грчка црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Oct 2019 11:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчка црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-ukrainskata-pravoslavna-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-ukrainskata-pravoslavna-crkva/#respond Sat, 12 Oct 2019 11:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=250806

Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) денеска и официјално го призна автокефалноста на Украинската православна црква (УПЦ). Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним. На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томос за автокефалност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-ukrainskata-pravoslavna-crkva/feed/ 0
Грчката црква не дозволува литургии на Македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-crkva-ne-dozvoluva-liturgii-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-crkva-ne-dozvoluva-liturgii-na-makedonski-jazik/#respond Fri, 05 Apr 2019 10:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=182701

Грчкиот Синод не дозволува литургии на македонски јазик за Македонците од Северна Грција. Преку писмо испратено вчера до екуменскиот патријарх Вартоломеј, реагираат да го отфрли барањето на како што наведуваат „самопрогласените Македонци“ во грчките цркви да се богослужи на македонски јазик. Тамошните медиуми наголемо пишуваат дека Грчкиот Синод по писмото кое го доставила партијата која ги застапува Македонците во Грција „Виножито“, свикале итен состанок и веднаш реагирале кај највисоките црковни инстанци. По неколкуте точки на итниот собир на Грчкиот Синод, меѓу приоритетните точки за одлучување на маса било ставено и ова барање. Посочувајќи ги сите историски факти во однос на преименувањето на македонските села, на прогоните, на насилната промена на личните имиња, на уривањето на македонските православни храмови, на уништувањето на натписите на кирилица, Македонците сега бараат конечно да ги добијат своите права. -Сакаме да имаме црковна литургија на нашиот мајчин современ македонски јазик, дури и во недела во регионите на Грција каде што живееме македонските православни христијани, национални македонски грчки граѓани. По ратификацијата на Преспанскиот договор меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, ние веруваме дека дојде време да се стави крај на неправдата на нас родното македонско малцинство македонски православни христијански етнички Македонци на територијата на Грција. Ве замолуваме наши верски Пастири да придонесат со разбирање на нашите религиозни права како малцинство да пеат и да слушаат молитви на нашиот јазик и да ги крштаваат нашите деца со нашите традиционални имиња, стои во писмото од Виножито. Од Виножито претходно побараа и од грчките универзитети да се промовира и изучувањето на македонскиот јазик, бидејќи со Преспанскиот договор, Грција се обврза дека го признава македонскиот јазик и нација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-crkva-ne-dozvoluva-liturgii-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Во Грција се отвори црковниот аспект за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-grcija-se-otvori-crkovniot-aspekt-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-grcija-se-otvori-crkovniot-aspekt-za-imeto/#respond Tue, 05 Jun 2018 06:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=62402

