биле вакцинирани, иако, како што забележаа тамошните медиуми, приморскиот град Бургас пред неколку дена се врати во жолтата зона поради зголемувањето на новите случаи со зарази, додаде дописникот на МИА од Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-od-ponedelnik-se-zatvora-za-patnicite-od-ovie-zemji-zaradi-koronavirusot/feed/ 0