грав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 14:27:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трговците фатени на дело, ќе бидат казнети: Над 300 тони грав бил сокриен во магацините и не бил пуштен во продажба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovtsite-fateni-na-delo-ke-bidat-kazneti-nad-300-toni-grav-bil-sokrien-vo-magatsinite-i-ne-bil-pushten-vo-prodazhba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovtsite-fateni-na-delo-ke-bidat-kazneti-nad-300-toni-grav-bil-sokrien-vo-magatsinite-i-ne-bil-pushten-vo-prodazhba/#respond Mon, 10 Apr 2023 14:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=822483

Инспекторите се на терен и продолжуваат контролите кај трговците на големо и на мало, како и кај увозниците со овошје и зеленчук за да се утврди дали ги почитуваат одлуките на Владата. За 20 фирми веќе постои сомневање дека ја прекршиле одлуката за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата на овошје и зеленчук што ги испорачувале во јануари и февруари. Како што информираше Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат, проверките се во тек и доколку се утврди дека овие фирми го прекршиле Законот за трговија ќе бидат казнети од 800 до 10.000 евра во согласност со големината. -Во периодот од 8 април досега се извршени над 30 инспекциски надзори кај увозниците и трговците на големо и мало на овошје и зеленчук. Притоа констатирано е дека во магацините има доволно овошје и зеленчук и апелирам да биде доставено во согласност со Одлуката на Владата. Така, на пример, во саботата во магацините откриени се над 300 тона грав кој се чувал и не се пуштал во продажба, изјави за весникот ВЕЧЕР, Трајковски. Според него, одлуката на Владата за доставување на 70 отсто од овошјето и зеленчукот мора да се почитува и секој кој нема да ја почитува, ќе биде санкциониран. -ДПИ врши увид во трговијата и во сите придружни документи за да утврди дали трговците го почитувале пропишаниот процент на продажба. За овие 20 фирми во кои беа извршени инспекциски контроли сè уште се вршат проверки. Дел од фирмите веќе си ги зедоа документите, дел сè уште не доставиле, а кај дел сè уште се врши увид во документацијата. Откако ќе завршат проверките, ќе кажеме колку фирми ќе бидат казнети и колкави ќе бидат казнети, појасни Трајковски. Целата вест прочитајте ја на ВЕЧЕР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovtsite-fateni-na-delo-ke-bidat-kazneti-nad-300-toni-grav-bil-sokrien-vo-magatsinite-i-ne-bil-pushten-vo-prodazhba/feed/ 0
За ручек спремете ДИМЕН ГРАВ и печени јајца: Ваквиот оброк ќе ви ја даде потребната енергија за остатокот од денот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/za-ruchek-spremete-dimen-grav-i-pecheni-jajca-vakviot-obrok-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-za-ostatokot-od-denot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/za-ruchek-spremete-dimen-grav-i-pecheni-jajca-vakviot-obrok-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-za-ostatokot-od-denot/#respond Thu, 17 Nov 2022 15:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=762496

Состојки: 2 лажици масло 1 кромид, сецкан 1 црвена пиперка, исечкана 3 чешниња лук, мелени 2 лажички чадена пиперка 1 лажица кечап 400 гр конзерва сечкани домати 2 x 400 гр калапи црн или пинто грав, исцедени 4-6 јајца, во зависност од тоа колку сте гладни (возрасните може да сакаат по 2 јајца) грст цилинтро, набрани лисја Подготовка: Загрејте го маслото во широка, плитка тава и пропржете го кромидот 8-10 минути додека не омекне. Додадете бибер и варете уште 5 минути со редовно мешање додека не омекне. Измешајте ги лукот, пиперката и кечапот, а потоа додадете ги доматите, покријте и оставете да се крчка нежно 10 минути. Отстранете го капакот и варете уште неколку минути за да се згусне, а потоа додадете го гравот. Во оваа фаза може да го тргнете од огнот и да го замрзнете во делови. Користете лажица за да направите 4-6 бунари во смесата за да ги ставите јајцата – треба да можете да видите дел од дното на тавата. Кршете ги јајцата едно по едно во чаша или сад и нежно спуштете ги во секоја дупка. Покријте ја тавата и намалете ја топлината на минимум. Гответе 3-5 минути додека не се сварат белките, но жолчките се уште се течни. Посипете го магдоносот одозгора за декорација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/za-ruchek-spremete-dimen-grav-i-pecheni-jajca-vakviot-obrok-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-za-ostatokot-od-denot/feed/ 0
Над 600 гости на Денот на гравот во Теарце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nad-600-gosti-na-denot-na-gravot-vo-tearce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nad-600-gosti-na-denot-na-gravot-vo-tearce/#respond Sat, 08 Oct 2022 12:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=742849

