грчка полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 08:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчка полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката полиција уапси вооружени фудбалски навивачи од Романија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchkata-politsija-uapsi-vooruzheni-fudbalski-navivachi-od-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchkata-politsija-uapsi-vooruzheni-fudbalski-navivachi-od-romanija/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=865770

Грчката полиција приведе синоќа на границата со Бугарија седум Романци кај кои биле пронајдени ножеви, а се верува дека се навивачи на романски фудбалски клуб. „Седуммина странци се уапсени поради кршење на законите за поседување оружје и оние за професионален и аматерски спорт“, се наведува во соопштението на грчката полиција. Полицијата наведе дека при претресот во возилата на романските навивачи на граничниот премин Промахонас биле откриени неколку парчиња ладно оружје, дрес и навивачки шал со лого на странски фудбалски клуб. Според полициски извори, станува збор за романски државјани, навивачи на фудбалски клуб од нивната земја, кои планирале да присуствуваат на натпреварот од квалификациите во Лигата на шампиони меѓу грчки Олимпијакос и белгиски Гент, кој синоќа се одигра во Атина. Грчките медиуми јавија дека навивачите на романскиот клуб се во „братски односи со навивачите на Генк“. Грчката полиција ги засили мерките за безбедност по крвавиот судир меѓу навивачите на загрепски Динамо и атински АЕК во кој во понеделникот вечер во Атина беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис. Поради вмешаност во инцидентите полицијата уапси 104 лица, од кои 94 се навивачи на хрватскиот клуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchkata-politsija-uapsi-vooruzheni-fudbalski-navivachi-od-romanija/feed/ 0
Сменети седуммина одговорни во грчката полиција, СИРИЗА и ПАСОК бараат оставка на надлежниот министер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija-siriza-i-pasok-baraat-ostavka-na-nadlezhniot-minister/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija-siriza-i-pasok-baraat-ostavka-na-nadlezhniot-minister/#respond Tue, 08 Aug 2023 15:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=864718

Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Токму затоа, објасни Иконому, дал наредба до началникот на грчката полиција да бидат сменети одговорните на седум сектори во полицијата, односно надлежниот за справување со насилство во спортот и одговорните во шест сектори на сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт. Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнале по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија. Од опозициските партии СИРИЗА и ПАСОК преку соопштенија реагираа за изјават и одлуката на Иконому и побараа да си поднесе оставка од позицијата министер за заштита на граѓаните. Во синоќешните инциденти меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб убиено беше едно лице, осум се повредени, а уапсени се 98 лица. Навивачите на Динамо Загреб и покрај забраната од УЕФА стигнаа во Атина, а денешниот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони е одложен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija-siriza-i-pasok-baraat-ostavka-na-nadlezhniot-minister/feed/ 0
Грчка полиција: Навивачите на Динамо Загреб имаа соработници грчки навивачи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchka-politsija-navivachite-na-dinamo-zagreb-imaa-sorabotnitsi-grchki-navivachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchka-politsija-navivachite-na-dinamo-zagreb-imaa-sorabotnitsi-grchki-navivachi/#respond Tue, 08 Aug 2023 08:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=864490

За синоќешниот инцидент меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во Атина во кој едно лице беше убиено, а осуммина се повредени, од грчката полиција преку соопштение појаснија дека групата од околу 100-120 навивачи на хрватскиот клуб, заедно со грчки навивачи- соработници стигнале во близина на стадионот на атинскиот тим, каде што биле поддржувачите на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина. Следеле инциденти меѓу навивачите на двата тима, со фрлање на пиротехнички материјали, импровизирани експлозивни механизми, предмети, камења, а биле користени и импровизирани палки. Веднаш пристигнала полиција која интервенирала за да се прекинат инцидентите и биле уапсени вкупно 98 лица. Од полицијата соопштија дека во тек е прелиминарна истрага, а интензивно продолжува истрагата за откривање на дополнителни сторители. Инцидентите започнале час и половина откако гостинскиот тим го завршил тренингот и го напуштил стадионот Натпреварот АЕК- Динамо Загреб е закажан за вечерва во рамките на квалификациите за Лигата на шампиони, а навивачите на хрватскиот тим пристигнале со автомобили во Атина и покрај забраната од УЕФА за присуство на поддржувачи на гостинскиот клуб. Грчките медиуми пишуваат дека во синоќешните инциденти бил убиен 22-годишен навивач на АЕК, кој хрватските хулигани го избоделе со нож Неофицијално, мнозинството од уапсените се хрватски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchka-politsija-navivachite-na-dinamo-zagreb-imaa-sorabotnitsi-grchki-navivachi/feed/ 0
Грчката полиција во соработка со македонската разби меѓународна мрежа за трговија со дрога – запленети над 100 килограми кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/#respond Wed, 10 May 2023 12:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=832719

