грантови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 09:07:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грантови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН доделува грантови на основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-dodeluva-grantovi-na-osnovni-i-sredni-uchilishta-za-unapreduvanje-na-multikulturalizmot-megjuetnichkata-integracija-i-tolerancijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-dodeluva-grantovi-na-osnovni-i-sredni-uchilishta-za-unapreduvanje-na-multikulturalizmot-megjuetnichkata-integracija-i-tolerancijata/#respond Wed, 09 Nov 2022 09:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=757805

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште. Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно  95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми. -Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, велат од МОН. Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UN0gyT1BJVjVSUkJWRFI5TkE0UlpNUk8yQy4u За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-dodeluva-grantovi-na-osnovni-i-sredni-uchilishta-za-unapreduvanje-na-multikulturalizmot-megjuetnichkata-integracija-i-tolerancijata/feed/ 0
ДКСК: Незаконски доделени грантови на трговско друштво, чиј сопственик е вработен во АЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-nezakonski-dodeleni-grantovi-na-trgovsko-drushtvo-chij-sopstvenik-e-vraboten-vo-aek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-nezakonski-dodeleni-grantovi-na-trgovsko-drushtvo-chij-sopstvenik-e-vraboten-vo-aek/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666566

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации. На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен гранд од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот. – По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност, истакна Нури Бајрами, член на ДКСК. Од утврдената фактичка состојба, на 47-та седница на ДКСК одржана на 31.03.2021 година констатирано е дека е доделен гранд на посоченото друштво, што е спротивно на членот 52 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и истото е казниво. – Поради непостапување на сторителите на прекршокот во издадениот прекршочен платен налог, ДКСК против посоченото правно лице и физичкото лице на 18.05.2021 поднесе барање за поведување прекршочна постапка, но до надлежниот орган Прекршочна комисија на ДКСК, а воедно побара и иницираше спроведување надзор од МОН, како и надзор од Државниот завод за ревизија на финансиското работење на ФИТР од делот на средствата од буџетот, посочи Бајрами. По поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка, Прекршочната комисија при ДКСК спровела соодветна постапка така што донела решение со кое сторителот Горан Велинов, сопственик на правното друштво е огласен за одговорен за сторен прекршок при што изречена му е прекршочна санкција во износ од 500 евра во денарска вредност. Донесено е и решение со кое сторителот, односно правното лице е огласено за сторен прекршок согласно законот при што изречена е глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност. ДКСК по разгледување на сите горенаведени факти констатира дека нема елементи за понатамошно постапување по предметот, при што одлучи дека по конечниот исход ќе издејствува самата Прекршочна комисија при ДКСК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-nezakonski-dodeleni-grantovi-na-trgovsko-drushtvo-chij-sopstvenik-e-vraboten-vo-aek/feed/ 0