Додека двете страни се во исчекување на разговорот меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за потврда на досега постигнатото во преговорите за името, во Грција се отвори црковниот аспект на името, откако во посета на Атина вчера пристигна Вселенскиот патријарх, Вартоломеј. Грчкиот премиер Ципрас вчера се сретна со Вартоломеј и ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за решавање на статусот на МПЦ, додека вселенскиот патријарх потенцира дека се работи на сеправославна обединетост и соработка. - Би сакал да ги поздравам вашите обиди за позитивно решавање на црковниот аспект на разликите што ги имаме со поранешната југословенска Република Македонија. Верувам дека гледате и ние се обидуваме да ги решиме разликите што постојат веќе многу години и попречуваат две соседни земји да имаат една нормална соработка и заеднички тек, му порача Ципрас на Вартоломеј. Тој изрази верување дека можноста за решение би можело да создаде средина на стабилност и развој на Балканот, нешто, што како што рече, „ни е потребно, како и добра соработка меѓу два соседни народа, кои во мнозинството имаат православна христијанска вера што е важен елемент што не треба да се занемари“. Вартоломеј нагласи дека тоа прашање е во рамки на канонските обврски на Вселенската патријаршија, да се обидува да ги отстранува расколите каде штo постојат. Вселенскиот патријарх се сретна со и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со архиепископот на ГПЦ, Јеронимос, а посетата на Атина следеше откако минатата недела Вселенската патријаршија соопшти дека Светиот и Свештен Синод го разгледал прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија. Во соопштението стоеше дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ. Соопштението завршуваше со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“. Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската патријаршија признавање на автокефалноста на МПЦ, а писмото било испратено пред еден месец. И додека грчката страна тврдеше дека Заев прифатил промена на името на МПЦ, македонската страна негираше дека го сторила тоа. - Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ, потенцира Заев минатата недела на седницата за поставување пратенички прашања. Неговиот кабинет потоа ја објави и содржина на писмото до Вартоломеј. А откако се обзнани писмото на Вселенската патријаршија, грчката Влада излезе со став дека до моментов не постои договор за спорот, но единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на македонската црква. - Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија" од името на црквата на нашите северни соседи, пишуваше во владиното соопштение. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вчера во интервју за Канал 5 истакна дека преговорите меѓу Македонија и Грција за името не се во ќорсокак, туку дека се работи за различна имплементација на договореното и додаде дека во игра се и други креативни решенија, освен оние од пакетот на Метју Нимиц. - Медијаторот Нимиц ги предложи Северна, Вардарска, Горна, Нова и Република Македонија (Скопје). Знаете дека се преговара за имињата предложени од Нимиц, но се преговара и за секое можно ново креативно решение. Креативно како: „Република Крушевска Македонија“, „Република Современа Македонија“, „Република Европска Македонија“, рече Груби. Нагласи дека се е договорено во преговорите со Грција, останува уште начинот на имплементација на договорот. Грчката страна останува на ставот дека таа сторила се што треба во преговорите за името и оти сега на потег е премиерот Заев во процесот за решање на спорот. Пораката дека Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите. - Се наоѓаме во финалната фаза. Е сега, ако постојат некои небитни детали кои можат да одат во една или во друга насока, тоа во никој случај не е отворање на преговорите во нов циклус. Напротив, ви реков дека она што го очекуваме во овој момент е решителен чекор од страна на раководството на ПЈРМ, вели Ѕанакопулос. А еден од потпретседатели на грчкиот Парламент и пратеник од опозициската Нова демократија, Никитас Какламанис со став дека ако договорот содржи македонски јазик и македонска нација нема да биде изгласан од грчкиот законодавен дом. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-grcija-se-otvori-crkovniot-aspekt-za-imeto/feed/ 0
Грчка православна црква: Не прифаќаме термин Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-pravoslavna-crkva-ne-prifakjame-termin-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-pravoslavna-crkva-ne-prifakjame-termin-makedonija/#respond Wed, 10 Jan 2018 14:04:52 +0000 http://kurir.mk/?p=8978

Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчката ТВ ЕРТ, Светиот синод ќе испрати и допис до грчкиот премиер Алексис Ципрас за да ги изрази ставовите на црквата. По повод засилената дипломатска раздвиженост за името Светиот синод на ГПЦ, како што јавува дописникот на МИА од Атина, соопштува дека ја дели агонијата и на архијереите од грчката област Македонија, но и на народот, а со нејзината одлука од вчерашната и денешната седница потсетува кои се позициите во однос на разговорите за името. Паралелно, преку соопштение до медиумите, ги изразува ставот и заклучоците од состанокот и бара од грчката влада да ја разбере нивната загриженост. - Грчката црква со слово и крв на свештенството и народот има сведочено за грчкиот карактер на Македонија од античко време, затоа не може да прифати доделување на терминот „Македонија“ или изведени зборови како компонента во името на друга држава, што ќе има влијание и во името на расколничката самопрогласена црква на „Македонија“. Исто така, очекуваме од одговорната грчка влада, која управува со прашањето, да ја разбере загриженост на црквата, која е загриженост и на вселенскиот хеленизам, соопштуваат од Грчката православна црква, пренесува МИА. На крајот од дводневната седница, грчкиот архиепископ Јеронимос, рече дека црквата има право да се интересира за конкретното прашање поради огромната раздвиженост што постои, и поради тоа што не е само национално, туку и црковно прашање. - Не е само национално, не е само политичко, туку е општо прашање, но нас нѐ засега и името на црквата. Затоа што постои опасност она со кое што се соочуваме од политичка, национална страна, потоа да се префрли и на црквата, изјави грчкиот архиепископ Јеронимос. Вчера, архиепископот за време на првиот ден од работните активности на Светиот синод, рече дека црквата не може да биде рамнодушна. Според грчката државна телевизија ЕРТ, Светиот синод на Грчката православна црква, ќе испрати допис до Алексис Ципрас за да ги изрази позициите и загриженоста во однос на името. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-pravoslavna-crkva-ne-prifakjame-termin-makedonija/feed/ 0