гравитација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 Aug 2022 14:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гравитација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knigata-gravitacija-na-emilija-todorova-ja-dobi-nagradata-stojan-hristov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knigata-gravitacija-na-emilija-todorova-ja-dobi-nagradata-stojan-hristov/#respond Sat, 27 Aug 2022 14:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=724794

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска,  „Песни“ на Јосиф Грежловски - Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска. „Гравитација“ е во издание на Агенцијата за иселеништво, Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Митко Гогов, Елена Пренџова и Бранко Цветковски. -Поезијата на Емилија Тодорова е во духот на современоста, односно кореспондира со духот на времето на кое припаѓа поетесата. Очигледно станува збор за веќе созреана поетска натура која повеќе го слуша диктатот на можната уверлива естетика на песната, заокружена и ефектна, отколку спонтанитетот и неодоливоста на емотивните ерупции и обопштувања. Песните во збирката „Гравитација“ се интимистичко-егзистенцијалистички; полни со контрасти и цврсти метафори, стиховите откриваат кроткост, но и бестрашност. Уверлива поетска структура која се препознава. Во однос на формата, песните во „Гравитација“ се сценски долги, што би подразбирало должина доволна за современ поетски настап; стихот е слободен, со неколку обиди да се доведат до визуелна форма која би упатила на паузи во читањето. Конечно, збирката поезија „Гравитација“ од македонската поетеса Емилија Тодорова од Австралија е зрело поетско писмо со дистинктивен личен печат кој се наметнува како оригинално и уникатно писмо кое отскокнува од останатите пристигнати творби и кое несомнено ги задоволува естетските и канонски книжевни критериуми - стои во образложението на жири-комисијата. Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, истакна дека досега оваа награда е доделена на 12 иселеници што творат и живеат надвор од државата. - Емилија Тодорова нѐ враќа назад кон семејните вредности, кон вредностите на општеството и на семејството. Ја охрабрувам и понатаму да твори за да оставиме нешто убаво на идните поколенија - рече Близнаковски. Eмилија Тодорова е родена во Скопје, а од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knigata-gravitacija-na-emilija-todorova-ja-dobi-nagradata-stojan-hristov/feed/ 0
ОБЈАВЕНО ВИДЕО: Еве што правеа Џеф Безос и екипата додека беа во Вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveno-video-eve-shto-pravea-dzef-bezos-i-ekipata-dodeka-bea-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveno-video-eve-shto-pravea-dzef-bezos-i-ekipata-dodeka-bea-vo-vselenata/#respond Thu, 22 Jul 2021 09:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=540168

Американскиот милијардер Џеф Безос вчера одлета во Вселената, а на патувњето кое траеше 11 минути друштво му правеа неговиот брат Марк, 18 годишниот средношколец Оливер Димен и 82-годишната Воли Фанк. Според компанијата „Блу Оринџ“ врвот на висината која ја достигнала ракетата било 107,05 километри со што „Шепард“ ја надмина границата на Вселената, односно таканаречената Карманова линија која е на околу 100 километри. Објавена е видео снимка од тоа како се забавувале Безос и екипата додека патуваа во Вселената. Превртување во капсулата, игри со гравитацијата и подавање со пинг-понг се дел од забавата која си ја приредиле. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveno-video-eve-shto-pravea-dzef-bezos-i-ekipata-dodeka-bea-vo-vselenata/feed/ 0
Сакаше да јава метла како вештерка, но заборави на гравитацијата (Урнебесно видео) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakashe-da-java-metla-kako-veshterka-no-zaboravi-na-gravitacijata-urnebesno-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakashe-da-java-metla-kako-veshterka-no-zaboravi-na-gravitacijata-urnebesno-video/#respond Thu, 26 Mar 2020 10:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=322475

Оваа симпатична жена од Англија изгледа планирала да стане суперѕвезда на социјалните мрежи. И успеа во тоа, но не на некој позитивен, туку на урнебесен начин. Нејзината цел, ако ја сфативме добро, беше да направи трик како да лета со  метла, поставена на ќебе. Качена на столче сакаше да изгледа како да лета како вештерките. Но, жената има некој килограм повеќе, а плус заборави на гравитацијата! Жената падна на грб, но сепак нема поголеми повреди, таа го издржа овој неуспешен лет со насмевка на лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakashe-da-java-metla-kako-veshterka-no-zaboravi-na-gravitacijata-urnebesno-video/feed/ 0