грчка влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 14:09:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчка влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката Влада ќе покрене иницијатива за проверка на сеизмичката издржливост на јавните објекти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-ke-pokrene-initsijativa-za-proverka-na-seizmichkata-izdrzhlivost-na-javnite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-ke-pokrene-initsijativa-za-proverka-na-seizmichkata-izdrzhlivost-na-javnite-objekti/#respond Fri, 17 Feb 2023 14:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=801816

Антисеизмичката заштита и издржливост на јавните објекти, пред сѐ на училиштата и болниците, била главната тема на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. На состанокот станало збор за контролите на конкретните објекти и нивната сеизмичка издржливост, прашање за кое во текот на следната седмица ќе бидат соопштени и конкретни иницијативи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-ke-pokrene-initsijativa-za-proverka-na-seizmichkata-izdrzhlivost-na-javnite-objekti/feed/ 0
Иконому: Премиерот и Владата не знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/#respond Mon, 14 Nov 2022 14:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=760380

Премиерот и Владата, не можат да знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање, со оглед на тоа дека премиерот добива информации само доколку постојат некои наоди во оваа насока, рече портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому во однос на тоа дали некој од министрите од Владата кои се најдоа на листите објавени од медиумите дека биле прислушувани преку софтверот Предатор, паралелно биле следени и од Националната служба за разузнавање, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите Иконому неколку пати одново го повтори ставот дека имаат „многу јасна, цврста и доследна позиција уште од почетокот на овој случај“, односно дека грчката Влада, грчката држава и некоја грчка безбедносна служба немаат набавено и не користи никаков малициозен софтвер, а целиот случај сега е во рацете на судовите. -Грчката држава, на никаков начин го нема набавено малициозниот софтвер и не го користат грчките безбедносни служби, постои судска истрага што е во тек, оваа истрага, сигурно ќе ги оцени сите податоци што се објавуваат во јавноста. Мора најбрзо што може да стигне до резултати,сакаме да стигне до резултати, резултати кои ќе дадат одговори и во однос на одговорностите, доколку постојат и да стават институционален крај на овие заговори, клевети, ширење податоци без докази, истакна Иконому. За речиси секојдневните натписи во различни грчки медиуми, кои континуирано излегуваат со нови информации за прислушувањата со Предатор, портпаролот на грчката Влада рече дека не се поткрепени со докази и откри дека во следните денови, најдоцна до среда, на јавна консултација ќе бидат доставени новите законски одредби на Владата за справување со хакерските софтвери. Истакна дека малициозните софтвери постоеле и постојат во Грција исто како што е случај во други европски земји. -Знаеме дека малициозни софтвери во земјата постојат од 2017-2018 година, ова е реалност. Пегасус, мислам дека првпат во земјата беше откриен во 2017-2018 година. Знаеме дека и во Грција, како и во други европски земји, постои Предатор со чија помош имаше обид да бидат прислушувани или можеби биле прислушувани телефоните на граѓани и јавни личности во Франција, Шпанија, Полска, Унгарија и Грција. Ова е реалност, објасни Иконому и додаде дека целиот случај мора институционално да се истражи колку е можно побргу. На новинарско прашање дали последните случувања може да донесат и предвремени избори, Иконому кусо одговори дека „ништо не е сменето во однос на планот на владата за изборите“, односно дека тие ќе се одржат регуларно во 2023 година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/feed/ 0
Андрулакис: Ако не бев европратеник, немаше да ги сознаеме парадржавните методи на грчката Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-ako-ne-bev-evropratenik-nemashe-da-gi-soznaeme-paradrzavnite-metodi-na-grchkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-ako-ne-bev-evropratenik-nemashe-da-gi-soznaeme-paradrzavnite-metodi-na-grchkata-vlada/#respond Wed, 10 Aug 2022 14:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=716702