По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав. -Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обид да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот, изјави Метин Муареми од ЦЕД. Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески. -Подготвуваме околу 40 килограми грав, пиперки, патлиџани, кромид и моркови и месо. Спецификата на тетовското гравче е поднебјето каде се одгледува. Овде е мека водата и се вари полесно, додека на некои места има ткн. потврда вода. Ако овде се вари три саати, на другите места е потребно да биде двојно повеќе, изјави Мирко Ѓорѓевски од Теарце. На манифестацијата традиционално настапија културно уметничките друштва од трите националности македонска, албанска и турска кои живеат во регионот. Преку штандови се претставија неколку училишта од регионот со разни изработки, подготвена храна, посадени растенија, а присутни беа и земјоделските производители. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nad-600-gosti-na-denot-na-gravot-vo-tearce/feed/ 0
Манифестација „Денот на гравот“ во Теарце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manifestacija-denot-na-gravot-vo-tearce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manifestacija-denot-na-gravot-vo-tearce/#respond Sat, 08 Oct 2022 07:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=742731

Традиционалната манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи  денеска во просториите на О.У „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, во организација на Центарот за едукација и развој. Како што информираат организаторите, со 11-тото издание на оваа манифестација, Центарот за едукација и развој ја започнува новата деценија на организирање на оваа традиционална манифестација, по пауза поради состојбата со ковид пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manifestacija-denot-na-gravot-vo-tearce/feed/ 0
Планински ГРАВ со шампињони: Кога ќе го пробате зготвен на овој начин, нема да се вратите на традиционалниот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/planinski-grav-so-shampinjoni-koga-kje-go-probate-zgotven-na-ovoj-nachin-nema-da-se-vratite-na-tradicionalniot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/planinski-grav-so-shampinjoni-koga-kje-go-probate-zgotven-na-ovoj-nachin-nema-da-se-vratite-na-tradicionalniot/#respond Wed, 17 Aug 2022 09:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=719739

Состојки: 250 гр грав 3 чешниња лук 500 гр печурки 2 моркови со средна големина 1 главица кромид, помала 1 корен од целер (помал) сол бибер црвен пипер 1 чаша просо 2-3 лажици доматно пире 3 ловорови листови Подготовка: Потопете го гравот преку ноќ. Морковот, кромидот и целерот се сечкаат и се пропржуваат на малку масло, печурките се сечат на половини или четвртини и се додаваат во зеленчукот заедно со сечканиот лук. Посолете, побиберете и пропржете само неколку минути на силен оган. Додадете црвен, мелен пипер и измешајте. Додадете грав и ловоров лист, налејте околу литар вода (или по проценка), покријте и варете по проценка. На младиот грав нема да му треба повеќе од час и половина. Некаде при крајот на варењето додатете просо и доматно пире, варете уште 15 минути и поклопете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/planinski-grav-so-shampinjoni-koga-kje-go-probate-zgotven-na-ovoj-nachin-nema-da-se-vratite-na-tradicionalniot/feed/ 0
Дознајте колку е здраво да се јаде грав и почесто гответе го за ручек https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/doznajte-kolku-e-zdravo-da-se-jade-grav-i-pochesto-gotvete-go-za-ruchek/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/doznajte-kolku-e-zdravo-da-se-jade-grav-i-pochesto-gotvete-go-za-ruchek/#respond Tue, 01 Feb 2022 18:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=600900

Од сите намирници, гравот е со сигурност една од најздравите и најомилените. Богат со протеини, витамини и минерални, тој е идеална храна за децата и за возрасните. Гравот е одличен извор на железо, манган, бакар, витамини Б9 и Б1, фосфор, магнезиум и цинк, а во помали количества содржи и калциум, калиум, селен, витамини Е, Б2, Б5 и Б6. Поради тешката сварливост, не им се препорачува единствено само на лицата со желудечни и црвни проблеми. За да се намали пак појавата на надуеност и гасови, при подготовката, треба да додадете природни зачини каков што е кимот, магдоносот, нането, лукот, ѓумбирот, ловоровиот лист или карито. Поради добрата комбинација од влакна и фолна киселина, гравот е добар „сојузник“ во борбата против кардиоваскуларните и болестите на дебелото црево. Особено се препорачува во исхраната на децата и трудниците. Гравот делува поволно и кај лицата кои што страдаат од анемија, болести на забите, ушите, бронхитис, депресија, крварење од носот, па дури и импотенција. Делотворен е и при несоница, остеопороза, настинки и грип, хемороиди, хроничен замор и стрес. Извесен број на експетри потенцираат дека гравот, поради фактот што изобилува со антиоксиданси, помага и кај различни облици на рак. Американските научници од државниот универзитет во Колорадо тестираа шест вида на грав, вообичаени за нивниот пазар. Со мерење на количеството на оксиданси, тие заклучиле дека црвениот, шарениот и темносиниот грав имаат и до десет пати поголемо количество од овие вредни состојки и останати лековити материи во однос на белиот и жолтиот грав. За да се постигне уште подобар ефект, пожелно е да се консумира со житарки, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза од есенцијалните аминокиселини кои што му се неопходни на човекот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/doznajte-kolku-e-zdravo-da-se-jade-grav-i-pochesto-gotvete-go-za-ruchek/feed/ 0
РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Грав на италијански начин, ваков досега не сте го пробале! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ruchek-za-denes-grav-na-italijanski-nachin-vakov-dosega-ne-ste-go-probale/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ruchek-za-denes-grav-na-italijanski-nachin-vakov-dosega-ne-ste-go-probale/#respond Wed, 29 Dec 2021 14:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=614566

