Грчка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Jun 2020 13:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грчка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката крајбрежна служба започнува контроли за почитување на мерките во бродовите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-zapochnuva-kontroli-za-pochituvanje-na-merkite-vo-brodovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-zapochnuva-kontroli-za-pochituvanje-na-merkite-vo-brodovite/#respond Fri, 19 Jun 2020 13:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=359921

Засилени и систематски контроли за почитување на мерките за заштита, како од патниците, така и од членовите на екипажот, во текот на целото патување со брод од денеска започнува грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина. -Заштитата на здравјето на жителите на островите, но и на патниците и членовите на екипажот на бродовите, беше и останува одлучувачки приоритет, вели министерот за поморство и островска политика на Грција, Јанис Плакиотакис, во однос на контролите кои се спроведуваат по негова одлука. Интензивирањето на проверките е во период на кога е зголемен бројот патници во бродовите, но и поради тоа што се очекува дополнително да се зголеми со пристигнувањето на туристите во Грција. На 1 јули, според планот на Атина, ќе се отворат сите аеродроми во Грција, како и копнените граници. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека земјата „се подготвува за следниот голем чекор на 1 јули, денот кога широко ќе се отворат портите на земјата за туризмот“. -Прва наша грижа, како што континуирано истакнуваше премиерот Кирјакос Мицотакис е безбедноста на вработените, на жителите на туристичките дестинации, како и на туристите, рече Пецас]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-zapochnuva-kontroli-za-pochituvanje-na-merkite-vo-brodovite/feed/ 0