Ако не бев европратеник, заедно со мене и целиот грчки народ немаше да ги дознаеме парадржавните методи што ги користи актуелната Влада, вели лидерот на ПАСОК-КИНАЛ Никос Андрулакис и додава дека неговата партија, како и мнозинството од демократскиот свет во земјата, на Владата ѝ ја покажуваат „вратата за излез од власта“, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис коментира дека ако не бил европратеник немаше да се дознае дека во септември 2021 година, кусо по објавувањето на неговата кандидатура за претседател на ПАСОК, почнала да го следи Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП), а неколку дена подоцна беше обидот да се инсталира софтверот Предатор во неговиот мобилен телефон. Истакнува дека во конкретниот „критичен период за демократската партија ЕИП преку неговото следење ја следеше и една цела партија, поранешни премиери, пратеници и членови на партијата“, кои биле во редовен контакт со него. -Господине Мицотакис да ги ставиме работите под ред. Вие со ЕИП незаконски ме следевте. Вие ја одолговлекувате истрагата за шпионското „супер оружје“ Предатор во Грција, со кој имаше обид да ме хакираат, а жртва беше новинарот Танасис Кукакис. Досега не е проверена фирмата што наводно е поврзана со ова. Вие избегнувате да одговорите на ѓаволската коинциденција дека неколку дена откако почна следењето на ЕИП беше и нападот против мене со Предаторот. Вие избегнувате јавно да објавите која е сериозната причина што во конкретниот период ме направи „национална опасност“, вели Андрулакис и прашува дали ова е „сатанска коинциденција или сеопфатен план за политичко истребување?“, За ставот на владиниот портпарол Јанис Иконому дека Андрулакис одбива да биде информиран, лидерот на ПАСОК-КИНАЛ објаснува дека нема да навлегува во усна дискусија, нема да ги „легитимизира незаконските практики на Владата со учество во вонинституционален процес“ и дека немам доверба во министрите, а бара целото досие да биде доставено до Комисијата за институции и транспарентност во грчкиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-ako-ne-bev-evropratenik-nemashe-da-gi-soznaeme-paradrzavnite-metodi-na-grchkata-vlada/feed/ 0
Грчката Влада воведува попуст на бензинот за одредени категории и зголемени субвенции за електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-voveduva-popust-na-benzinot-za-odredeni-kategorii-i-zgolemeni-subvencii-za-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-voveduva-popust-na-benzinot-za-odredeni-kategorii-i-zgolemeni-subvencii-za-elektrichna-energija/#respond Thu, 17 Mar 2022 09:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=648681

Зголемени субвенции за електрична енергија, електронска карта за гориво за 60 литри бензин месечно со попуст од 22 центи, дополнителна финансиска поддршка за ранливите категории, се дел од мерките што утрово ги соопштија надлежните грчки министри, како дел од пакетот мерки во висина од 1,1 милијарди евра што се однесуваат на 3,2 милиони граѓани, а кои вчера ги објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките детално ги објаснија министрите за финансии, животна средина и енергија и за земјоделство, како и алтернативниот министер за финансии, кои истакнаа дека Владата ќе им помогне и ќе ги поддржи граѓаните во справувањето со економските последици од војната во Украина. Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас рече дека пакет мерките се поделени во четири категории: дополнително зголемување на субвенциите за електрична енергија за домаќинствата и бизнисите; поддршка на ранливите категории граѓани; субвенции за гориво и намалување на цените на бензините и олеснување на ликвидноста на бизнисите. Планирано е, како што објасни Стајкурас, преку електронска карта за бензин, граѓаните со годишен семеен приход до 30.000 евра да добијат попуст на горивото за следните три месеци, односно 60 литри бензин месечно со попуст од 22 центи за литар. Дополнително, такси возилата ќе добијат специјален надоместок во висина од 200 евра за да ги покријат зголемените трошоци за гориво во март и април. За ранливите категории граѓани да се справат со зголемените цени на производите и енергијата, Стајкурас соопшти дека се планирани дополнителни додатоци пред Велигден, а се однесуваат на оние со ниски месечни примања и со ниски пензии. Во однос на електричната енергија, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас објасни дека „просечната цена на струјата од почетокот на март до денеска е 312 евра за мегават часови, кога во јануари беше 227, а во февруари 213 евра за мегават часови, пет пати повисока од лани“ и соопшти дека субвенцијата за електрична енергија од 40 евра за овој месец, се зголемува на 72 евра во април и се однесува на сите домаќинства, а помош има и за бизнисите и за корисниците на природен гас. Скрекас истакна дека „никоја друга европска земја не презеде толку драстични мерки за заштита на потрошувачите соодветно на популацијата и големината на економијата“ и додаде дека се додека трае енергетската криза Владата ќе продолжи да ги поддржува домаќинствата и бизнисите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-voveduva-popust-na-benzinot-za-odredeni-kategorii-i-zgolemeni-subvencii-za-elektrichna-energija/feed/ 0
Мини реконструкција на грчката Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mini-rekonstrukcija-na-grchkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mini-rekonstrukcija-na-grchkata-vlada/#respond Fri, 13 Aug 2021 07:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=549986