Состојки: 300 гр грав тетовец 3-4 главици кромид 500 гр домати (излупени) 1/2 лажичка шеќер 2 чаши сечкан магдонос 1 лажичка оригано масло сол, бибер Инструкции: Потопете го гравот околу 2 часа, потоа сварете го во посолена вода и кога добро ќе се свари исцедете го. На масло пропржете го кромидот исечкан на крупни парчиња. Додадете домати, шеќер и грав, оригано, сол и бибер и варете на многу тивок оган околу 20 минути. На крај додадете го магдоносот. Ако постите на вода, испуштете го маслото, а гравот со доматите и другите состојки сварете го уште малку, за да се свари кромидот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ruchek-za-denes-grav-na-italijanski-nachin-vakov-dosega-ne-ste-go-probale/feed/ 0
ПОСЕН ПРИЛОГ за ручек или слава: Припремете го најсочниот грав по едноставен рецепт https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/posen-prilog-za-ruchek-ili-slava-pripremete-go-najsochniot-grav-po-ednostaven-recept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/posen-prilog-za-ruchek-ili-slava-pripremete-go-najsochniot-grav-po-ednostaven-recept/#respond Tue, 19 Oct 2021 10:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=581917

Ако сакате грав, еве рецепт за сочно тавче гравче. Состојки: половина килограм грав половина кг кромид глава лук бибер сол ловоров лист лута пиперка, слатка зачинета пиперка масло (околу 259 мл) Подготовка: Добро измијте го гравот, потоа истурете вода (доволно за да се впие). Гответе неколку минути, додадете вода, исплакнете го гравот и налијте нова вода. Додадете масло, бибер и ловоров лист. Гответе го гравот без мешање. Внимавајте да не го сварите целосно. Исечете го кромидот во прстени, потоа динстајте на тивок оган десет минути. Додадете пиперки, бибер и сол, и добро измешајте. Подгответе го тенџерето; истурете малку масло на дното во кое сте го динстале кромидот, истурете неколку лажици грав, премачкајте го кромидот и лукот, па повторно додадете грав и кромид … Последниот чекор треба да биде гравот, а потоа истурете маслото над нив. Печете околу половина час во рерна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/posen-prilog-za-ruchek-ili-slava-pripremete-go-najsochniot-grav-po-ednostaven-recept/feed/ 0
Јаболко, ореви, грав, овес, лук – ова ќе ви помогне за голем проблем со здравјето кој многумина го имаат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/jabolko-orevi-grav-oves-luk-ova-kje-vi-pomogne-za-golem-problem-so-zdravjeto-koj-mnogumina-go-imaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/jabolko-orevi-grav-oves-luk-ova-kje-vi-pomogne-za-golem-problem-so-zdravjeto-koj-mnogumina-go-imaat/#respond Mon, 26 Jul 2021 15:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=542078

Некои луѓе мака мачат со маснотии во крвта, особено холестеролот, иако не припаѓаат во редот на гурманите. Се разбира, истото се случува и со оние кои не можат да се пофалат со здрава исхрана. Нутриционистите велат дека е можно регулирање на маснотиите и холестеролот со пет клучни намирници. Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок. Оревите обезбедуваат најголем процент на „добар холестерол“. Гравот, богат со растителни влакна, може да го намали холестеролот за шест проценти за само еден месец. Овесот е богат со растителни влакна и познат непријател на штетниот холестерол. Лукот со дневна доза од само 5 мг во таблети, успева да елиминира завидни 11 проценти од холестерол. А за да ви се подобри циркулацијата на крвта, доволно е да јадете само еден лук деневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/jabolko-orevi-grav-oves-luk-ova-kje-vi-pomogne-za-golem-problem-so-zdravjeto-koj-mnogumina-go-imaat/feed/ 0
Ќе ослабете без диета: Овој ручек може да ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kje-oslabete-bez-dieta-ovoj-ruchek-moze-da-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kje-oslabete-bez-dieta-ovoj-ruchek-moze-da-vi-pomogne/#respond Sat, 22 May 2021 19:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=513586

Ако имаш вишок килограми, а сакаш лесно да ослабеш без диета и напорно вежбање тогаш имаме возбудливи вести за тебе. Пред да почнеш да слабееш треба да дознаеш што те дебелее. Јаглехидратите се најголемиот виновник за вишокот килограми. Прекумерниот внес на јаглехидрати при оброк се претвара во масни наслаги кои се таложат на твоето тело. Научниците открија дека состојката фазеоламин содржана во белиот грав ги блокира дел од јаглехидратите и ги исфрла од твоето тело со што се внесуваат помалку калории, а ти слабееш. Направете си ваков грав за ручек, тој ќе ви помогне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kje-oslabete-bez-dieta-ovoj-ruchek-moze-da-vi-pomogne/feed/ 0