Грчката крајбрежна служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jun 2022 14:28:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грчката крајбрежна служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката крајбрежна служба за 72 часа спречила над илјада бегалци и мигранти да влезат во Грција по морски пат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-za-72-chasa-sprechila-nad-iljada-begalci-i-migranti-da-vlezat-vo-grcija-po-morski-pat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-za-72-chasa-sprechila-nad-iljada-begalci-i-migranti-da-vlezat-vo-grcija-po-morski-pat/#respond Mon, 27 Jun 2022 14:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=696431

Во вкупно 24 случаи околу 1.130 бегалци и мигранти со чамци се обиделе да влезат во грчките територијални води во морските делови кај островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Родос, во периодот од петокот наутро до утрово, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека повеќе од половина, односно 16 од случаите биле во близина на островот Лезбос. Во сите случаи патролните бордови на крајбрежната служба реагирале и по навременото откривање, ниту еден од чамците не навлегол во грчките територијални води, а патниците биле преземени од турската крајбрежна служба. -Грчката крајбрежна служба во рамките на националните мерки што се спроведуваат за справување со миграцискиот притисок, ги презема сите соодветни мерки за ефикасно следење и заштита на поморските граници на Грција и на Европската Унија со решителност, почитување на меѓународното право, имајќи ја како примарна грижа заштитата на човечкиот живот на море што е највисока професионална и морална обврска на крајбрежната служба, пишува во соопштението од крајбрежната служба на Грција. За конкретното прашање, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „Турција ни за момент не запре да го инструментализира прашањето со бегалците и мигрантите, во суштина непочитувајќи го договорот што го потпиша со ЕУ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-za-72-chasa-sprechila-nad-iljada-begalci-i-migranti-da-vlezat-vo-grcija-po-morski-pat/feed/ 0
Грчката крајбрежна служба: Низа инциденти со турски патролни бродови во Егејското море https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/#respond Fri, 02 Apr 2021 10:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=491268

Во морскиот регион североисточно од грчкиот остров Лезбос, утрово, според грчката крајбрежна служба, имало три инциденти со турски патролни бродови, од кои два се однесувале на чамци со мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово, турски патролен брод, навлегол во грчките територијални води и вознемирил грчки патролен брод, за што од крајбрежна служба на Грција објавија и видео за кое велат дека ги покажува „опасните маневри врз грчкиот патролен брод“. Другите два случаи се поврзани со чамци со мигранти, за кои од грчката крајбрежна служба велат дека кон грчките територијални води се движеле во придружба на турски патролни бродови. За едниот од двата чамци во двата одвоени случаи, од крајбрежната служба се обиделе да стапат во контакт со турските колеги, но без резултат, по што подоцна мигрантите, без да влезат на грчка територија биле спасени од патролен брод на Турција. Во вториот случај, според грчката крајбрежна служба, на чамецот му се приближиле два турски патролни бродови, „кои безуспешно, се обидоа да го истуркаат во грчките територијални води“. За инцидентите во кои биле вклучени мигранти, министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вели дека е обид на Турција да „предизвикаат ескалација со Грција“. -Ја повикуваме Турција: да ја запре оваа неоправдана провокација; овие мигранти безбедно да ги врати во Турција и да се усогласи со заедничката изјава од 2016 година на ЕУ и Турција за миграцијата, вели Митаракис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/feed/ 0