Мали промени на позициите заменици- министри во Владата направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а одреди и нов владин портпарол, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, поради унапредувањето на генералниот секретар од Министерството за финансии Христос Триандопулос во заменик-министер под премиерот надлежен за државна помош и закрепнување од природни катастрофи, со одлука на Мицотакис направени се пет промени. Досегашниот заменик-министер за земјоделски развој и храна Јоанис Иконому ќе биде заменик-министер под премиерот и владин портпарол, а Аристотелиа Пелони, останува на досегашната позиција алтернативна портпаролка на Владата. Заменик-министерот под премиерот надлежен за координација на работата на Владата Акис Скерцос, станува државен министер,заменик-министерот за дигитална политика Георгиос Стилиос заминува во Министерството за земјоделски развој и храна на местото на новиот владин портпарол Иконому, а во Министерството за дигитална политика, на позицијата заменик-министер доаѓа Теодорос Ливаниос од позицијата заменик-министер под премиерот. Новите министри денеска ќе положат свечена заклетва во претседателската палата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mini-rekonstrukcija-na-grchkata-vlada/feed/ 0
Грчките угостители ќе добијат финансиска поддршка од 330 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-ugostiteli-kje-dobijat-finansiska-poddrshka-od-330-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-ugostiteli-kje-dobijat-finansiska-poddrshka-od-330-milioni-evra/#respond Fri, 02 Apr 2021 08:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=491180

Пакет од 330 милиони евра за обезбедување обртен капитал за угостителските компании со цел набавка на суровини за првите два-три месеци кога ќе почнат со работа, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на состанокот за поддршка на угостителите во Грција, кои веќе пет месец, од почетокот на ноември се целосно затворени, јави дописничката на МИА од Атина. Средствата се од европски фонд наменет за периодот 2021-2027 година и се однесуваат на мали и средни компании. Висината на помошта е седум отсто од прометот во 2019 година, максималниот износ е утврден на 100.000 евра по компанија и е неповратен, а еден од условите е во 2020 година намалувањето на прометот да било најмалку 30 отсто во споредба со една година претходно. Грчкиот премиер на средбата со претставници на угостителите рече дека целта на програмата е подготовка за иднината, односно да добијат поддршка кога повторно ќе почнат со работа. Кафулињата, рестораните, таверните и останатите угостителски објекти во Грција затворени се од 3 ноември 2020 година, а според најавите, веројатно ќе бидат меѓу последните сектори што ќе почнат со работа во рамките на постепеното олабавување на мерките. Според грчките медиуми, угостителите би можеле да отворат најрано пред Велигден, но во зависност од епидемиолошката слика во земјата, не е исклучена можноста почетокот на работа да се одложи за месец мај, односно непосредно пред отворањето на туризмот закажан за 14 мај. За време на првиот карантин лани, угостителските објекти беа затворени два месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-ugostiteli-kje-dobijat-finansiska-poddrshka-od-330-milioni-evra/feed/ 0
Грчката владата размислува за масовна имунизација за covid- free острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vladata-razmisluva-za-masovna-imunizacija-za-covid-free-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vladata-razmisluva-za-masovna-imunizacija-za-covid-free-ostrovi/#respond Fri, 05 Mar 2021 13:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=477808

Масовна имунизација на грчките острови во Егејското и Јонското море, со цел да бидат „covid -free“ острови во пресрет на туристичката сезона е еден од плановите што го разгледува грчката Влада според весникот „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот весник пишува дека намерата е првично да се започне со оние острови кои имаат до 15.000 жители, а потоа да следат и големите, како што се Крит, Родос, Крф, итн. – Владата разгледува специјален план во три точки за острови без коронавирус, па дури и пред Велигден и ги разгледува можностите за прилагодување на операцијата „Слобода“ за островскиот дел од земјата, барајќи решенија за што е можно побргу и безбедно да се вклучат моторите на туристичката сезона, пишува „Та неа“ во текстот под наслов „Планот на Владата за covid –free острови – без коронавирусот до Велигден“. Размислувањата, според весникот, се прво да се издвојат повеќе приоритетни групи за вакцинација на островите, независно од процесот во другите делови од земјата, второ да се отворат дополнителни центри за вакцинација и трето, до почетокот на летото да бидат вакцинирани сите оние што се во првите редови во туристичката индустрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vladata-razmisluva-za-masovna-imunizacija-za-covid-free-ostrovi/feed/ 0
Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novite-chlenovi-na-grchkata-vlada-polozija-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novite-chlenovi-na-grchkata-vlada-polozija-svechena-zakletva/#respond Tue, 05 Jan 2021 15:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=452216