Грчката полиција во соработка со колегите од Северна Македонија и канцеларијата на американската служба за борба против дрога во Атина, разби меѓународна криминална организација за трговија со дрога и заплени над 100 килограми кокаин во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од полицијата во Солун денеска на прес конференција соопштија дека во Грција уапсени се десет лица, запленети се 104 килограми и 665 грама кокаин, како и 280.000 евра. Кокаинот во Солун пристигнал од Латинска Америка, скриен во специјални делови во контејнер со банани, а од пристаништето бил пренесен во магацин што го користеле членовите на криминалната мрежа. Грчки полициски извори за МИА брифираат дека токму од магацинот, дел од дрогата требала да стигне во Северна Македонија, а веројатно од таму да се испрати во други европски земји. Неофицијално, како што дознава МИА, паралелна акција била спроведена кај нас и уапсени се четири лица поврзани со фиктивна фирма која требала да го преземе кокаинот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/feed/ 0
Грчката полиција ја истражува смртта на бебе од Сирија со знаци на сексуална злоупотреба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-ja-istrazuva-smrtta-na-bebe-od-sirija-so-znaci-na-seksualna-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-ja-istrazuva-smrtta-na-bebe-od-sirija-so-znaci-na-seksualna-zloupotreba/#respond Mon, 17 Feb 2020 13:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=305034

Грчката полиција отвори истрага за смртта на 11-месечно бебе од Сирија, кое вчера со енцефалитис било примено во една од детските болници во Атина, а според лекарот од судска медицина има знаци на сексуална злоупотреба, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти грчката полиција веднаш биле приведени родителите на бебето кои живеат во изнајмен стан во рамките на програмата за прием на бегалци, но и уште еден пар, исто така од Сирија кои престојувале во истиот стан. Според грчките медиуми, денеска била спроведена нова обдукција на телото, а според лекарот од судска медицина, било потврдено дека има јасни знаци на сексуална злоупотреба, а причините за смртта се неодредени. Бебето, со брза помош вчера наутро, било примено во болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-ja-istrazuva-smrtta-na-bebe-od-sirija-so-znaci-na-seksualna-zloupotreba/feed/ 0
Грчката полиција уапси три лица, од кои две осудени за учество во анархистичко-терористички организации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-uapsi-tri-lica-od-koi-dve-osudeni-za-uchestvo-vo-anarhistichko-teroristichki-organizacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-uapsi-tri-lica-od-koi-dve-osudeni-za-uchestvo-vo-anarhistichko-teroristichki-organizacii/#respond Thu, 30 Jan 2020 15:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=297051

Калашников, автоматски митралез и пиштол полни со куршуми, ракавици, маски, биле пронајдени во украдениот автомобил во кој се превезувале три лица кои рано утрово се уапсени од секторот за борба со тероризам на грчката полиција, а се поврзани со грчки анархистичко-терористички организации, јави дописничката на МИА од Атина. Од уапсените три лица (еден 32-годишен маж и две жени на возраст од 26 и 28 години), двајца ѝ се познати на грчката полиција. Мажот во јуни минатата година побегнал од затвор, а е осуден за низа криминални дела, меѓу кои и учество во терористичката организација „Заговор на огнените јадра“, но и за двоен грабеж на банка. За уапсената 28-годишна жена е донесена пресуда за затворска казна поради учество во терористичката организација „Револуционерна борба“. Според грчките медиуми, полицијата веројатно ги пресретнала и спречила да извршат вооружена кражба, имајќи предвид дека оружјето било подготвено за употреба, тројцата имале фалсификувани лични карти и носеле медицински ракавици, а во автомобилот, украден пред три дена, биле пронајдени и клучеви, облека, но и радиостаница наместена на каналот на грчката полиција. Како што соопштија од полицијата, по извршениот увид, било утврдено дека пронајденото оружје не било употребено во некое криминално дело, додека, пак, ДНК анализата покажала дека 32-годишниот маж учествувал во вооружена кражба на банка кон крајот на август минатата година кога беа одземени 150.380 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-uapsi-tri-lica-od-koi-dve-osudeni-za-uchestvo-vo-anarhistichko-teroristichki-organizacii/feed/ 0
Грчката полиција заплени 112 килограми марихуана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-zapleni-112-kilogrami-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-zapleni-112-kilogrami-marihuana/#respond Wed, 18 Jul 2018 10:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=78117

Грчката полиција, на патниот правец Јанина - Кожани, кај месноста „Метаморфоси“ заплени се 112 килограми марихуана. Според полицијата дрогата била во возило со грчки регистарски таблички управувано од 36-годишен Албанец чиј идентитет не е откриен. Запленето е и возилото, два мобилни телефона и 300 евра. Крајната дестинација била Атина, каде дрогата требало да ја преземе друг Албанец, по кого трага полицијата. Изминатите денови во две одделени акции италијанската полиција заплени околу три тони марихуана пристигната од Албанија. - Има ли поголема потврда од оваа за тврдењата на италијанските високи полициски функционери дека Албанија и понатаму е главен снабдувач на европскиот нарко пазар со марихуана. Еди Рама и неговиот министер Фатмир Џафај нека престанат да  лажат дека во земајава не се одгледува канабис, напиша на Фејсбук, Сали Бериша. Со идентичен став се јави и Движењето за социјалистичка интеграција, кое обвинува дека производството и трговијата со дрога има поддршка од владините функционери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-zapleni-112-kilogrami-marihuana/feed/ 0