грант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 20:15:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Гевгелија и СОУ „Јосив Јосифовски добија грант од 507 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gevgelija-i-sou-josiv-josifovski-dobija-grant-od-507-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gevgelija-i-sou-josiv-josifovski-dobija-grant-od-507-iljadi-evra/#respond Thu, 29 Dec 2022 20:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=782332

Ме радува веста дека напорната работа на посветен тим од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија резултираше со успех и добиен е грант од 507.000 евра од Regional Challenge Fund, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов. Задоволството е големо бидејќи изминатата година општина Гевгелија и институциите во нејзина надлежност беа 100% успешни и сите проекти со кои се аплицираше до меѓународните фондови, министерствата, агенциите се одобрени и во 2023 година ќе се реализираат на територијата на нашата општина. Честитки за директорката Марија Танева и благодарност до координаторите на проектот Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки, Флорит Гевгелија и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација. Станува збор за модерен, еколошки, енергетско оддржлив тренинг центар- HUB‼доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии за пракса на ученицио д економската струка; ‼инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот; ‼автомобилска тренинг опрема за практична настава, електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторан за ученици од угостителско-туристичката струка. ‼обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите. Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на нашите компании, пишува Сарамандов во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gevgelija-i-sou-josiv-josifovski-dobija-grant-od-507-iljadi-evra/feed/ 0
Koмпанијата на Заеви доби 1,4 милиони евра неповратен грант https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompanijata-na-zaevi-dobi-1-4-milioni-evra-nepovraten-grant/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompanijata-na-zaevi-dobi-1-4-milioni-evra-nepovraten-grant/#respond Fri, 29 Apr 2022 08:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=669593

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, доби неповратен грант од 1,4 милиони евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, пренесува „Фактор“. Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот „Мама’с“, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми. Финансиската поддршка за корисникот ДПОЗ Тргопродукт ДООЕЛ изнесува 86.608.249 денари за набавка на опрема за прием, обработка и преработка на земјоделски производи и опрема за полнење, затворање, пастеризација, пакување и етикетирање на производи, односно 75% ЕУ учество во износ од 64.956.187 денари и 25% национално учество во износ од 21.652.062 денари, се вели во објаснувањето на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Годишно агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица, а има и до 90.000 апликанти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompanijata-na-zaevi-dobi-1-4-milioni-evra-nepovraten-grant/feed/ 0
Правно и физичко лице добија кривични, правеле измама при добивање на кредит или друга погодност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pravno-i-fizichko-lice-dobija-krivichni-pravele-izmama-pri-dobivanje-na-kredit-ili-druga-pogodnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pravno-i-fizichko-lice-dobija-krivichni-pravele-izmama-pri-dobivanje-na-kredit-ili-druga-pogodnost/#respond Tue, 26 Jan 2021 14:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=460134

СВР Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.С.(38) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање  кредит или друга погодност “ и против правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“. Д.С. во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист,  поднел апликација за активна мерка по Програмата и Пријавата за користење на грант согласено  условите од Програмата . По одобрување на апликацијата  основал фирма од Прилеп и склучил Договор со  Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за  директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на Буџетот на Република Македонија, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pravno-i-fizichko-lice-dobija-krivichni-pravele-izmama-pri-dobivanje-na-kredit-ili-druga-pogodnost/feed/ 0
ФИФА: Секоја федерација ќе добие грант од еден милион долари! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-sekoja-federacija-kje-dobie-grant-od-eden-milion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-sekoja-federacija-kje-dobie-grant-od-eden-milion-dolari/#respond Thu, 25 Jun 2020 20:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=363138

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 1,5 милијарди долари за да им помогне на националните федерации да се справат со ефектите од пандемијата на коронавирус, соопштија од организацијата. Секоја од 211 федерации, членки на ФИФА, ќе добие грант од еден милион американски долари. За развој на женскиот фудбал ќе бидат доделени дополнителни грантови од 500.000 американски долари. Секоја од шесте конфедерации ќе добие два милиони долари. Овие плаќања ќе бидат извршени во првите две фази од планот на ФИФА. Во третата фаза, секоја национална федерација ќе добие можност да аплицира за заем од 500.000 до пет милиони долари, но сумата не смее да надмине 35% од годишните приходи. На конфедерациите ќе им биде понуден заем до четири милиони долари. Ќе се формира посебен комитет кој ќе ја следи ефикасноста на трошењето. Тоа ќе го води Финецот Оли Рен. ФИФА го одобри и годишниот буџет на организацијата за 2021 година и воведе ажуриран календар за националните тимови. Конкретно, беа одобрени измени во календарот на европските тимови, кои сега ќе можат да одиграат три натпревари наместо два во есенските периоди, резервирани за меѓународни натпревари на националните репрезентации. Утврдена е и регулатива за олимписките фудбалски турнири за Игрите во Токио, одложени поради пандемијата на коронавирус од 2020 до 2021 година. Само тројца играчи на возраст над 23 години ќе можат да учествуваат на Олимпијадата. ФИФА ќе им овозможи на момчињата родени во 1997 година да учествуваат на олимпискиот турнир во Токио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-sekoja-federacija-kje-dobie-grant-od-eden-milion-dolari/feed/ 0