Поделени во три групи, со претходно направен рапид тест за Ковид-19 и под зголемени мерки за заштита од коронавирусот, новите членови на грчката Влада денеска во претседателската палата положија свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Свечената заклетва на 20 министри, заменици и алтернативни министри, од кои некои се нови, а други со нова позиција, беше дадена пред претседателката на државата Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис, по вчерашната реконструкција на Владата. Со исклучок на двајца заменици министри, останатите положија религиозна заклетва, додека пак сите, пред свеченоста, со рапид тестови беа тестирани за Ковид-19. Поради пандемијата и мерките на ограничување, министрите кои положија религиозна заклетва беа поделени во три групи по шест лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novite-chlenovi-na-grchkata-vlada-polozija-svechena-zakletva/feed/ 0
Грчката Влада ја разгледува можноста да воведе задолжителна употреба на маска во продавниците и црквите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-ja-razgleduva-moznosta-da-vovede-zadolzitelna-upotreba-na-maska-vo-prodavnicite-i-crkvite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-ja-razgleduva-moznosta-da-vovede-zadolzitelna-upotreba-na-maska-vo-prodavnicite-i-crkvite/#respond Mon, 27 Jul 2020 14:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=382169

Во следните денови, следејќи ги препораките од експертите, доколку биде потребно, употребата на маска, ќе биде задолжителна во повеќе затворени простори, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Пецас истакна дека ги загрижува зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 особено во големите урбани средини како што е областа Атика, поширокиот регион на Атина и Солун и токму затоа се разгледува можноста да се воведе задолжитела употреба на маска онаму каде што сега не постои обврска за граѓаните. Како пример ги спомена продавниците во моловите и трговските центри, но и црквите. Објасни дека е нешто се разгледуваа од експертите и кога ќе постои одлука од надлежната комисија, ќе биде соопштена. Портпаролот на грчката Влада повтори дека главниот непријател е во внатрешноста на земјата, а тоа е олабавувањето на граѓаните. -Зголемениот број случаи во урбаните центри како што се Атика и Солун потсетува дека вирусот и понатаму е присутен и се храни од нашата опуштеност, истакна портпаролот на грчката Влада. Паралелно, соопшти дека во периодот од 24 до 26 јули биле направени 2.816 контроли за почитување на здравствените протоколи, биле регистрирани прекршувања во 198 случаи и изречени 220 казни во висина од 86.050 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-ja-razgleduva-moznosta-da-vovede-zadolzitelna-upotreba-na-maska-vo-prodavnicite-i-crkvite/feed/ 0
Грчката влада ќе го објави планот за туризмот: За туристите нема да биде потребен ниту тест, ниту карантина за патувањето во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-kje-go-objavi-planot-za-turizmot-za-turistite-nema-da-bide-potreben-nitu-test-nitu-karantina-za-patuvanjeto-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-kje-go-objavi-planot-za-turizmot-za-turistite-nema-da-bide-potreben-nitu-test-nitu-karantina-za-patuvanjeto-vo-grcija/#respond Wed, 20 May 2020 08:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=348154

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во 18 часот по локално време ќе го соопшти владиниот план за туризмот и економијата, а веднаш потоа, надлежните министри ќе ги објаснат деталите, јави дописничката на МИА од Атина. По телевизиската порака на Мицотакис, министрите за финансии, развој и инвестиции, за труд и социјални работи и за туризам ќе ги презентираат сите аспекти на планот. Според грчките медиуми, освен правилата и протоколите за патување, се очекува грчкиот премиер да соопшти и намалување на ДДВ-то во угостителските услуги, како и на хотелското сместување. „Катимерини“ вчера објави дека за туристите нема да биде потребен ниту тест, ниту карантина за патувањето во Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-kje-go-objavi-planot-za-turizmot-za-turistite-nema-da-bide-potreben-nitu-test-nitu-karantina-za-patuvanjeto-vo-grcija/feed/ 0